Францускиот уметник, Jben, живее и твори во градот Ројан кој се наоѓа на францускиот западен брег. Честопати, тој ги користи плажите како „платно“ за неговата уметност. Според уметникот, овој вид уметност е всушност еден вид перформанс бидејќи тој има на располагање само 4 часа помеѓу плимата и осеката да направи уникатен дизајн кој потоа го слика со помош на дрон. Неговите дизајни можат да бидат широки од 30 до 100 метри. Погледнете ги во продолжение.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие илустрации, можеби ќе сакате да ги погледнете и овие илустрации кои ги доловуваат проблемите на модерното општество.rnrnИзвор: designyoutrust.com
Tag: Франција
-

Уметност на плажа: Џиновски цртежи на западниот брег на Франција
-

Мон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката!
Едно од местата што е додадено на списокот на светско наследство на УНЕСКО уште во 1979 година е Мон Сен Мишел во Франција. Освен по својата убавина, местото е специфично и по нешто друго. Имено, овде можете да ги забележите најголемите разлики во нивото на морето за време на плимата и осеката кои достигнуваат и до 15 метри.rnrn
rnrnИако ова е интересен феномен, сепак може да биде опасен. Доколку се најдете на пат кон островот за време на осеката, песокот е влажен и можете да потонете во него како во жива кал, а со плимата, која брзо навлегува, дури и да се удавите.rnrnОсвен тоа, морето може да се повлече и до 15 километри во пролетните месеци, така што се чини дека ова место е дел од копното, додека за време на плимата се претвора во остров опкружен со море.rnrnВисоко на островот се наоѓа манастир и средновековен замок изграден околу него до кои водат 900 скалила. Овде живеат помалку од 50 жители, а замокот го посетуваат три милиони туристи годишно.rnrnВиктор Иго еднаш изјавил дека Мон Сен Мишел за Франција е исто што и пирамидите се за Египет.rnrnОткако прочитавте за оваа туристичка дестинација во Франција, можеби ќе сакате да прочитате и за прекрасниот град на југот на Франција што ги збунува туристите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!
Езерото Анси се смета за едно од најчистите и најубавите езера во Европа, а се наоѓа во истоимениот град кој уште е познат и како алпска Венеција поради многуте канали, но и прекрасната архитектура. Градот е вистински бисер на француските Алпи, пред сè поради живописниот пејзаж кои го сочинуваат прекрасните планински врвови и магичното глацијално езеро.rnrn
rnrnГратчето се наоѓа во Југоисточна Франција, 35 километри јужно од Женева и 150 километри од Лион. Тоа е идеална дестинација доколку сакате да избегате од гужвите на големите градови. Сигурно нема да ве остават рамнодушни малите мостови, уличките, продавниците и пазарите.rnrn
rnrnНајпознатата туристичка атракција во градот е замокот Анси, кој денес служи како музеј и е прогласен за историски споменик од страна на Министерството за култура.rnrn
rnrnВо замокот се изложени многубројни скулптури и слики од локалните уметници, а од посебно значење е колекцијата од 15 век па наваму на мебел, фотографии и макети на алпски планински куќи. Замокот бил изграден меѓу 12 и 16 век и служел како резиденција на женевските грофови и војводи. Во текот на историјата, замокот бил уништен во пожар неколку пати и напуштен во 17 век. Потоа, служел и за потребите на војската сè до 1947 година. Денес во замокот се наоѓа и опсерваторија.rnrn
rnrnВреди да се посети и Palais de l’Isle (Островска палата) од 12 век, која некогаш служела и како затвор. Помеѓу езерото и стариот град пак, се наоѓа Мостот на љубовта кој нуди преубав поглед кон езерото, а во близина се наоѓа и паркот Jardins de l’Europe (Европски градини) каде можете да уживате во природата.rnrn
rnrnОсвен тоа, токму овде секоја година во текот на јуни се одржува најстариот фестивал за анимирани фестивали во светот (основан е во 1960 година).rnrnВо секој случај, нема да погрешите со изборот на ова гратче доколку сте во потрага по мало, идилично место кое ќе ви ја долови магијата на Франција.rnrnОткако прочитавте за малото француско гратче Анси, можеби ќе сакате да прочитате и за градот на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнато.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Дали знаете каде се одржале првите Зимски олимписки игри?
