КАФЕ ПАУЗА

Tag: фреквенција

  • Сè е енергија што вибрира на одредена фреквенција: Следниве шифри може да ви помогнат

    Сè е енергија што вибрира на одредена фреквенција: Следниве шифри може да ви помогнат

    Енергијата не е непознат поим, а со неа се занимавале многу научници. Григориј Грабов е руски физичар и математичар којшто развил метода за обновување на човечкиот организам со помош на одредена концентрација кон одредени броеви. Со погодување на точната фреквенција што одговара се создава вибрација и услови за обновување на енергијата која почнува повторно да тече како што треба и болеста се повлекува или проблемот се губи. Неговиот метод бил одобрен од руското министерство за здравство.rnrnrnrnПостојат многу сведоштва од луѓе кои оздравеле од најтешки болести или успеале да ги решат нивните животни проблеми служејќи се со методот на Григориј Грабов. Овој руски научник со повеќе дипломи донесол шифри со чијашто помош на релативно едноставен начин може да се решат многу проблеми. Поедноставно кажано, сè е енергија којашто вибрира на одредена фреквенција. Така и нашите тела се енергија. Кога човекот не вибрира на природна фреквенција се јавува некое нарушување, болест, блокада на енергијата. Бројот за одредена тема може да се повторува во себе, да се визуализира на погоден начин, да се насочи концентрацијата кон него или пак да се напише на хартија и да се носи во џебот или чантата односно повремено да се погледнува, да се научи напамет или да се има покрај себе додека се спие. Исто така може да се залепи на ѕид во просторот каде што престојувате (на работа ако е поврзан со работата или дома, приватно зависно од темата). Сите опции се добри, а исто така и некоја опција што спонтано ќе ви падне на памет. Важно е дека одредениот број треба да биде присутен во вас, околу вас и тој со својата вибрација ќе почне да ја создава потребната фреквенција.rnrnГрабов напишал неколку книги, а најпозната е „Обновување на човечкиот организам со концентрација на броевите“ (постои и превод со назив „Шифрарник“) во кој се наоѓа список со повеќе познати болести заедно со нивните соодветни броеви. Исто така позната е и неговата книга „Светлост во вечноста“ во која ги претставува броевите за некои општи теми од животот со помош на кои истиот може да се подобри во тие области.rnrnИздвојуваме некои од шифрите коишто ќе ги интересираат повеќето.rnrnБроеви што помагаат:rnrn1888948 – трансформација на негативното во позитивноrnrn285555901 – за хармонични односи во семејствотоrnrn212585212 – за забрзување на учењето кај децата и младитеrnrn141111963 – за усогласување на односите на работното место, идеално работно опкружувањеrnrn5154891 – создавање соодветни односи во околинатаrnrn212309909 – стабилност во работните активности, решавање општи прашања и проблемиrnrn71427321893 – нормализирање на финансиската ситуација, изобилиеrnrn11179 – спречување сообраќајни незгодиrnrn148543292 – против алкохолrnrn9189481 – бројна низа за слободаrnrn71042 – хармонизирање на сегашностаrnrn148721091 – хармонизирање на иднинатаrnrn7819019425 – хармонизирање на минатотоrnrn1001105010 – мирrnrn35986 – развој на интуицијаrnrn1814321 – апсолутна норма за здравјеrnrn9187948181 – самоизградба на телотоrnrnОвие се некои универзални броеви за теми коишто ги интересира повеќето, а доколку сакате повеќе да дознаете можете да ги прочитате книгите на овој руски научник.rnrnДознајте и кое е значењето на броевите што се повторуваат.

  • Мелодија за регенерација: Оваа лековита фреквенција го зајакнува емотивното и физичкото здравје

    Мелодија за регенерација: Оваа лековита фреквенција го зајакнува емотивното и физичкото здравје

