КАФЕ ПАУЗА

Tag: ексцентричност

  • 7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поети

    7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поети

    Кога помислуваме на поет, добиваме слика за посветена личност, полна со имагинација, со доза на софистицираност и строги навики. Но, нивните животи, хобија и ексцентрични карактеристики некогаш не се вклопуваат во таа слика. Ова се 7 забавни факти за некои од најпознатите поети:rn

    1. Чарлс Буковски обожавал мачки

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnТој бил воодушевен од овие суштества, а и самиот бил сопственик на мачката Минкс. Во една своја поема тој наведува дека неговите мачки му ја враќаат храброста секогаш кога се чувствувал лошо.rn

    2. Пабло Неруда пишувал поеми со зелено мастило

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnПопуларниот поет имал мастилно пенкало кое рачно го полнел со зелено мастило. Тој верувал дека зелената е боја на надежта.rn

    3. Сафо била Адел на нејзиното време

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnПејачката Адел е позната по тоа што својата поезија ја претвори во песни. За поетесата Сафо се верува дека ги пишувала своите дела за истите да бидат изведувани во придружба на музика и ако живееше во денешно време, сигурно би била познат текстописец.rn

    4. Елизабет Бишоп одбила да биде полово специфицирана во антологиja

    rnrnrnТаа збеснувала секогаш кога талентот бил припишуван на нејзиниот пол, а одбила да биде дел од антологијата „Жени поети на англиски јазик“ (The Women Poets in English). За нејзе било глупаво да се прави поделба на поетите.rn

    5. Лорд Бајрон чувал мечка како миленик

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnКолеџот Тринити од Кембриџ им забранувал на студентите да чуваат кучиња, а студентот Џорџ Гордон Бајрон бил нивен голем љубител. Тој дури и напишал поетски епитаф за неговото починато куче. Бајрон во писмо до пријател признал дека си купил мече, бидејќи никаде немало забрана за чување мечки, а кога го прашале што ќе прави со него, одговорил дека му прави друштво.rn

    6. Урната на Дороти Паркер била чувана во архива цели 20 години

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnКога поетесата починала во 1967 година, оставила инструкции дека целото наследство го остава на Мартин Лутер Кинг Јуниор и нејзиното тело да биде кремирано. Сепак, не навела каде да биде истурена пепелта. Нејзината урна 20 години била предмет на спор и била чувана во архива на нејзиниот адвокат. Потоа била преместена во меморијална градина, а на плакетата над пепелта пишува: „Извинете за мојата прашина“.rn

    7. Вилијам Карлос Вилијамс верувал дека тоа што е доктор го направило добар поет

    rn7 нешта што не ги знаете за вашите омилени поетиrnrnКако поет, тој инспирација наоѓал во својата струка, педијатријата и во пациентите. Во автобиографијата од 1967 година објаснил дека неговите две професии се инспирираат меѓусебно и формираат целина.

  • 12 уникатни луѓе со необичен изглед

    12 уникатни луѓе со необичен изглед

    Некои луѓе не се плашат да експериментираат со нивниот изглед. Овие експерименти предизвикуваат многу различни реакции во општеството – некои ги сметаат за луди, а другите пак им се восхитуваат на нивната ексцентричност. Во продолжение ќе погледнете некои луѓе кои се навикнале да бидат нарекувани чудаци, но и ќе откриете што ги натерало толку драстично да го променат својот изглед.rn

    1. Монами Фрост

    rn(1)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mkrnrnОваа девојка со многу тетоважи е познат модел и видео блогер од Латвија. Нејзината прва тетоважа ја направила кога имала само 14 години и оттогаш тетоважите станале дел од нејзиниот живот. Иако изгледа како „лоша девојка“, Монами не пие алкохол, не пуши цигари и е против сите супстанци кои предизвикуваат зависност.rn

    2. Андреј Бартенев

    rn(2)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mkrnrnАндреј е уметник, моден дизајнер и креатор на интерактивни изложби и перформанси. Тој доаѓа од Русија, а неговите дела биле изложени во многу музеи. Андреј често одбира многу необична облека. Според него, тој се облекува и живее следејќи ја својата имагинација. Неговата појава предизвикува пријателска љубопитност, но понекогаш се соочувал и со агресивни реакции.rn

