Скала по скала до тврдината Св. Иван, погледот кон градот се менува, се откриваат нови убавини, се истражува сценографијата поставена во античкото минато и се вдишува мирисот на природата. Има доволно скали на приближно 260 метри до врвот, но сите се љубопитни да видат повеќе.rnrnМудрите се искачуваат рано наутро или рано навечер, а на оние кои сакаат да спијат подолго, им се препорачува шише вода и капа. Штом темнината падне, може да биде вистинска авантура, па затоа е паметно да земете и светилки. Ако немате, не чекајте долго по зајдисонцето, бидејќи темнината се спушта веднаш.rnrnrnrnАко не сте во форма, не грижете се – само забавете и уживајте во погледот до еден од најубавите глетки во Црна Гора. Патеката не е страшна, а целата работа ја олеснува тоа што не можете да видите колку далеку е врвот. На пат нагоре, можете да се одморите во близина на црквата Богородица, која ќе ве пречека по 15-тина минути, како и единствената „продавница“ што продава само вода. Секако, не е ефтино, но оние кои се искачуваат со задоволство ќе платат онолку колку што им треба.rnrnПо околу половина час до 45 минути искачување, или 6,4 километри, ќе стигнете до вашата дестинација и ќе можете добро да ги разгледате античките ѕидови што биле градени со векови, камен по камен за да го заштитат градот. Средновековните ѕидови се широки до 16 метри и високи до 20 метри, а долги се 4,5 километри.rnrnОд врвот на тврдината ги имате најубавите разгледници на Котор создадени во комбинација на sидови кои се преплетуваат со поглед на моќни планини, заливи и небо, кои не може да се опишат со зборови. Глетка поради која вреди да се премине повеќе од 1300 камени скали. Најдобро е да се уверите сами!rnrnrnrnrnrnrnrnПрочитајте и за овој медитерански град кој е единственото место во светот каде што растат овие необични рози.
Некои градови изобилуваат со модерни облакодери, а тие потоа овозможуваат спектакуларни урбани панорамски глетки. Овде издвоивме дел од најубавите такви глетки во светот.rnrnШангајrnrn
Автор: Елена ПирузеrnrnАко некогаш имате можност да ја посетите Австралија тогаш задолжително треба да ги видите Дванаесетте Апостоли – прекрасните зданија кои се наоѓаат на Големиот океански пат во Викторија, Австралија.rnrnrnrnСместени во една дивина недалеку од Мелбурн, тие се една прелеста незаборавна глетка на еден огромен тиркизен океан, која не ви дозволува да се тргнете во ниеден момент. Карпи кои се приклештени силно во кафеавиот песок и кои тивко и мирно седат во океанот кој се бранува, додека вие останувате без здив. Можете слободно да слезете долу на влажниот песок по калливите стрмни скалила и да уживате во глетката одблизу и во разбрануваниот океан само на еден чекор од вас.rnrnrnrnОгромен наплив од луѓе кои постојано се сликаат и позираат ве чека на една тераса која има фантастичен поглед кон карпите. Навистина вреди да позирате на тоа место коешто е спој од синило и зеленило и коешто е како од приказните. Место со прекрасен свеж воздух и инспирација којашто на секој човек му е добредојдена.rnrnrnrnПоради силните бранови, од дванаесет денес за жал се останати само осум карпи. Дванаесетте Апостоли се дел од Националниот парк Порт Кембел и вреди да се видат затоа што се единствени во светот.rnrnrnrn rnrn
Потпрете се на столчето, земете длабоко воздух и подгответе се за најпрекрасното нуркање досега. Прекрасни подводни корали, желки, риби, ајкули, морски сунѓери и многу, многу бои кои ќе направат да не почувствувате кога поминало времето. За ваква глетка, вреди да го задржите воздухот подолго во себе.rnrnrnrn rnrn
Ова е најверојатно најголемата фотографија во светот и истата едноставно ќе ве натера да заплачете што не сте таму, токму сега, во истиов момент! Таа нуди луксузен панорамски поглед од највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, овозможувајќи ви да „бидете“ во Дубаи, бар за момент.rnrnrnrnОваа фотографија е дело на Гералд Донован, на кој што му било дозволено да се искачи на највисоката точка на облакодерот Бурџ Халифа, на 828 метри надморска височина. Благодарение на него, можете да погледнете многу убави пејзажи од Дубаи, да го „посетите“ хотелот „Burj Al Arab”, најголемиот трговски центар во светот „Dubai Mall“, стазата за трки „Meydan”…rnrnrnrnСоставена е од 48 посебни панорамски фотографии, кои ги фотографирал со резолуција од 80 мегапиксели, кои потоа ги составил во една. Резултатот е неверојатен: фотографијата е огромна и со неа можете да си играте, зумирајќи ја и ротирајќи ја, при што ви дава шанса да помислите како би се чувствувале, кога би седнале на врвот од највисоката зграда во светот. Тоа е глетката, која Том Круз ја популаризираше, седејќи на врвот од зградата, за потребите на снимањето на 4-тото продолжение од филмот „Невозможна Мисија“.rnrnТом Круз се качува по зградата во филмот „Невозможна Мисија 4“rnrnОваа фотографија е објавена во пресрет на свечената церемонија за доделување на наградите „HIPA“, која што ќе биде одржана во Дубаи, во март. Овој натпревар во фотографии има најголем паричен фонд за награди во светот. На фотографите ќе им бидат поделени 389.000 долари, а во целиот настан ќе учествуваат претставници од 99 земји. Победникот на „HIPA“, како главна награда ќе добие 120.000 долари.rnrnrnrn
„Ова е неверојатна фотографија направена од неверојатна локација. Таа ги рефлектира целите на HIPA, а тоа е проширување на границите на фотографирањето и прославување на фотографиите кои што имаат исклучителна убавина и квалитет и коишто навистина отскокнуваат“, вели Али Бин Талит, генералниот секретар за доделувањето на наградите.
