КАФЕ ПАУЗА

Tag: гел

  • Сакате здрава и сјајна кожа? Користете алое вера!

    Сакате здрава и сјајна кожа? Користете алое вера!

    Алое вера е едно од ретките растенија кое прави чуда во поглед на целокупното здравје. Станува збор за билка која потекнува од Арапскиот Полуостров и која се карактеризира со присуство на околу 240 хранливи состојки, меѓу кои фолна киселина и витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц и Е. Особено позната е по нејзините антибактериски својства, а во последно време сè поактуелна станува и кај нас. Во продолжение зошто треба да користите алое вера доколку сакате да имате здрава и мазна кожа.rnrnСакате здрава и сјајна кожа? Користете алое вера!rn

    1. Средство за чистење на кожата

    rnЕдна од најдобрите примени на алое вера во негата на кожата е тоа што може да се користи како средство за чистење и отстранување на шминката и нечистотиите. Покрај тоа, неговите антибактериски својства ја штитат кожата од алергии.rn

    2. Средство за хидратација

    rnВодата во ова растение е застапена со дури 95% и затоа алое вера е одличен избор за хидратација на вашата кожа без да ја прави мрсна или леплива.rn

    3. Антиинфламаторни својства

    rnОваа билка се карактеризира со антиинфламаторни својства и служи како заштита од бактерии и акни.rn

    4. Ја штити кожата од стареење

    rnДали знаевте дека алое вера ефикасно делува при намалување на брчките? Доволно е редовно да го нанесувате гелот на кожата, а резултатите ќе бидат видливи по само неколку дена!rn

    Како да го користите гелот од алое вера за нега на кожата?

    rn

    1. За сјаен тен

    rnСè што треба да направите е да земете една лажица гел од алое вера и да го измешате со мед и млеко, а потоа да ја нанесете смесата на кожата со нежни движења.rn

    2. Како тонер

    rnИзмешајте го гелот од алое вера со вода и користете го како тонер за хидратација на кожата во кое било време, на кое било место. Како што веќе ви е познато, гелот содржи хидратантни својства кои ќе ѝ дадат свеж изглед на кожата.rn

    3. Како гел за миење лице

    rnНавечер, пред легнување, со врвовите на прстите нанесете тенок слој алое вера на лицето. Распределете го со кружни движења, а потоа исплакнете со ладна вода.rnrnОткако прочитавте како да ја одржувате кожата здрава и сјајна со помош на алое вера, можеби ќе сакате да прочитате и дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам.rnrnИзвор: pinkvilla.com

  • Дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам?

    Дали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам?

    Во „морето“ од информации што ги нуди интернетот понекогаш е тешко да се препознае кои се вистинити, а кои не, затоа денес одлучивме да ви одговориме на некои од дилемите поврзани со употребата на гелот од алое вера од типот дали и колку влијае врз процесот на слабеење како и врз имунолошкиот систем.rnrnДали сокот од алое вера навистина прави чуда за вашиот организам? rn

    Што е алое вера гел?

    rnНиз историјата па сè до ден денес, гелот има широка примена на употреба. Се добива од зелените месести листови на растението, а честопати се користи за лекување на изгореници, гребаници, псоријаза и други кожни заболувања. Постојат две варијанти кои денес можете да ги најдете на пазарот. И двете варијанти содржат гел од централниот дел на растението, но понатамошната процедура го одредува производот. Сокот од алое вера се добива со додавање цеден цитрус или некое друго овошје.rn

    Здравствени придобивки од алое вера

    rn

    1. Хидратација

    rnГелот од алое вера се прави главно само од вода, па затоа не е за чудење фактот дека има голема хидратантна моќ, но и изобилува со калиум и витамин Ц. Сепак, тоа не значи дека не треба да внимавате со неговата употреба. Многумина производители во производите со алое вера додаваат шеќери што доведува до зголемување на калориската вредност на гелот.rn

    2. Подобар тен

    rnКога станува збор за одржување нега на кожата, алое верата може да ви биде од голема корист. Научниците сè уште го испитуваат вистинското дејство на ова растение, но не треба да се занемарат нутритивните вредности како и фактот дека изобилува со антиоксиданси кои од друга страна ја штитат кожата од слободните радикали. Сепак, треба да бидете упорни бидејќи резултатите не се видливи по консумирањето едно пакување гел од алое вера.rn

