Есента е дефинитивно најудобното време во годината. Замислете колку е прекрасно да седите удобно во омилениот стол за читање книги и да пиете топол чај. Совршено. Но, што ако немате омилен стол за читање? Ако претпочитате да лежите додека читате, можете да изберете удобна лежалка во која ќе можете да дремнете ако се чувствувате уморни. Ако сакате да седите додека читате, можете да изберете различни столови, како висечки, винтиџ, бохо, модерни или во некој друг стил.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие едноставни трикови со кои можете да создадете пријатна есенска атмосфера во домот.
Tag: фотелја
-

12 удобни столови и фотелји за читање
-

Висечки фотелји и нишалки: Популарни модели совршени за балкони и дворови
Се разбира, ова се висечки фотелји и нишалки, кои од неодамна станаа најпопуларното парче мебел за на балконите и во дворовите ширум светот.rnrn
rnrnПокрај тоа што се многу ефектни поради нивниот интересен дизајн, тие се и удобни за сончање со вашата омилена книга и шолја кафе.rnrnНајбарани се фотелјите кои се веќе фиксирани и не треба да се прикачуваат на таван или дрво. Тие се лесни за поставување на балконот, во дворот или на терасата бидејќи нивното составување не бара дополнителна работа, за разлика од висечките нишалки.rnrnТие може да бидат исто толку впечатливи и внатре во домот, но со оглед на летната сезона пред нас, повеќето сепак би ги искористиле на балконите или терасите.rnrnПогледнете ги овие прекрасно дизајнирани фотелји и нишалки и разубавете го и вашиот балкон или двор со една од нив.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да дознаете и како со само 5 мали нешта претворете го балконот во место што го олеснува престојот дома. -

Совршена фотелја за љубителите на книги
Во денешно време ни се чини дека луѓето живеат со своите лица постојано вперени во електронските уреди. Иако слободното време најголем дел од нас веќе не го минуваат дружејќи се со книгите, постојат вистински и верни обожаватели кои никогаш не би се откажале од нив. Ова е вистинската фотелја за сите нив.rnrn
rnrnДизајнерите на фотелјата од StudioTilt ја дизајнирале оваа фотелја во доста практичен и минималистички стил со цел вистински да уживаат оние кои слободното време го минуваат читајќи. На две страни од фотелјата има држачи за весници, додека на третата има полици за книги и место за вашата шолја кафе.rnrn


rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Ви се приспива на работа? Прилегнете си!
Во текот на еден типичен работен ден, многу вработени почнуваат да се чувствуваат преморено во периодот после пладне. Кој не би сакал да може барем накусо да дремне и да си ги наполни батериите, пред да започне турбо да ги завршува дневните обврски во последните часови од работниот ден? За жал, спиењето на работа не е одобрено во голем број компании, но една фирма се надева дека ќе ги охрабри кусите моќни дремки, од кои ќе имаат придобивка и вработените и работодавачите.rn

Оваа футуристичка фотелја им овозможува на нејзините корисници да се одморат во голема удобност и приватност, додека здивнуваат од работниот ден. „EnergyPod“ е конструирана од страна на компанијата „MetroNaps“, а истата содржи штит за поголема приватност, вградени звучници низ кои свири музика која ја елиминира канцелариската бучава и суптилни вибрации и светла, кои нежно ќе ве разбудат откако ќе дремнете.
Нема потреба да се грижите дека премногу ќе се успиете, бидејќи столицата ви дозволува да поспиете само 20 минути, па така нема шанси да пропуштите некој важен состанок или рок за завршување на задача. Големите компании како Гугл, постојано инсталираат вакви фотелји во голем број од нивните кампуси, за да ја поттикнат целокупната продуктивност и добросостојбата на вработените.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Интересна фотелја на која може да седнат десетина луѓе
Доколку не ви е проблем да одвоите 14.000 долари за парче мебел, тогаш дефинитивно треба да размислите за фотелјата „Quartz“. Составена од фиксна рамка и перници кои можат да се извадат, оваа фотелја делува удобно и кул истовремено.
Доколку ви се најават повеќе гости отколку што можете да сместите, можете да извадите неколку од перничињата, кои можат да завршат работа како табуретки за седење. Фотелјата е дело на заедничкиот напор вложен од студиото „CTRL ZAK“ и дизајнерот Давиде Барзаги.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Интересни дрвја со несекојдневен облик
Автор: Боро МирческиrnrnПриродата дефинитивно може да направи неверојатни чуда. Таков е и случајот со овие дрвја кои природно, сами по себе или со умешноста и со мала помош од човековиот фактор, израснале во неверојатни светски атракции чии фотографии ги преплавуваат страниците од весниците и интернет порталите.

