КАФЕ ПАУЗА

Tag: фотограф

  • Забавни фото-манипулации, изработени од страна на талентиран македонски фотограф

    Забавни фото-манипулации, изработени од страна на талентиран македонски фотограф

    Уникатен, млад и креативен, Димитар Новаков е фотограф од Гевгелија чија најголема страст е создавање дела со содржина различна од реалноста. Со комбинирање на фотографии и различни техники, тој ги трансформира своите идеи во приказни со порака што вреди да се побара. Тој исто така ги обожава и реалните животни приказни – инспириран е од луѓето и ужива во секоја можност да ги сними убавите моменти и емоциите. Димитар исто така ги обожава животните, природата, па и самиот живот. Убавината е насекаде околу нас, а една од неговите животни мисии е засекогаш да ја овековечи на фотографија.rnrn(1) Забавни фотоманипулации, изработени од страна на талентиран македонски фотографrn

    „Главна инспирација ми се луѓето и нештата околу мене кои ги сакам. На почетокот, почнав да ги правам манипулациите само како игра со перспективата, со големината. Првите слики се всушност еден минијатурен свет каде улогите ги имавме јас и моите другари. Но со текот на времето почнав да вметнувам нешто од мене во делата, мое гледиште и мое размислување за љубовта, среќата, општеството и животот со цел да предизвикам размислување на таа тема кај сите оние што ќе ги видат сликите“, објаснува Димитар.

    rnШто се однесува до методот на изработка, Димитар вели дека првата и најважна фаза е размислувањето околу идејата. Тој започнува со барање на темата што сака да ја работи, па следува процес на разгледување на можностите како би можел да ја реализира – на кој начин да ја прикаже, со кој дел од реалниот свет да ја поврзе и дали, односно колку луѓе би можеле да бидат дел од тоа дело.rnrn(3) Забавни фотоманипулации, изработени од страна на талентиран македонски фотографrn

    „Откако ќе ја формирам целата слика во главата, правам неколку пробни верзии, односно извлекувам неколку слики со потребните елементи од Интернет, па набрзина ги составувам со цел да имам претстава како би одел тој процес. Потоа започнува потрагата по елементите што би ми требале и нивно фотографирање. Откако ќе ги имам сите фотографии, следува најинтересниот дел, односно изработката“, дополнува тој.rn

    rnЗа изработката на секоја од овие фотоманипулации било потребно различно време. Обично целиот процес трае по неколку недели, а најмногу време одзема размислувањето околу идејата, а потоа и потрагата по потребните елементи за делото.rnrn(2) Забавни фотоманипулации, изработени од страна на талентиран македонски фотографrn

    „За првото дело ми беа потребни 3 до 4 дена за целосна изработка, бидејќи сите елементи ми беа достапни, но за најновото дело, ‘Музичка есен’, односно сликата погоре, чекав 6 месеци за да се создадат потребните услови за фотографирање. Идејата ја имав, елементите ми беа достапни, но за таа да изгледа онака како што ја замислив мораше да биде зима“, вели Димитар.rn

    rnВо продолжение погледнете ги и останатите неверојатни изработки што ќе ве одведат во еден сосема поинаков свет…rnrn

  • Познат фотограф открива како да направите совршена фотографија

    Познат фотограф открива како да направите совршена фотографија

    Фотографот кој работи за National Geogprahic, Стив Мекури, автор на култни наслови во ова списание од 1984 година, под името „Девојки од Авганистан“, открива 9 трикови со чијашто помош вашите фотографии ќе бидат прекрасни и ќе станат омилени во вашата околина. Здружението на фотографи (The Cooperative of Photography) објавило видео со практични совети од овој прочуен фотограф, а на снимките се користени токму прекрасните фотографии на Стив Мекури од целиот свет.rn

    1. Правило за третина

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnПоставете го во третината она што е во интерес на вашето фотографирање.rn

    2. Водечки линии

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnКористете ги природните линии така што ќе ве водат кон централната точка, аспект или предмет на фотографирање.rn

    3. Дијагонали

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnДијагоналните линии создаваат одличен впечаток, односно, придонесуваат за динамички движења на самата фотографија.rn

    4. Рамки

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnКористете природни рамки, како што се на пример прозорците, затоа што тие секогаш даваат добар ефект.rn

    5. Фигура на земјата

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnПронајдете контраст помеѓу субјектот и позадината на фотографијата.rn

    6. Пополнете ја рамката

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnПриближете му се на субјектот и ставете го во прв план, особено ако се во прашање посебно интересни и специфични луѓе.rn

    7. Доминантното око во центарот

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnПоставете го доминантното око на вашиот субјект да биде во самиот центар на фотографијата, затоа што тоа на набљудувачот му дава впечаток дека окото го следи.rn

    8. Форми и повторувања

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnФормите се естетски привлечни, особено ако се нарушени, затоа што тоа е секогаш ефективен начин за да привлечете внимание.rn

    9. Симетрија

    rnФотограф кој работи за Национална географија открива како да направите совршена фотографијаrnrnСиметријата е пријатна за очите и тоа секогаш треба да го имате предвид кога композицијата е едноставна и погодна за симетрично пресекување.rnrn

  • Најуспешните селфиња со животни што некогаш сте ги виделе!

