КАФЕ ПАУЗА

Tag: гестови

  • Неколку едноставни начини да ја разгорите љубовта во врска која западнала во криза

    Неколку едноставни начини да ја разгорите љубовта во врска која западнала во криза

    Доколку чувствувате дека вашиот партнер полека се оддалечува од вас, а не сте подготвени за сериозен разговор околу темата, тогаш постојат неколку начини на кои индиректно можете да влијаете врз вашиот однос. Доколку сакате да ја разгорите љубовта и повторно да се почувствувате како да сте на почетокот на врската, освојте го вашиот партнер одново со помош на наредниве неколку трикови.rnrnНеколку едноставни начини да ја разгорите љубовната врска која западнала во кризаrn

    Љубовно писмо

    rnОтворете го вашето срце и напишете на лист хартија како се чувствувате кога сте покрај вашиот партнер. Бидете искрени за вашите емоции кон него/неа и набројте ги сите карактеристики кои ги обожавате кај нив. Доколку сте расположени за мала креативност, декорирајте го пликот во кој ќе го спакувате. Потоа ова писмо оставете го на видно место, каде што вашиот партнер лесно ќе го забележи. Докажано е дека запишувањето позитивни емоции носи поголемо задоволство во врската и дека ефектите се веднаш видливи.rn

    Неочекувани нежности

    rnПрегрнете го/ја кога тој/таа најмалку очекува, на пример, додека се возите во лифт или пак, додека се движите на паркинг по вашиот автомобил. Доволна е само една прегратка од 20-тина секунди да го намали вашиот крвен притисок, да го забави пулсот и да го поттикне лачењето окситоцин, хормонот на среќата. Од друга страна пак, доколку ситуацијата не е соодветна за прегратка, како вечера во ресторан или друг настан, доволно е само да го/ја допрете за рака. Повторно, ефектите од овие гестови се веднаш забележливи.rn

    Позитивен став

    rnВетете си на себе дека барем во наредниве неколку месеци нема да бидете толку негативно настроени, песимистични или пак, вечно подготвени за пригивори и дека ќе се трудите поголемиот дел од времето да бидете многу попозитивни, пооптимистични и понасмеани. Сигурно веќе знаете дека енергијата која ја ширите околу вас е и онаа која ја привлекувате кон себе, па токму затоа обидете се да зрачите со позитивна енергија во близина на вашиот партнер со цел да може и тој/таа да ја почувствува.rn

    Рачно изработен подарок

    rnВо овие ситуации единственото нешто што е важно е вашата намера. Не мора да бидете талентирани сликари или скулптори за да создадете нешто совршено, доволно е да се потрудите и да го направите тоа со многу љубов. Вашиот партнер ќе го цени и тоа мало оригами кое би требало да биде лебед, но наликува на мало дебело прасе. Којзнае, можеби токму оваа смешна приказна ќе ја прераскажувате со години понатаму во вашата заедничка иднина.rn

    Искреност

    rnИскреноста и разговорот помогнале да се спасат многу врски од сигурен крај. Токму затоа почнете да разговарате со вашиот партнер поискрено и поотворено. Започнете од најмалите нешта и движете се полека кон поголемите. Со тек на време ќе се навикнете на овие разговори и нема да ги перципирате како нешто страшно и сериозно, па токму затоа ќе можете лесно да разговарате дури и ако станува збор за потешки теми кои претходно сте се плашеле да ги започнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досега

    Најважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досега

    Кога се подготвуваме за интервју за работа, низ главата ни се вртат секакви нешта на кои треба да обрнеме внимание, од вербалните и невербалните знаци кои ги испраќаме и примаме, до прашањата кои би можеле да ни ги постават и лошите ситуации во кои би можеле да се најдеме. Прекрасно би било кога секој би ја имал таа самодоверба со крената глава и широка насмевка да влезе низ вратата од канцеларијата и да каже сè за себе, но повеќето од нас се борат со анксиозност кога станува збор за интервју за работа.rnrnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrnrnОва се најважните совети кои треба да ги знаете доколку се подготвувате за интервју.rn

