КАФЕ ПАУЗА

Tag: фенг шуи

  • Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

    Фенг шуи совети за поголемо изобилство во домот

    Фенг шуи ни дава совети не само за положбата на некои предмети во домот туку и за нашиот однос кон животот. Следните неколку совети ќе ви помогнат така што паричната енергија побрзо ќе тече низ вашиот дом.rnrnФенг шуи совети за поголемо изобилство во домотrn

    1. Светли бои во деловите од домот каде што извршувате работи поврзани со пари

    rnМајсторите на фенг шуи секогаш ја нагласуваат „паричната област“ со зелени и виолетови бои. Зелената е бојата на виталноста и растот, а виолетовата боја претставува богатство. Најдете место во кујната за сад со грозје – идеално би било мешањето бело и црно грозје, а кога ќе заврши сезоната на ова овошје, заменете го со убава реплика во бојадисано дрво или стакло.rn

    2. Внимателно ракување со парите е императив

    rnМногумина од нас имаат навика да ги гмечат сметките во џебот или да ги оставаат на различни места низ куќата. Размислете за односот што го имате со парите и почнете да го почитувате. Секогаш чувајте ги уредно превиткани во убав паричник. Освен тоа, внимавајте и сметките секогаш да ви бидат уредно наредени, чувајте ги во пликови или пластични кутии во живи бои.rn

    3. Парите се енергија која мора да тече

    rnАко немате доволно пари за давање и трошење, секако можете да им дадете на другите малку од вашето време или внимание. Затоа, секоја вечер одвојте неколку минути за да се заблагодарите за она што го имате и да размислите за тоа што би можеле да им дадете на другите. Успехот не е само да добиеме повеќе туку да бидете задоволни со она што веќе го имате. Како што се чувствувате поблагодарни за она што го имате, во вашиот живот ќе има поголемо изобилство.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Фенг шуи совети: Што треба да промените во домот до крајот на 2022 година?

    Фенг шуи совети: Што треба да промените во домот до крајот на 2022 година?

    Понекогаш, вашето ментално расположение може во голема мера да зависи од енергијата во вашиот дом. Фенг шуи, древната кинеска уметност за уредување на просторот, се состои од одредени правила и упатства за воспоставување на поволен проток на енергија во домот. Во продолжение прочитајте кои 5 работи треба да ги направите во вашиот дом за тој да биде исполнет со повеќе среќа и позитивни вибрации во 2023 година.rnrnФенг шуи совети: Што треба да промените во домот до крајот на 2022 година? rn

    1. Пуштете ја среќата во домот

    rnЕден од најважните елементи од вашиот дом според фенг шуи е влезната врата низ која влегуваат сите можности. За среќен почеток на годината бројот на вашата куќа или стан треба да биде видлив. Тој е симбол на големите можности, среќните околности и добрите луѓе. Освен тоа, не смее да има никаква пукнатина на вратата, а ѕвончето треба да биде во исправна состојба.rn

    2. Проветрете ги просториите

    rnПотребно е да го проветрувате домот секое утро и секоја вечер, дури и кога надвор е ладно. Меѓу другото, растенијата можат да ви помогнат да внесете дополнително ниво на кислород во домот бидејќи тие се природни прочистувачи на воздухот.rn

    3. Создадете катче само за вас

    rnСпоред експертите за фенг шуи, декември, јануари и февруари се потивки, потемни месеци кои нè покануваат на повеќе одмор, релаксација и активности дома. Затоа, важно е да имате простор за себе, мирна и тивка просторија каде што ќе можете да се поврзете со себе. Збогатете ја зимската енергија со мирисите на етерична лаванда, темјан или сандалово дрво и опуштете се во магијата на зимските денови.rn

    4. Нека мирот владее во спалната соба

    rnЗа време на празничниот период на крајот на годината и почетокот на следната ќе имате многу активности, но не заборавајте и да одвоите време за одмор. За мирен сон најдобро е да не чувате никаков електронски уред во вашата спална соба. Освен тоа, пожелно би било да ја исчистите собата од сите непотребни работи.rn

