КАФЕ ПАУЗА

Tag: гестови

  • 9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

    9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

    Постои причина зошто авторите на класичната литература вложуваат толку многу внимание во движењата на веѓите и на трепките на ликовите. Современите истражувачи докажаа дека невербално се пренесуваат и до 93% од информациите. Патем, невербалната комуникација не се само вашето тело и мимиките, туку и мирисите и предметите со кои сте опкружени. Во продолжение, погледнете ги овие 9 необични трикови што ќе ви помогнат да влијате врз другите луѓе.rn

    1. За да освоите некого, проверете ја бојата на очите на личноста

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnОва ќе ви помогне да воспоставите добра врска со личностa што не ја познавате. Времето што ви е потребно за да ја видите бојата на нејзините очи е точно времето што ви треба за да остварите добар контакт со очите. Според психолозите, тоа треба да трае од 3 до 5 секунди. Ако воопшто не гледате во нејзините очи или гледате повеќе од 9 секунди, личноста може да се чувствува непријатно.rnrnИсто така, насмејте се со очите додека гледате во носот на другата личност. Ова е центарот на областа за социјален контакт. Ако гледате пониско од носот, може да изгледа како да сакате да упаднете во нејзиниот личен простор, а ако гледате повисоко – како обид за вршење притисок.rn

    2. Не започнувајте разговор со новата личност веднаш – дајте ѝ малку време

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnОткако ќе воспоставите контакт со очите, не започнувајте го разговорот веднаш. Одвојте неколку секунди за да го обесите палтото, да ја отворите чантата, да го преместите столот. Ова ќе ѝ даде на личноста уште неколку дополнителни секунди за да го дознае каков прв впечаток оставила кај вас. За време на разговорот, личноста нема да го изгуби фокусот додека забележува нови работи кај вас затоа што веќе имала доволно време да ве погледне добро.rn

    3. Допирањето на дршката на чашата може да укажува на привлечност

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnПсихолошките експерименти покажуваат дека допирањето на цилиндричните предмети изгледа како знак на привлечност. Ако девојката сака да му покаже на некое момче дека е заинтересирана за него, треба само да ја допре дршката на чашата. Истото ќе функционира со пенкало или со прстен.rn

    4. Насочување на стапалото кон некого помага да се намали социјалната дистанца

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnАко нозете ви се прекрстени додека седите, насочете го стапалото кон личноста за којашто сте заинтересирани. Овој гест ја намалува социјалната дистанца затоа што изгледа како обид за приближување. Оваа позиција не го нарушува личниот простор на другите луѓе, па може да се користи дури и во деловни средини.rn

    5. Гестикулацијата за „ОК“ ќе ви помогне да покажете авторитет без да бидете агресивни

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnАко треба да го привлечете вниманието на публиката, но не сакате да бидете премногу нападни, еве еден мал трик. Замислете дека држите игла помеѓу палецот и показалецот како да правите гестикулација за „ОК“. За време на разговорот, обидете се да им ја покажете иглата на другите луѓе. На овој начин, гестот ќе изгледа природно, но, исто така, ќе го свртите вниманието на луѓето кон важните точки.rn

    6. Ако ви е здодевно, користете ги рацете за да го покажете тоа

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnАко не сте заинтересирани за разговорот, но не сакате да бидете неучтиви, користете го говорот на телото за да ѝ покажете на личноста со којашто зборувате. Допрете го образот – ова ќе ѝ покаже дека не сте многу заинтересирани. Ако личноста не сфати дека ви е здодевно, ставете ја главата на вашата дланка. Ако и тоа не помогне, ставете ја главата на тупаница. Се разбира, ова не е многу учтиво, но ни другата личност не е учтива ако сè уште не сфатила дека ви е досадно.rn

    7. Ако некој ви кажува непријатни работи, гледајте во неговото чело

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnЗа да избегнете разговор со токсична личност која сака да ви каже дека вашата нова фризура не изгледа добро, едноставно гледајте во нејзиното чело. Овој поглед покажува моќ. Дури и ако не се чувствувате самоуверено, овој едноставен трик ќе ви помогне да покажете моќ.rn

    8. За да направите пауза за време на разговорот, направете механички гест

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnАко треба да донесете одлука, но ви треба малку време за да размислите, започнете со чистење на очилата. Овој гест изгледа механички и личноста најверојатно ќе мисли дека размислувате за одговорот и ќе чека трпеливо. Ако не носите очила, каков било друг обичен гест ќе ви помогне во тоа. На пример, можете да го проверите копчето на кошулата или на обетката.rn

    9. Стојте на левата страна ако сакате да бидете лидер

    rn9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуацијаrnrnНаучниците го откриле овој интересен феномен кога ги анализирале кампањите на кандидатите за претседател. Забележале дека кандидатите кои биле на левата страна од фотографот (така завршиле на десната страна на фотографијата), оставиле посилен впечаток кај гледачите. Сепак, ова правило важи само кога сите други работи се еднакви. Ако некој доминира благодарение на својата поставеност на телото или на харизмата, позицијата во однос на фотографот нема да помогне.rnrnПогледнете ги овие 15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации.

  • Еден ФБИ агент открива: Вака може да го „прочитате“ секој човек за 5 минути!

    Еден ФБИ агент открива: Вака може да го „прочитате“ секој човек за 5 минути!