    3. Го ублажува воспалението

    rnИстражување од 2004 година покажало дека водата помешана со гел од алое вера поволно делува врз воспалителните процеси во цревата. Имено, испитаниците го пиеле гелот два пати на ден во рок од четири недели и не биле забележани никакви контраиндикации.rn

    Употреба и мерки за претпазливост

    rnКако и за сè друго треба да бидете умерени при консумирањето гел од алое вера, но понекогаш можат да се појават проблеми со варењето или надуеност, па затоа подобро е да се консултирате со лекар или нутриционист пред да почнете да го пиете. Доколку не сакате да го консумирате како додаток во вода или сок, можете да го сервирате во форма на коцки мраз во коктел или освежителен пијалак. Гелот од алое вера е и добра замена за бадемовото и овесното млеко во смуди.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од гелот од алое вера, ви предлагаме да прочитате и зошто комбинацијата од алое вера и хијалуронска киселина е толку популарна за нега на кожата.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Која е разликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел?

    Која е разликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел?

    Миењето на рацете не ги убива бактериите, но го намалува нивниот број на рацете. Сапунот и водата се поефикасни од геловите за дезинфекција, особено кога рацете ви се видливо валкани. Сапунот и антибактерискиот гел се наменети за различни околности. Иако е добро да имате гел за дезинфекција на рацете додека патувате, ништо не е толку ефикасно како темелното миење на рацете со обичен сапун и вода.rnrnКоја е разликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел?rnrnРазликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел ја објасни Алекс Березов, микробиолог и потпретседател на американскиот совет за наука и здравје.rn

    Ефикасност на сапунот

    rnМожеби ќе се изненадите кога ќе прочитате дека сапунот не ги убива бактериите.rn

    „Сапунот е детергент и затоа прави толку многу пена. Детергентите ги отстрануваат нечистотиите од вашите раце исто како што се отстранува мрснотијата од садовите“, вели Березов.

    rnМиењето на рацете не ги убива бактериите, но го намалува нивното присуство на вашите раце. Сапунот и водата се поефикасни од геловите за дезинфекција, особено кога рацете ви се видливо валкани. По јадење, по спортување или ако рацете ви се извалкани и мрсни, гелот за дезинфекција не е толку ефикасен.rnrnНавлажнете ги рацете со вода, а потоа мијте ги со сапун најмалку 20 секунди, а најдобро е една минута. Задолжително исчистете ги под ноктите, на горниот дел од дланките и просторот меѓу прстите.rnrnПо нанесувањето сапун, измијте ги рацете и потоа веднаш избришете ги со чиста крпа. Бидејќи микробите полесно се пренесуваат на влажни раце, важно е да ги исушите рацете веднаш штом ќе завршите со миењето. Сапунот и водата ефикасно ќе го спречат ширењето на вирусите и на бактериите.rn

    Ефикасност на средствата за дезинфекција

    rnАнтибактерискиот гел е добра резерва ако немате пристап до сапун и вода. Но, потребна е соодветна техника за тој да има ефект.rnrnЛуѓето најчесто не користат доволно гел или не го нанесуваат правилно.rnrnНанесете гел на едната дланка и темелно нанесете го по целата површина на двете дланки додека не се исуши. Користете ја препорачаната количина наведена на производот.rnrnСредствата за дезинфекција на рацете ги убиваат бактериите, но не сите. Еве од што не можат да ве заштитат:rn

      rn 011

    • Криптоспоридиум – паразитна инфекција која може да предизвика гастроинтестинални и респираторни проблеми.
    • rn 011

    • Норовирус – вирусна инфекција која може да предизвика повраќање и дијареја.
    • rn 011

    • Clostridium difficile – бактериска инфекција која може да предизвика нарушување на функцијата на цревата и воспаление.
    • rn

    rnСредството за дезинфекција треба да содржи најмалку 60 проценти алкохол. Најдобрата концентрација е помеѓу 60 и 95 проценти. Сè што е помалку од тоа нема да биде корисно бидејќи не ги убива бактериите, само го намалува нивниот раст.rnrnПреголемата употреба на антибактериски гелови има свои недостатоци. Честото користење гел може да предизвика сушење на кожата на рацете и тие може да испукаат и да почнат да крварат.rn