    Најчести невербални грешки кои се прават за време на интервју:

    rn

      rn011

    • 67% од интервјуираните не воспоставуваат добар контакт со очи
    • rn011

    • 47% не знаат доволно за работата на компанијата
    • rn011

    • 38% не се смеат
    • rn011

    • 33% имаат лошо држење на телото
    • rn011

    • 33% прават повторливи и кратки нервозни движења, како виткање на коленото и мрдање со ногата
    • rn011

    • 26% слабо се ракуваат
    • rn011

    • 21% играат со нивната коса или си го допираат лицето
    • rn011

    • 21% стојат со прекрстени раце
    • rn011

    • 9% премногу гестикулираат со рацете
    • rn

    rnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrn

    Прв впечаток

    rnЕдно истражување во кое биле вклучени 2.000 менаџери, покажало дека 33% од нив знаат дали ќе го вработат кандидатот во првите 90 секунди.rn

    Статистиката покажува дека првиот впечаток се формира од:

    rn

      rn011

    • 55% облеката, однесувањето и влегувањето низ врата
    • rn011

    • 33% вашиот глас, употребата на точна граматика, самодовербата
    • rn011

    • 7% зборовите кои одбирате да ги кажете
    • rn

    rn

    Работи кои влијаат на првиот впечаток:

    rn

      rn011

    • 70% од интервјуерите изјавиле дека не сакаат кандидатите за работа да се појават на интервјуто премногу дотерани и со преголем акцент на модата и најновите трендови
    • rn011

    • 65% изјавиле дека меѓу два кандидати кои имаат речиси исти шанси, облеката може да биде одлучувачки фактор
    • rn

    rnПлус совет: премногу светла облека ви носи негативни поени.rn

    10-те најчести грешки на интервју за работа:

    rn1. Премногу објаснување зошто сте прекинале да работите на претходното работно место.rnrn2. Какви било знаци кои покажуваат дека не сте го преболеле губењето на претходното работно место.rnrn3. Немање хумор, недостаток на топлина и лично обележје.rnrn4. Непокажување доволно интерес и ентузијазам.rnrn5. Недоволно/неточно истражување и познавање на работата на потенцијалниот работодавач.rnrnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrnrn6. Ставање преголем акцент на себеси и вашите желби.rnrn7. Обидот да се биде сè, да се припаѓа секаде, не кажувајќи ништо конкретно.rnrn8. Зборувањето напамет, без претходна подготовка, и премногу импровизирање.rnrn9. Неуспехот да се истакнете меѓу другите кандидати.rnrn10. Непокажувањето силна желба дека ја сакате работата.rn

    4 најчесто поставувани прашања:

    rn1. Какво беше вашето искуство како…? (прашање поврзано со претходна работа/проект)rnrn2. Зошто сакате да работите за нас?rnrn3. Што знаете за нашата компанија?rnrn4. Зошто го напуштивте вашето претходно работно место?rnrnНајважните совети за интервју за работа кои никој не ви ги кажал досегаrn

    4 најважни совети за интервју:

    rn1. Научете повеќе за компанијата каде сакате да работите.rnrn2. Имајте на ум одредена позиција на која би сакале да бидете или функција која би сакале или би можеле да ја извршувате.rnrn3. Проверете колку сте квалификувани за работното место.rnrn4. Бидете подготвени накратко да кажете нешто за искуства во работа слична со онаа за која аплицирате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Несфатените фраерски ставови