    Истражувањата покажуваат дека во рок од 5 минути од запознавањето, можеме да добиеме впечаток за некоја личност. Затоа се потребни некои вештини, а еден поранешен агент на ФБИ ги споделува со нас.rnrnЕден ФБИ агент открива: Вака може да го „прочитате“ секој човек за 5 минути!rnrnОколу 55% ​​од личните информации се откриваат преку говорот на телото, затоа внимателно набљудувајте ги невербалните сигнали што личноста ви ги испраќа.rnrnНекои луѓе имаат изразен гест за време на разговорот, додека други се мирни. Еве како да ги сфатите правилно. Лара Кеј, која 23 години работела како агент на ФБИ вели дека секогаш има сигнали што ги пренесуваат намерите на луѓето, само треба да ги толкувате правилно.rnrnОбратете внимание на ова и ќе знаете што мисли вашиот соговорник:rn

    Рацете кријат многу информации

    rnМозокот е многу посилно поврзан со рацете отколку со другите делови од телото. Тие се користат за изразување емоции, мисли и чувства.rn

    Еве како да ги толкувате движењата на рацете:

    rn

      rn 011

    • Преклопувањето на рацете (во позиција како за време на молитва) покажува цврста верба во она што го говори.
    • rn 011

    • Затегнатите тупаници укажуваат на стрес или анксиозност.
    • rn 011

    • Тапкање со еден прст во некој предмет е знак на самодоверба и несвесен начин на ослободување од стресот.
    • rn

    rn

    Позиција на нозете

    rnЛуѓето имаат тенденција потсвесно да ги мрдаат нозете ако некој или нешто ги оддалечи од зоната на удобност.rnrnАгентката вели дека некогаш ѝ се случило да испитува човек за кој постоел сомнеж дека е поврзан со шпион во друга земја. На почетокот неговите одговори биле јасни, а телото било опуштено. Но, штом станало збор за „жешката тема“, малку ги свиткал нозете и телото. Тоа не значело дека тој лаже, но со тоа агентката сфатила дека лицето е нервозно.rn

    Еве што вели позицијата на нозете:

    rn

      rn 011

    • Мрдањето со ногата во седечка положба укажува на тоа дека лицето не е мирно или е загрижено за она што го зборува соговорникот. Ова покажува дека му биле поставени незгодни прашања.
    • rn 011

    • Прекрстените нозе се еднакви на стискање на усните и се јасен знак за воздржување од негативни емоции или борба против неизвесност и страв.
    • rn 011

    • Мал чекор напред е знак дека лицето сака да го заврши разговорот и да ја напушти просторијата што е можно поскоро.
    • rn

    rn

    Обрнете внимание на изразот на лицето

    rnМикро изразите можат да кажат многу за некоја личност, но може да доведат и до погрешни заклучоци. Агентката вели дека никогаш не се потпирала премногу на изразите на лицето, па затоа се фокусирала на овие гестови:rn

      rn 011

    • Кај децата, неискреноста се манифестира со покривање на устата со рака. Кај возрасните, оваа рака го допира носот, што исто така може да укаже на претпазливост при изборот на зборови.
    • rn 011

    • Подигањето на веѓите означува возбудлива средба или присуство на позитивна емоција што не може да се контролира.
    • rn 011

    • Кимањето со главата е знак дека на соговорникот му е удобно во ваше друштво.
    • rn 011

    • Триење на рацете, допирањето на лицето и вкстувањето на рацете – индивидуално не значат ништо, но ако се комбинираат тие јасно укажуваат на измама.
    • rn

    rnМожеби сакате да дознаете и благодарение на љубезните гестови на непознати луѓе може да се чувствувате повеќе сакано отколку во романтична врска.

  • Благодарение на љубезните гестови на непознати луѓе може да се чувствувате повеќе сакано отколку во романтична врска

    Благодарение на љубезните гестови на непознати луѓе може да се чувствувате повеќе сакано отколку во романтична врска

    Луѓето кои секојдневно чувствуваат љубов се поздрави, посреќни и посигурни во себе. Таа љубов не мора да биде романтична, доволни се секојдневни мали гестови на странци, на колеги и на пријатели кои можат да бидат помоќни и од романтична љубов.rnrnБлагодарение на љубезните гестови на непознати луѓе може да се чувствувате повеќе сакано отколку во романтична врскаrn

    Неочекувани, но пријатни гестови

    rnСпоред истражувањето направено во Медицинскиот центар во Пенсилванија, овде спаѓаат гестови како прашањето како се чувствувате, помош при носење на тешки торби, праќање пораки за поддршка и сл. Бидејќи најчесто овие гестови се неочекувани, може да се случат во кое било време и да доаѓаат од различни луѓе, тие имаат посилен ефект врз вашата благосостојба отколку љубовта што ја добивате од само еден канал и од една личност.rn

    „Секојдневното чувство на љубов е концептуално многу пошироко од романтичната љубов. Станува збор за мали моменти во животот кога чувствувате дека сте поврзани со некого. На пример, разговарате со соседот и тој изразува загриженост за вашето здравје и во таква ситуација можете да се поврзете со него и тоа чувство да го доживеете како чувство на љубов, што може да има корисен ефект врз вашата општа состојба“ – изјавил член на истражувачкиот тим.