Навистина е убаво кога ќе тргнете кон некоја живописна дестинација која едвај чекате да ја видите, но уште поубаво е ако можете и попатно да уживате во убави пејзажи. Ако некогаш тргнете по овие патишта, тоа нема да ви недостига.rn
Големиот автопат покрај океанот, Австралија
rnИмето на автопатот кажува дека спектакуларната глетка на океанот го следи возачот за време на целото патување. Удирањето на брановите во стрмните крајбрежни карпи само го надополнува впечатокот.rnrnrn
Комб Лавал, Франција
rnИзграден во деветнаесеттиот век како пат за превезување дрва, денес е рај за велоспиедистите кои уживаат во пејзажите на Француските Алпи додека возат по 13 километри долгиот пат.rnrnrn
Гросглокнер, Австрија
rnГросглокнер е рајот за моторџиите на Австриските Алпи. За патарина од 18 евра за мотор и 28 евра за автомобил може да се ужива во спектакуларните планински пејзажи, а особено во глетката на околните глечери.rnrnrn
Ајсфилдс Парквеј, Канада
rnВо оние 230 километри на патот покрај Ајсфилдс Парквеј може да се почувствува Канада со сета своја дивост и чистота. Поминувајќи низ Националниот парк Банф, глетката на снежни планински врвови, смарагдни езера и недопрени долини прави возачот да посака никогаш да не стигне до својата дестинација.rnrnrn
Автопатот покрај Пацификот, САД
rnБескрајниот Пацифик постојано го зазема примарното место на видикот за време на патувањето долго преку 1.000 километри, додека од другата страна стрмните карпи се наведнуваат над океанот. Дел од неповторливото искуство е и минувањето низ Биг Сур, регионот кој ги привлекувал хипиците во минатото.rnrnrn
Прстенестиот пат, Исланд
rnГејзери, водопади, карпи, фјордови и мирни мали села се само дел од недопрената убавина со која располага Исланд. Пејзажите кои даваат чувство дека се наоѓате во бајка го прават патувањето по Прстенестиот пат искуство кое секој би го посакал во својата биографија.rnrnrn
Стелвио, Италија
rnСпоред автомагазинот Top Gear овој пат го нуди најубавото возачко искуство во светот. Како за пат кој се наоѓа на Алпите, на него има доста гужва. Тоа не важи само кога велосипедистите на Џиро д‘Италија имаат привилегија самите да владејат со него.rnrnrn
Тролстиген, Норвешка
rnДолг е само шест километри и покрај тоа се смета за инженерско чудо. Од возачите се бара екстремна внимателност додека се движат по него, но тоа не е лесно кога се опкружени со живописните норвешки пејзажи.rnrnrn
Трансфагарашан, Романија
rnРоманија има „вампирска“ репутација поради грофот Дракула, но ако некогаш патувате по Трансфагарашан, на земјата ќе се сеќавате по убавината на Карпатите и прекрасното езеро Видрару.rnrnrn
Патот Бел Раб, САД
rnПатот кој има назив Бел Раб ќе ве однесе низ црвенкастите национални паркови на Јута. Иако само 165 километри долг, може да бидат потребни и два дена за да се помине целиот пат. Тоа е можно само со моќно теренско возило и големи резерви на вода за пиење.rnrnrn
Јунгас, Боливија
rnОд сите патишта на светот, овој важи за најопасен. Го нарекуваат „Патот на смртта“, но оние кои возат внимателно лесно ќе го преживеат, а потоа ќе се сеќаваат на живописните пејзажи на боливиската џунгла.rnrnrnrn rnrn
Доколку сте човек кој си ја цени својата приватност, тогаш ова не е куќа за вас. Исто така, не треба да сте срамежливи ниту повлечени. Напротив, треба да сте храбри, да имате дебела сметка во банка и да поседувате квалитетно парче земја, до кое нема ниту еден сосед и е тешко пристапно. Во спротивно, сите однадвор ќе знаат како изгледате голи и што правите по дома. 🙂 Се прашуваме колку време е потребно за да се исчисти и блесне оваа куќа? Но, којзнае колку е и неверојатно чувството да се живее покрај ваква фантастична природна глетка.Доколку од гледањето во зимскиов пејзаж ви станува малку студено, не грижете се, бидејќи стаклото дебело 7мм има посебен систем на загревање, па вам никогаш нема да ви биде студено, а сепак ќе можете да уживате гледајќи во снегот.Еден квадратен метар чини околу 314.000 денари, па така за да изградите еден семеен дом со три спални, ќе ви бидат потребни 31.412.000 денари. Но, доколку располагате со вакви суми, архитектот Карло Сантамброџио, со задоволство ќе ви ја дизајнира стаклената структура која вие ќе ја посакате.Речиси секој дел од куќата е направен од стакло, од масата за ручање, до скалите. Меѓутоа, сепак изгледа удобноста му била битна работа на архитектот, па затоа решил креветот да биде единственото нешто во куќава, кое нема да биде направено од стакло.rnrn
Дали сте љубители на водопади, на убавата глетка која тие ја нудат или пак на симфонијата од природни звуци отсвирени од падот на водата? Можеби сте екстремен спортист кој ја обожава природата? Дали сте чуле за реката Замбези, или пак за Викториините водопади?