    Најуспешните селфиња со животни што некогаш сте ги виделе!

    Алан Диксон е фотограф од Ирска кој се спријателува со секое животно што ќе го види, а тоа го докажуваат и неговите многубројни селфиња со различни животни. Фотографот ги советува оние кои сакаат да направат интересни селфиња со животни да не го провоцираат животното, да бидат смирени и да ја придобијат неговата доверба. Но, пред сѐ, да одбегнуваат крокодили!rnrnНајуспешните селфиња со животни што некогаш сте ги виделе!rn

    „За едно селфи потребни се од 5 минути до 3 часа. Зависи од животното и од тоа колку безбедно се чувствува. За среќа, фотографиите не покажуваат колку треба да се извалкам и да се тркалам на земја само за тие да бидат добри. Крајниот резултат вреди за целата мака!“, објаснува Диксон.

    rnЗар не би сакале и вие да можете да направите вакви селфиња со животни? Погледнете ги неговите најуспешни и најзабавни фотографии…rnrn

  • Неверојатни митски суштества: Достоинствената убавина на мачките мејн кун

    Неверојатни митски суштества: Достоинствената убавина на мачките мејн кун

    Фотографот Роберт Сијка ви ги претставува мачките мејн кун, најголемата припитомена раса на мачки. Тие се најблиските животни до рисот што можете да ги чувате дома без да се грижите за вашата безбедност. За Сијка, мачките отсекогаш биле достоинствени суштества, речиси митски, а сега тој успеал да пронајде нов начин на којшто може да се долови нивната убавина.rnrnНеверојатни митски суштества: Достоинствената убавина на мејн кун мачките уловена на фотографииrn

    „Отсекогаш сум сакал мачки и фотографија. Давам сѐ од себе да ги искомбинирам двете најдобро што можам“, вели фотографот.

    rnИ тој навистина успеал да ги искомбинира неговите интереси преку серијата фотографии од мејн кун мачки на кои тие изгледаат како да имаат благородно потекло.rnrnПогледнете ги нивните неверојатни портрети и восхитувајте се на нивната беспрекорна убавина…rnrn

  • Неверојатна креативност: Свадбен фотограф ги претвора младенците во минијатури

    Неверојатна креативност: Свадбен фотограф ги претвора младенците во минијатури

    Екачаи Саелоу е тајландски свадбен фотограф кој создава оригинални и многу креативни свадбени фотографии од младенците. Тој не ги овековечува интересните детали од нивните свадби, туку, на крајно креативен начин ги претвора невестата и младоженецот во минијатури. Овој фотограф специјализирал во една сосема друга димензија, во која, среќните парови ги претвора во минијатурни жители на огромниот свет. Тој ги пресликува своите клиенти од нивните вообичаени свадбени фотосесии, и ги пренесува во минијатурни средини користејќи посебни ефекти. На крајот, неговите дела се слатки и неверојатно нереални, но истовремено зачудуваат со нивната едноставност.rnrn(()) Неверојатна креативност: Свадбен фотограф ги претвора младенците во минијатуриrnrn

  • Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!

    Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!

    Иако сигурно не мечтаете за свадба на обилен дожд, токму оваа временска непогода била главниот аксесоар на венчавката на Џесика Гровер и нејзиниот партнер Ник.rnrn4-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnЏесика и Ник се венчале во Ирска на еден облачен септемвриски ден. Времето било студено, облачно и магловито цела недела пред свадбата, но тие сепак одлучиле да ја направат на отворено. За жал, за време на приемот започнало да истура дожд, но за среќа, вештиот фотограф Томас Стјуарт не дозволил тоа да стане најлошиот кошмар за невестата. Тој го одвел парот на дождот за да направи фотографија која излегла како од бајките. Стјуарт потоа изјавил дека потајно сака кога врне за време на приемот и му се допаѓа кога има променливо време во текот на тој ден.rnrn2-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rn

    „Во саботата наутро врнеше и беше доста облачно, па морав да донесам одлука дали ќе ја правиме свадбата на отворено или не до пладне. Иако јасно се гледаа облаци од двете насоки, јас решив да одам само напред и да ја направиме венчавката на тревникот со поглед кон езерото, како што отсекогаш си замислував… Сепак, обезбедивме чадори за сите гости во случај да почне да врне“ – вели Џесика.