    rn

    Сè е подобро како што одминува денот

    rnЗа добиените резултати што биле објавени во публикацијата „Личноста и индивидуалните разлики“, истражувачкиот тим направил две истражувања за да открие како се менуваат човечките емоции во текот на денот. Во првото истражување, тие работеле со група од 52 лица на различна возраст во период од еден месец, а во второто истражување работеле со 160 студенти во период од осум недели. На испитаниците им праќале пораки шест пати на ден на случајни интервали и ги прашувале за нивните достигнувања, за важни моменти, за расположението итн. Повремено ги прашувале и колку сакано се чувствуваат во тој момент, а испитаниците можеле да бираат одговори на скалата од „воопшто не“ до „исклучително силно“.rn

    Фокусирани на позитивното

    rnКако што одминувал денот, кај повеќето учесници во истражувањето се зголемувало чувството на љубов и по одредени гестови изјавувале дека се чувствуваат повеќе сакано, без разлика дали биле во љубовна врска или не. Сепак, научниот тим не успеал да најде директна поврзаност помеѓу љубезните гестови и чувството на љубов. Но, д-р Оравец вели дека овие откритија може да ја отворат вратата за нови техники во менталното здравје, како што е случајното испраќање пораки за поддршка во текот на денот.rn

    „Ова е нешто умствено – кога луѓето ќе се фокусираат на позитивното, нивната целосна свест за позитивното почнува да расте. Исто така, со посветувањето внимание на малите моменти во текот на денот во кои чувствуваме дека сме сакани можеме да ја подигнеме свеста за сите позитивни аспекти на љубовта во нашите секојдневни животи“ – изјавил д-р Оравец.

    rnОвој аспект бил применет во двете истражувања, посочувајќи дека зголемената свесност за секојдневното чувство на љубов може да направи да се чувствувате сакани на подолг период.rnrnПрочитајте и кои се вистинските причини поради кои ги привлекувате другите.

  • 10 романтични гестови што ќе ја направат вашата врска посилна од кога било

    10 романтични гестови што ќе ја направат вашата врска посилна од кога било

    Повеќето од нас сакаат да остарат заедно со некого, но студиите покажуваат дека стапката на бракови се намалува, поради што многумина мислат дека долготрајната врска е мит или едноставно не вреди. Сепак, тоа воопшто не е точно. Љубовта и врските се комплицирани, но постојат практични и лесни романтични совети што можете да ги практикувате за да се осигурате дека ќе го добиете најдоброто од нив.rnrnДесет романтични гестови што ќе ја направат вашата врска посилна од кога билоrnrnПогледнете ја листата со романтични совети што можат да бидат рецепт за цврста, среќна врска.rn

    1. Секогаш имајте на ум еден мал заеднички сон

    rnСподелувањето на истиот сон ќе направи заедно да се надевате дека ќе ви се оствари. Можеби сонувате за заштеда на пари за патување во Дизниленд со децата или за нов автомобил. Можеби се надевате дека ќе реновирате дома или пак, планирате средба со родителите кои живеат далеку. Во секој случај, споделувањето на надежите и на соништата и работењето на нивното остварување е позитивен начин за да бидете поврзани и среќни.rn

    2. Запишувајте детали за едноставните желби на партнерот

    rnАко секогаш заборавате што сака вашиот партнер за својот роденден, ова може да биде решение за тој проблем. Секој пат кога тој зборува за новиот ресторан што би сакал да го посети, за филмот чијашто премиера ја очекува со нетрпение или за нешто што сака да го купи, запишете го тоа. Можете да го чувате како белешка во вашиот мобилен телефон и да погледнете во неа секогаш кога ќе треба да одите на состанок со партнерот или кога ќе сакате да му купите подарок по некој повод.rn

    3. Правете мали изненадувања за вашата сродна душа

    rnПо првите неколку месеци во врската, поретко ќе чувствувате пеперутки во стомакот и можеби ќе започнете да се навикнувате на вашиот партнер. Тоа не значи дека веќе не го сакате, туку дека сега сте постабилни. Вистинската љубов не е само страст, туку е и волја да бидете со таа личност секој ден. Но, тоа не значи дека треба да престанете да чувствувате пеперутки. Изненадете го партнерот со неговиот омилен десерт, подгответе му топла бања по напорниот ден на работа или купете билети за филмот што сака да го гледа (тој што сте го запишале во белешките).rn

    4. За време на расправија, размислете за тоа дека можеби и вие сте виновни

    rnАко се расправате и ако сфатите дека работите излегуваат надвор од контрола, одете во различни простории на 20 минути. Така ќе имате време да се смирите и уште поважно, да размислите за фактот дека можеби и вие некако сте придонесле да дојде до таа расправија. Откако ќе поминат 20 минути, пристапете смирено и кажете си еден на друг каде мислите дека не сте во право, извинете се и обидете се заедно да пронајдете решение за проблемот.rn

    5. Вежбајте го методот 3-1

    rnАко мислите дека секогаш го правите она што сака да го направи вашата сродна душа, обидете се со овој метод. Кажете дека сакате да одите во театар. Едниот од вас може да одбере 3 филмови што сака да ги гледа, а другиот може да го избере оној што најмногу му се допаѓа од тие 3 опции. На тој начин, заедно ќе ја донесете одлуката и двајцата ќе изберете што да правите.rn

    6. Поминувајте време одвоени за да си недостасувате еден на друг

    rnАко го поминувате целото време што го имате со партнерот, постои можност да не го правите она што го сакате. Размислете за посета на педикир, за кафе со пријател или за средба со вашата мајка. Треба да поминувате време разделени, за да ги наполните вашите батерии. Ова особено важи за интровертите. На тој начин, ќе постои можност да ви недостасува вашиот партнер, но и да се вратите кај него со подобро расположение.rn