    3. Бет Дито

    rnElle Style Awards 2017 - VIP ArrivalsrnrnМожеби ја знаете Бет како пеачката од бендот Госип. Таа самата се опишува како „дебела“, но го прифаќа својот изглед. Луѓето ја сметаат за ексцентрична бидејќи не се срами да изведува во облека која открива многу и се прашува зошто луѓето велат дека треба да се облекува скромно и да не привлекува внимание само затоа што има некој килограм повеќе. Многу дизајнери, вклучувајќи го и Карл Лагерфелд го делат истото мислење и ја покануваат да биде модел на нивните ревии.rn

    4. Бади Винкл

    rn(4)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mkrnrnТешко е да се поверува, но оваа жена има 89 години. Бади е доволно храбра за да се облекува „весело“ и сака да го извлече максимумот од животот. Познатите брендови навистина сакаат да соработуваат со неа. Сè започнало кога нејзината внука решила да направи Инстаграм профил за нејзината модерна баба. Луѓето ѝ велат дека не се облекувала соодветно за нејзината возраст, но што всушност значи тоа?rn

    5. Луис Падрон

    rn(5)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mkrnrnСледејќи го сонот да изгледа како елф, овој млад Аргентинец потрошил илјадници долари на пластични операции. Уште откако бил мал тој бил опседнат со светот на фантазијата и навистина сакал да изгледа како овие митски суштества. Многу луѓе се прашуваат дали има некој ментален проблем, или пак едноставно си го следи својот сон.rn

    6. Елајн Ејнџел

    rn(6)10-unikatni-lugje-so-neobichen-izgled-kafepauza.mkrnrnКога ќе видите некој со пирсови и тетоважи, сигурно си помислувате дека со годините ќе му помине и желбата. Но, Елајн веќе има 57 години и не планира да се „смири“. Таа го украсува своето тело со тетоважи и целосно ја бричи главата. Таа е една од најпознатите пирсинг мастери во светот и го работи она што го сака. Таа има објавено и неколку книги за пирсингот. Елајн изјавила дека не планира да се промени, барем не во наредните 20 години.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 88-годишна бабичка ги руши сите стереотипи за старците

    88-годишна бабичка ги руши сите стереотипи за старците

    Бади Винкл е една од најпознатите баби на Инстаграм, со неверојатни 2,1 милиони следачи. Таа исто така често е во друштво на познати ѕвезди, како Мајли Сајрус или сестрите Кардашијан. Но, тоа не е причината за нејзината популарност на социјалните мрежи. Ако ги погледнете нејзините фотографии, брзо ќе забележите дека таа е и модна икона.rnrnrn

    „Ја пронајдов мојата љубов кон ексцентричната облека по смртта на нејзиниот сопруг, како начин да се справам со загубата. Но, сега не можам да се замислам во ништо друго“, вели таа.

    rnКој вели дека одредени модели се дизајнирани само за одредена возраст? Ако ја прашате Бади, секој може да го носи тоа што го сака, ако се чувствува удобно во својот избор.rnrn

  • Хороскопот открива: Што потајно посакуваат луѓето да променат кај вас?

    Хороскопот открива: Што потајно посакуваат луѓето да променат кај вас?

    Сите луѓе имаат свои недостатоци и мани, а некогаш тие знаат да внесат немир и незадоволство кај луѓето од поблиската и подалечната околина. Секој хороскопски знак има некоја своја одлика, којашто луѓето, доколку имаат можност, со задоволство би ја смениле кај своите родители, партнери, пријатели, колеги… Проверете која ваша особина особено ги иритира луѓето од вашето опкружување.rnrn(1) Хороскопот открива: Која ваша карактеристика најмногу ги нервира пријателите?rn

    Овен

    rnВашите очекувања. Бидејќи вие сте силни, амбициозни и одлучни, имате многу високи стандарди кои останатите тешко можат да ги постигнат. Луѓето мислат дека понекогаш не сте фер, затоа што не можат сите да бидат на вашето ниво на перфекционизам.rn

    Бик

    rnВашата тврдоглавост. Вие едноставно не слушате совети откако ќе донесете одредена одлука. Понекогаш вашите пријатели посакуваат да сте малку пофлексибилни за да се почувствуваат барем малку значајни во вашиот живот, да забележат дека имаат одреден улога. Но, тоа се случува само ако вие им дозволите.rn