    rnОткако надвор почнало да истура дожд, магичниот фотограф, ги замолил младоженците да излезат на неколку секунди за да направат неколку фотографии. Тие без двоумење зграпчиле еден чадор од своите пријатели и излегле надвор на тремот. Фотографот трчал зад нив, носејќи го своето помагало за заднинско осветлување.rn

    „Бевме надвор на патеката и беше многу убаво, бидејќи јас и Ник сакавме да поминеме неколку моменти заедно, па затоа бевме многу среќни кога излеговме и го имавме овој заеднички момент“ – вели Џесика.

    rn3-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnТаа воопшто не се грижела за нејзината венчаница, бидејќи таа веќе била „уништена“ и каллива од времето надвор.rnrnОткако фотографијата била поставена само на Фејсбук, за многу краток временски период се раширила низ сите социјални мрежи, под името „фотографија од бајките“.rn

    „Кога наредното утро ја видов фотографијата на Фејсбук, бев многу изненадена. Беше преубавo, многу луѓе ја споделуваа и велеа дека ги потсетува на некоја бајка“ – вели Џесика.

    rnИако многумина од вас сметаат дека дождот може да ја уништи целата убавина на вашиот посебен ден, не заборавајте дека токму тој може да ја претвори таа убавина во вистинска магија.rnrn5-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnПотребни биле само околу 30 секунди и 5 обиди за да се создаде оваа „дождовна фото бајка“.rnrn1-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_

  • Животински портрети кои покажуваат силни „човечки“ емоции

    Животински портрети кои покажуваат силни „човечки“ емоции

    Многу од нас гледаат на животните како на човечки суштества и нормално е дека некои од фотографите го имаат истиот поглед кон нив. Винсент Лагранж е фотограф од Антверпен, Белгија, кој сака да ни ја покаже човечката страна на животните преку портрети.rnrn3.zhivotinski-portreti-koi-pokazhuvaat-silni-chovechki-emocii-kafepauza.mkrnrnНеговата фотосесија се вика „Човечки животни“, а инспирацијата ја добил од неговата мачка.rn

    „Се обидов да ги фотографирам животните како луѓе, претставувајќи ги нивните емоции и човечки карактеристики на мрачен начин“, изјавил Лагранж.

    rnНивното сериозно расположение нè тера да се обидеме да ги прочитаме емоциите од нивните лица.rnrnРазбирливо, најтешката работа за време на оваа фотосесија му била да ги застане животните во мирувачка позиција за да може да ги фотографира.rnrn

  • Животни кои сакаат да бидат фотографи

    Животни кои сакаат да бидат фотографи

    Фотографите кои одат да фотографираат во дивината сами ги бараат животните кои ќе ги видите на овие слики. Одат таму да украдат дел од нивното секојдневие и од тоа да направат добра фотографија, но овде ќе можете да се уверите дека и животните знаат да побараат нешто назад.rnrnЖивотни кои сакаат да бидат фотографиЖивотни кои сакаат да бидат фотографиrnrn

  • Фотограф мами верверички во својот двор и прави прекрасни фотографии од нив

    Фотограф мами верверички во својот двор и прави прекрасни фотографии од нив

    Фотографот Герт Веген направил мало „фото студио“ во својот двор кое му служи за да привлече животни и потоа да ги фотографира. Во неговото студио поставува храна која засега привлекува само верверички. Штом тие се наместат во опкружувањето кое Герт го создал за нив, тој подготвено чека на прозорецот од кујната за да го притисне копчето за фотографирање и да ги направи овие прекрасни фотографии.rnrnФотограф мами верверички во својот двор и прави прекрсни фотографии од нивrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фото-приказна за големото пријателство помеѓу мало девојче и дивите егзотични животни

    Фото-приказна за големото пријателство помеѓу мало девојче и дивите егзотични животни

    Ова девојче се вика Амелија и е ќерка на фотографката Робин Шварц. Мајката често пати оди на патувања во дивината во разни делови на светот за да ги фотографира животните, а со себе ја води и својата ќерка. Така малата Амелија развила посебна врска со животните која ѝ овозможува без страв да се дружи со нив.rnrnФото-приказна за големото пријателство помеѓу мало девојче и дивите егзотични животниrnrnМајка ѝ вели дека контактот со шимпанзата ја вовеле во животинското царство, а потоа почнала да се интересира и за другите животни, па според нејзините зборови таа денес со голема храброст и мудрост му се приближува на секое животно покажувајќи му љубезност и почит. Инаку сите овие слики на кои малата Амелија позира со животните се дело на мајката.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.