    7. Подобрете ги односите со семејството на партнерот така што што ќе бидете носител на добрите вести

    rnСправувањето со семејството на вашиот партнер за вас може да биде предизвик, но вашата сродна душа ги обожава своите најблиски и би сакала и вие да се дружите со нив. Обидете се да ги олесните работите со тоа што вие ќе бидете личноста што секогаш им кажува убави вести. Вие бидете личноста што ќе ги покани на вечера, што ќе им се заблагодари за вазната што сте ја добиле за подарок од нив, што ќе ја прифати поканата за неделен ручек. Дозволете му на вашиот партнер да се справува со негативната комуникација и да биде оној кој се извинува што не сакате да присуствувате на некој здодевен семеен собир.rn

    8. Работете заедно на заеднички проект

    rnСоздајте нешто заедно, само вие двајцата, и станете експерти за тимска работа. Зборуваме за нешто едноставно како што е подготвување оброк, реновирање на домот или фарбање на влезната врата. За двајцата е важно да постигнете нешто заедно. Добра идеја е и пријавувањето за часови по странски јазик или пак, учество во натпревар.rn

    9. Прегрнувајте се! Физичкиот контакт ќе направи да се чувствувате заљубено

    rnЧовечкиот допир е толку моќен што љубовта може да комуницира без да се каже ни збор. При гушкањето се ослободува окситоцин, познат и како „љубовен хормон“. Оваа супстанција ќе направи вие и вашиот партнер да се чувствувате среќни, сигурни и поврзани, односно тоа ќе ве тера да се чувствувате заљубено. Искористете го овој момент за да му кажете благодарам на партнерот за уште еден ден поминат со него. Ова не само што ќе ве натера да ја цените вашата сродна душа уште повеќе, туку ќе ви помогне и двајцата да се чувствувате поценети. Плус, истражувањата покажуваат дека искажувањето благодарност ве прави посреќни.rn

    10. Дозволете му на вашиот партнер да има ден полн со активности што ги сака

    rnПонекогаш, одморете се од другите работи и поминете некое време со вашиот партнер правејќи го она што тој го сака, дури и ако тоа не е нешто што вам многу ве интересира. Потоа заменете се и имајте ден во кој ќе правите нешто што вие сакате. И двајцата ќе се запознаете подобро и којзнае, можеби ќе си имате ново хоби кое ќе можете да го практикувате заедно.rnrnСе чувствувате полни со љубов? Инспирирајте се уште повеќе со овие 10 романтични пораки кои секој би сакал да ги добие.

  • 5 навидум убави машки гестови што жените потајно ги мразат

    5 навидум убави машки гестови што жените потајно ги мразат

    Веројатно верувате дека со внимателните гестови можете да освоите поени кај партнерката, но се лажете. Всушност, многу од убавите нешта што ги правите за вашата девојка, се токму оние коишто ја излудуваат. На пример, ѝ купувате накит што не е во нејзин стил, ѝ приредувате изненадување во непогодно време…rnrn 5 убави гестови што мажите ги прават, а жените потајно ги мразатrnrnПроблемот најчесто настанува кога не размислувате како би се чувствувала партнерката за гестот. Размислувањето за ова е сигурен начин да се уверите дали вашата сакана ќе го прифати гестот како што сте планирале. Во секој случај, најдобро е да ги избегнувате овие гестови, бидејќи речиси секоја жена ги мрази.rn

    1. Купување накит

    rnПовеќето жени сакаат накит, па веројатно се прашувате зошто не би требало да го купувате. Мажите грешат со тоа што мислат дека категоријата „накит“ е доволна сама по себе. Но не е. Жените се навистина пребирливи кога станува збор за накитот што го носат, па ако не одберете внимателно нешто што таа го сака, вашиот внимателен подарок ќе изгледа како недостаток од интерес. Ќе изгледа како да не знаете или како да не ве интересира што таа сака. Кога ќе купувате накит, најдобро е да знаете што сака да носи.rn

    2. Се обидувате да ги решите нејзините проблеми

    rnОсвен ако нејзиниот проблем не е расипана чешма или високо поставен предмет, тогаш веројатно не сака да ѝ ги решавате проблемите. Мажите и жените се навистина различни во тој поглед. Кога жената се чувствува лошо, најчесто сака да биде ислушана и некој да ги потврди нејзините чувства. Со други зборови, ако има проблеми со најдобрата пријателка или на работа, таа само сака да се „издува“, а не да смислува решение. Вие само треба да ја слушате и (одвреме-навреме) да се согласувате со неа.rn

    3. Ја опсипувате со дарови

    rnУбаво ланче, рози, карти за концерт – сето ова е во ред, но само ако е повремено. Постојаното купување ситници не е најпаметниот избор. Партнерката нема да ја сака вашата лавина подароци од неколку причини. Вашето купување дава чувство на контрола, особено ако партнерката е вработена и финансиски независна. Исто така, колку и да ви се искрени намерите, таа може да почувствува притисок да возврати за подароците. Ниту една жена не сака да бие во врска во која се чувствува како секогаш да е чекор зад партнерот.rn

    4. Влегувате додека се тушира без да ве викне

    rnФизичкиот простор е важен дел од односот. Влегувањето во туѓиот простор без да ве повикаат, дури и ако сте љубезни, може да излезе лошо. Ова не значи дека не смеете да бидете спонтани и романтични, но едноставно немојте да го правите тоа кога се брза или кога се подготвува.rn

    5. Ја проверувате

    rnВеројатно ви е познато – ја оставате пред зграда, чекате да влезе и потоа тргнувате. Ова е сосема во ред и ниту една жена нема да ви замери бидејќи сте сакале безбедно да стигне дома. Но кога почнувате да ја испрашувате кога ќе се врати дома, без разлика дали го правите тоа затоа што ви недостига, ќе почнете да ја фрустрирате. На овој начин мажите сакаат да покажат интерес, грижа и наклонетост, но понекогаш жените го гледаат ова како контрола и љубомора.rnrnПогледнете и кои машки гестови говорат многу повеќе од „Те сакам“.