    Близнаци

    rnВашата потреба да се спријателувате со сите. Вие едноставно сте познати по тоа што на едноставен и брз начин можете да станете пријател со кој било, што понекогаш го намалува квалитетот на пријателството со луѓето кои се до вас цел живот. Многу често може да ви се случи по само 10 минути, да ги запоставите вашите пријатели со кои сте излегле и цела вечер да си правите муабет со целосни странци кои случајни сте ги запознале.rn

    Рак

    rnВашата тишина. Сите знаат колку многу емотивни и чувствителни можете да бидете додека не одлучите да си ја отворите душата и да кажете што ве мачи. Многу сте затворени кога станува збор за емоциите, па затоа многу често се случува дури и вашите најблиски да не можат да ве прочитаат.rn

    Лав

    rnВашата доминација. Да, знаете како да водите и веројатно тоа го правите најдобро од сите останати, но некогаш можете да „парадирате“ на начин на кој останатите ќе се почувствуваат инфериорно или несоодветни во одредена ситуација. Понекогаш вашите пријатели сакаат да се смирите и да одите чекор по чекор, затоа што сите луѓе ги немаат самодовербата и самосвеста кои вие ги поседувате.rn

    Девица

    rnВашата индиферентност. Некогаш сте толку затворени, поради што може да изгледате студено и незаинтересирано. Таквата резервираност кај луѓето остава впечаток дека воопшто не се грижите за нив или дека не ви се допаѓаат. Иако, сте многу потопли и понежни личности отколку што изгледате, начинот на којшто се прикажувате кај луѓето може да предизвика чувство дека воопшто не сте свесни за нивното постоење.rnrn(2) Хороскопот открива: Која ваша карактеристика најмногу ги нервира пријателите?rn

    Вага

    rnВашата дипломатија. Вие сте толку дипломатски настроени и политички коректни, поради што луѓето не знаат кога ја говорите вистината. Вие секогаш ја кажувате вистинската работа во вистинското време, па околината се прашува како успевате речиси никогаш да не погрешите.rn

    Скорпија

    rnВашата ароганција. Вие сте супер интелигентни и харизматични и сте свесни за тоа и не го криете таквото сознание за себе. Но, тоа кај околината создава впечаток дека мислите оти сте подобри од останатите. Иако, повеќе станува збор за самодоверба отколку за ароганција, би било добро да ги оставите луѓето да зборуваат повеќе за себе, а не секогаш вниманието да го вртите кон вас.rn

    Стрелец

    rnВашата негрижа. Вие многу им верувате на луѓето, поточно многу лесно им верувате на непознати луѓе. Многу лесно знаете да ги искажете вашите тајни на некој кој само што сте го запознале, затоа што сметате дек на тој начин се зближуваат луѓето. Но, таквата ваша карактеристика понекогаш ги полудува вашите вистински пријатели, бидејќи многу често се отворате на погрешни луѓе.rn

    Јарец

    rnВашата себичност. Вие знаете што сакате и како да го добиете, но знаете и како секогаш да се истуркате во „првите редови“. Што секако не е лоша карактеристика, но вашите пријатели би сакале некогаш да направите компромис, наместо сè да биде по ваше.rn

    Водолија

    rnВашето расположение. Вие знаете лесно да го менувате расположението, па од смеење за неколку секунди да преминете во муртење, поради што вашите пријатели се прашуваат дали тие се виновни за таквото ваше расположение. Вашиот ум секогаш работи, поради што влијае на вашите емоции и на фацијалните експресии, што на луѓето од околината понекога им создава чувство на непријатност.rn

    Риби

    rnВашата ексцентричност. Вашите пријатели не можат секогаш да сметаат на вас, затоа што може да не се појавите тогаш кога сте се договориле. Тие се навикнати на вашата карактеристика да откажувате планови и да се предомислувате во последна минута. Многу често се обврзувате на задачи кои знаете дека нема да можете да ги завршите, што ја фрустрира околината и создава тешкотии при планирање активности во кои сте вклучени и вие.

  • Што значи лошиот ракопис?

    Што значи лошиот ракопис?