    Заклучок

    rnСапунот е детергент кој ги отстранува микробите, додека алкохолот во антибактериските гелови ги убива бактериите.rnrnСапунот и водата се најефикасни во отстранувањето на бактериите. Микробите што не можат да бидат убиени од средствата за дезинфекција, ќе ги отстраните од вашите раце со сапун и вода.rnrnСе препорачува користење антибактериски гелови на база на алкохол со концентрација од 60 проценти или повеќе само ако не ви се достапни сапун и вода.rnrnАко рацете ви се валкани, најдете пристап до проточна вода и сапун бидејќи гелот можеби нема да ви користи многу кога имате видливи нечистотии на рацете.rnrnЧистиот сапун и вода се сè уште најдобрата одбрана против бактериите. Мијте ги рацете постојано и особено внимавајте ако се грижите за некој што е болен за да спречите ширење на болеста.rnrnПрочитајте како да направите домашен антибактериски гел.

  • Како да направите домашен антибактериски гел?

    Како да направите домашен антибактериски гел?

    Антибактерискиот гел е ефикасен начин да се ослободите од повеќето микроби, а особено е корисен сега кога постои зголемен ризик од заболување од грип или од други болести.rnrnКако да направите домашен антибактериски гел?rn

    За што се користи антибактерискиот гел?

    rnАнтибактерискиот гел и другите средства за дезинфекција ги убиваат речиси сите микроби што се наоѓаат на вашите раце и на површината што ве опкружува. Од бактериите до болестите има прилично краток пат, па вреди да си набавите еден ваков гел. Исклучително е корисен во ситуации кога имате ограничен пристап до сапун и вода или кога сте на места каде што ризикот од инфекција е поголем, на пример во козметички салон или на училиште.rnrnАнтибактерискиот гел може да ја исуши кожата на рацете, па затоа не треба да се користи на иритирана или оштетена кожа. Ако гелот дојде во контакт со очите, исплакнете ги со млака вода.rn

    Што ви е потребно за да направите домашен антибактериски гел?

    rn

      rn 011

    • Сад за дозирање (100 милилитри)
    • rn 011

    • 1-2 лажици салицилен алкохол
    • rn 011

    • 60 милилитри гел од алое вера
    • rn 011

    • 30 капки масло со антибактериско дејство (чајно дрво, еукалиптус, лаванда, каранфилче, цимет)
    • rn

    rnМожете да додадете малку масло со витамин Е за да ја заштитите кожата од сушење.rnrnПогледнете кои природни антибиотици ги убиваат бактериите во вашето тело, а повеќето ги имате во кујната.

  • Ослободете се од лузните, стриите и флеките со овој домашен гел од 3 состојки

    Ослободете се од лузните, стриите и флеките со овој домашен гел од 3 состојки

    Сигурно веќе знаете за сите придобивки од алое верата и кокосовото масло што честопати се користат во лосионите за тело и други производи. Па, кога ќе ги комбинирате нив ќе добиете моќна мешавина што ќе ги реши сите ваши проблеми со кожата.rnrnОслободете се од лузните, стриите и флеките со овој домашен гел од три состојкиrnrnАлое верата е одлична за третирање изгореници, смирување на иритираната кожа и алергија, отстранување лузни, флеки, акни и белези, а исто така е корисна и за подмладување на кожата. Од друга страна пак, кокосовото масло се користи како природна крема за хидратација и лосион за секој тип кожа, делува против габични инфекции и бактерии и на кожата ѝ дава здрав изглед.rn

    За подготовка на овој гел е потребно:

    rn

      rn011

    • 30 грама чист алое вера гел
    • rn011

    • 120 милилитри органско кокосово масло
    • rn011

    • Есенцијално масло за додавање мирис (по ваш избор)
    • rn

    rnДобро промешајте ги овие состојки додека не добиете цврста крема во светла боја. Ставете ги во стаклен сад и чувајте ги на собна температура.rn

    Начин на користење:

    rnНанесете го гелот на чиста кожа, најдобро е веднаш по туширањето, кога кожата е влажна и порите се отворени.rnrnПробајте и за кратко време ќе имате видливи резултати.

  • Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

    Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

    Знаеме дека гелот за нокти е нешто без кое поголемиот број жени не можат да го замислат своето секојдневие. Со него сте сигурни дека вашите нокти нема да се кршат, ниту да пукаат, нема да се случуваат оние неуредни моменти или оштетувања, накратко кажано секогаш ќе имате совршен маникир. Но, не е сè така идеално!rnrn1-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_rnrnГелот за нокти навистина делува убаво на нашите раце, ги чува ноктите, ни ги скратува маките околу лакирањето, го штеди нашето време и сето тоа е убаво, само што во овие ситуации секогаш постои некое „Но“. Она што сериозно може да ги ослаби вашите нокти и да ја оштети кожата на рацете е самиот процес на ставање на гелот, поточно – изложувањето на УВ-зраците.rnrnЗа да се исуши гелот на вашите нокти, тие треба да се сушат под УВ-светло, а овој процес се повторува околу 3 до 4 пати. Токму и во тоа се крие недостатокот – вие вашите нокти и кожа ги изложувате на штетно зрачење.rnrnНаучниците дури и утврдиле дека ризикот за добивање рак на кожата се зголемува доколку често користите УВ-ламби. Затоа докторите советуваат да нанесете крем со заштитен фактор пред да ги изложите вашите нокти и раце на УВ-светлина, но тоа нема потполно да ја заштити вашата кожа.rnrn2-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_rnrnДруг недостаток на гелот за нокти е тоа што создава еден вид „зависност“ – кога еднаш ќе го ставите, најверојатно потоа нема да престанете да го правите тоа во брзо време, бидејќи по отстранувањето, вашите нокти навистина се во ужасна состојба – тенки, слаби и многу лесно пукаат.rn

    „Не сакам гел на ноктите, бидејќи тој ги прави нежни и слаби, па тие брзо и лесно се кршат. Но, сепак, го штеди моето време, и затоа е одлично решение кога одите на одмор“, истакнува Џин Сун Кои, експерт за маникир.

    rnТаа советува и да ги мачкате ноктите со витамин Е додека имате гел, за донекаде да ја зачувате цврстината на ноктите.rnrnКакво е вашето искуство и дали сте љубител на овој маникир?

  • Наједноставен начин да го отстраните гелот од ноктите

    Наједноставен начин да го отстраните гелот од ноктите

    Ноктите кои се средени со гел изгледаат навистина спектакуларно… сè до моментот кога тие ќе ви пораснат и ќе дојде време да го отстраните. Токму затоа додека најдете време за вашата козметичарка, вие ги криете ноктите од очите на сите околу вас. Но, советниците за убавина тврдат дека гелот може многу едноставно да се отстрани во домашни услови, без никакви дополнителни алатки.rnrnНаједноставен начин да го отстраните гелот од ноктитеrn

    Сè што ви е потребно е:

    rn

      rn011

    • Турпија за маникир (коцкеста и груба)
    • rn011

    • Памук
    • rn011

    • Ацетон
    • rn011

    • Алуминиумска фолија
    • rn

    rn

    Постапка:

    rnТурпијајте ги ноктите сè додека лакот не го изгуби својот сјај, а потоа намокрете го памукот во ацетон и наместете по еден дел на секој нокт. Откако ќе го направите тоа, поставете парчиња алуминиумска фолија над памукот и оставете да делува 10-тина минути. Потоа тргнете ги фолијата и памукот и со нов памук отстранете го останатиот омекнат гел од вашите нокти.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е најдобро за вашата коса: Гел, восок или крем?

    Што е најдобро за вашата коса: Гел, восок или крем?

    Што ќе одберете за да го одржувате обликот на вашата коса зависи од она што сакате да го постигнете. Кога ќе сфатите како сакате да изгледа вашата фризура, ќе знаете и кој производ е најдобар за вашата коса.rnrnШто е најдобро за вашата коса: гел, восок или крем?rn

    Гел

    rnГелот се користи кога сакате да ја задржите формата во текот на целиот ден. Се нанесува на влажна коса веднаш откако ќе се истуширате. За да избегнете одредени праменчиња да се здрват како прачки, важно е прво добро да ја измиете косата, а потоа и да употребите само онолку гел колку што навистина е потребно. Ако излезе дека ви требало повеќе, можете да додадете подоцна.rn