    Несфатените фраерски ставови

    Ја спуштам шолјата со кафе и се ѕверам во кујната. Се прашувам, кога недај Боже би ми влегол крадец дома, колкава повреда би му нанела со дрвената лажица за манџа? За што размислува човек без работа… Зафатеноста е најважното нешто на светот. Човек без обврски почнува да филозофира и драматизира за своето постоење. Затоа решив да се фатам за работа и да пишувам…rnrnПосматрајќи го брат ми како гледа филм во кој дечкото ѝ симнува ѕвезди на девојката со клише зборови, почувствував огромна одговорност како постара сестра, која демек има врска од животот, да му дадам до знаење дека тоа е само филм и да го насочам во друг правец. Во реалниот живот, паметните девојки не паѓаат на глупави фрази. И додека му објаснував на 11-годишник дека клучот до женското срце на долгорочен период, не се „фраерските“ потези, јаките коли и симнувањето ѕвезди, почувствував потреба да го кажам тоа на разглас. Па таква лекција треба да им се одржи на многу постарите. На крај си реков, остави го детето на мира, што го замараш, секако, стискајќи палци дека нешто му влегло во глава и дека во иднина ќе порасне во вистински џентлмен, баш како што сестра му го учела.rnrnЗа да допреш до женското срце не ти се потребни лигавења, туку треба да покажеш дека ти е грижа. Кога момците ќе сфатат дека клучот до женското срце, пред сè е грижливоста? Е сега, да не си мачкаме очи. Ако веќе сте во потрага по празноглави риби горди на својата глупост, тогаш подобро да имате клуч од Ауди.rnrnНесфатените фраерски ставовиrnrnЏони Браво можеби е само лик од цртаните, но со сигурност е одраз на сите „јаки фраери“, а воедно се користи за да се исмеат истите. Сите негови плитки финти и клише изрази завршуваат безнадежно, типот искусува нова корпа при секое „пуштање“, а неретко добива и ќотек. Вистински пример за како НЕ се фаќаат женски, само што многумина го сфатиле обратното, дури можеби го идолизираат. Сличен случај е „македонскиот Казанова“, Тошо Малерот: „Па ја бе батка, коа ќе решам да искочам у град, коа ќе опнам бела кошула бе, кравата, бела панталона, бела чорапа, бела кондура, се појавам со бело сако, на корзо или у кафана било каде, па нема женска… шо не ми се свиѓа бе.“rnrnШто најчесто прават мажите на состанок (уште веднаш ќе испратам извинување до исклучоците, кои секако дека ги има): ги влече нозете по пат за да те привлече звукот и да ги забележиш неговите оригиналки Адидас, „ненамерно“ секој разговор завршува со по некој детаљ за неговата кола, мафта со мобилниот како да е единствениот на земјава благословен со телефон или се фали за бројот на женски кои ги имал, (е од сите нелогичности, последново е најголемиот апсурд).rnrnАко зборуваме за состанок кој би водел до сериозна врска со иднина, тогаш нема да ја освоите ѕверејќи се во нејзиното деколте, иако не негирам дека можеби би ви успеало ако барате нешто за една вечер. Секоја интелигентна девојка, која ви посветила внимание, одвоила време и излегла на состанок со вас, би била ужасно навредена од вашите манијачки погледи, пред сè бидејќи има потенцијал да зборува за толку многу работи, а вие ја гледате како сексуален објект.rnrnНема девојка која не „паѓа“ на џентлменски гестови и грижливи потези. Па нареден пат, пред да пробате да ја освоите тропкајќи со клучот од вашиот автомобил по масата, пробајте исполнет муабет кој „држи вода“. Покажете дека ја слушате и дека сте грижливи. Кога ќе ѝ подарите цвеќе, ќе ја фатите за рака додека бесно врват коли по улица или кога ќе ја потсетите да го стави појасот штом влезе во кола, знајте дека е ваша, најголемиот дел од работата е веќе направена.rnrnСакам да чујам ваше мислење на темава. Согласувања, несогласувања и аргументи. И она најважното, сакам да чујам мислење за спротивната страна. Што е со погрешните начини на заведување кои девојките ги применуваат?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобри и најбезбедни начини да ѝ ја покажете вашата љубов

    Најдобри и најбезбедни начини да ѝ ја покажете вашата љубов

    Велат дека чувството кога си сакан е прекрасно, но уште поблагородно чувство е она кога сакаш искрено. Некои луѓе имаат потешкотии кога станува збор за изразување на емоции. Или можеби досега на многу девојки сте им ја признале вашата љубов, но чувствувате дека овој пат е различно, вистинско, па би сакале љубовта да ја искажете поинаку. Доколку во вашиот живот имате посебна дама на која сè уште не сте ѝ навестиле колку ви значи, можеби најдобро е да го сторите тоа што поскоро.rnrnНајдобри и најбезбедни начини да ù ја покажете вашата љубовrn