    5. Ослободете се од она што не ви се допаѓа

    rnНа крајот на годината, особено е важно да се ослободите од сите оние работи што не ви се допаѓаат и кои не ве задоволуваат и на тој начин да им отстапите простор на новите и позитивни работи. Размислете кои работи во вашиот дом повеќе не ви служат, потсетуваат на некои лоши искуства, ви го расипуваат расположението или се бескорисни и само зафаќаат простор. Можете да ги подарите, да ги донирате или рециклирате.rnrnОткако ги прочитавте овие совети за зголемување на позитивната енергија во домот, можеби ќе сакате да прочитате и совети од фенг шуи што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Фенг шуи: 3 растенија кои ќе ја привлечат вашата сродна душа

    Фенг шуи: 3 растенија кои ќе ја привлечат вашата сродна душа

    Цвеќето е жив организам кој зрачи со одредена енергија и може да влијае на луѓето кои живеат во домот каде што расте. Различни растенија имаат различна симболика, а според фенг шуи, постојат цвеќиња кои имаат магични својства. Се верува дека одредени растенија привлекуваат љубов и сродна душа, а во продолжение прочитајте за кои станува збор:rn

    1. Спатифилум

    rnФенг шуи: 3 растенија кои ќе ја привлечат вашата сродна душаrnrnСе купува и се чува во ист ден со антуриум и се чуваат и се негуваат заедно како машка и женска среќа. Се препорачува да ги чувате во саксии со потемни бои кои симболизираат почва, лојалност и плодност. Овие две растенија формираат комбинација од машка и женска енергија и создаваат љубовна атмосфера.rn

    2. Хибискус

    rnФенг шуи: 3 растенија кои ќе ја привлечат вашата сродна душаrnrnХибискусот се нарекува и кинеска роза, а симболизира „љубовен магнет“. Ставете го ова растение во југозападниот дел од домот, кој според фенг шуи се нарекува агол на љубовта.rn

    3. Циклама

    rnФенг шуи: 3 растенија кои ќе ја привлечат вашата сродна душаrnrnСе верува дека овој неверојатно убав цвет привлекува љубов и хармонија во домот. Исто така, предизвикува мудрост и добра комуникација во врските, па затоа е идеален подарок за брачни парови за годишнина од свадба. Се препорачува да го одгледуваат оние што се осамени и веќе долго време бараат сродна душа, бидејќи покрај тоа што привлекува романтичен партнер, според симболиката на цикламата, ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор.rnrnЗа растенијата во вашиот дом да зрачат со позитивна енергија, важно е сами да ги купите, внимателно да се грижите за нив и да не ги запоставувате за да не се исушат и да не венеат. Додека ги наводнувате и ги пресадувате овие растенија, кажете магични афирмации за да привлечете вистинска љубов.rnrnПрочитајте како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи.

  • Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето

    Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето

    Според фенг шуи, претсобјето е многу важен простор што ја отсликува целата енергија на вашиот дом. На неговото уредување треба да посветите посебно внимание, бидејќи ходникот е еден вид „премин“ за енергијата што влегува и излегува од вашиот дом. Постојат неколку фенг шуи правила за овој простор до кои вреди да се придржувате, но, според експертите, овие 3 правила не треба да се прекршуваат. Еве кои работи никогаш не треба да ги имате во ходникот:rnrnФенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјетоrn

    1. Неред – расфрлани чевли, многу облека…

    rnХодникот треба да биде минималистички, со колку што е можно помалку работи. Уредниот и чист простор привлекува мир и хармонија, а нередот ја натрупува негативната енергија и го блокира протокот на позитивнта енергија. Расфрлани работи, многу чевли на подот или гардероба, како и корпа за отпадоци, никогаш не треба да бидат во преден план бидејќи привлекуваат лоши вибрации.rn

    2. Ѕид како блокада

    rnАко имате ѕид во близина на вратата во ходникот, тоа е знак на негативна енергија. Кога ќе влезете во домот и првото нешто што ќе го видите е ѕид, ќе имате чувство на блокада на енергија. Ова не мора да значи дека ѕидот треба да се сруши, но можете да го користите стариот трик со огледало. Закачете огледало на тој ѕид и оставете го да одразува слободен простор. Така, кога ќе влезете во просторијата, веднаш ќе го видите одразот на просторот во огледалото, наместо самиот ѕид. Важно е да избегнете да не се гледа влезната врата во одразот на огледалото.rn

    3. Расипана врата

    rnАко влезната врата ви е скршена, крцка или тешко се отвора, треба да ја поправите. Се верува дека проблемот со вратата го отежнува отворањето нови можности. Затоа, проверете ја вашата врата дали има пукнатини или гребнатини. Отстранете ги сите предмети што го попречуваат слободното затворање или отворање на влезната врата.rnrnПрочитајте како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.

