КАФЕ ПАУЗА

Tag: ефикасност

  • 5 диети што се одобрени од медицината и од науката

    5 диети што се одобрени од медицината и од науката

    Диетите се многу опасни ако им пристапите несериозно и затоа е многу важно да се консултирате со вашиот лекар пред да ја промените вашата исхрана, а овие 5 диети се научно докажани и ефикасни.rnrn5 диети што се одобрени од медицината и од наукатаrn

    1. Диета со низок внес на јаглехидрати

    rnТоа е диета со храна која содржи малку јаглехидрати и е совршена за луѓето кои сакаат да изгубат тежина бидејќи го оптимизира здравјето и го намалува ризикот од болести. Флексибилна е и ви овозможува да го усогласите внесот на јаглехидрати во зависност од тоа што сакате да постигнете.rnrnЗа време на оваа диета се јаде многу зеленчук, месо, риба, јајца, овошје и ореви, како и мрснотии, но малку скроб, шеќер и преработена храна.rn

    2. Медитеранска диета

    rnМедитеранската диета е одлична диета која е детално проучена. Особено е ефикасна за спречување срцеви заболувања. Се јаде храна што обично се јадела низ целиот Медитеран во текот на 20-тиот век и порано.rnrnМедитеранската диета вклучува риба, овошје и зеленчук, месо, житарки, мешунки, млечни производи и маслиново масло.rn

    3. Палео диета

    rnПалео диетата е многу популарна и ефикасна за слабеење и за подобрување на општото здравје. Во моментов е најпопуларна диета во светот. Таа се заснова на јадење необработена храна за која се верува дека наликува на храната која им била достапна на некои предци од палеолитот.rn

    4. Веганска диета

    rnВеганската диета станува сè попопуларна. Таа е поврзана со голем број здравствени придобивки, вклучувајќи намалување на тежината, подобрување на здравјето на срцето и подобра контрола на шеќерот во крвта. Диетата се базира на растителна храна и отстранување на сите производи од животинско потекло.rn

    5. Диета без глутен

    rnДиетата без глутен е неопходна за луѓето кои не толерираат глутен, протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот. За оптимално здравје, треба да се фокусирате на сета храна што е природно без глутен. Сепак, треба да се има предвид дека нездравата храна без глутен е сепак нездрава храна.rnrnПрочитајте кои 6 додатоци во исхраната може да го зајакнат имунитетот.

  • Дали е подобро да пиете ладен или топол чај?

    Дали е подобро да пиете ладен или топол чај?

    Покрај обичната вода, чајот е најпопуларниот здрав пијалок што можете да го пиете. Но, освен што е здрав и вкусен, чајот има голема предност и поради својата разновидност.rnrnДали е подобро да пиете ладен или топол чај?rnrnМногу луѓе пијат чај не само затоа што е здрав, туку и затоа што има голем избор на вкусови. Без разлика дали ќе изберете зелен, црн, бел или чај од куркума, ѓумбир, камилица, коприва, босилек или некој друг, сигурно знаете дека има многу лековити својства. Секој чај има различни придобивки за човечкото тело, но многу луѓе не знаат дека температурата и начинот на кој се прави чајот влијаат на неговата ефикасност.rn

    Дали е поздрав ладниот или топлиот чај?

    rnСите луѓе претпочитаат различна температура за својот топол пијалaк. Некои пијат кафе и чај додека се уште жешки, некои ги пијат топли, а некои млаки. Традиционалниот начин на подготовка на чајот е натопување на исушените билки во вода на температура од 65 до 90 °С, па и повеќе. Но, методот на натопување на билките во ладна вода се покажа дека има долгорочни здравствени придобивки. Според студијата од 2015 година објавена во медицинското списание „Food Science and Technology“, ладната вода ги зголемува здравствените придобивки на чајот, особено неговото антиоксидативно дејство.rnrnНо, проблемот со правењето чај со ладна вода е што исушените билки во таква вода мора да стојат неколку часа. Обидувајќи се да најдат решение за ова, истражувачите откриле дека ако сакате да ги искористите сите придобивки од ладниот чај, а не сакате да чекате неколку часа за да го испиете, можете накратко да ги натопите билките во топла вода и да додадете мраз во неа.rnrnПрочитајте кои се здравствените придобивки од карфиолот.

  • Дали пробиотиците се навистина корисни?

    Дали пробиотиците се навистина корисни?

    Што ако би можеле да земате пилула која би се справила со вашата депресија, констипација, дијареја, егзема, кариес и која би ви го зајакнала имунитетот? Што ако оваа пилула би ве штитела од нечистотиите на светот и би ја вратила рамнотежата на екологијата во вашето тело?rnrnДали пробиотиците се навистина корисни?rnrnИако за жал оваа пилула не постои, можеби пробиотиците се близу до неа. Популарноста на овие живи микроорганизми се дуплираше во текот на изминатава деценија. Денес можете да најдете пробиотици или продукти со нив во речиси секоја продавница. Па, дали навистина се од корист и дали се воопшто безбедни?rnrnОсвен ако немате навистина лош начин на исхрана или пиете премногу алкохол, нема многу докази дека додатоците со пробиотици ќе ви помогнат во целокупното здравје.rn

    „Ако земате пробиотици најверојатно ќе ги земате секој ден, и најдобро е да ги храните здравите бактерии со пробиотици. Воглавно, здравите луѓе би имале повеќе корист од редовно вежбање, избегнување пушење и пиење многу алкохол, отколку од земањето пробиотици“, изјавил доктор Крис Ирвин, нутриционист од Австралија.