    Бидете искрени за она што навистина сте

    rnНикој не би требало веднаш да се отвори како на послужавник. И најчесто луѓето не го прават тоа, ова ни е како одбранбен механизам. Но, по одредено време, ќе мора да бидете искрени. Отворете ги картите и видете дали ве прифаќа онакви какви што навистина сте. Доколку може да се носи со вашите маани и предности, имате сигурна основа за понатамошно искажување на вашата љубов.rn

    Згответе храна

    rnМислите дека изреката „Љубовта доаѓа преку стомакот“ важи само за мажите? Размислете повторно. Девојките имаат развиено чувство за забележување ситници, таа ќе се радува што сте го подготвиле нејзиното омилено нешто, макар да биде тоа омлет со сирење за кој и не се потребни некои големи готвачки капацитети. Кога ќе ѝ покажете дека сте издвоиле време да зготвите оброк, дека тој ги содржи нејзините омилени состојки, знајте дека во истиот момент сте ја освоиле и сте ѝ дале до знаење нешто многу важно.rn

    Давајте ѝ комплименти

    rnСекако, без претерување. Жените сакаат комплименти, но исто така и забележуваат кога не се вистинити или кога се претерани. Одвреме навреме дајте ѝ по некој комплимент како знак дека ја забележувате и нејзината надворешна убавина. Но, секогаш бидете искрени. Не давајте ѝ комплимент за нејзината коса ако навистина не ви се допаѓа новата фризура, подобро речете ѝ дека нејзиниот задник изгледа феноменално во новите фармерки.rn

    Изразувајте се себеси преку мали гестови

    rnВеќе ни е јасно дека жените ги забележуваат малите гестови и ситници. Но она што исто така ни е јасно е тоа дека ретки се мажите кои знаат како да ја изразат својата љубов преку мали гестови. За нив не се потребни ни многу пари ни многу време. Да издвоите дел од вашето скапоцено време и да испратите цвеќе или кутија со бонбончиња на нејзиното работно место, не е голема филозофија, но не на секого ќе му текне. Ваквите гестови ги радуваат девојките, плус придонесуваат и таа да се „затреска“ во вас уште повеќе.rn

    Кажете ѝ во лице

    rnСите гестови кои на индиректен начин ја покажуваат вашата љубов се навистина слатки, но еден ден ќе мора да ѝ го кажете тоа во лице, нема да можете постојано да играте расипан телефон. Вие може да сте нежен и внимателен, но доколку по долго време таа не ги чула тие два збора од вас, ќе почне да се сомнева дали чувствата навистина постојат. Бидете мажи, влезете во кола, застанете пред нејзината врата и заѕвонете. Ако не можете веднаш дирекно да ѝ кажете „Те сакам“, почнете со фрази како „Го обожувам мирисот на твојата коса“. Штом девојката сфати дека сте го поминале градот само за да ѝ речете дека го сакате начинот на кој се смее, верувајте, веќе сè ѝ е јасно.rnrnКога нема да чувствувате потешкотии за да направите што било од горенаведеното, всушност кога сето ова би го направиле со задоволство, тогаш знаете дека таа е онаа вистинската.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 правила кои момците не би требало да ги прекршат