  • Фенг шуи открива што значи кога често кршите предмети низ домот

    Фенг шуи открива што значи кога често кршите предмети низ домот

    На сите им се случува да скршат сад или да изгубат нешто низ куќата. Меѓутоа, кога предметите често почнуваат да се кршат и да исчезнуваат, фенг шуи предупредува дека тоа може да се поврзе со негативната енергија.rnrnФенг шуи открива што значи кога често кршите предмети низ домотrnrnВо повеќето случаи, хаосот во куќата започнува поради насобирањето негативна енергија. Кршењето и губењето работи според фенг шуи укажува на тоа дека негативната енергија се задржува и се акумулира во домот, што може да биде последица на неред, натрупани работи и неповолнo фенг шуи, односно блокиран слободен проток на енергија.rnrnОткријте што симболизираат други одредени дефекти, според фенг шуи:rn

      rn 011

    • Ако во вашиот дом течат цевки или капе вода од чешма, веројатно имате финансиски проблеми. Размислете колку рационално ги трошите парите и кога вреди да штедите.
    • rn 011

    • Ако постојано ви недостасуваат ситници што ви требаат (шноли, ленти за коса, клучеви, чорапи, капи), веројатно честопати се однесувате како егоист, правејќи ги вашите желби и потреби најважни. Покрај тоа, мрзливи сте и претпочитате да ја префрлите одговорноста на другите.
    • rn 011

    • Искршените и испукани садови, како и пукнатините на мониторите или огледалата покажуваат дека во куќата се подготвува сериозен конфликт. Ако не се ослободите од скршените работи на време, кавгата може да заврши со раскинување.
    • rn 011

    • Постојаните дефекти на електричните уреди и честото пукање на светилките покажуваат дека луѓето од вашето минато не ви посакуваат добро. Вашата среќа ги спречува да живеат во мир.
    • rn 011

    • Честите дефекти во куќата укажуваат на токсична врска во која сè помалку се почитувате.
    • rn 011

    • Работите што се изгубени засекогаш укажуваат на стагнација. Тие се сигнал дека треба да се напушти сè што е старо и непотребно, создавајќи простор за нешто ново, интересно и позитивно.
    • rn

    rnСе препорачува редовно да ја чистите енергијата во вашиот дом, а тоа ќе го направите ако ги исфрлите сите работи што веќе не ви служат и што ви го крадат просторот. За да може енергијата во домот да биде здрава, важно е да отфрлите сè што е скршено и пукнато, како и да се поправат расипаните работи.rnrnПрочитајте како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи.

  • Фенг шуи совети за освежување на вашиот дом

    Фенг шуи совети за освежување на вашиот дом

    Фенг шуи е одлична алатка што ќе ви обезбеди да постигнете подинамично чувство во вашиот дом, а енергијата околу вас може да поттикне позитивност во сите аспекти на животот. Домот во кој живеете може да ви помогне да се чувствувате инспирирани, свесни и посилни. Еве неколку совети како да го освежите вашиот дом според фенг шуи вештините:rnrnФенг шуи совети за освежување на вашиот домrn

    Обезбедете повеќе физички простор

    rnТоа би значело ослободување од работите што не ви требаат. Наместо постојано да ги натрупувате, одвојте време да ги испразните фиоките, да ги фрлите непотребните работи и да ги средите плакарите. Ова ќе ви донесе олеснување, но и енергија, оптимизам и јасност.rn

    Направете простор за складирање

    rnОрганизацијата е половина од работата. Кога ќе го сфатите ова, всушност ќе внесете повеќе креативна енергија во вашиот дом и ќе се мотивирате. Размислете како вие самите, со помош на некои идеи, може да направите едноставни работи што ќе ви го олеснат ракувањето и складирањето во вашиот дом.rn

    Променете го вашиот работен простор

    rnСе разбира, ова не значи целосно менување или преместување на друга локација, но значи воведување свежа енергија во работниот простор. Можете да го направите тоа со нови домашни растенија што ќе внесат мир, мудрост, симболика на просторот. Или можеби фотографии од вашето семејство или некои сувенири што ви се драги. Опремете го просторот така што ќе ве инспирира.rn

    Обезбедете го посакуваниот простор

    rnНе двоумете се да го организирате просторот точно како што сакате. Ако сакате мириси, ставете свеќи низ целата соба. Ако вежбате јога, секогаш имајте душек при рака. Книгите што ги сакате ставете ги на маса близу вас.rnrnПрочитајте ги овие чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење.

