КАФЕ ПАУЗА

Tag: фамилија

  • Вистинска приказна: Вечера во ресторан

    Вистинска приказна: Вечера во ресторан

    По 21 година брак, жена ми сакаше да одведам друга жена на состанок и во кино. Таа ми рече: „Те сакам, но знам дека оваа жена те сака и би сакала да помине некое време со тебе.“rnrnvistinska-prikazna-vechera-vo-restoran-kafepauza.mkrnrnДругата жена којашто жена ми сакаше да ја посетам е мојата мајка, која беше вдовица веќе 19 години, но поради работата и трите деца беше невозможно редовно да ја посетувам. Таа вечер ѝ се јавив и ја поканив да одиме на вечера и во кино.rnrn„Што е работата? Да не не си добар?“ – ме праша. „Мислам дека ќе биде убаво да поминам некое време со тебе“ – ѝ одговорив. „Само ние двајца.“rnrnТаа размисли малку за момент и потоа рече: „Многу би сакала.“rnrnТој петок после работа, возејќи накај неа за да ја земам бев малку вознемирен. Таа ја имаше навиткано косата и го имаше облечено истиот фустан што го носеше на прославата на последната годишнина од нејзиниот брак. Се насмевна така што нејзиното лице заблеска како на ангел. „Им кажав на моите пријатели дека ќе излегувам со мојот син и тие се импресионираа“, рече таа влегувајќи во колата. „Едвај чекаат да им раскажам за нашата средба.“rnrnОтидовме во ресторан кој не беше многу луксузен, но сепак беше удобен и фин. Мајка ми ме фати за раката како да беше Првата дама. Откако седнавме, морав да ѝ го прочитам менито. Нејзините очи можеа да читаат само крупни букви. На сред читање го подигнав погледот и ја видов мајка ми како носталгично ме гледа. Имаше носталгична насмевка на усните. „Порано јас бев таа која требаше да ти го чита менито тебе кога беше мал“, рече таа. „Тогаш време е ти да се опуштиш и да ми дозволиш да ти возвратам за услугата“, ѝ одговорив.rnrnЗа време на вечерата имавме пријатен разговор – ништо невообичаено, само си споделувавме што има ново во нашите животи во последно време. Толку се зазборевме што го пропуштивме филмот. Кога стигнавме подоцна до нејзината куќа, таа рече: „Ќе излезам повторно со тебе, но само ако ми дозволиш јас да те поканам тебе.“ Се согласив.rnrn„Како помина вечерата?“ – ме праша жена ми кога стигнав дома.rnrn„Многу фино, подобро одошто би можел да очекувам“ – ѝ одговорив.rnrnПосле неколку дена мајка ми почина од силен срцев удар. Тоа се случи толку ненадејно што немав можност да направам што било за неа. По некое време добив плико со копија од сметка од ресторан, истиот каде што вечеравме јас и мајка ми. На белешката пишуваше: „Ја платив оваа сметка однапред. Не бев сигурна дека ќе можам да дојдам, но како и да е, платив оброци за двајца – еден за тебе и еден за твојата сопруга. Никогаш нема да сфатиш колку ми значеше онаа ноќ. Те сакам сине.“rnrnВо тој момент ја сфатив важноста на навременото кажување „те сакам“ и посветувањето време на луѓето кои тоа го заслужуваат. Ништо во животот не е поважно од вашата фамилија.

  • Дали бездомниците станале толку невидливи што не би си ги препознале ни најблиските доколку живеат на улица?

    Дали бездомниците станале толку невидливи што не би си ги препознале ни најблиските доколку живеат на улица?

