Кога станува збор за посвојување куче од засолниште, постарите кучиња честопати се занемаруваат. Помладите животни честопати се сметаат за неоспорно симпатични, но и постарите миленици имаат специјален шарм и многу љубов да дадат! Во обид да им помогне на своите постари кучиња да го привлечат вниманието што го заслужуваат, едно засолниште за животни во Флорида дојде до една разиграна идеја. Персоналот ги облече своите постари кучиња како да се постари граѓани за симпатична фотосесија.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие слатки фотографии од кучиња кои уживаат во есента.
Tag: фотосесија
-

Засолниште за животни ги облекува постарите животни како постари граѓани за симпатична фотосесија
-

Слатка фотосесија на бебе прасе кое ќе ви го разубави денот
Професионалните фотосесии се одличен начин за прославување на голем број прилики како родендени, свадби, годишнини и сл.), но и славењето на животот на новороденчињата, како што е во овој случај ова бебе прасе.rnrnКешли Вајт, мајка на 2 деца и фотограф од Оклахома, неодамна направи фотосесија за новороденчиња, која се најде на насловните страници на Интернет. Погледнете ги фотографиите од ова новородено бебе прасе кое ќе ви го раубави денот!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие фотографии од симпатични јапонски џуџести летечки верверички. -

Намуртеното лиценце на ова женско бебенце е најдоброто нешто што ќе го видите денеска
Во последно време стана тренд родителите да нарачуваат фотосесии за своите бебиња. И додека сите очекуваат бебињата да имаат среќни и насмеани лица, едно бебе одлучи да го стори токму спротивното и да прави само налутени и незгодни гримаси за време на целата фотосесија, но и покрај тоа фотографиите се преслатки.rnrn
rnrnОва бебе се вика Луна и има само 14 дена, но покажала дека не е ја интересира фотосесијата и решила да се намурти наместо да биде слатка. Всушност, нејзините родители, Лори и Кристијан Муза не биле изненадени, затоа што Луна и претходно ги имала направено овие фацички. Тие дури и ја предупредиле фотографката дека е можно бебето да се намурти. Од она што можеме да забележиме, може да заклучиме дека Луна не е баш голем љубител на фотосесиите.rnrn
rnrnИ покрај тоа што Луна изгледала особено незгодно во текот на целата сесија, фотографот Џастин Тухи рекол дека Луна била мирна за време на сликањето. Всушност, Џастин изјавил дека ова се едни од најдобрите фотографии со бебе што некогаш ги фотографирал.rnrn
rnrnБебето било завиткано во пријатно и топло ќебенце за време на фотосесијата, но на секоја од фотографиите, го покажува своето налутено лиценце. Фотосесијата траела околу 90 минути, и покрај тоа што Луна не била особено среќна или импресионирана од нејзиното прво вакво искуство.rnrn
rnrnОчигледно е дека Луна не била многу воодушевена од ваквото искуство, но иако ни се мурти не можеме, а да не се заљубиме во нејзиното симпатично лице.rnrnМожеби сакате да ги погледнете и 19-те празнични фотографии од кучиња што се подготвени за Божиќ. -

Фотографии од постари брачни парови кои ни покажуваат како изгледа вистинската љубов
Фотографот кој започнал да прави фотографии од семејства и деца пред пет години забележал дека луѓето бараат да се сликаат само со нивните деца и партнери. Никогаш немал клиент кој барал да биде сликан со неговите родители или баби и дедовци. Тогаш одлучил да го подели работното време во два дела. Едната половина од месецот ги фотографирал клиентите на начин на кои тие сакале, а за време на другата половина одлучил да им предложи фотосесии на старци (кои ги повикувал преку интервју или сосема случајно им пристапувал на јавни места).rnrn
rnrnЗа време на една фотосесија во Хјустон, Тексас тој забележал како дедото во тишина стоел во аголот додека ја фотографирал бабата со внукот и тогаш му дошла идеја. Во името на сите нивни заеднички спомени ги прашал дали би можел да ги фотографира заедно и оттогаш не прекинал да прави фотографии од брачни парови кои се во повозрасната доба. Фотосесиите ги осмислува во веренички стил односно преку нив ја прикажува љубовта што ја имаат старите луѓе и покрај толку години поминати во брак. Тој е презадоволен од можноста да посведочи на различни приказни од старите луѓе и нивните заеднички животи. Вели дека не може да опише колку го исполнува правењето на такви фотографии и заклучува дека љубовта и партнерството се најважни во животот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на втората страница…rn -