  • Како да бидете уште подобра најдобра пријателка?

    Како да бидете уште подобра најдобра пријателка?

    Вашата најдобра пријателка секогаш може да се потпре на вас. Без разлика дали станува збор за модни совети, љубовни совети или какви било секојдневни дилеми и проблеми, таа знае дека со само еден телефонски повик ќе ја добие вашата помош и ќе ѝ понудите решение. Се разбира, кога сте заедно секогаш си поминувате одлично и токму тоа ве прави најдобри пријателки.rnrnКако да бидете уште подобра најдобра пријателка?rnrnНо, дали сте се запрашале дали сте доволно добра пријателка за вашата најдобра пријателка? Доколку сакате да ѝ покажете на оваа личност колку всушност ви значи, следниве совети ќе ви помогнат во тоа и ќе го однесат вашето пријателство на ново, повисоко ниво.rn

    1. Јавете ѝ се!

    rnВеројатно постојано комуницирате со најдобрата пријателка. Што и да се случи, таа е првата личност на којашто ѝ пишувате порака. Веројатно можете да се разберете и само со користење на емотикони. Но кога последен пат сте се слушнале телефонски? Доколку, на пример, живеете во разни градови или и двете сте премногу зафатени, голема е веројатноста да не се гледате со денови. Во овие периоди доволно е да ѝ се јавите само за да го слушнете нејзиниот глас и да ја прашате што се случува во нејзиниот живот откако последен пат сте се виделе. Разговорот на мобилен ќе ве врати во минатото кога со часови сте разговарале на фиксен телефон. Ова ќе ви годи и ќе ја подобри вашата комуникација, но и вашето пријателство.rn

    2. Поддржете ја да излезе од удобната зона

    rnКога сте вистинска најдобра пријателка, нормално дека секогаш ќе бидете тука за оваа личност. Вие ќе бидете нејзиниот дневен поттик кој ѝ дава сила, ја мотивира и ја инспирира и ќе ја поддржувате во сè. Без сомнение, и вашата најдобра пријателка го прави истото со вас. Интересно е што неколку истражувања покажале дека најдобрите пријатели навистина ни помагаат кога сакаме да излеземе од нашата удобна зона. Па, доколку вашата пријателка се плаши од нешто, а вие сметате дека мора да го направи тоа за неа, поттурнете ја и мотивирајте ја да направи нешто на коешто не е навикната, но сигурно ќе ѝ биде од корист. Животот се случува надвор од удобната зона и дури кога ќе излеете од неа, ќе можете да ги остварите вашите соништа и да ги совладате сите препреки. Па, бидете извор на сила за вашата пријателка и уште денес помогнете и да ја напушти нејзината удобна зона.rn

    3. Помогнете ѝ да го совлада посакуваниот предизвик

    rnБез разлика дали е диета, пријавување на маратон или што било друго, можеби вашата најдобра пријателка е соочена со предизвик којшто не успеала да го надмине досега. Тоа е јасен знак дека ѝ е потребен некој којшто ќе ја мотивира и ќе ја „повлече“ кон успехот. Се разбира, оваа личност сте вие. Обидете се да го надминете предизвикот, бидејќи заедно можете да направите сè. Бидете нејзин партнер и секогаш кога ќе наиде на пречка, потсетете ја дека е силна и храбра и дека со ваша помош ќе може да ја исполни секоја цел. Истовремено и вие ќе научите важна лекција – кога сте здружени заедно, ништо не може да ви застане на патот.rnrnПогледнете и кои работи треба да ги направите со вашата најдобра пријателка оваа година.