    Во овој социјален експеримент, еден дел од испитаниците се маскирани како бездомници и седат покрај улица, додека пак нивните најблиски треба да поминат покрај нив не знаејќи за нивното присуство. Дали тие ќе успеат да ги забележат своите членови на фамилијата? Или бездомниците станале толку невидливи што веќе никој не ги ни погледнува?rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои треба да ги научите од Италијанците

    Работи кои треба да ги научите од Италијанците

    Италијанците надалеку се познати по својот опуштен став кон животот. Тие знаат да живеат убав живот, кој не подразбира само луксуз, туку живот фокусиран на убавите нешта и фамилијата. Ова се неколку работи кои може секој од нас да ги научи од Италијанците.rnrnРаботи кои треба да ги научите од Италијанците rn

    1. Јадете полека и никогаш сами

    rnВо Италија не постои брза храна во вистинската смисла на зборот, иако постојат такви синџири на ресторани. Таму се јаде полека, во кругот на семејството или пријателите, а не пред телевизор или компјутер. Покрај тоа тие секогаш практикуваат природна и локално произведена храна.rn

    2. Пијте, но не претерувајте

    rnИталијанците си го обожуваат своето вино, но никогаш не претеруваат во консумирањето. Тие знаат да пијат со стил.rn

    3. Престанете да брзате и почнете да живеете опуштено

    rnЖивотот во оваа земја не е ни приближно брз како што налага новото време. Луѓето не трчаат по улици со кафето во рака, туку секогаш имаат време да застанат и да се напијат едно еспресо. Тие не обрнуваат толку внимание на максималната точност, туку повеќе се фокусираат времето да го поминат во добро друштво.rn

    4. Најдобрата работа на светот е да живеете блиску до семејството

    rnФамилиите во Италија секогаш гледаат да живеат што поблиску едни до други, наместо да се селат во различни краеви. На овој начин, фамилијата секогаш е блиска и владее почитување. Собирањето на целата фамилија на неделен ручек е исто така одлична традиција која го зближува семејството.rn

    5. Грижете се за „својата појава“

    rnОва не се однесува толку на физичкиот изглед, туку на јавниот имиџ. Ретко може да видите пијан Италијанец на улица, човек како јаде на нога дур шета во град или некој цел ден да го помине во пижами. Сите овие работи можат да го нарушат нивниот имиџ. Ова е начин на живеење кој ја фаворизира естетиката и убавото однесување.

  • Би чувале ли мечка како домашно милениче?

    Би чувале ли мечка како домашно милениче?

    Велга Витола за малото напуштено мече Илзите направила место во својот дом кој се наоѓа во густата шумска област во Летонија. Таа ѝ дозволила да си игра со нејзините деца, да им се придружи на семејните прошетки, па дури и да спие во нејзиниот кревет.Би чувале ли мечка како домашно милениче?Погледнете го ова кратко видео за да дознаете зошто на „Гордоста на Летонија“ – најголемиот национален настан кој е посветен за непознатите херои, оваа жена ја добила награда за „Најмилото срце“:rn

    rnСтрасниот љубител на животни вели дека нејзината фамилија ја смета како дел од нив, додавајќи:rn
    rn

    „Јас одгледав три деца – син, ќерка и мечка.“

    rnВсушност таа чувала две мечиња, но едното починало. По 10 години Илзите сè уште е жива и има необично цврста врска со целото семејство, посебно со Велга.rn
    rn

    „И двете мечки кои ги чував израснаа во куќата. Тие секое сабајле ги будеа моите деца за на училиште. Излите сака да ми дава бакнежи мене, на нејзината мајка… Секој друг човек во оваа ситуација би можел да ја изгуби главата. Ние меѓусебно се сакаме.“

    rnБи чувале ли мечка како домашно милениче?Велга се сомнева дека нејзината сакана Илзите пораснала мислејќи дека е човек, а не мечка.rn
    rn

    „Во една ситуација таа го виде својот израз во огледалото и почна да испушта гласни звуци, силни како гром, незнаејќи дека тоа е нејзиниот одраз. Таа мисли дека изгледа како мене – нејзината мајка.“

    rnБи чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Но, Илзите не е единственото чудно милениче кое Велга (која ја нарекуваат мајка на сите животни) го вдомила. Нејзиниот двор е преполн со диви животни почнувајќи од ежиња, па сè до еленот Фреди.rn
    rn

    „Еднаш ме разбудија неколку диви гуски кои беа во мојата спална соба,“ вели таа.