    Восок

    rnВосокот е погуст од гелот и ќе ви даде добар изглед доколку целите кон побушав изглед. Составот на повеќето од нив се базира на масла, па затоа не се здрвува како гелот, не е леплив како него и потешко се мие. Најдобро се нанесува така што прво ќе ја обликувате фризурата додека косата се суши, а кога ќе се исуши малку восок се размачкува на рацете, а потоа рамномерно се нанесува на косата. На крајот може да се додаде и малку лак за коса за поголема цврстина.rn

    Крем

    rnКремот е идеалниот избор за вас доколку сакате косата да изгледа како да е сува и да не изгледа здрвено. Кремовите за коса се лесни и лесно се мијат. Се става на сува коса по истата постапка како восокот, но можете да го нанесете и на влажна коса доколку сакате мазен изглед.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Кога и како да заштедите при купување козметички производи?

    Скапата козметика е често поквалитетна од евтината, но не секогаш е така. Она што треба да го имаме на ум е дека често повеќе плаќаме за името на козметиката отколку за нејзиниот квалитет. Може да бидете убави и негувани без да потрошите многу на козметички производи. За одредени производи ќе мора да потрошите повеќе, но за други навистина нема потреба да фрлате многу пари. Еве како паметно да купувате козметика.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Лакови за нокти vs. серум за лице

    rnСлободно заштедете купувајќи лакови за нокти бидејќи секако не останувате долго со една нијанса. Плус, доколку имате навика често да правите домашен маникир со разни форми и бои, одбирањето евтини лакови е паметна опција.rnrnОд друга страна, задолжително потрошете повеќе на серум за лице кој продира длабоко во кожата и клучно е да биде направен од квалитетни состојки погодни за вашиот тип на кожа. Доколку имате проблеми со кожата или осетлива кожа, задолжително консултирајте се со дерматолог пред да купите серум за лице. Серумот, пак, може да го комбинирате со поевтин крем за лице и пак да имате прекрасни резултати и убава кожа.rn

    Заштитен спреј за сончање vs. парфем

    rnСекако дека многу е важен спрејот за сончање но многу лесно ќе најдете квалитетни креми и спрејови за сончање по пониски цени кои ќе ве заштитат исто колку скапите увезени производи со звучно име. Така што, заштедете на заштитата од сонце, но од друга страна потрошете на парфем. Евтините парфеми брзо испаруваат и воопшто не мирисаат ни приближно добро колку поскапите. Секако, тоа не значи дека мора да дадете над 5.000 денари за парфем, но потрошете малку повеќе купувајќи квалитетен парфем кој трае подолго и има фини и препознатливи ноти.rn

    Гел за миење лице vs. крем за околу очи

    rnГелот за миење лице се задржува најкратко на кожата и лесно се наоѓаат квалитетни производи по пристапни цени. Но, затоа потрошете повеќе на крем за околу очи бидејќи кожата на тоа место е најтенка и најосетлива, а благодарноста за грижата ќе ја добиете подоцна во животот со помалку брчки околу очите.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rn

    Гел за туширање vs. виткач за трепки

    rnНема некоја голема разлика меѓу евтините и скапите гелови за туширање па заштедете на овој производ. Потрошете на виткач за трепки бидејќи доколку одберете евтин виткач со лош квалитет може да имате последици како кубење на трепките и лоши резултати по неговата употреба. Добриот виткач за трепки, од друга страна, ќе направи чуда од вашите трепки, така што слободно може да користите поевтина маскара.rn

    Маскара vs. пудра за лице

    rnЗаштедете на маскара. Многу е поважна четкичката на маскарата отколку нејзината цена. Скапите маскари ви ветуваат чуда, но не мора да значи дека ќе добиете фантастични резултати. Во комбинација со добар виткач за трепки, како што кажавме погоре, и поевтина маскара ќе ви заврши работа.rnrnКога и како да заштедите во купување на козметички производи?rnrnСекако, нема сомнеж дека треба да потрошите повеќе на пудрата за лице која веројатно ја употребувате доста често и се задржува речиси цел ден на вашето лице. Резултатите од користење евтина пудра за лице ќе ги добиете малку подоцна, но времето не се враќа назад. Одберете минерална пудра која носи многу благодети за вашата кожа и консултирајте се со дерматолог доколку имате проблематична кожа. Вашиот дерматолог може да ви препорача добра пудра која ќе му годи на вашето лице.rn