  • 50 слатки идеи да ја прославите вашата љубов кон неа, без никаков повод

    50 слатки идеи да ја прославите вашата љубов кон неа, без никаков повод

    Понекогаш дури и најмалиот гест е доволен за да направиме некого да се чувствува сакано и посебно. Па, зошто да чекате празници за да ѝ покажете на вашата сакана дека целосно го освоила вашето срце? Погледнете ги овие едноставни 50 начини да ја прославите вашата љубов во текот на обичните денови во годината…rnrnrnrn1. Наполнете ѝ го станот со омилените грицки.rnrn2. Наполнете го вашиот стан со нејзините омилени грицки.rnrn3. Одете на јога час заедно со неа.rnrn4. Одведете ја во спа центар.rnrn5. Направете маратон со нејзините омилени филмови.rnrn6. Пратете ѝ рачно напишано писмо.rnrn7. Згответе го нејзиниот омилен оброк.rnrn8. Јавете ѝ се за да ѝ кажете „Добро утро“ уште пред да ѝ почне денот.rnrn9. Украсете ја нејзината бања со омилените свеќи, масла за капење и миризливи сапуни.rnrn10. Бидете нејзин шофер цел ден и возете ја каде и да сака да оди.rnrn11. Измасирајте ја од глава до пети.rnrn12. Направете музичка плејлиста од нејзините омилени песни.rnrn13. Качете ја на рамена и забавувајте се.rnrn14. Изградете ѝ нешто самите (маса, рамка за фотографии…).rnrn15. Средете ја вашата брада.rnrn16. Јавете ѝ се на мобилен за да ѝ го чуете гласот.rnrn17. Танцувајте со неа.rnrn18. Слушајте ја.rnrn19. Кажете ѝ дека е прекрасна и навистина мислете го тоа.rnrn20. Фатете ја нежно за лице, бакнете ѝ го челото и гледајте како се топи пред вас.rnrn21. Тргнете ѝ ја косата зад ушите.rnrn22. Направете листа од сите нешто што ги сакате кај неа и дајте ѝ ја.rnrn23. Смислете нагалено име само за неа.rnrn24. Носете ги нејзините торби.rnrn25. Одете некаде каде што ни двајцата не сте биле.rnrn26. Направете ѝ појадок во кревет.rnrn27. Завршете ги домашните обврски без да ја прашате.rnrn28. Исчешлајте ѝ ја косата.rnrn29. Купете ѝ свилени навлаки за перници.rnrn30. Одете со неа на шопинг.rnrn31. Запалете свеќи насекаде низ домот.rnrn32. Купете ѝ ги омилените цвеќиња.rnrn33. Ставете гориво во нејзиниот автомобил.rnrn34. Испечете ѝ ја омилената торта или пита.rnrn35. Одете на местото каде што сте го имале првиот љубовен состанок.rnrn36. Научете ја нешто што вие обожавате да правите.rnrn37. Одете на пикник.rnrn38. Дозволете ѝ да ја избере вашата облека за денот.rnrn39. Помнете ги нејзините важни датуми.rnrn40. Бидете будалести со неа.rnrn41. Земете ѝ милениче.rnrn42. Помогнете ѝ да ги остави лошите навики зад себе.rnrn43. Изненадете ја со викенд на море, во планина или во друг град.rnrn44. Покажете ѝ ги фотографиите од вашето детство.rnrn45. Гледајте го изгрејсонцето и зајдисонцето заедно.rnrn46. Одете во забавен парк.rnrn47. Подарете ѝ гравирано шише вино.rnrn48. Прашајте ја што би сакала да прави.rnrn49. Поканете ги нејзините родители на вечера за да им покажете дека семејството ви значи.rnrn50. Кажете ѝ дека ја сакате, и мислете го тоа!rnrnПогледнете ги и овие 20 мали нешта коишто ќе ја направат вашата врска суперцврста.

  • 50 мали нешта што прават мажите да се чувствуваат сакано во врската

    50 мали нешта што прават мажите да се чувствуваат сакано во врската

    Понекогаш нема потреба да правите многу за вашиот партнер да се чувствува сакано. Со овие мали гестови секој ден ќе му покажувате дека го сакате.rnrn50 мали нешта што прават мажите да се чувствуваат сакано во врскатаrnrn1. Исчистете го умот пред да се видите со него за да се чувствувате среќно и возбудено. Не носете го со вас стресот од денот.rnrn2. Заблагодарете му се секогаш кога ќе се обиде да направи нешто добро за вас или за вашата иднина.rnrn3. Чувајте го неговото омилено пиво во фрижидерот.rnrn4. Во посебните прилики купете картичка и напишете што е можно повеќе изјави што почнуваат со „Го сакам тоа што…“rnrn5. Кога е топло изненадете го со ладен пијалак. Кога е студено направете му чај или топло чоколадо.rnrn6. Прегрнете го кога ќе се сретнете и кога се збогувате.rnrn7. Галете го нежно по грбот кога е под стрес.rnrn8. Галете го додека гледате нешто.rnrn9. Научете како да масирате и помогнете му се да се опушти без да очекувате нешто за возврат.rnrn10. Откријте кое му е омилено јадење и научете да го правите беспрекорно.rnrn11. Наполнете му го автомобилот со гориво.rnrn12. Откријте кој е неговиот љубовен јазик. Некои луѓе се чувствуваат сакано на одреден начин. Кога ќе го откриете неговиот, ќе знаете како да му ги покажете вашите чувства.rnrn13. Прашајте го дали е гладен и подгответе му нешто додека е зафатен.rnrn14. Ако имате проблеми во врската, размислете кој разговор би бил најпродуктивен. Не чувајте ги проблемите во себе додека не почнете да станувате злобни. Кажете што ви пречи.rnrn15. Кога се расправате, секогаш треба да сте во ист тим. Не заборавајте дека е потребно да откриете што е најдобро за вас двајцата. Ако некој „победи“ во расправата, губите и двајцата.rnrn16. Кога размислувате за него и сте среќни, кажете му го тоа.rnrn17. Кажете му дека е привлечен.rnrn18. Ако постојат обврски што ги мрази, ако можете завршете ги место него.rnrn19. Донесете му кафе во креветот ако се разбудите порано.rnrn20. Кажете му дека ви недостига.rnrn21. Не дозволувајте да си замине без да го бакнете.rnrn22. Масирајте му ги стапалата ако имал напорен ден.rnrn23. Кога ќе го видите, насмејте се.rnrn24. Ако работи од компјутер, научете како да му ги масирате дланките и рацете. Кога постојано ги користи тие мускули се создава многу напнатост.rnrn25. Ако одите негде на подолго време, направете му ги омилените колачиња или што било пред да заминете.rnrn26. Ако планирате да ја поминете вечерта гледајќи некој филм, направете го состанокот поинтересен со неколку свеќи и нешто за грицкање.rnrn27. Кажете му колку добар партнер е и зошто.rnrn28. Оставете го неговото омилено чоколадо со мала порака врз торбата пред да замине на патување.rnrn29. Галете му ја раката кога седите до него.rnrn30. Оставете го да се успие.rnrn31. Кога се тушира, напишете му слатка порака на огледалото.rnrn32. Направете вечера за вас двајцата без никаков повод.rnrn33. Кажете му колку ве привлекува.rnrn34. Поминете со прстите низ неговата коса.rnrn35. Понудете да завршите некоја обврска што ја одложува долго време.rnrn36. Купете му некој луксузен подарок што не би си го купил самиот.rnrn37. Кога е под стрес поради работата, потсетете го колку е добар во тоа што го прави.rnrn38. Направете коктели некоја вечер кога ќе се вратите од работа.rnrn39. Разбудете се порано и направете палачинки или друг појадок пред да заминете на работа.rnrn40. Направете му го омилениот сендвич и оставете му слатка порака.rnrn41. Кога зборува, навистина слушајте го. Оставете го телефонот настрана.rnrn42. Заблагодарете му се што е толку добар со вас.rnrn43. Средете му го автомобилот.rnrn44. Ако не сте планирале ништо за некоја вечер, изненадете го со неговиот омилен филм.rnrn45. Кажете му колку среќно и сакано се чувствувате поради него.rnrn46. Во зима загрејте му го автомобилот пред да оди на работа.rnrn47. Допирајте го на начин што не е поврзан со секс.rnrn48. Кажете му дека сте горди на него.rnrn49. Секогаш бидете на негова страна.rnrn50. Кажете му дека го цените.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте вљубени во добар маж.