    10 правила кои момците не би требало да ги прекршат

    Поседувајќи ги гестовите кои му доликуваат на еден џентлмен, вие сте оние кои добиваат поени. Главниот дел од градењето на вашите карактерни особини, е почитта кон дамите. Тоа е одраз на вашата култура како личност. Со нивното исполнување не се понижувате себеси, туку напротив, докажувате дека вие сте оформена личност со вистински квалитети. Ова се правилата кои момците би требало да ги почитуваат, а колку често се случува нивното прекршување, е веќе друга тема на разговор.rnrn10 Правила кои момците не би требало да ги прекршатrnrn1. Дамите на КОЈА БИЛО возраст, МОРА да ги третирате со почит.rnrn2. НИКОГАШ не дозволувајте вашата девојка, пријателка или колешка да си оди сама дома, особено навечер.rnrn3. Дамата на првиот состанок НЕ ПЛАЌА ни дел од сметката, макар и состанокот да не бил она што сте го очекувале.rnrn4. Не погледнувајте во друга девојка додека ја држите вашата девојка за рака. Невкусно е и понижувачки. ВАШИОТ поглед е сконцентриран на ВАШАТА дама, дури и да има парада на голи девојки околу вас.rnrn5. НЕ СМЕЕТЕ да си дозволите удобно да бидете сместени на столче, додека до вас има девојка која стои.rnrn6. Кога врне дожд, со дамата до вас сте под еден чадор, кој го држите ВИЕ.rnrn7. Кога вашата мајка се враќа од пазарење, ДОЛЖНИ СТЕ да ја ослободите од товарот.rnrn8. СЕКОГАШ ви е дозволено да се однесувате како јунак кога некоја дама е во неволја.rnrn9. Вашата мајка, сестра или пријателка, не смее да биде навредена од кој било, вие МОРА соодветно да реагирате на упатената навреда.rnrn10. Имате ДОЛЖНОСТ да ја ослободите вашата пријателка од типот кој ѝ додева цела вечер.

  • Категорија: Женкар

    Категорија: Женкар

    Вистина е дека не сме еднакви, се делиме на машки и женски пол и меѓу нив има разлика како од Северниот до Јужниот. И физички и психички, поинаку сме градени, поинаку се развиваме, поинаку размислуваме, имаме различни сфаќања за нештата… Да се разбере како функционира женскиот мозок не е лесна работа, ако пробувате да го сторите тоа – со среќа! Ама постои една група на мажи кои извежбале некои проверени финти, па така можат лесно да ќарат женски… е таквите милуваме да ги викаме ЖЕНКАРИ… ЖЕНКАРИШТА!Категорија: ЖенкарЖенкарите – вечито обвинувани и омразени од останатите припадници на погрубиот пол. Можеби дел им се восхитуваат зашто „мотаат“ женски, ама сите потајно ги мразат од проста причина што им ги ќаруваат женските лесно, додека тие остануваат со прстот во уста.rnrnКако да ги познаете? Момци кои се гледа дека се грижат за својот изглед. Владеат со просторот околу нив, зборуваат гласно и јасно, имаат шмекерски поглед, се движат така мажествено и заводливо. Преовладуваат во друштво, силни се, упатуваат заводнички погледи. Го имаат тој шмек кој ги издвојува од толпата.rnrnКако шармираат? Нема да ви пријдат пијани, ќе бидат трезни, дури и по малку скромни. Зошто трезни? Па имаат премногу самодоверба, така што, не им треба алкохол. Ќе ве шармираат со убави зборови, мажествен став, а можеби и со цвеќе.rnrnКако оперираат? Сте виделе кученце кое се врти околу месарница? Колку повеќе ги одбивате толку повеќе трчкаат по вас, како издресирани мајмунчиња. Колку сте вие поладни тие сè повеќе горат. Подготвени се да клекнат на коленици. Глупави се? Папучари се? Не драги мои, далеку од тоа, тие се упорни, вие сте им цел, а упорните луѓе кои имаат зацртана цел ќе направат сè што е потребно за да ја добијат.rnrnКако ве освојуваат? За да се дојде до машкото срце клуч е заводливоста, а за да се дојде до женското, најважни се убавите зборови. Тие имаат финти, ама добро извежбани. Секогаш имајте на ум дека не сте ни прва ни последна на која ù ги упатува тие зборови. Тие долго и очигледно ќе зјапаат во вас, подгризнувајќи ги устите за вам да ви се покачи самодовербата, да знаете дека сте посакувани… што да ви кажам, оперираат добро и проверено.rnrnНивните финти:rn

      rn011

    • Отвораат врата од кола.
    • rn011

    • Ви даваат предност.
    • rn011

    • Тие се „вистински“ џентлмени.
    • rn011

    • Играат ладно-топло.
    • rn011

    • Ќе ви купат цвеќе, или уште потрогателно, ќе наберат самите.
    • rn011

    • Може да ви посветат, дури и да ви потпевнат по некоја убава песна.
    • rn011

    • Вие сте нивното срце, злато, душа, ангел, убавица, малечко будалче…
    • rn011