Погледнете ја оваа намуртена хаска на која воопшто не ѝ е дојдено до божиќна фотосесија
Понекогаш едноставно не можеме да ја почувствуваме новогодишната еуфорија. Доколку ви е јасно на што мислиме, сигурно ќе ја разберете оваа намуртена сибирска хаска Ануко, на која дефинитивно не ѝ е дојдено до славење.rnrn
rnrn
rnrnНо, понекогаш изгледот знае да лаже.rn„Тој има темно црна маска околу лицето што прави да изгледа така. Такви се сите хаски од неговото семејство“, открила неговата сопственичка Џасмин.
rn
rnrnНеговиот намуртен израз на лицето не е одраз на неговиот карактер. Напротив, Ануко е многу опуштено и добро куче со голем ентузијазам за забавните нешта во животот.rn„Најчесто е многу опуштен и тивок. Не е напорен, не сака многу да се гали, но ќе ве следи ако ја напуштите просторијата. Тој е мојата мала сенка и секогаш ме заштитува кога треба. Тоа многу ми помогнало кога станува збор за моето ментално здравје“, изјавила Џасмин.
rn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Млад брачен пар го освои целиот свет со несекојдневна фотосесија за нивната љубов
Многу луѓе, особено жените, имаат негативно мислење за својот изглед. Сепак, во денешниот свет, воопшто не е чудно да се има ваква несигурност. Жените во медиумите се секогаш слаби и совршени, а ако не се такви се користи Фотошоп за да се постигне тој изглед. Како резултат на ова, останатите жени се присилени да исполнуваат нереални стандарди, а тоа ги спречува да се прифатат онакви какви што се.rnrn
rnrnНо денес постојат многу жени кои јавно и гласно ги прифаќаат и ги сакаат своите тела. Можеби токму поради тоа се прослави фотосесијата на Стефани, жена со прекумерна тежина, и нејзиниот свршеник, Арин. Фотографиите ги направил нивен пријател.rn„Искрено никогаш не сум се чувствувала попривлечно. Бев толку нервозна за резултатот. Не знаев што да очекувам. Но кога го видов албумот бев шокирана. Изгледам толку вљубено и полна сум со самодоверба. Секој човек треба да се гледа во такво светло.“
rn
rnrnСтефани признала дека не секогаш била самоуверена за своето тело.rnrn
rn„Се сеќавам кога бев во средно училиште и се гледав во огледало. Се прашував зошто мојот стомак не е онаков каков што „треба да биде“. Како што минуваше времето го прифатив фактот дека секогаш ќе бидам поголема. Излегував од мојата удобна зона така што носев облека којашто ја сакам, но општеството не ја одобрува за поголеми девојки – тесни блузи, кратки фустани, кратки панталони… Одам наоколу со крената глава, со насмевка на лицето и немам никаков срам.“
rn
rnrnПреминете на втората страница за останатите фотографии…rn -

Емоционална фотосесија на новородени близнаци, од кои на едниот не му останува долго време за живеење
Линдзи и Метју Брентлингер од Толедо, Охајо, со години се обидувале да имаат деца, па нивната желба конечно се остварила на 17-ти декември 2016-та година, кога Линдзи родила близнаци кои ги нарекле Вилијам и Реjган.rnrn
rnrnНо, за жал, Вилијам бил роден со разни аномалии и само десната страна од неговото срце била функционална.rnrn
rnrnВо 23-та недела од бременоста, на родителите им било кажано дека синот ќе биде мртвороден, но тој го преживеал раѓањето и останал со неговото ново семејство 11 дена пред да почине.rnrn
rn„Тoa беа најсреќните 11 денови во мојот живот“, рекол Метју.
rn
rnrnЗа да се овековечи тој заеднички момент, еден пријател на семејството стапил во контакт со Линдзи Браун, професионален фотограф, која се согласила да направи емоционална фотосесија на Вилијам и неговата сестра близначка токму пред Божиќ.rnrn
rn„Фотографиите се спомени“, рекла Браун. „Знам колку луѓето ги негуваат, па ми беше мило што бев во можност да го направам тоа за нив.“
rn
rnrnКако што можете да видите, иако Вилијам не е повеќе помеѓу живите, тој засекогаш ќе живее на овие фотографии со неговите родители и неговата сестра близначка.rnrn
rn„Плачев кога прв пат погледнав во нив. Понекогаш и сѐ уште плачам“, вели Линдзи. „Тие се убави и тој е убав. На некои од нив можете да видите дека тој е буден со неговите големи убави очи. Тоа е нешто на што ние дефинитивно уште долго ќе се сеќаваме.“
rn
rnrn
rnrnЗа малку да се насмеете после читањето на оваа емоционална приказна, погледнете ја галеријата од најслатките бебиња-близначиња на интернет.
-