    rnДобронамерната 55-годишна Велга вели дека нејзиниот начин на живот е совршен за неа. И покрај тоа што нејзината мајка ѝ велела дека е луда и дека може да умре ако се пресели таму, таа ѝ рекла дека на тоа место се наоѓаат нејзините најсреќни моменти, дека шумата ја исполнува и дека верува дека тоа е нејзиното место на овој свет.Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Мечката Илзите денес има 10 години и бидејќи е многу голема мора да живее надвор од домот. Но, тоа не ја спречува редовно да ѝ прави друштво на својата „мајка“ за време на прошетките низ шумата.rn
    rn

    „Еднаш кога таа имаше 1 година додека се шетавме налетавме на вепари од кои многу се плашеше. Таа ги гушна моите нозе и почна да им ’ржи. Се чувствуваше сигурна бидејќи мајка ù беше таму. А јас ù реков: Луда мечко, јас прва ќе почнам да бегам.“

    rnБи чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Велга вели дека ѝ се потребни тие моменти, како и бакнежите и прегратките за да биде среќна. Таа исто така вели дека луѓето знаат да бидат дволични, но животното секогаш е самото себе.rn
    rn

    „Ние можеме многу да научиме од нив,“ вели таа.

    rnБи чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Илустрации од најубавите семејни моменти

    Илустрации од најубавите семејни моменти

    Тешко е да се најдат зборови кои соодветно ќе опишат колку можат да ве разнежнат илустрациите на американскиот илустратор Паскал Кампион. Во секоја од нив се претставени родители и деца во некои од најубавите семејни моменти.Илустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИнспирацијата за овие цртежи Паскал ја црпи од среќата од сопствениот семеен живот.rn
    rn

    „Понекогаш, додека сме во супермаркет или додека ја бањам ќерка ми, таа ќе ме погледне и се насмевнува. Тоа трае само еден момент, но долго ми останува во сеќавање. Вакви работи најмногу ме интересираат,“ – вели тој.

    rnИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моментиИлустрации од најубавите семејни моменти
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои треба да ги направите пред да имате деца

    Работи кои треба да ги направите пред да имате деца

    Сите велат дека децата ги менуваат работите во семејството од корен, секако во најпозитивната смисла на зборот. Еве предлог-листа на работи кои треба да ги направите пред да се решите на тој чекор. Напоменуваме, исполнувањето зависи од можностите.rnrnРаботи кои треба да ги направите пред да имате деца?rnrn1. Појдете на 30-дневен одмор на другата страна од светот, каде културата е тотално различна.rnrn2. Водете љубов на забрането место.rnrn3. Учествувајте на аудиција за на ТВ или радио (само ако ве бива).rnrn4. Направете незаборавна журка и поканете ги сите луѓе кои ги познавате.rnrn5. Направете секси фотографии од себеси, но чувајте ги на безбедно место.rnrn6. Научете да свирите барем на еден инструмент.rnrn7. Научете да зборувате барем еден странски јазик.rnrn8. Посетете го северниот пол.rnrn9. Прочитајте најмалку 30 книги.rnrn10. Скокнете од карпа директно во вода.rnrn11. Планинарете.rnrn12. Ловете риба и потоа згответе ја на плажа.rnrn13. Јавајте коњ заедно со партнерот.rnrn14. Посетете стриптиз-клуб во Лас Вегас.rnrn15. Јавајте на камила.rnrn16. Добро научете еден вид танц.rnrn17. Заљубете се.rnrn18. Напишете книга, па макар и мала која никогаш нема да доживее да се објави.rnrn19. Туширајте се под водопад.rnrn20. Прославете Нова година во центарот на Њујорк.rnrn21. Отидете на љубовен состанок на невидено (blind date).rnrn22. Отидете на карневал во Рио Де Жанеиро.rnrn23. Отидете на Октоберфест во Минхен.rnrn24. Возете се во балон на топол воздух.rnrn25. Менувајте ги работните места додека не бидете задоволни со работата.rnrn26. Купете си куќа или стан.rnrn27. Купете автомобил.rnrn28. Поминете цел ден водејќи љубов во кревет.rnrn29. Трчајте на маратон.rnrn30. Научете да правите коктели.rnrn31. Кажете шега пред многу луѓе.rnrn32. Одете на нудистичка плажа.rnrn33. Научете еден добар магионичарски трик.rnrn34. Научете да зготвите неколку вкусни јадења.rnrn35. Завршете го формалното образование, но продолжете да учите.rnrnПо сè ова, подготвени сте за ова:rnrnРаботи кои треба да ги направите пред да имате деца?rnrnШто би додале на листата?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашата улога во семејните драми

