Малиот црн фустан е она парче облека кое секоја жена треба да го има во својот плакар – фустанот со кој нема да погрешите во ниту една ситуација. Од бизнис состаноци, вечерни излегувања па сè до формални и свечени настани, малиот црн фустан е добитна комбинација. Во светот на модата ова парче облека е симбол на стил, безвременост и елеганција. Низ годините, па сè до ден денес служи како инспирација на сите дизајнери и иако се развиваше и менуваше со модните трендови, сепак остана како една од најважните модни креации.rn
Пред 20-тите години
rnВо раните години на 19 век црната боја се сметала за симбол на жалење и искажување почит кон мртвите и ни оддалеку не се поврзувала со модата. Сè додека сликарот Џон Сингер Сарџент не ја насликал Мадам Х, портрет на млада дама во црн, елегантен фустан. Оваа слика предизвикала доста контроверзии поради, за тоа време, изразената сексуалност.rnrn
rn
20-тите години
rnПрвиот мал црн фустан бил креиран од страна на неверојатната Коко Шанел. Во 1926 година бил објавен цртеж на првичен модел на црн фустан од Коко Шанел во Вог и уште тогаш бил наречен „Форд во модата“ поради неговата едноставност и тенденцијата кон безвременост. Тоа дефинитивно бил само почетокот на оваа модна креација која истовремено станала симбол и на ослободувањето на жената. Малиот црн фустан освен елеганција и стил значел и конечно отфрлање на корсетот и секако заштедувал на време затоа што бил многу полесен за облекување.rnrn
rn
30-тите години
rnГодини на економска криза и сиромаштија, но истовремено и на модна експанзија, холивудски гламур и дефинитивно златното доба на театарот. Токму овој период го одбележа таканаречениот „флапер“ фустан којшто е всушност бунтовна и весела верзија на малиот црн фустан. Делувал разиграно и опуштено, а особено биле популарни оние со везени детали. Го поврзувале со џезот и со бунтовно однесување, па не е ни чудно што токму овој фустан станал симбол на 30-тите години.rnrn
rn
40-тите години
rnЗа време на војната станал омилено парче облека поради неограничените можности за комбинирање, што автоматски значело помалку трошоци за облека. Во овие години рационализацијата била на прво место, па и жените го искористиле тој момент за да го популаризираат неговото носење. Малиот црн фустан одлично оди со разни модни додатоци што значело многу едноставен начин да се биде модерен.rnrn
rn
50-тите години
rnКако што гламурот на Холивуд сè повеќе привлекувал, така и желбата за мода и малку елеганција во секојдневниот живот, особено после војната, сè повеќе растела. Малиот црн фустан доживеал одредени промени коишто всушност значеле малку повеќе луксуз и надеж за подобро утре. Диор преку својата „New Look“ колекција го прикажал новиот фустан, со поширок долен дел и многу посекси изглед. Практично, ова значело дека времето на „врзување крај со крај“ завршува и доаѓаат многу подобри години.rnrn
rn
60-тите години
rnВо овој период се среќаваме со два различни стила на носење на малиот црн фустан. Првиот начин бил посоодветен и подобро прифатен од постарите генерации, со што фустанот ја задржал својата едноставност и должина. Но, младите жени во 60-тите години добиваат поинаква идеја за тоа што е модерно, и по долгите години криза, конечно се охрабруваат да експериментираат со облеката и со модата. Должината на малиот црн фустан исчезнува и тој за првпат станува навистина мал. Големо внимание се посветува и на деталите, а омилени стануваат отворите по должина на ногата. Мини сукњата на Мари Квант е револуционерното парче облека на 60-тите години и најверојатно причината за сè пократкиот црн фустан. Не смееме да ја заборавиме и Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“, модната икона на 60-тите и малиот црн фустан истовремено.rnrn
rn
70-тите години
rnВреме кое остави свој посебен белег во историјата на музиката, модата, размислувањата на младите, политиката и засекогаш ги промени шемите на однесување. Златните години на хипиците, диско кралиците и глам рок стилот се можеби најинспиративните години во историјата на модата, па и малиот црн фустан не ги избегна револуционерните промени. За разлика од 60-тите години кога особено се обрнувало внимание на материјалот, тука имаме многу повеќе избор, но и помал квалитет. Се заборава на строгите линии и елегантните материјали, па малиот црн фустан сега се комбинира со проѕирни парчиња и чипка. Особено позната варијација на фустанот е во панк-рок стил, со нерамномерни линии, сечење и надодавање различни материјали. Многу накит и мрежести хулахопки се неизбежните додатоци.rnrn
rn
80-тите години
rnОвие години носат нови промени за малиот црн фустан. Се обрнува внимание на тенкиот струк и доста популарен е пеплум трендот, којшто ни се врати и овие неколку сезони. Рамената се многу пошироки и нагласени, а особено се ценат рачната изработка и везените детали на самите фустани.rnrn
rn
90-тите години
rnГранџ стилот на 90-тите го врати малиот црн фустан на неговите корени нагласувајќи ја едноставноста. Се комбинира со сандали или елегантни чизми. Материјалите се тенки и припиени, а должината е сè пократка. Тука мора да ги споменеме и девојките од „Спајс грлс“ кои се симбол на музиката и модата на овој период.rnrn
rn
По 2000-та година
rnВо првите години на новиот век малиот црн фустан го доживеа и својот 80-ти роденден, уште еден мал потсетник на неговата безвременост и значење за модата. Иако овие години ги следи тренд на ексцентричност во креативното изразување, сепак едноставноста на малиот црн фустан сè уште владее со црвениот тепих. И до ден денес, обожуваме да го комбинираме во секоја можна варијанта и постојано се враќаме низ неговата историја за малку инспирација.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.