    Старите цивилизации отсекогаш користеле вибрации за исцелување на телото и емоциите. Тие „магични“ вибрации кои се невидливи за нашите сетила, имале благотворно влијание на емотивната и физичката состојба преку звукот.rnrnrnrnСè има оптимална вибрација (фреквенција), а сите вибрации создаваат резонанса, односно звучни бранови во одреден простор. Кога ќе се соедините со таа резонанса, ние сме избалансирани. Сите органи и клетки во нашето тело ги апсорбираат и ги емитуваат звуците со одредена резонантна фреквенција.rnrnИмајќи го ова на ум, ви претставуваме музика со фреквенција 528, која исто така се нарекува и фреквенцијата на љубовта. Според досегашното искуство на многумина, таа има чудесен ефект на човечката психа. Оваа фреквенција ја користеле и древните свештеници и исцелители за да воспостават рамнотежа во телото на нивните пациенти.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hdmvMc7TZn0rnrnДоктор Риф со помош на оваа мелодија и во комбинација на Шумановата резонанса, редовно го исцелува и чисти телото од токсини. Музиката од 528 Hz претставува биоенергетско истелително средство за здравје и долговечност. Се верува дека оваа лековита фреквенција помага да ги вратиме ритамот и хармонијата во нашиот систем.rnrnОд друга страна пак, доктор Хоровтиц, водечкиот лидер во испитување на ефектите на фреквенцијата 528, верува дека мелодијата со неа може да го активира и најголемиот потенцијал на личноста што ја слуша.rnrnДали вие имате некакво искуство со оваа мелодија? Или пак, дали би сакале да пробате да ја слушате за да видите што би се случило?rnrnСлушнете ја и оваа волшебна ерменска музика за релаксирање.

  • Неверојатна музика којашто ќе ја активира вашата женска енергија

    Неверојатна музика којашто ќе ја активира вашата женска енергија

    Знаете ли дека можете да се ослободите од енергетските блокади со помош на музика? Оваа мелодија е со фреквенција од 432 Hz која резонира со нашето тело.rnrnНеверојатна музика којашто ќе ја активира вашата женска енергијаrnrnОваа фреквенција ќе ви помогне да ги отстраните емотивните блокади, ќе ја прошири вашата свест и ќе ви помогне да ја активирате вашата женска енергија. Па, опуштете се, поврзете се со вашата внатрешна сила, не заборавајте дека сте вредни, достојни, убави и посебни и уживајте!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=K62k4Js7crMrnrnПогледнете и кои се фреквенциите кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух.

  • 14 карактеристики што покажуваат дека можеби сте родени со повисока фреквенција

    14 карактеристики што покажуваат дека можеби сте родени со повисока фреквенција

    Сè во универзумот вибрира на одредена фреквенција, а овие вибрации му го даваат уникатното постоење, прегледноста и опипливоста. Секој прекин во оваа фреквенција ја прекинува деликатната врска на предметот и универзумот и го прави да постои на повисока димензија.rnrn14 карактеристики што покажуваат дека можеби сте родени со повисока фреквенцијаrnrnЛуѓето се обидуваат да ја достигнат оваа повисока димензија уште од појавата на првите јогини. Оваа повисока димензија може да биде наречена мокша или нирвана. Постојат некои знаци кои покажуваат дали некој е подготвен за оваа транзиција. Овие знаци, ако постојат кај некого, покажуваат дека таа личност не е за овој „земски“ и секојдневен свет. Наместо тоа, таа мора да медитира и да постои на повисоко ниво. Знаците во продолжение го покажуваат токму тоа. Ако се пронајдете во барем две од нив, имате големи шанси да ја зголемите вашата фреквенција со доволно тренирање, јога и медитација.rnrn1. Се чувствувате како талкач кој бара да се држи за нешто за време на бурата. Постојано барате партнер, сопружник или силно семејство.rnrn2. И покрај вашата интелигенција, никогаш не сте задоволни со резултатите што ги постигнувате. Мислите дека секогаш можете подобро.rnrn3. Често слушате гласови од битија од други светови.rnrn4. Емоционално сте непостојани. Цело време осцилирате помеѓу вашите чувства и емоции.rnrn5. Вашите моменти на свесност и целосна јасност не траат долго, но се одлучни.rnrn6. Вашите соништа се живи и јасни. Тие се како визии, но и демони со кои треба да се борите, како и инспирација да продолжите со борбата. Понекогаш ве заморуваат и ве плашат, а понекогаш навистина уживате во нив.rnrn7. Кога ќе се поврзете со некого, го правите тоа силно. Како да сте ја сретнале вашата сродна душа. Без разлика дали станува збор за семејна или романтична врска, вие се поврзувате како да ќе нема утре. Но, исто така кога отстранувате некој од вашиот живот тоа го правите безмилосно. Кога сакате некого, сакате со целото ваше битие.rnrn8. Времето за вас е парче облека што го диплите. Многу е опипливо и материјално. Вашата перцепција за времето е транспарентна и брза во споредба со другите.rnrn9. Верувате во слободна волја и предодреденост. Знаете дека ве чекаат прекрасни и големи работи, но во исто време мора да ги донесете вистинските одлуки за да стигнете таму.rnrn10. Вашиот инстинкт никогаш ве нема изневерено, а вашата интуиција е многу силна. Можете да ги прочитате намерите на другите од говорот на нивното тело. Бидејќи вашата интуиција секогаш е во право, постојано ѝ верувате и ја слушате.rnrn11. Луѓето природно се привлечени кон вас. Причината за ова е тоа што вие сте роден лидер, полн со харизма. Другите често бараат совети и помош од вас. Оставате силен впечаток кај сите и лесно можете да ги манипулирате. Но, речиси никогаш не го користите ова влијание себично.rnrn12. Мудроста и свеста кои луѓето се обидуваат да ги постигнат целиот живот со вежбање и медитација се со вас уште од вашето детство. Како резултат на ова, често се чувствувате како странец и сами, оддалечени од вашите пријатели и познаници.rnrn13. Вие сте природно мотивирана личност. Позитивни сте и имате надеж. Ова ви помага да го направите светот подобро место за вас и за вашите сакани. Вие сте среќна личност која сите ја сакаат.rnrn14. Ретко се разболувате. За разлика од другите кои може да настинат, да го фатат сезонскиот грип или да се соочат со какви било здравствени проблеми, вие сте природно здрава личност. Имате силен имунитет и се обидувате да го зачувате таков. Добро се грижите за себе.rnrnДознајте кои се фреквенциите кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух.