Францускиот град Шамони-Мон Блан попознат како Шамони кој се наоѓа во Југоисточна Франција беше домаќин на првите Зимски олимписки игри кои започнаа на 25 јануари 1924 година. Во тоа време настанот беше познат како Меѓународна недела на зимски спортови (Semaine international des sports d’hiver) и беше организиран од страна на Францускиот олимписки комитет.rnrn
rnrnШамони е еден од најпознатите скијачки центри и најелитните зимски дестинации во Франција токму поради тоа што се наоѓа во подножјето на Мон Блан. Сепак, доколку и не сте по планинарењето, но би сакале да уживате во убавината на Мон Блан и неговите глечери, можете да ја искористите жичарницата која води од Шамони до врвот Aiguille du Midi кој се издига на 3842 метри надморска височина и е највисоката вертикална жичарница во светот.rnrnАко слушнете звук од сирена на улиците на Шамони напладне во првата среда од месецот, не плашете се. Станува збор за едноминутна проверка на системот за јавен аларм што се врши секој месец во повеќето француски градови. Ако пак слушнете сирена во кое било друго време, тогаш засолнете се. Сирената ќе се огласи во случај на опасност на пример опасност од снежна лавина.rnrnДруг интересен факт за Шамони е дека е поврзан со италијанскиот град Курмајор. Тунелот Мон Блан е долг 11.6 метри и минува низ самиот масив и е изграден помеѓу 1959 и 1965 година.rnrnОткако прочитавте за местото во кое се одржале првите Зимски олимписки игри, можеби ќе сакате да прочитате и важни животни лекции од олимписките натпреварувачи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Градот на виното: Зошто треба да го посетите Бордо во 2022 година?
Во Бордо сите улици, згради, куќи и дворови претставуваат музеј на отворено. Малите улички сигурно нема да ве остават рамнодушни. Распослан на брегот на реката Гарона, овој град е познат како еден од главните градови на виното во светот.rnrn
rnrnИдеално време за посета на Бордо е периодот од мај до октомври. Ако сте љубител на виното и сакате да посетите и дел од винарските региони на градот, најдобро е однапред да ја испланирате посетата бидејќи за време на гроздоберот посетителите не смеат да ги посетат лозовите насади.rnrnПосебен шарм на регионот му даваат реките Гарона и Дордоња кои се влеваат во Атлантскиот Океан. Покрај виното, Бордо е познат и по своите музеи. Златната доба на овој град бил 18 век, а по Втората светска војна започнала обновата на градот кој меѓу другото е еден од најважните француските градови. Градот на Виктор Иго и Франциско Гоја, Бордо е прогласен за дел од светското културно наследство според УНЕСКО.rnrn
rnrnНајдобар начин за ориентација е токму реката Гарона која минува низ центарот на градот. Како дел од најимпресивните места се вбројува плоштадот Кенконс, еден од најголемите европски плоштади. Тука е сместена познатата фонтана – споменик на Жирондинците, а плоштадот од двете страни е опкружен со паркови.rnrn
rnrnКамениот мост на Наполеон е најстариот мост над Гарона. Изграден по наредба на императорот, се состои од 17 столбови како симбол на 17-те букви кои се содржат во името Наполеон Бонапарта.rnrn
rnrnДоколку го посетите градот, не пропуштајте ја можноста за крстарење по Гарона која извира во северните делови на Шпанија и е долга 602 километри. Крстарењето по реката е прекрасен начин да го запознаете градот и целата област.rnrnОткако прочитавте за Бордо, можеби ќе сакате да прочитате и каде се произведува најскапото вино во светот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs -

Замрзнати во времето: 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура
Дали знаевте дека некои дестинации им нудат можност на посетителите за враќање назад во историјата токму поради тоа што го задржале стариот изглед но и старите традиции? Проверете за кои градови станува збор.rnrn
rnПиодао, Португалија