    Автор: Маја МиноскаrnrnДали можеме да претпоставиме за каква личност станува збор доколку напишаното е со големи букви закосени надесно?! Дали ракописот повеќе говори за личноста или за расположението, моменталната состојба во која се наоѓа?rnrnshto-znachi-loshiot-rakopis-kafepauza.mkrnrnГрафологијата е позната како квазинаучна студија и анализа на ракописот преку која форензичарските научници и поддржувачи на оваа метода ја користат за откривање на карактерот и психолошката состојба на индивидуата. Основна претпоставка е дека централниот нервен систем е одговорен за начинот на кој мускулите се движат и реагираат додека пишуваме. Поконкретно, ракописот е директно зависен од анатомијата на личноста, на пример структурата на коските влијае како некој го држи пенкалото. Координацијата рака-око, мускулната меморија и менталната способност за пресликување на краснопис исто така влијае на тоа како некој пишува. Ракописот може да се промени со тек на време, паралелно како овие ментални и физички карактеристики се менуваат.rnrnЗа лошиот ракопис постојат најразлични толкувања. Лошиот ракопис може да укажува на одреден емоционален товар. Најчесто се вели дека луѓето со лош ракопис имаат тенденција да бидат емоционално нестабилни. Исто така може да иницира на непостојаност, но и на ниска самодоверба или несигурност. Понекогаш може да се гледа од друг агол и да значи независност и желба да им се суди според сопствените заслуги, а не во согласност со стандардните начини.rnrnЛошиот ракопис е секогаш индивидуалистички, бидејќи овој тип луѓе се независни мислители и не секогаш се вклопуваат во очекувањата на општеството.rnrnЛошиот ракопис често се поврзува со креативност и понекогаш тоа може да биде знак на поголема ексцентричност. Се вели дека тој е и карактеристика на интелигентните луѓе и неуредноста на ракописот е последица на брзото размислување.rnrnМногу историски личности ѝ припаѓале на оваа категорија, на пример Паганини, големиот виолинист, кој бил несомнено креативен и ексцентричен. Пикасо исто важи за личност со лош ракопис, но е врвен сликар. Во оваа категорија се вбројуваат и Бетовен, Наполеон и Фројд кои имале страшно неразбирлив ракопис.rnrnЗатоа не очајувајте доколку и вие ѝ припаѓате на оваа група на лоши пишувачи бидејќи и овие луѓе имале лош ракопис, но погледнете што сè имаат постигнато.

  • 5 необични работи кои укажуваат на висока интелигенција

    5 необични работи кои укажуваат на висока интелигенција

    Научниците подолго време се обидуваат да пронајдат врска помеѓу интелигенцијата и одредени човечки карактеристики. Според некои истражувања, овие 5 нешта нè прават поинтелигентни.rnrn5 необични работи кои укажуваат на висока интелигенцијаrn

    1. Лошо расположение

    rnНикој не сака лошо расположени луѓе, но научниците велат дека понекогаш треба да бидеме благодарни за таквите моменти, бидејќи тие нè прават поинтелигентни.rnrnПовеќе студии се занимавале со оваа врска. Во една студија австралискиот истражувач Џои Форгас утврдил дека тешкотиите и тагата ја подобруваат обработката на информации кои се потребни за решавање на комплексни ситуации. Друга студија која се спровела во Училиштето за бизнис во Колумбија, покажало дека чинот на муртење ни помага да останеме фокусирани на своите мисли, бидејќи така повеќе внимаваме на деталите.rn

    2. Ексцентричност

    rnЕксцентричноста не може лесно да се дефинира и измери. Генерално, за ексцентрични луѓе се сметаат оние кои имаат необично однесување што отскокнува од општествените норми, но кое пак не е опасно за самото општество.rnrnНекои докази упатуваат на тоа дека креативните интелектуалци се склони на ексцентричност, која е карактеристична и за самите научници. Иако не постојат официјални научни трудови кои можат да ја поткрепат оваа врска, сепак ако ги погледнеме некои од најголемите генијалци на сите времиња како Никола Тесла и Алберт Ајнштајн, оваа теорија ни станува лесно прифатлива.rn

    3. Влакнести гради (важи само за мажи)

    rnВо една студија која ја спровел д-р Aikarakudy Alias е пронајдена релација помеѓу влакнестото тело и интелигенцијата. Наместо да го набљудува само IQ-то на испитаниците, тој го следел и односот измеѓу влакната на телото и степенот на образование.rnrnНа крајот на студијата, д-р Алијас утврдил дека машките кои биле студенти или апсолвенти имале повеќе влакна од оние кои работеле физичка работа. Исто така заклучил дека оние студенти кои се истакнувале според интелигенцијата биле повлакнести од останатите. Неговата работа била фокусирана на влакната на градите, но истражувањето покажало и поврзаност на влакната на грбот кај мажите со интелигенцијата.rn