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд
Дизниленд во последно време стана многу популарна дестинација за запросувања, свадби и фотосесии, но фотосесијата на оваа жена стана вистинска Интернет сензација и инспирација за сите девојки ширум светот. 27-годишната Брук Лоури отсекогаш сонувала за вечна љубов и верувала во среќните краеви на познатите Дизни цртани како што се „Пепелашка“ или „Малата сирена“. Таа мислела дека конечно го нашла нејзиниот принц на бел коњ и со цел да ја прослават нивната веридба, таа испланирала фотосесија на најволшебното место во светот – Дизниленд.rnrn
rnrnЗа жал, љубовните врски во вистинскиот свет немаат секогаш среќен крај и свршеникот на Брук ја откажал венчавката само неколку недели пред закажаната фотосесија. Брук сакала да ја откаже и фотосесијата, но наместо тоа одлучила да извлече нешто корисно од целата ситуација.rnrn
rn„По неколку дена размислување си помислив ’Знаеш што? Нема шанси! Твојата бајка нема да заврши вака! Ти ќе се чувствуваш прекрасно, ќе имаш прекрасен ден и прекрасни фотографии кои секогаш ќе ти останат како спомен’“, изјавила Брук.
rnТаа го опишува денот како горчливо сладок, но сепак професионалните фотографии се доказ дека таа навистина изгледа како Пепелашка, со или без принц.rnrn
rn„Имаше неколку гости кои ме прашаа која принцеза сум и тоа навистина ми го разубави денот. Искрено, искуството не можеше да биде поубаво“, објаснува Брук.
rnПо фотосесијата, Брук ја тргнала настрана идејата дека „еден ден ќе се појави нејзиниот принц“ и почнала да се фокусира на себеси. Во јули таа се преселила од Калифорнија во Нешвил, Тенеси за да го започне следното поглавје од нејзиниот живот како личен асистент, иако претходно работела во „Disney Animation Television“. Таа не е сигурна каква иднина ја чека, но нејзините мисли се позитивни и оптимистични.rnrn
rn„Бев во сериозна врска 10 години и мислам дека е време да се фокусирам на она што можам да му го подарам на светот. Се надевам дека повторно ќе работам за Дизни и ќе успеам да дадам свој придонес во серијата на Дизни принцези кои беа мојата инспирација уште кога имав само 3 години.“
rn
rnrnБрук ја завршила нејзината магична фотосесија гледајќи го огнометот над замокот во Дизниленд и одново ја пронашла храброста и внатрешниот мир. Таа се надева дека еден ден ќе може да ги покаже овие фотографии на ќерка ѝ како пример за тоа дека не треба да се биде жртва, туку дека треба да се преземе контрола врз сопствениот живот.rnrn
rn„Вие ја имате моќта да најдете убавина и магија во секој ден за себеси и за другите. Животот е бајка полна со еден куп нови почетоци и среќни краеви. Сите ја носиме магијата во себе!“, завршува Брук.
rn

