КАФЕ ПАУЗА

Tag: Флорида

  • Јавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перка

    Јавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перка

    Во Флорида наскоро ќе започнат со изградба на подводен јавен парк наречен ReefLine, кој ќе се протега на дури 11,2 километри во водите околу плажата Мајами.rnrnЈавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перкаrnrnИдејата за подводниот парк е идеја на аргентинската уметничка Химена Каминос, која сакаше да ги посочи проблемите поврзани со климатските промени, топењето на ледените капаци, уништувањето на флората и фауната во морињата и океаните, но и промовирањето на биодиверзитетот. Покрај тоа, паркот вклучува вештачки корален гребен дизајниран да ги заштити загрозените морски организми и да го зајакне брегот на Мајами.rnrnЈавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перкаrnrnПаркот ќе го гради архитектонското студио ОМА во соработка со морски биолози, инженери и истражувачи на просечна длабочина од околу шест метри, а првиот кој ќе биде долг 1,6 километри треба да биде отворен за јавноста веќе во декември следната година.rnrnReefLine треба да биде Мека за љубителите на нуркањето кои ќе можат да уживаат во спектакуларните природни убавини, но и скулптурите и разните уметнички инсталации што ќе бидат поставени во подводниот парк.rnrnПогледнете го ова прекрасно езеро со необична боја каде што и вие ќе сакате да си направите неколку фотки.

  • Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

    Филм: Девојки на распуст (Spring Breakers)

    „Забавата која не смеете да ја пропуштите“

    rnФилм: Девојки на распуст (Spring Breakers)Режија: Хармони КоринrnrnУлоги: Џејмс Франко, Ванеса Хаџенс, Ешли Бенсон, Рејчел Корин, Селена ГомезrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 март 2013rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКенди, Брит, Коти и Фејт се пријателки уште од градинка, а денес веќе се студентки кои се гушат во секојдневната рутина во животот. Сакаат да земат здив од сето тоа, а пролетниот распуст е идеалната можност која ја чекаат.rn
    rn

    „Преку глава ми е да ги гледам постојано истите работи. Тука сите се за никаде затоа што ги гледаат истите работи секој ден, се будат во истиот кревет, истите депресивни улични светилки, една бензинска станица, тревата, која не е ни зелена, туку кафеава. Сè е едно исто и сите се тажни. Не сакам да завршам како нив. Мора да излезам од овде. Ова е повеќе од пролетен распуст. Ова ни е шансата да видиме нешто поразлично“. – Фејт

    rnФилм: Девојки на распуст (Spring Breakers)rnrnНемаат доволно пари за скапите журки на Флорида, но откако Кенди, Брит и Коти ќе ограбат фаст фуд ресторан тие веќе не се проблем. Веќе во следниот момент се на плажите во Флорида, а тоа за нив е екстаза. Илјадници добро градени момци на убавите плажи, уште толку згодни полуголи и голи девојки, алкохол во шишиња и буриња без дно, дрога, музика, танцување… забави какви што претходно виделе само на телевизија.rnrnФилм: Девојки на распуст (Spring Breakers)rnrnСе забавуваат како никогаш порано, сè додека не бидат приведени во полициска рација. Нема да останат долго во притвор, затоа што локалниот рапер и гангстер Алиен им ја плаќа кауцијата и ги вади оттаму. Познанството со гангстерот на девојките им отвора уште повеќе можности за дива забава, но само ако се спремни да одат доволно далеку во потрагата по авантура која ќе ја паметат целиот свој живот.rnrnФилм: Девојки на распуст (Spring Breakers)rnrnТокму последното прашање е суштината на филмот. Иако започнува со сцени од диви забави на кои секој би сакал да присуствува, а низ сите 94 минути прекрасни девојки во бикини или топлес ви шетаат по екранот, ќе останете многу разочарани ако мислите дека овој филм е прослава на спринг брејк културата, а вие сте сакале баш тоа да гледате.rnrnТој се бави со темната страна на искуствата кои индустријата ги опишува како „забави кои се најдобри на светот и никаде на друго место нема такви, а ако не дојдете овде никогаш нема да доживеете ништо слично и ќе пропуштите нешто многу битно во животот поради кое ќе жалите засекогаш“. Главните ликови се девојки кои доаѓаат од мало и за нив здодевно место, кои на ЕмТиВи, Фешн ТиВи и сличните телевизии гледаат дека постојат скапи места и забави „кои секој мора да ги доживее“, почнуваат песимистички да гледаат на својот живот, паѓаат во очај и бараат брз излез.rnrnФилм: Девојки на распуст (Spring Breakers)rnrnНасловните слики ги тераат гледачите да го гледаат филмот од погрешни причини. Навистина, изобилува со голотија и со екстатични сцени, но во еден момент ќе ве тера да сакате да сте таму, а во следниот ќе се прашувате зошто овие девојки толку очајно посакуваат да го живеат тој живописен сон со сиот свој интензитет. Филмот тоа го постигнува преку својата бавност, специфичниот начин на раскажување на случувањата, одличните изведби на актерите и музиката на Бритни Спирс.rnrnФилм: Девојки на распуст (Spring Breakers)rnrn„Девојки на распуст“ не е лесен летен филм и има малку акција. Не го пуштајте ако сакате да гледате некој таков, затоа што може да го замразите. Но пожелно е да го погледнете во секоја друга пригода, затоа што ќе ве натера на размислување за секојдневна тема која малкумина ја сфаќаат како проблем.rnrnФилм: Девојки на распуст (Spring Breakers)
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Островите на Флорида – рај на земјата