    • Ќе ве залажат со спомнување на иднината.
    • rn011

    • Кажуваат „ние“ а не „јас“ (ама само мислете си дека навистина станува збор за вас, најчесто е тој со неговото его).
    • rn

    rnИ уште купишта финти, изрази, зборови, комплименти… и ситници. Таквите мажи знаат дека жените обрнуваат внимание на ситници, па ги кажуваат спонтано како да немаат значење, а всушност зад нив стои некаква намера.rnrnШто треба да запаметите?rn

      rn011

    • Да, нивниот однос ќе се промени откако ќе ве освојат.
    • rn011

    • Не, не сте му ни прва ни последна.
    • rn011

    • Да, тој сака само секс.
    • rn011

    • Не, не смеете да фантазирате за иднина со него.
    • rn011

    • Да, тој еден ден ќе реши да стапи во брак, но шансите да биде верен се минијатурни.
    • rn011

    • Не, не сака сериозна врска.
    • rn011

    • Да, истите финти ги има испоробано безброј пати со други девојки пред вас.
    • rn011

    • Не, нема да ви биде верен.
    • rn011

    • Да, ќе биде со вас додека да му здодеете.
    • rn011

    • Не, не сака да се запознае со вашите родители.
    • rn

    rnЗаклучок? Во ред е да запознаете многу луѓе, животот ќе ве однесе на различни патишта и ќе сретнете различни карактери, меѓу кои и карактерот на еден женкар. Оставете го да се глупира, да се труди да ве освои, но никогаш не му се покорувајте, секогаш ставете му до знаење дека не верувате на што и да излезе од неговата уста. Може да одберете воопшто да не се плеткате со каков било човек од оваа врста, а може да одите до крај и да видите како функционира тој. Ништо страшно, едно животно искуство повеќе. Но што и да правите, секогаш бидете еден чекор пред него, не дозволувајте да се вљубите, оддалечете се додека имате време, тој со неговите финти ќе се појавува одвреме-навреме и лесно ќе паѓате под негово влијание колку и да сте ладни. Кога веќе сте одбрале да играте со оган, навреме и цврсто повлечете линија за крај.rnrnПа дами мои, спремни сте да им одолеете на ваквите заводници?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џентлмени – загрозен вид во изумирање