rn
rn
Викториините водопади се лоцирани во Јужна Африка на реката Замбези, која е граница помеѓу Замбија и Зимбабве. Се смета дека тие се едно од седумте чуда на природата. Доколку застанете на работ од реката, ќе бидете сведоци на спектакуларна глетка богата со возвишена и инспиративна убавина која ја нудат водопадите. Ако се послужиме со зборовите „Mosi-oa-Tunya“ на локалното племе „Kololo“ ќе добиеме име кое најдобро ги опишува овие водопади „чад што грми“.
rn
rn
Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач, вели „ова не се ниту највисоките, ниту најдлабоките водопади, но се најголеми.“ И да сте неколку милји оддалечени од водопадите, сепак сте во можност да видите како 546 милиони кубни метри вода паѓа од рабовите на водопадите во ширина од 2 км и 100 м длабочина. Поради широката базалтна карпа од која паѓа водата и уште неколкуте драматични клисури низ кои тече, водата ја претвора Замбези од широка и спокојна во дива и жестока река.
rnrnrnПанорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)rnrnПанорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)rnrnКога се споменуваат Викториините водопади неопходно е да се спомене и „Базенот на ѓаволот“ како една од најпривлечните локални атракции во оваа област.rnrnrnrnОбласта на Викториините водопади е уште позната и како „Adventure Centre“ (Центар на авантурата) на Јужна Африка. Оваа област нуди добра забава и моќни адреналински предизвици за љубителите на екстремните спортови: банџи скокови, кајакарење по брзи води, „лебдење“ над водопадите, сафари, водени прошетки, риболов, прошетка со лавови, летање во балон на топол воздух, нуркање.rnrnОсвен „водените лудории“ кои ги нуди оваа област за екстремните спортисти, таа има забавни и интересни понуди и за помирните души – прошетки во природа, планинарење по локалните планини, пливање. Едноставно тука никогаш нема да ви биде здодевно.rnrnrnrn rnrn
Кога некој би можел да бира во која куќа во Лос Анџелес сака да живее, Blue Jay Way Residence сигурно би била при врвот на листата на желби. Оваа луксузна куќа се наоѓа на ридските падини над Градот на ангелите, нудејќи панорамски поглед над метрополата кој делува магично.Овој дом е дизајниран во студиото McClean Design, а изграден од страна на Corr Contemporary Homes во 2008 година. Се простира на 630 метри квадратни во кои се сместени бројни луксузни детали, како базен, гаража за четири автомобили и многу гостински соби за да собере доволно голем број пријатели на гости.rnrn
Автор: Петар ТодоровскиrnrnОние кои за задоволување на своите гурмански потреби се спремни да одат до таму каде што никој не бил, несомнено ќе бидат воодушевени од ресторанот Ел Дијабло. Се наоѓа во националниот парк Тиманфаја на канарскиот остров Ланзароте, но не е сместен во некое живописно катче, туку на врвот на вулканот Ислоте де Хиларио.Вулканот веќе 250 години не исфрла лава, така што гостите се безбедни. На тлото сè уште се чувстува топлина која на неколку метри под земјата достигнува преку 400 степени. Тоа се користи како извор на топлина за ресторанот, а на еден од отворите од каде што порано еруптирала лавата е поставена скара на која се приготвува традиционална канарска храна.Храната не е единствената атракција на Ел Диабло. Многу од туристите тука доаѓаат заради спектакуларната панорамска глетка на целиот национален парк овозможена од стаклените ѕидови на ресторанот. Особено е привлечна глетката на зајдисонцето.rn