    Островите на Флорида – рај на земјата

    Флорида е дом на илјадници помали и поголеми острови, атоли и заливи. Покрај брегот на Флорида се распространети 1.700 од кои најпознат е островот Естеро на кој се наоѓа прекрасната плажа Форт Маерс.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Амелија

    rnОстровот Амелија претставува тенка бариера помеѓу Флорида и Џорџија. Овој остров е познат по пријатната клима, а од плажите најпозната е плажата Фернандина каде што се сместени градбите на Националниот регистар на историски места.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Мајами Бич

    rnПесочните плажи, прекрасните хотели во арт-деко стил и целовечерните забави се синоним за Мајами Бич. Островот е широк само еден километар и се наоѓа блиску до брегот на Мајами. Најдобро време за посета на Мајами Бич е од први до четврти декември, за време на фестивалот на уметноста во Мајами.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островите Санибел и Каптива

    rnСанибел и Каптива се острови кои успеале да ја зачуваат природната убавина во југозападниот дел на Флорида и да ја заштитат од индустрискиот развој. Туристите може да уживаат собирајќи школки и ракчиња по плажите, а љубителите на птици може да го посетат Националниот природен резерват за животни, каде што живеат 272 различни видови птици.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Анастасија

    rnНајпозната туристичка атракција на островот Анастасија е градот Свети Августин, најстариот град кој бил постојано окупиран и основан од Шпанците во 1565 година. Привлечна за туристите е и прошетката низ Најстарата куќа, како и Мостот на лавовите. За оние кои повеќе сакаат да се релаксираат, тука се многубројните мотели на плажата кои немаат историски шарм, но затоа се одлични ако сакате да го почувствувате песокот меѓу прстите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Ки Вест

    rnКи Вест некогаш беше последна станица на 106-километарскиот архипелаг на коралните острови и рај за хомосексуалците и хипиците. Денес Ки Вест е станица за туристите кои ги преплавуваат крајбрежните барови и продавници. Географски, Ки Вест е поблиску до Хавана, Куба, отколку до Мајами. Овој остров е полн со историја, а меѓу многуте знаменитости, најпознат е музејот кој порано бил дом на Ернест Хемингвеј.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот на ѕвездите

    rnКако што кажува самото име, Островот на ѕвездите е елитна населба во Мајами Бич која претставува рај за богатите и славните. Иако стражарницата која се наоѓа на влезот на оваа населба создава илузија на ексклузивност, Островот на ѕвездите е целосно отворен за јавноста. Најдобар начин да ги видите куќите на Глорија Естефан, Пи Диди и Шекил О’Нил е да се одлучите за крстарење покрај Островот на ѕвездите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Плажата Свети Пит