  • Фенг шуи препораки: Овие се најдобрите бои за вашата влезна врата

    Фенг шуи препораки: Овие се најдобрите бои за вашата влезна врата

    Влезната врата може да влијае многу на расположението, благосостојбата, здравјето и просперитетот. Таа е еден од најважните делови на куќата и треба да биде уредена и убава. Во фенг шуи, влезната врата го означува главниот портал преку кој можете да добиете позитивна енергија. Исто така, предниот влез го симболизира вашето лице кон светот и влијае на тоа како ве гледаат другите.rn

    1. Црвена

    rnrnrnЦрвената е веројатно најпопуларната боја за влезна врата инспирирана од фенг шуи. Во фенг шуи, црвената боја претставува среќа, заштита и енергија. Огнениот елемент може да ви помогне да се истакнете, да бидете видени и да внесете инспирација во вашиот дом.rn

    2. Жолта

    rnrnrnОваа боја е поврзана со земниот елемент, кој се однесува на грижата за себе, заземјувањето и целокупната благосостојба. Оваа боја е одлична за влезна врата ако сакате да внесете поголема стабилност и смиреност во вашиот дом.rn

    3. Светлосива или бела боја

    rnrnrnСивата и белата се бои на металниот елемент. Енергијата на металот предизвикува прецизност, убавина и елеганција. Покрај тоа, белата боја ја поттикнува радоста.rn

    4. Црна

    rnrnrnВодата е елемент кој е поврзан со длабока мудрост и со црната боја. Оваа темна боја можете да ја користите за вашата влезна врата со намера да апсорбира и да привлече позитивна енергија и просперитет за вас и за вашето семејство.rn

    5. Сина или зелена боја

    rnrnrnСината и зелената боја ја претставуваат енергијата на дрвото во фенг шуи. Дрвениот елемент поттикнува раст, љубезност и флексибилност. Живописните бои внесуваат енергија и можат да ја подобрат атмосферата вашиот дом.rnrnПрочитајте ги и овие фенг шуи правила за уредување на влезот во домот.

  • 6 работи што никогаш не треба да ги чувате под креветот

    6 работи што никогаш не треба да ги чувате под креветот

    Фенг шуи се занимава со уредување на просторот и живеење во согласност со средината во која живеете, на начин што привлекува позитивна енергија во вашиот дом и во вашиот живот, со цел да обезбеди среќа за целото семејство. Фокусот е на животната енергија (чи), која е придвижена од фенг (ветер) и шуи (вода). Исто така, енергиите може да се движат слободно, а тоа треба да влијае позитивно на расположението, но и на целиот живот.rnrn6 работи што никогаш не треба да ги чувате под креветотrnrnВо продолжение откријте што треба да земете предвид при уредување на просторијата според фенг шуи, но и што треба веднаш да исфрлите од спалната соба, поточно работите кои се наоѓаат под креветот, за да можете да спиете мирно.rn

    1. Работи што враќаат лоши спомени

    rnНа пример, тоа може да бидат стари фотографии и сувенири. Негативните емоции поврзани со овие „спомени“ се мешаат со енергијата и влијаат негативно.rn

    2. Скршени предмети

    rnИстото важи и за скршените или оштетени работи од кои едноставно не можете (или не сакате) да се разделите. Или, сè уште чекаат да ги поправите. Оштетените предмети ѝ штетат на сопствената енергија и ја саботира вашата среќа.rn

    3. Подароци од минатите врски

    rnБез разлика дали станува збор за прекина љубовна врска или за пријателство кое завршило, според фенг шуи, фотографиите, подароците и спомените од старите врски може да доведат до нерамнотежа во сегашната врска.rn

    4. Стара или валкана облека

    rnСтарата, искинатата, па дури и валканата облека нема што да прават под креветот. Имено, валканите алишта го попречуваат протокот на позитивна енергија.rn

    5. Стари и скршени апарати

    rnНа техничките уреди кои се одамна застарени или скршени не им е местото под вашиот кревет. Металните апарати собираат негативна енергија, па затоа може да предизвикаат стравови и грижи.rn

    6. Овенати растенија

    rnОвенатите, мртви растенија значат мртва енергија. Наместо да се грижат за живост и убав мирис, овенатите растенија во фенг шуи значат болест.rnrnПрочитајте ги овие чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење.

  • Чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење

    Чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење

    Секој дел од вашиот дом или од вашата канцеларија одговара на одреден дел од телото, па ако страдате од некоја хронична болка, би било добро да направите мали промени во просторот. Веројатно ќе почувствувате олеснување за брзо време бидејќи фенг шуи не е толку популарен без причина.rnrnЧудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистењеrn

    Уши

    rnЗдравствените проблеми поврзани со ушите, во фенг шуи се наоѓаат на ѕидот каде што се наоѓа влезната врата. Исчистете ги тој ѕид и влезната врата и ослободете се од сите непотребни полици што се наоѓаат на тој ѕид.rn

    Раце

    rnАко имате проблеми со рацете или со прстите, проверете го левиот агол од куќата што е најблиску до влезната врата. Електронската опрема и нередот на тие места ги влошуваат проблемите.rn

    Стапала

    rnАко имате проблеми со стапалата, проверете ја централната област од левата страна на куќата, што е поврзана со можноста да застанете на свои нозе. Сувите растенија, топлината и нередот може да ја нарушат енергијата.rn

    ‘Рбет и коски

    rnКрајниот лев агол од домот е поврзан со проблемите со коските. Проверете ја оваа област ако страдате од болка во грбот, остеопороза или слично. Исто така, оваа област дава енергија за да им се спротивставите на насилниците и злосторниците, па ако ви треба енергија за тоа, тогаш исчистете го и средете го тој дел од вашиот дом.rn

    Очи

    rnОбласта поврзана со очите се наоѓа на централниот дел од најоддалечениот ѕид што е наспроти влезната врата. Валканите огледала и стакла може да се рефлектираат во проблеми со очите. Проверете ја оваа област ако страдате од глауком, конјунктивитис, слаб вид итн.rn

    Стомак

    rnЗдравствени проблеми поврзани со дигестивниот систем и со стомакот се рефлектираат на крајниот десен агол на вашиот дом. Не чувајте таму остар мебел, електрична опрема итн. Треба да ја исчистите оваа област ако имате проблем со прифаќањето емоционална интимност во врската.rn

    Уста и респираторен систем

    rnПроблемите со забите, астмата и слично се поврзани со централниот дел од десната страна на вашиот дом. Прекумерното загревање или прекумерната светлина во оваа област може да ве иритираат и да предизвикаат вакви проблеми.rn

    Глава

    rnГлавоболките, повредите, менталните проблеми и проблемите со косата се поврзани со најблискиот десен агол на вашиот дом. Проверете ја оваа област и ослободете се од нередот.rnrnПогледнете кои 12 токсични навики го загадуваат вашиот дом.

  • Како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи?

    Како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи?

    Сè што имате во домот и сè што носите со вас може да привлече добри работи ако ги користите на вистинскиот начин. Со помош на овие три совети од фенг шуи, научете како да ја организирате чантата за да ви донесе успех и пари.rnrnКако треба да изгледа женската чанта според фенг шуи?rn

    1. Чантата не треба да биде отворена

    rnЧувајте ја чантата секогаш затворена, тоа е добра навика и препорачан ритуал за парите да останат во неа. Заради безбедност, секогаш носете ја чантата до вашето тело. За дополнително да ја заштитите од кражба, ставете амајлија во мала преграда и чувајте ја таму.rn

    2. Посветете ѝ внимание

    rnЖенската навика да носите сè и сешто во чантата е многу лоша според принципите на фенг шуи. На крајот на секој ден, проверете што е излишно, извадете го и ако е потребно, избришете ги рачките или ременот. Никогаш не оставате ја чантата на подот бидејќи со оваа постапка ги „одбивате“ парите и ви се „исцрпува“ богатството.rn

    3. Изберете боја што носи просперитет

    rnЦрвената боја е за среќа и заштита, црната за покачување и успех во кариерата, златната и црвената заедно носат среќа и благослови, виолетовата и сребрата заедно создаваат луксуз и богатство, додека зелената носи повеќе пари и нови добивки.rnrnПрочитајте која облека создава лоша енергија.