    4. Среќа

    rnВо минатото се сметало дека високиот степен на интелигенција е поврзан со депресијата и лошото расположение. Не е чудно кога ќе се земе предвид дека многу луѓе во минатото си го имаат одземено животот, паѓале во депресија или полудувале. Сепак, кога набљудуваме од денешна перспектива, нивното лошо расположение и депресијата може да се припише на времето и средината во која живееле. Факт е дека тие биле на чекор пред своето време и затоа биле несфатени од останатите.rnrnЕдна студија спроведена во Велика Британија на Универзитетот во Лондон покажала дека поголема е веројатноста луѓето со понизок степен на интелигенција да бидат понесреќни од оние кои се поинтелигентни. Нивната студија вклучила 6.870 испитаници и покажала дека ниската интелигенција често е поврзана со ниските примања и лошото ментално здравје кои значајно придонесуваат за незадоволството и лошото расположение.rn

    5. Леворакост

    rnНашиот мозок е поделен на две половини, и иако двете се подеднакво важни, сепак измеѓу нив постојат некои разлики. Кај луѓето, како и кај многу други цицачи, едната страна на мозокот е подоминантна, што е и една од причините што пишуваме само со една рака.rnrnНекои студии покажуваат дека леворакоста е поврзана со повисок степен на интелигенција. Во голем број случаи, леваците имаат повеќе бодови на тестовите за интелигенција, а често и побрзо ги завршуваат од деснаците. Исто така, факт е дека многу повеќе леваци имаат повисок IQ од 140, што ги сместува во категоријата гении. Тоа е веројатно и причината зошто има повеќе леваци во креативните професии како музиката, уметноста и пишувањето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најгрдите чевли во историјата на модата

    Најгрдите чевли во историјата на модата

    Кога станува збор за стилот и модата најчесто важи правилото „За вкусови не се расправа“. Но, понекогаш ексцентричноста на модните креатори ја преминува границата на убавото. Се навикнавме да носиме навистина неудобни чевли само заради нивната естетика и убавина, но која е поентата да го правиме тоа ако се грди? И секако, модата не е само форма, естетика, убавина – модата е став. Но понекогаш, производот е резултат единствено на недостиг од инспирација и потреба од внимание.rnrn(1) Најгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаНајгрдите чевли во историјата на модатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чевлите на Кристијан Лубутен – сон на секоја жена

    Чевлите на Кристијан Лубутен – сон на секоја жена

    Автор: Даниела РаденлиеваrnrnКога станува збор за чевлите, нема ниедна жена на светот која не го знае името Лубутен. Францускиот дизајнер на чевли направи империја со своите уникатни модели, женствениот облик и ексцентричноста во боите. Црвениот ѓон на чевлите стана негов заштитен знак и иако во моментот се води судска битка за тоа дали и Ив Сен Лорен има право да го користи знакот на Лубутен, низ целиот свет тоа е и ќе остане етикета за високата мода, означувајќи го неговото име.Чевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаОвој пост му го посветуваме нему, заради неговата успешна работа во текот на овие 20 години, како и заради појавувањето на 17 јануари како првиот гостин-дизајнер на плакатите на легендарниот париски кабаре-клуб „Crazy Horse” со што си ја запечати и така веќе огромната слава.rn
    rn

    “Ова кабаре е историски значаен споменик за Париз, споменик на танцот и прекрасен нов, модерен начин да се слави за жената од жената”– гласела неговата изјава за овој проект.

    rnТој најдобро знае како да ја спои женственоста се ексцентричноста и да ги претвори своите дизајни во модели во кои секоја жена може да се пронајде. Токму ова ги прави неговите чевли најпродавани во светот и застапени во плакарите на сите славни личности.Чевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаСпецијалната колекција со која ја прослави дваесетгодишнината од својата работа е најдобрата, како и најексклузивната досега според многу критичари.rnrnФантастичен во секој поглед, нуди изобилство материјал за да се пишува, како за него, така и за неговите колекции. Тој секогаш вели дека најголем кошмар за него би било кога некој би изјавил дека неговите чевли се удобни за носење, па својата креативност ја искористува за да ги поместува границите за висината на неговите потпетици, со што нуди сè само не удобност. Во секој случај, удобни или неудобни, Лубутенките се сонот на секоја жена.Чевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.