    rnПлажата Свети Пит е најпозната плажа во заливот Тампа. На оваа плажа има одлични вечерни забави, а истовремено е доволно мирна за сите оние кои сакаат да се релаксираат. На плажата Свети Пит се наоѓа препознатливото летувалиште во розова боја, Дон Цезар, како и многу други ексклузивни хотели.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Ки Ларго

    rnКи Ларго е рај за љубителите на нуркањето и подводните истражувања. Се протега на 112 километри квадратни во Коралниот национален парк. Оние кои сакаат да пливаат заедно со рибите, тука може да видат околу 600 различни видови тропски риби.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Марко

    rnОстровот Марко се наоѓа во близина на Нејплс, во југозападниот дел на Флорида. Целиот остров е опкружен со диви места кои личат на пустини, а во средината се наоѓаат оази од плажи и хотелите Хилтон и Мериот, како и многу други луксузни апартмани.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Судија пресудил романтична вечера

    Судија пресудил романтична вечера

    Необична судска пресуда на Флорида. 47-годишниот Џозеф Бреј, обвинет за семејно насилство, наместо во затвор, судот го испратил на романтичен состанок со сопругата. Му наредил да ù купи букет цвеќе, да ја однесе на куглање и на вечера во ресторан за морска храна.Судија пресудил романтична вечераНа ваквото необично судско рочиште, сериозните дискусии секако биле излишни, па одбраната запрашала: „Дали тоа значи дека на куглањето ќе треба да ù попушта и да ù дозволи да победи?“rnrnСудијата останал доследен на „фер-судењето“ па рекол: „Не“. :-)rnrnОчигледно тој се ставил во улога на брачен советник и раскараните сопружници одлучил да ги натера на примирје, нарекувајќи го физичкиот инцидент незначително мал. Се скарале, бидејќи Џозеф заборавил да ù го честита роденденот на сопругата. Ваквата расправија, од вербална, преминала во физичка.Судија пресудил романтична вечера
    rn

    „Судот не би донел ваква пресуда, ако навистина стануваше збор за сериозно насилство. Од сите можни решенија, ова е најдобро. После романтичната вечера, седни и размисли каде ќе одите на советување. Закажете состанок и во рок од една недела, заедно со сопругата започнете со советувањето“, рекол судијата Џон Харли, на изрекувањето на пресудата.

    rnСудија пресудил романтична вечераРасплаканата 39-годишна Соња Бреј веднаш ја прифатила пресудата, по што изјавила:rn
    rn

    Мислам дека требаше да ми го честита роденденот, а тој не ми рече ниту добро утро. Но, јас го сакам својот сопруг и сакам да се врати дома“.

    rnСпоред полицискиот извештај, расправијата започнала во кујната, по што Џозеф ја турнал Соња на софата, ја фатил за вратот и ù се заканил со тупаница, но не ја удрил. Како и да е, судот си го кажал своето.Судија пресудил романтична вечераСлични неконвенционални пресуди и досега биле изрекувани во судниците низ САД.rnrnВо ноември 2011 година, судија во Орландо, Флорида, на возач без дозвола и со прекумерна тежина, му пресудил казна затвор од 30 дена. Но, за секој килограм што ќе го намали додека ја издржува казната, наредил да му се крати по еден ден. Осудениот бил пуштен 10 дена порано.rnrnВо 2008 година пак, судот во Илиноис, на хип-хоп фан му наредил цели 20 часа да слуша класична музика во неговата кола и тоа пуштена на најгласно.rnrnВо Охајо, маж кој бил фатен со проститутка, за да ја избегне затворската казна, морал да парадира по улиците облечен во костум на кокошка.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде живееше Лени Кравиц?

    Каде живееше Лени Кравиц?

    Лоцирана во секогаш сончевата Флорида, оваа прекрасна вила опкружена со палми и преполна со луксузен мебел, до пред кусо време беше во сопственост на познатиот пејач Лени Кравиц.Каде живееше Лени КравицПрекрасната вила „Рокси“ нуди феноменален поглед кон секогаш убавиот град Мајами, а ентериерот е целосно направен според спецификите на Лени. Низ целата куќа доминира белата боја, освен во музичката соба која е тотално црвена. Куќата е уредена благодарение на „BNO Design“, компанија за ентериерно уредување од Њујорк.Каде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени Кравицrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.