  • 6 романтични гестови кои секоја жена ги сака

    6 романтични гестови кои секоја жена ги сака

    Без разлика дали сте заедно подолго време, или вашата врска е нова, понекогаш е неопходно да ѝ покажете на вашата партнерка дека ја цените. Еве неколку начини на кои ќе ѝ покажете дека се грижите за неа и ќе ја натерате да сака да биде само со вас.rn

    1. Давајте ѝ комплименти

    rn(1)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mkrnrnНикогаш не престанувајте да ѝ кажувате колку е убава и колку ве прави среќни. Можеби вие размислувате за ова, но мислите не се доволно. Потсетувајте ја одвреме-навреме. Експертот за состанување, Ник Нотас, смета дека е важно да ѝ давате искрени комплименти, но не треба да се фокусирате само на физичкиот изглед. Давајте ѝ комплименти и за нејзините карактеристики или вредностите кои ги сакате.rn

    2. Негувајте ја

    rn(2)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mkrnrnКога ќе престанете да ѝ обрнувате внимание, и кога таа ќе престане да се чувствува негувано и сакано, може да си побара и друг партнер. Немојте да ги заборавате важните датуми и слушајте ја кога ви зборува. Најдобриот начин да ѝ покажете на една девојка дека ја сакате е да ја ставите на прво место. Бидејќи таа секогаш е подготвена да се жртвува за вас, покажете ѝ дека и вие сте подготвени на истото.rn

    3. Понудете ѝ поддршка

    rnCouple in love hugging in an urban parkrnrnМногу пати на жените им е потребно само да бидат ислушани. Таа не бара да ѝ ги решите проблемите, па кога ќе ви се пожали за шефот или за некој колега, дозволете ѝ да се искаже. Кога жените зборуваат, не го прават тоа само за да пренесат некоја информација. Жените го користат дијалогот за да ја зголемат интимноста. Тие се чувствуваат емоционално поддржани кога ги слушате. Докажано е дека мажите кажуваат по 2.000 зборови на ден, додека жените 7.000. Кога зборуваат мажите, тие се потпираат на факти, ја кажуваат својата поента или постигнуваат цел. Жените зборуваат и за овие причини, но со разговорот го намалуваат стресот, создаваат интимност и градат врска.rn

    4. Покажете ѝ внимание

    rn(4)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mkrnrnДопирот може да биде многу моќен. Можете да се држите за раце додека шетате или пак, да споделите топла прегратка. Случајните допири на рамото или на лицето ќе ја растопат. Жените речиси никогаш не се изморуваат од ова внимание. Дури и ако сте неколку години во брак, овие допири нема да поминат незабележани.rn

    5. Гледајте ја

    rnAfrican American Couple Shopping With Credit Card In PanamarnrnКолку е подолга врската, толку помалку се гледаат партнерите. Ќе забележите дека додека разговарате вие си го проверувате телефонот, или пак читате весник. Обидете се да гледате во нејзините очи и лице додека ви зборува. Кога ќе ѝ го посветите целото внимание, таа ќе добие еден од најубавите подароци. Истражувањата покажувале дека кога паровите се гледаат две минути во очи, непрекинато, се чувствуваат поблиску еден кон друг.rn

    6. Изненадете ја

    rn(6)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mkrnrnСигурно се сеќавате на почетокот на вашата врска. Сигурно сте биле нервозни, но најмногу од сè – возбудени. Ако поминало доста време откако сте направиле вашата партнерка да се чувствува така, време е да преземете нешто. Изненадувањата не мора да бидат големи или скапи. Ако на пример треба да оди некаде, исчистете го снегот од нејзиниот автомобил. Ако направила неред во кујната, помогнете ѝ и измијте ги садовите. Кога малку ќе се потрудите за вашата дама, таа одново и одново ќе се вљубува во вас.rnrnДевојки, погледнете кои романтични гестови ќе направат вашиот партнер да ве засака уште повеќе.