    Џентлмени – загрозен вид во изумирање

    Последен пат кога видов совршен џентлмен беше пред неколку години во филм, и тоа нему му било платено да глуми, а Бог знае каков е во реалноста. Имам прашање: Каде се џентлмените? Се кријат негде, зафатени се или се во мнооогу мал број? Поточно, јас би рекла дека се толку ретки, речиси во истребување. Зарем никој повеќе не отвора врата од кола, не помага во носењето на тешките ќеси, каде се оние кои им даваат предност на припадничките на „понежниот“ пол?rnrnЏентлмени – загрозен вид во изумирањеrnrnВистина е дека модерните жени се залагаат за еднаквост меѓу половите, но да разграничиме омаловажување од добронамерни џентлменски гестови. Моето его нема да биде повредено ако некој ми отвори врата и ми дозволи да влезам прва. Тоа не го прави бидејќи јас не сум способна да си ја отворам вратата, туку тоа е знак на внимание. Како што ние можеме да бидеме женствени, вие истакнете ја машкоста!rnrnМи недостигаат сите оние ситници кои одат во „пакет“ на совршениот џентлмен, не сакам да го гледам само на филм. Некогаш дури ми се јавува желба да можам да се вратам во времето, да си живеам во Англија во 19 век, и да уживам во друштво на прав џентлмен. Чудно, во денешно време, оној кој изгледа како џентлмен го прави тоа со некоја „задна“ намера и некаква цел.rnrnПа не мора да имаш никаква, ајде да речеме, корист од девојката или жената на која ù помагаш. Можеш едноставно да го направиш тоа добронамерно, ама како што тргнале работите, новиве генерации зборот „џентлмен“ ќе го пребаруваат во речник. Зошто мажите знаат да бидат џентлмени само на првиот состанок и на наредните неколку (некои дури ни тогаш). Секоја чест на исклучоците! На оние кои знаат дека не си „папучар“ ако си вистински џентлмен кон својата девојка, мајка, пријателка…rnrnЗошто да не ѝ дозволиш на жената да влезе пред тебе во автобусот, или да ù отстапиш седиште, што ќе ти се случи? Или можеш да ù помогнеш на старата женичка која се витка носејќи ги ќесите. Тоа веќе се граничи со нивото на култура, кое во нашето општество е многу ниско. Не сакам да бидам една од оние мрчаторски настроени луѓе, не мислам дека сè тргнало „по ѓаволите“, ама со недостигот на џентлмени не можам да се помирам!rnrnКога последен пат јас и Ена буквално се влечевме по улица носејќи го тешкиот багаж, помина група момчиња и само нè одминаа. Паметам кога пред извесно време излегов на состанок и типов ко од пушка порача прв. Добро, си кажа човекот, ама олабави малку, никој не ти го зема пијалокот, ќе се најадеш и ќе се напиеш, наспроти тебе седи дама. Па свесни сте колку плус поени добивате со џентлменски гестови? Оние кои се свесни, само го злоупотребуваат тоа и ништо повеќе, џентлменското кај нив не трае долго.rnrnОК значи, официјално распишуваме оглас за џентлмени:rn

    Се бараат вистинските џентлмени, оние ретките останати, со добри намери, силен карактер, желба за помош и оние кои поседуваат сè што содржи „џентлменскиот пакет“. Јавете се, не се кријте, слободно излезете по улиците, зашто сте толку ретки, што за нас дамите претставувате вистинска премија!

  • Создадете романтични моменти со вашиот партнер

    Создадете романтични моменти со вашиот партнер

    Создавањето магични моменти во врската е нешто за кое секој партнер размислува, но ретко кој нешто презема околу тоа. Можеби причина плус за ваквиот развој на настаните, претставува проблемот со осмислување на интересен гест за покажување љубов. Еве една мала листа на предлози со работи кои може да ги направите за да внесете повеќе романтика во вашата врска.rnrnСоздадете романтични моменти со вашиот партнерrnrn1. Наутро на својот партнер донесете му убаво кафе, додека сè уште спие. Доколку сте во можност, можете да му приготвите и појадок во кревет, а тој/таа ќе биде пријатно изненаден/а. Вие ќе му го направите почетокот од денот фантастичен и исполнет со љубов и грижа.rnrn2. Испланирајте романтично бегство за викенд. Дури тоа да е и во близина на градот во кој живеете, интимноста и блискоста ќе ја разгорат страста помеѓу вас.rnrn3. Гледајте секогаш да имате време да разговарате со партнерот кога сте му потребни. Понекогаш заборавете на сè што сте правеле до тој момент и посветете му се максимално. Ништо не може да спои две души како пријатен разговор.rnrn4. Потсетувајте го вашиот партнер дека изгледа прекрасно, секси или дадете му некој друг комплимент. Нема ништо подобро од убавите зборови упатени кон вашиот љубен партнер, со кој го величите неговиот/нејзиниот изглед.rnrn5. Следниот пат кога ќе појдете на пазарење или шопинг, купете неколку ситни подарочиња. Овие подароци тотално ќе го/ја израдуваат во дадени моменти кога ќе се чувствува тажно или доколку е под некаков стрес.rnrn6. Доколку вашиот партнер има лош ден, однесете го на вечера. На овој начин ќе му ги оттргнете мислите од проблемите, а вкусното јадење секогаш расположува. Па така, во добар муабет и некое фино вино, вечерта ќе добие сосема нов романтичен тек.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.