  • 9-те фреквенции кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух

    9-те фреквенции кои ќе ви помогнат да ги излечите вашите тело, ум и дух

    За да ја перципираме реалноста која ја сакаме, потребно е да ја чувствуваме фреквенцијата која ја посакуваме. Кога ќе се фокусираме на фреквенцијата, можеме да воспоставиме контрола над некоја тешка ситуација. Знаеме дека енергијата е магнетизирана кон еднакви фреквенции, па кога ни се влошува ситуацијата и кога имаме ниска вибрација, јасно е што добиваме за возврат. На пример, ако проблемот е тага и осаменост, чувствувајте љубов и среќа. Ова е основниот механизам на законот за привлекување. Многу често забораваме дека енергијата е онаму каде што е и вниманието.rnrn9-te-frekvencii-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-izlechite-vashite-telo-um-i-duh-kafepauza.mkrn

    „Ако сакате да ги откриете тајните на универзумот, размислувајте за енергија, фреквенција и вибрација.“ – Никола Тесла

    rnОваа процедура станува многу полесна штом ќе преземете контрола над некои важни фактори, како потсвеста, фреквенцијата на умот која ја собираме и механизмите за одбрана. Размислете, ако постојано сте во одбранбена состојба, што всушност привлекувате тогаш? Привлекувате уште повеќе причини за да бидете во таа состојба. Токму на овој начин вие самите ја создавате вашата реалност.rnrnЗа да се ослободите од ова, промената на фреквенцијата ќе ја постигнете кога ќе се чувствувате навистина подготвени. Важно е да верувате, да го отворите срцето и да бидете искрени кога размислувате и зборувате. Па како да го привлечете ова „богатство“? Ценете го и сакајте го она што веќе го имате. Ширете љубов кон сите, но и кон себе.rn

    „Сè е енергија, ова ни е познато досега. Енергијата се манифестира во фреквенција. Сè има фреквенција, тоа е факт. Па, како оваа информација може да ни ги промени животите? Изедначете ја фреквенцијата на реалноста што ја сакате и сигурно ќе ја добиете таа реалност. Не може да има друг начин.“ – Алберт Ајнштајн