  • Суптилни гестови со кои ќе ги натерате другите да ви веруваат

    Суптилни гестови со кои ќе ги натерате другите да ви веруваат

    Луѓето се единствените примати кои ја покажуваат белката на нивните очи. Токму ова ни дава уникатна палета на сигнали кои ни помагаат да комуницираме само со нашите очи. Кога ќе го знаете значењето на разните сигнали и како да ги испраќате истите, другите многу полесно ќе стекнуваат доверба во вас и ќе ве сакаат уште при првата средба.rn

    Затворени и отворени зеници

    rn(1)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mkrnrnМожеби сте забележале дека вашите зеници се отвораат и затвораат со промената на вашето расположение. Кога сте возбудени за нешто, зеницата може да се „зголеми“ дури за 4 пати. Спротивно на тоа, кога сте гневни или кога имате какво било негативно расположение, вашите зеници се затвораат. Можете да го контролирате отворањето на зениците со цел да покажете интерес кон вашиот соговорник. Дефокусирајте го погледот и замаглете го најмногу што можете. Ќе знаете дека сте успеале ако чувствувате дека вашите очи се релаксирани.rn

    Подигање на веѓите

    rn(2)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mkrnrnПодигањето на веѓите е несвесен сигнал кој трае само 1/5 од секундата. Ова е суптилен, но ефективен гест кој укажува на поздрав. Нормално, нема да ги подигнете веѓите доколку се сретнете со некој странец. Но, ако сакате да се запознаете со странецот, пробајте го овој едноставен гест. Најверојатно и тој ќе ви врати со подигање на веѓите и со мала насмевка. Некои луѓе може и ќе ви пристапат и ќе започнат разговор со вас.rn

    Држете ги очите отворени и немојте да се муртите

    rnМногу е лесно да ги затвориме очите до половина и да направиме намуртен израз на лицето, особено кога сме зафатени со нешто. Но, неодамнешните истражувања покажале дека со овој израз изгледаме како да сме уморни или во лошо расположение. Луѓето го поврзуваат заморот со лоша комуникација. Па, не треба да ве изненади фактот дека ако не изгледате „будно“ луѓето потсвесно ќе помислат дека сте помалку интелигентни. На кратко, држете ги очите отворени и бидете насмеани секогаш кога можете.rn

    Користете ги веѓите за да искажете авторитет или потчинетост

    rn(3)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mkrnrnСпуштените веѓи укажуваат на авторитет. Џон Ф. Кенеди имал таканаречени „спуштени веѓи“ кои му давале авторитативен (и загрижен) изглед кој имал позитивно влијание кај гласачите. Ако немате спуштени веѓи, но сакате да покажете авторитет, можете да ги постигнете тоа така што ќе ги направите веѓите погусти.rnrn(4)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mkrnrnОд друга страна, „високите“ веѓи укажуваат на потчинетост, но и заводливост. Доколку сакате да испраќате ваков сигнал, обликувајте ги и направете ги вашите веѓи потенки.rn

    Стеснете ги очните капаци и фокусирајте го погледот за да покажете авторитет

    rnНа многумина одвреме-навреме им е потребно да покажат авторитет. Ако имате нежен и „мек“ поглед, но сакате да покажете авторитет, можете да го искористите „погледот на моќта“. Кога го гледате соговорникот немојте премногу да трепкате. Малку стеснете ги вашите очни капаци и фокусирајте го погледот кон вашиот соговорник. Со ова ќе ја демонстрирате вашата доминација.rn

    За да покажете потчинетост наведнете ја главата и погледнете нагоре

    rn(5)suptilni-gestovi-so-koi-kje-gi-naterate-drugite-da-vi-veruvaat-kafepauza.mkrnrnКако што е корисно покажувањето моќ и доминација, исто толку важно е и покажувањето потчинетост. Ова е метод со кој ќе ја стекнете довербата на другите. Едноставно наведнете ја главата и погледнете нагоре. Со овој гест вашите очи изгледаат поголеми и вие добивате „невин“ или „детски“ поглед. Многу е полесно да го изведете овој гест ако сте пониски од вашиот соговорник, во спротивно можете да го пратите сигналот додека седите. Се разбира, немојте да претерувате бидејќи гестот ќе ја изгуби суптилноста.rn

    Немојте да трепкате премногу или премалку

    rnИ двата геста се како знак за предупредување за соговорникот. Ако трепкате премногу ќе изгледате нервозно и под притисок, додека бавното трепкање дава знак дека ви е здодевно или дека се чувствувате супериорно. И пријателите и странците потсвесно ги примаат овие сигнали, па ако сакате да стекнете нечија доверба, трепкајте нормално.rn

    Контактот со очите нека биде 60-70% од разговорот

    rnАко постојано го гледате соговорникот во очи може да му биде непријатно. Ако воопшто не го погледнувате, ќе изгледате исплашено. Сигурно имате забележано дека ви е потешко да му верувате некому што многу малку ве погледнува во очи додека разговарате. Исто така избегнувајте очила со темни стакла кога разговарате со некого, бидејќи соговорникот може да помисли дека постојано гледате во него или пак, дека се обидувате да го избегнете неговиот поглед.rnrnПогледнете ги и овие совети за говор на телото со кои ќе го привлечете сечие внимание.