    Астрологијата и вашата улога во семејните драми

    Каква е вашата реакција кога настануваат некакви проблеми и кавги во вашето семејство? Улогата која ја имате во фамилијарните драми, во голем дел е условена од карактеристиките кои ги има вашиот хороскопски знак. Прочитајте кои се вашите типични реакции во напнатите фамилијарни ситуации.rnrnАстрологијата и вашата улога во семејните драмиrnrn

    Овен

    rnАко некој член на семејството е третиран неправедно од страна на останатите, овенот веднаш ќе почне да го брани и заштитува. Гневот и лутината на овој хороскопски знак никогаш не трае долго, така што после кратко време, тој ќе ги смири сите инволвирани во кавгата.rnrn

    Бик

    rnОвој знак обично влева чувство на безбедност кога започнува да владее хаос во домот. Но, биковите сепак стануваат претерано осетливи ако ситуацијата постане премногу хистерична, бидејќи тие не ја гледаат поентата во бурното емотивно реагирање.rnrn

    Близнаци

    rnОвој знак не сака емотивни ситуации, поради што ќе настојува да ги освежи „вжештените глави“ на семејните членови преку добра комуникација, која ќе овозможи сите да почнат повторно да размислуваат и да се однесуваат нормално.rnrn

    Рак

    rnОвој знак ќе направи сè што е во неговата моќ за да ја врати слогата и единството во семејството. Тој ќе ги понуди членовите на семејството со разни закуски, за да се увери дека сите ќе бидат добро најадени пред да почнат да навлегуваат во „тешки дискусии“.rnrn

    Лав

    rnЛавот е забавувач и ќе се обиде да направи сите да се насмеат дури и во тензичните ситуации. Тие се вознемируваат само кога сметаат дека некој ги игнорира, а во тие ситуации не очекувајте некакво сочувство или разбирање од страна на лав.rnrn

    Девица

    rnВо напнатите фамилијарни ситуации девицата нервозно трчка наоколу нудејќи им на сите практични решенија и помош. Таа умее да ги разреши комплицираните ситуации благодарение на нејзиниот аналитички ум.rnrnАстрологијата и вашата улога во семејните драмиrnrn

    Вага

    rnВагата сака хармонична атмосфера, така што ќе се обиде да направи сè што е во нејзина моќ, за да ја „смири топката“. Вагите имаат исклучителна способност за внимателно слушање и можат навистина да разберат што другите сакаат.rnrn

    Скорпија

    rnКога станува збор за драматичните ситуации во семејниот дом, скорпијата ја игра улогата на заштитник, кој ги брани и им дава поддршка на оние членови од семејството, кои се најмногу нападнати и емотивно повредени во конфликтот.rnrn

    Стрелец

    rnСтрелците ги гледаат нештата од поширока перспектива, благодарение на што се полни со разбирање за своето семејство и не се вознемируваат поради некоја за нив – ситна кавга. rnrn

    Јарец

    rnОвој знак стои цврсто на земја и умее да си ги контролира емоциите. Јарците се спремни да дадат одговор на секое прашање и може да се каже дека тие најдобро можат да ја смират тензичната ситуација и да помогнат да се реши конфликтот.rnrn

    Водолија

    rnВодолиите се одлични медијатори кои не ризикуваат да се вовлекуваат себеси во заземање страни. Тие преферираат да се држат настрана од семејните кавги и само ќе потенцираат дека сите треба да бидат потолерантни додека разговараат.rnrn

    Риби

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак се несекојдневни луѓе, кои навистина умеат длабоко да сочувствуваат со емоциите на другите луѓе и е одлично да ги имате во вашата близина. Но, рибите понекогаш се затвораат и се изолираат во нивниот свет, бидејќи се плашат од напнати драматични ситуации.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.