    rnВистинското време да почнете со ова е сега. Не кога ќе лутате во вашето минато, тоа само ќе ве потсети на уште повеќе работи. Ниту пак кога се надевате за иднината. Единственото вистинско време за промена е сега, во овој момент. Во овој момент вие го создавате следниот.rnrnПрименувањето на фреквенциите не е нешто ново. Тоа е древно знаење кое се применува одамна. Користењето фреквенции за лекување и воспоставување рамнотежа постоело отсекогаш. Се користело во многу религии. Знаеме дека звукот е вид вибрација, а кога ќе се намести на вистинската фреквенција создава неверојатни резултати. Постои древна музичка скала која е позната како 9-те фреквенции и која докажано ги смирува духот, телото и умот создавајќи совршена хармонија.rnrn147Hz – 12 (3): Отстранување болка.rnrn185Hz – 15 (6): Влијание на енергетските полиња.rnrn396Hz – 18 (9): Ослободување од вина и страв.rnrn417Hz – 12 (3): Поништување на ситуации и олеснување на промената.rnrn528Hz – 15 (6): Трансформација и чуда (поправање на ДНК).rnrn639Hz – 18 (9): Поврзување/врски.rnrn741Hz – 12 (3): Изразување/решенија.rnrn852Hz – 15 (6): Враќање на духовниот ред.rnrn963Hz – 18 (9): Поврзување со космосот, будење.rnrnНекои други корисни фреквенции се шумановата резонанса чија фреквенција е иста со онаа на Земјата, 7,38Hz (18) (9), што ја прави одлична за заземјена медитација и поврзување со природата. Фреквенцијата на Ом е иста со онаа на сонцето, 126Hz, и е добра за срцето. Секоја од овие фреквенции има уште по некоја древна тајна која за човештвото сè уште е кодирана. Низата 3-6-9 и духовниот број 9 се поврзани со физиката на создавањето. Како што кажал Никола Тесла:rn

    „Ако само ја знаевте неверојатноста на броевите 3, 6 и 9, тогаш ќе го држевте клучот на универзумот“

    rnДали знаете што се случува со нашето тело кога одиме боси по земјата?

  • Овошни часовници за подобро расположение

    Овошни часовници за подобро расположение

    Што велите за нешто различно, освежувачко, забавно и модерно на вашиот рачен зглоб? Ако сте за, вам дефинитивно ќе ви се допаднат часовниците Fruitz.Овошни часовници за подобро расположение

    rn

    Концептот за овие часовници се појави во 2007 година, со цел креирање на колекција модерни, забавни часовници во боја кои можат да влијаат на расположението и чувствата преку т.н. технологијата на природна фреквенција.Овошни часовници за подобро расположение

    rn

    Часовниците добија огромно внимание од јавноста. Тие предизвикаа позитивни реакции од многу модни и здравствени организации и беа тема во познатите списанија како Вог, Ел, Гламур, Прада итн, каде беа промовирани како часовници од кои ќе искусувате помалку стрес, подобар сон и подобрена фокусираност.

    rn

    Овошни часовници за подобро расположениеНосејќи часовник Fruitz, му кажувате на светот кои сте, на начин што кај другите ќе предизвикувате да ве забележат и да ви се насмевнат. Кул и шарени, овие часовници одлично ќе се вклопат во вашиот стил.Овошни часовници за подобро расположение

    rn

    Истовремено, како што телото на човекот има придобивки од витамините кои ги внесува преку овошјето, науката вели дека може да се постигнат исто толку придобивки при носење овошен часовник, базиран на технологијата на природна фреквенција. Оваа технологија всушност се поврзува со индивидуалниот биоритам и енергетското поле на оној којшто го носи часовникот. Таа му кажува на телото да се релаксира, изложувајќи го вашето био-поле, главното енергетско поле кое ги регулира функциите на телото, на главните фреквенции и информации.

    rn

    Овошни часовници за подобро расположениеОвие часовници можат да ве опуштат и смират, како и да го намалат нивото на стерс. Едно клиничко истражување вели дека учесниците кои носеле уреди со оваа технологија искусиле поживи соништа, се чувствувале посвежи наутро, побрзо заспале и помалку се буделе од оние кои не носеле такви уреди.

    rn

    Овошни часовници за подобро расположениеЛуѓето кои секој ден носат часовници Fruitz потврдуваат дека подобро спијат, помалку се нервираат, пофокусирани се, имаат зголемена концентрација и подобро се чувствуваат во целост.

    rn

    Овошни часовници за подобро расположениеПа, кој е за часовник од Fruitz? Кое овошје би го избрале за вашиот стил? Грозје, банана, лубеница, портокал… или можеби некој егзотичен коктел? Понудата е голема – изберете го вашиот часовник.