rnСместено во централниот дел на Португалија, Пиодао е едно од најживописните села во Португалија. Благодарение на архитектурата која се задржала со векови, ова село е класифицирано како национален споменик и секоја година привлекува туристи во огромен број. Во раниот среден век, урбаниот центар бил во Казал де Пиодам, долина во близина на денешното село. Кога се одлучило на тоа место да се изгради опатија (која не е зачувана до денес), населбата била преместена. Принудени да ги напуштат своите претходни живеалишта, жителите се населиле на јужната падина на планина, најверојатно околу 15 век. Со текот на времето го изградиле ова преубаво планинско село чии куќи се чини дека се претопуваат со околниот планински пејзаж.rnrn
rnЧивита ди Бањореџо, Италија
rnСредновековната населба Чивита ди Бањореџо се наоѓа на висока, стрмна карпа во близина на градот Бањореџо. Овие две населби порано биле споени во една целина, но биле разделени со силен земјотрес в0 18 век. Стариот мост во населбата бил уништен од нацистите за време на Втората светска војна. Денес, тесен мост долг 366 метри кој се протега над кањон ги поврзува овие две населби.rnrn
rnАлберобело, Италија
rnДоколку патот ве однесе накај Јужна Италија не заборавајте да го посетите бајковитото гратче Алберобело кое се наоѓа во провинцијата Апулија. Гратчето кое се карактеризира со бели куќички изградени од варовник и покриви во облик на конус, како и тесни калдрми, плени со својот шарм. Пред околу 100 години, луѓето почнале да го населуваат градот кој е оддалечен околу 40 километри од пристанишниот град Бари. Се верува дека карактеристичниот архитектонски стил се должи на Грците кои масовно емигрирале во Италија за време на колонизацијата помеѓу 8-ми и 5-ти век п.н.е.rnrn
rnФенгкуанг, Кина
rnНа југозападниот дел од кинеската провинција Хунан се наоѓа град кој се чини дека не подлегнал на неизбежните промени што ги носи со себе модерното време. Фенгкуанг е место кое го задржал стариот изглед од деновите на владеењето на династијата Минг (од 1368 до 1644 година) како и почетокот на владеењето на династијата Чинг (од средината на 17-ти век). Духот на империјалистичка Кина ќе ви го доловат старите куќи, тесните улички, мистериозните премини, античките храмови и бунари, уникатните мостови како и старата позната градска порта.rnrn
rnДинан, Франција
rnГратчето се наоѓа во познатиот регион Бретања. За разлика од повеќето други градови кои се распослани во долината на реката Ранс, гратчето никнало на ридот и поради тоа им нуди на своите жители прекрасен поглед на целата долина. Шармантниот средновековен град ја зачувал својата архитектура уште од 13 век и според многумина е еден од најдобро зачуваните стари градови во Бретања.rnrn
rnКуенка, Шпанија
rnСместен на стрмна планинска падина со поглед кон реките Хукар и Хуекар, на околу 170 километри источно од Мадрид, се наоѓа средновековниот град Куенка. Градот кој се претопува во околниот планински пејзаж се чини дека е отелотворение на средновековна Шпанија на Мигел Сервантес. Куенка е најверојатно една од најдобро сочуваните средновековни тврдини, изградена од Маврите во 8 век, со која владееле муслимански и христијански владетели.rnrn
rnrnОткако дознавте кои градови се одликуваат со најдобро зачувана средновековна архитектура, можеби ќе сакате да откриете и кои 5 објекти се сведоштво за раскошот на византиската архитектура.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs -

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода
Кога ќе помислиме дека сме ги виделе или сме слушнале за најубавите места во Франција, без разлика дали станува збор за замоци, градини или француската ривиера, оваа земја одново успева да нè изненади. Овој пат ве носиме на прошетка во замокот на вода кој се наоѓа во долината на Лоара. Се работи за величествен дворец чија убавина ќе ви го одземе здивот.rnrn
rnrnЗамокот Шенонсо е еден од најпознатите замоци во долината во северозападниот дел на земјата која го носи називот „градина на Франција“. За ова се заслужни многубројните лозја и овоштарници распослани покрај бреговите на реката, како и величествените замоци кои ја красат долината.rnrn