Замислете дека сте тргнале на прошетка низ најблиската шума. Шетате неколку часови, уморот ве совладува и наеднаш пред вас се појавува вистинска фотелја направена од дрво. Сигурен сум дека никој нема да ја одмине, а да не седне на оваа природна фотелја и неколку минути да поужива во прекрасната глетка, земајќи здив од долгата прошетка.

Уште поинтересна е ситуацијата кога додека се шетате низ шумата здогледувате некој чуден секси задник. Веднаш ќе помислите дека од долгата прошетка премногу сте се измориле и видот почнал да ви се мати! Не, тоа не е девојка, тоа е сепак само едно дрво, каде природата замешала прсти. А не заборавајте дека дрвото во дворот од вашиот дом може да послужи и за неколку намени, било да е тоа летна кујна или пак надворешен тоалет.





rnrnДрвјата можат да бидат уште почудни, дури и волшебни, а погледнете ги и најчудните растенија во светот.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Удобна и функционална фотелја
Овој уникатен дизајн на Канаѓанецот Џадсон Бомонт, нуди повеќе од удобност. Фотелјата е практична и штеди простор. Таа е шуплива околу седиштето, со што ви овозможува да ја користите и како еден вид полица. Со ова функционално парче мебел, дел од предметите кои често ги употребувате, може да ви бидат лесно на дофат.rnrn

rnrnКанадскиот дизајнер оставил простор и за креативност кај купувачите. Им дава неколку идеи како ова парче мебел, покрај удобно и функционално, може да стане и забавно. rnrn


rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Удобна фотелја за целосна релаксација
Креирана од московскиот дизајнер Томпсон Томпсон, оваа удобна фотелја т.н. „Cocoon“ (кожурец) е совршена за одмор, релаксација и уживање и ви дава повод да поминете малку време сами со себе.
Благодарение на специфичниот дизајн, оваа фотелја одлично се вклопува во спалната, дневната соба, дворот, па дури и во вашата канцеларија. 
Конструкцијата на фотелјата е направена од гранулирана структура, која истовремено ја прави цврста и флексибилна. 
Таа е достапна во различни тапацирани дизајни, кои им овозможуваат на купувачите да го направат вистинскиот избор според нивните преференции.
Ако сакате тотално да се изолирате, можете да ги затворите „ушите“ на фотелјата и да медитирате во затворениот простор.
rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Уникатна фотелја
Автор: Ивана ЛазороскаrnrnАко досега многупати ви се случило да ги губите секојдневните предмети, кои се расфрлени во вашата дневна соба, оваа премногу функционална, но и естетски добро дизајнирана фотелја е создадена само за вас.

Дизајнирана од страна на Daisuke Motogi, а презентирана на настанот за дизајн, Дизајнтајд Токио 2010, со димензии 900 x 700 x 700 мм, сега фотелјата е достапна за секого.
Во неа би можеле да вметнувате многу поситни секојдневни предмети кои често ги користите додека се релаксирате во својот дом. Обично тоа би биле книги, далечински управувач, пенкала, односно сè она што би можеле да го вметнете во празнините меѓу тапацираните коцки кои меѓусебно поврзани ја создаваат фотелјата.
На овој начин, сите работи кои ви се потребни за добра релаксација во вашиот дом, секогаш ви се достапни на дофат на рака.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дневна соба од автомобилски делови
Андреј Сапирежински и Лукаш Сјодомок од студиото за дизајн LA во Полска направиле неверојатно уникатен мебел од автомобилски делови. Најновата колекција „Духот на 427“ се базира на браници, отвори за гориво, светла и кожа од Бентли и Ферари од 60-тите години. Од овие делови се направени софа, фотелја, масичка за кафе, работно биро и ламба. Секако, сиот мебел е рачно изработен од оригинални автомобилски делови, а инспирација за оваа колекција е AC Cobra 427.rnrn

rnrnИако необична, оваа дневна соба е дизајнирана со вкус, без да изгуби од својата практичност. Мора да се признае дека ова е освежувачки пристап во внатрешното уредување.rnrn











rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.