-

Професионални совети благодарение на кои никогаш повеќе нема да излезете лошо на фотографија
Во денешно време толку многу сме навикнати да позираме што не можеме да замислиме да ни помине денот без да направиме барем една фотографија. Но, во поголемиот број случаи тоа завршува со еден куп избрзани селфиња, кои многу се разликуваат од професионалната фотосесија, при која нема да можете да се потпрете на сите тие филтри кои ги покриваат вашите недостатоци. Само професионалната фотографија може вистински да го долови надворешниот изглед, со тоа што ќе ги покаже и црвенилото од кое толку се срамиме, но и цртите кои нѐ прават привлечни. Прочитајте ги следниве професионални совети кои ќе ви помогнат да изгледате совршено на секоја фотографија…rn
Одбегнувајте да се сликате од низок агол
rn
rnrnФотографирањето од ниски агли ќе направи да изгледате напнато и ќе ви додаде неколку килограми. Најдобро е да се сликате со фотоапаратот поставен во висина на вашите очи и на тој начин нема да изгледате полничко или да добиете двојна брада на фотографиите.rnНемојте да се сликате ниту од високи агли
rn
rnrnНа фотографиите направени од висок агол вашата глава ќе изгледа непропорционално голема во однос на останатиот дел од телото. Но, можете да ризикувате доколку сакате да изгледате неверојатно слатко на фотографијата.rnОткријте која е вашата убава страна
rn
rnrnЦртите на лицето се асиметрични речиси кај сите луѓе. Имајќи го тоа на ум, откријте која ваша страна изгледа подобро и свртете ја кон фотоапаратот за време на сликањето.rnНе ги собирајте образите
rn
rnrnАко не сакате да ги истакнете образите, немојте да ги собирате. Само поставете го лицето на растојание од три четвртини од фотоапаратот и притиснете го јазикот на горниот дел од вашата усна празнина.rnУсовршете ја техниката на мижуркање
rn
rnrnАко очите ви се широко отворени, а веѓите подигнати тоа ќе му даде изненаден израз на вашето лице. За време на фотосесиите најдобро е по малку да мижуркате со очите. Тоа ќе го направи вашиот поглед посамоуверен и привлечен.rnОбидете се да не се муртите
rn
rnrnНе само што муртењето ќе му даде заканувачки израз на лицето, туку и вашиот нос ќе делува подолго. Најдобро е да гледате право во фотоапаратот кога се сликате.rnПодигнете ја брадата
rn
rnrnКога се сликате од страна малку подигнете ја брадата за да го направите вашето лице поизразно. Благодарение на овој едноставен трик, вашите образи и врат ќе изгледаат потенки.rnНе ги напрчувајте усните
rn
rnrnКога сакате да испратите бакнеж за камерата, обидете се да не претерувате со глумата. Во спротивно може да изгледате смешно.rnСмејте се природно
rn
rnrnЕдноставната, опуштена насмевка ќе направи вашето лице да изгледа поприродно, додека, пак, широката насмевка само ќе ги истакне вашите брчки. -

Плејбој модели фотографирани до 60 години подоцна
Само неколку списанија за мажи ја имаат достигнато истата популарност и имаат оставено толкава трага како Плејбој. Списанието било основано во Чикаго во 1953 година од страна на Хју Хефнер кој морал да позајми од мајка му 1.000 американски долари за да почне со работа.rnrnСписанието е виновник за почетокот на кариерите на илјадници модели низ годините и голем број од нив редовно прават нови фотосесии по нивното прво појавување на страниците на Плејбој. Па така, неколку поранешни плејбој модели се согласиле да се фотографираат дури и до 60 години по нивната прва фотосесија за Плејбој. Погледнете ги фотографиите кои ја покажуваат нивната промена низ годините и докажуваат дека нивната убавина е вечна и неминлива.rn
Хелена Антоначо, 65 години, Мис Јуни 1969, По Плејбој: Советник за чување кучиња
rn
rnДолорес Дел Монте, 82 години, Мис Март 1954, По Плејбој: Односи со јавност
rn
rnЛора Алдриџ, 59 години, Мис Февруари 1976, По Плејбој: Стилист, декоратор
rn
rnЏенет Лупо, 64 години, Мис Ноември 1975, По Плејбој: Агент за недвижнини, претприемач
rn
rnКендис Џордан, 60 години, Мис Декември 1979, По Плејбој: Автор на општествени колумни
rn
rnМерилин Кол Лоуна, 65 години, Мис Јануари 1972, По Плејбој: Новинар
rn