rnrnИмотот Шенонсо се споменува во 11 век, а во 16 век се споменува прекрасен замок кој се протега како мост на река. Изграден е од најголемите ренесансни архитекти од тоа време, а денес е еден од најпосетуваните замоци во Франција. Прогласен е за споменик на културата, а целиот комплекс е плод на женската имагинација.rnrnИмено, замокот бил подарок од кралот Хенри II на неговата љубовница Дајан де Поатје. Токму таа изразила желба замокот да се протега сè до другиот крај на реката и околу него да се засади бујна градина со цвеќиња и овошни дрвја. Кога кралот Хенри II починал, неговата вдовица, Катерина де Медичи, ја истерала љубовницата од имотот и го збогатила замокот со нови градини.rnrn
rnrnОткако замокот станал нејзина сопственост, се расчул по прославите што редовно се одржувале тука. Покрај тоа, во 1560 година овде (и воопшто во Франција) за прв пат се палеле огномети на небото. По смртта на Катерина, замокот го презела сопругата на кралот Хенри III. Но, таа набрзо паднала во депресија по смртта на нејзиниот сопруг.rnrnКралот Хенри IV го подарил замокот на својата љубовница, Габриел д’Eстрис, но бидејќи долговите и кавгите за наследство се пренесувале низ генерациите, имотот бил распродаден. Во 18 век, богаташот Клод Дупен го купил замокот и го дал под управа на неговата сопруга. Луиз Дупен била убава, интелигентна и префинета жена која на својот двор организирала книжевни средби каде присуствувале најпознатите писатели од просветителството – од Волтер до Русо. Таа дури и успеала да го спаси замокот од уништување за време на Француската револуција.rnrnВо 19 век бил наследен од страна на Маргерит Пелуз која го обновила. По неколку свечени прослави, сопственичката се нашла на работ на банкрот и затоа го продала замокот.rnrnДенес замокот е реставриран и отворен за јавноста. Тој плени со својата архитектура, па затоа не е за изненадување фактот дека овде често се снимаат филмови, а ресторанот и салонот за настани се секогаш резервирани со недели однапред.rnrnОткако прочитавте за овој преубав, раскошен дворец, ви препорачуваме да прочитате и кои 7 работи морате да ги видите и направите во Франција.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Прекрасен град на југот на Франција што ги збунува туристите
Средновековниот град Каркасон е еден од малите европски градови што вреди да се посети. Сместено е на југот на Франција во долината на реката Оде, и поради својата убавина и моќните sидови, често се наоѓа на списоците на најдобро зачувани европски убавици. Каркасон е опкружен со лозја и планини, како и ливади миризливи со цвеќиња и билки. Ако барате град што издигнува талент на вистински француски југ, Каркасон е идеален кандидат.rnrn
rnrnКатедралата Свети Назаир од 11 век, замокот Комал (околу 1125 година), црквата Сен Винсент и Сен Мишел исто така беа признати од УНЕСКО. Замокот од бајките, улиците на кои не им недостасува шарм, како и готската катедрала сочинуваат загатка од прекрасни сцени што може да се најдат таму. Исто така вреди да се посети Канал ду Миди, идеален за крстарење и релаксирање во природа. Мостовите и зградите се вклопуваат толку хармонично со околината што каналот честопати се споредува со уметничко дело.rnrnВо стариот дел на Каркасон има помалку од 50 домаќинства со постојани жители, а тој број изгледа уште помал во споредба со четири милиони туристи годишно што имало пред пандемијата. Многу туристи не се свесни дека луѓето навистина живеат таму, многумина мислат дека градот е исклучиво туристичка атракција. Жителите во рамките на ѕидовите живеат од туризам, но среќно паузираат во текот на зимата кога нивното секојдневие се враќа во нормала, без толпи луѓе на секој чекор. Поради ова, многумина се преселија во поновиот дел – Бастид Сент Луис, кој се наоѓа на 1,5 км западно од средновековниот град. Иако малку туристи го посетуваат, Бастид Сент Луис има интересни музеи и прекрасни кафулиња.rnrnМинатото на Каркасон е сè друго освен мирно. Градот е населен уште од петтиот век п.н.е., а подоцна стана римска колонија. Едно време го држеа Сарацените, а потоа го киднапираше Малиот Пипин. Градот бил уништен во албигенските војни и во 1247 година бил припоен кон француската круна. По задушувањето на бунтот, дел од жителите се преселиле на другиот брег на реката Ауда и ја основале Вила Басе. Дури и денес може да се види оваа поделба помеѓу постариот дел (Сите) од десната и поновата (Вил базе) на левиот брег на реката Оде.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за оваа прекрасна, но смртоносна пирамида која некогаш се сметаше за непобедлива. -