    Крем за лице vs. сенка за очи

    rnКако што е спомнато погоре, во комбинација со поскап серум за лице, кремот за лице не е пресудно да биде скап. Така што, слободно заштедете на крем за лице бидејќи звучните имиња можеби промовираат зачудувачки ефекти, но не е така. При одбирањето на крем за лице, особено кога сте помлади, клучно е да го одберете соодветно со типот на вашата кожа, другото навистина не е важно. Од друга страна може да потрошите малку повеќе на сенки за очи. Квалитетните сенки за очи имаат поинтензивна боја, полесно се нанесуваат и подолготрајни се, со што ќе одбегнете размачкување на боите и лош изглед.rn

    Пилинг vs. заштитна крема за лице

    rnИма многу добри евтини пилинзи и многу начини да ги направите и со домашни состојки. Затоа заштедете на пилинг, кој секако се користи ретко, и задолжително потрошете на квалитетна крема со заштитен фактор за вашето лице. Лицето е осетливо при изложување на сонце, а сонцето ја старее кожата. Изборете се со предвремената појава на брчки со користење на квалитетен крем со заштита од штетните УВ зраци.rn

    Лосион за тело vs. четка за нанесување шминка

    rnИ за двете работи не мора да потрошите цело богатство, но девојките неретко се одлучуваат за поевтин лосион за тело бидејќи и оние со пониски цени може да имаат фантастични резултати. Од друга страна, со меките и квалитетни четки за нанесување шминка, не само што полесно и подобро ќе ја нанесете шминката која и подолго ќе трае, туку ќе одбегнете и алергиски реакции и иритации, особено кога станува збор за големата четка за нанесување руменило.rn

    Балсам за усни vs. четка за коса

    rnСигурно макар еднаш во животот ви се случило да дадете повеќе пари на балсам за усни а да не добиете подобри ефекти. Поевтините балсами, парадоксално, може да ви ги заштитат усните подобро од поскапите балсами со познати имиња и мириси на разни овошја, што впрочем се единствените предности. Но, кога станува збор за четка за коса одберете ја внимателно и не ја потценувајте нејзината важност. Добрата четка за коса ќе го намали електрицитетот на косата како и губењето влакна.

  • Домашни козметички препарати од кафе

    Домашни козметички препарати од кафе

    Сте помислиле ли некогаш дека кафето кое секојдневно го пиете може да ви послужи како козметичко средство за нега на кожата и косата? Еве неколку брзи трикови за правење козметички препарати со кои вашата коса и кожата на лицето ќе ви станат поубави.rnrnДомашни козметички препарати од кафеrn

    Лосион за освежување на лицето

    rnПодгответе јако кафе, сипете го во калап за мраз и ставете го во фрижидер за длабоко замрзнување. Потоа чистете го лицето со коцките мраз. Овој препарат служи како тонер за лице со освежувачко дејство.rn

    Тонер за потемнување

    rnПодгответе свежо сварено кафе и со помош на памукче, протријте ја кожата на лицето, откако претходно ќе го натопите во течноста. Ваквиот тонер делува како природно средство за потемнување на кожата со бронзен ефект.rn

    Крем за брчки

    rnИзмешајте една лажица ‘ржано брашно со јако подготвено, но изладено кафе. Додадете една жолчка од јајце и нежно промешајте. Нанесете ја смесата на лицето, држете ја 15 минути и потоа исплакнете.rn

    Антицелулитен лосион

    rnЗагрејте зрна кафе и нанесете ги на местата на вашето тело каде што сакате да го отстраните целулитот. Замотајте се со најлонска ќеса и седете така 15-20 минути, а потоа измијте се. Овој метод можете да го практикувате 2 пати неделно.rn

    Гел за туширање

    rnДодадете малку мелено кафе во вашиот гел за туширање и потоа направете си нежна масажа.rn

    Маска за коса

    rnЗа темна коса: Измешајте две жолчки, една лажица рум, две мали лажички жешка вода, една лажица мелено кафе и растително масло. Нанесете ја смесата на вашата коса и оставете ја да делува 5 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Овој трик го враќа природниот сјај на косата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.