Град на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнало
Во близина на границата со Италија, лежи шармантен град со разнобојни згради и прекрасни плажи наречен Ментон. Ментон е еден од градовите во Франција кои имаат најмногу сончеви денови во годината. Уште во средината на 19 век, него го душкаа богати руски и англиски аристократи кои доаѓаа за одмор и терапија. Се верувало дека пријатната клима им одговара на пациентите кои страдаат од туберкулоза. Бидејќи доаѓале подолг период, богатите граделе и свои вили.rnrn
rnrnДенес, градот е полн со прекрасни вили и бујни медитерански градини. На пример, Jardin Serre de la Madone зафаќа дури шест хектари и е позната по ретките и егзотични растенија од целиот свет, и за наша среќа, тој е отворен за јавноста. Можеби звучи чудно, но така е: тие што одеа таму, често и умираа таму. Така, дури и градските гробишта се одраз на луксузот во кој уживале за време на нивниот живот. На ридот над градот има гробишта со впечатлив изглед, со многу убави мавзолеи. Вреди да се погледне, ако не на гробиштата, тогаш градот кој се протега оттаму како на дланка.rnrnЛимонот е хит во Ментон, до степен што тие имаат и посебна форма на украсување јадења со лимони, а фестивалот, кој се одржува во средината на февруари, е целосно инспириран од лимонот. Тоа произлезе од потребата на жителите, а особено на оние вработени во туризам, да донесат малку живот во градот по долгиот досаден јануари. За време на фестивалот има секакви скулптури низ градот во форма на лимон. Сцените се навистина неверојатни, па ако веќе планирате да заминете, би било штета да го пропуштите овој необичен настан. Секоја година има своја тема, а досега најпопуларни беа Боливуд, Патување низ светот за 80 дена, француски региони, големи цивилизации, Дизниленд, Пинокио, Астерикс, хороскопски знаци. Исто така, беше посетен од англиската кралица Викторија во 1882 година.rnrn
rnrnКралицата Викторија го рекламираше меѓу британската придружба, па самиот Винстон Черчил подоцна го овековечи во неговите слики (ако не знаевте, тој фотографираше во слободно време, а неговите фотографии денес тежат неколку стотици илјади фунти), а Шон Конери го избра да снима сцени во филм.rnrnСамо десет проценти од локалното население сè уште зборува на својот јазик. Тој се нарекува ментонаск и е посебен дијалект што се учи во училиштата. Францускиот е сепак главниот јазик, а ментонаскот се користи во руралните области и селата околу градот. Без оглед на кој јазик ќе зборуваат, француските и светските медиуми со задоволство ќе го наречат Ментон со прекарот „бисер на Франција“. Официјалниот туристички слоган на Ментон е „Мојот град е градина“ – зарем тоа не е доволно за да сакате да се телепортирате?rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте колку скали има до врвот на овие популарни споменици. -

Ѕирнете во празничната атмосфера на францускиот град Колмар
Градот Колмар во Франција е многу популарна дестинација, не само за време на празниците, туку и во текот на целата година. Има околу 86.000 жители и се нарекува град на виното и уметноста, а некои го нарекуваат и мала Венеција.rnrnКолмар првпат се споменува во историските документи во 823 година. Скулпторот Фредерик-Огист Бартолди, кој ја дизајнираше американската статуа на слободата, живееше во овој град. Овие неколку фотографии од градот ја прикажуваат целата негова убавина, особено за време на празниците, кога сè изгледа волшебно и како од бајките.rnrnИако сега не можеме да патуваме, ние можеме да се „прошетаме“ низ Колмар преку овие фотографии.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете го ова прекрасно тиркизно швајцарско езеро, но и една морничава легенда.