    rnСепак, пробиотиците можат да бидат ефективен третман за одредени состојби или нарушувања. Иако нема многу докази кои ја поддржуваат идејата дека пробиотиците можат да помогнат со егзема, алергии и проблеми со забите, изгледа дека навистина можат да им помогнат на луѓето кои не сакаат вагинална габична инфекција или инфекција на респираторниот систем. Други истражувања откриле дека пробиотиците можат да помогнат со дигестивни проблеми и можат да го подобрат одењето во тоалет.rnrnНо како потрошувач, што би требало да барате во пробиотикот за да го добиете најдоброто за вашите пари?rn

    „Разните пробиотици имаат разни ефекти, па важно е да барате суплементи што ги содржат бактериите кои најмногу одговараат на вашата состојба. Дозата на бактеријата, односно единицата за формирање колонија е важна и мора да биде доволно висока за да ги сретне предностите набљудувани на клиничките истражувања. Краткиот одговор овде е ако некој бара пробиотици, нека одбере нешто со најразновидни бактерии и највисока единица за формирање колонија“, изјавил Ирвин.

    rnИрвин исто така препорачува да се советувате со вашиот лекар или нутриционист за да одредите кои брендови би биле најдобри за вас. Сепак, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Едно истражување од септември оваа година покажало дека има многу малку надгледување на фабриките кои произведуваат пробиотици. Само во САД, 50% од овие фабрики прекршувале некакво правило. Истражувањето покажало и дека пробиотиците можат да предизвикаат инфекции кај луѓе со послаб имунитет.rnrnДруго истражување од истиот период покажало дека некои луѓе можат да бидат отпорни на овие бактерии, па не ги чувствуваат придобивките. Истражувачите исто така се обиделе да откријат дали пробиотиците му помагаат на микробиомот да се врати по терапија со антибиотици, и откриле дека ја забавува реконституцијата на бактериите во стомакот.rnrnСе разбира, потребни се други истражувања за да се разбере вистинската моќ на пробиотиците и нивното влијание врз нашето здравје. Исто така не би требало да им припишувате повеќе отколку што можат да направат.rn

    „Мала е веројатноста дека пробиотиците се опасни, но не мислам ни дека се волшебни“, изјавил Ирвин.rnrn„Здравите луѓе имаат корист од здрава исхрана богата со зеленчук, овошје и плодови од цели зрна. Од друга страна, ако некој има слаба исхрана и не вежба доволно, неговите дигестивни бактерии можеби би имале корист од пробиотици, но веројатно ќе треба постојано да ги зема за да има трајни ефекти.“

    rnПогледнете и како да ги спречите габичните инфекции.

  • Зошто би требало да слушате музика додека работите?

    Зошто би требало да слушате музика додека работите?

    Дали додека работите сакате да потпевнувате песни од вашата омилена радио станица или музичка плејлиста кои сами сте си ја составиле? Доколку сакате да го правите тоа, имаме добри вести за вас. Науката конечно го потврдила она кое вие веќе одамна го знаете – со слушањето музика за време на работата ние станува многу попродуктивни.rnrnЗошто би требало да слушате музика додека работите?rnrnНаучници од Универзитетот во Тексас спровеле истражување преку кое успеале да докажат дека луѓето работат побрзо и со помалку грешки доколку на работа ја слушаат својата омилена музика. Испитаниците кои учествувале во ова истражување, 5 дена по ред добивале низа различни задачи кои требало да ги завршат, започнувајќи од граматички и математички проблеми, па сè до износ на податоци и комплицирани анализи. Дури 88% од нив работеле поточно, повнимателно и поефикасно покрај музика, додека 81% работеле и побрзо.rnrnТокму затоа слободно уживајте во вашата омилена музика за време на работата, а ако сте подготвени за експериментирање, послушајте ги и следниве препораки од експертите:rn

    1. Поп музика за внесување податоци

    rnrn

    2. Амбиентална музика за работа со броеви

    rnrn

    3. Музика за танцување за решавање проблеми

    rnrn

    4. Класична музика за работа која вклучува внимание на деталите

    rn

  • „Еве како научив да заспивам за само 1 минута“: Ефикасен метод против несоница

    „Еве како научив да заспивам за само 1 минута“: Ефикасен метод против несоница

    Својата исповед за тоа како ја пронашла оваа прекрасна метода, Али Гонзалес ја раскажа вака:rn

    „Сè започна недела дена пред венчавката на мојот најдобар пријател. Тогаш мојот замор и нервозата достигнаа критична точка. Никако не можев да заспијам. Сè поради тоа што морав да смислам говор. Мојата срамежливост и нервозата не ми дозволуваа да спијам. После три дена несоница и грижа за венчавката што следи, побарав совет од мајката на невестата. Таа ми предложи една метода, која требаше да успее. Јас ѝ поверував, бидејќи таа жена долго време држи часови по медитација и има лиценца за вршење медицинска практика. Што да кажам, нејзиниот совет ми го промени животот!“

    rnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrnНајдобро е да ја запомните оваа техника како „4-7-8“. Еве што треба да  направите…rnrn[message_box title=”Техника за брзо заспивање 4-7-8″ color=”yellow”]rnrnСместете се во лежечка положба, нека ви биде удобно и топло.rn

      rn011

    1. Затворете ги очите и вдишете длабоко низ носот. Вдишувањето со полни гради треба да трае 4 секунди.
    2. rn011

    3. После ова, задржете го воздухот во градите 7 секунди.
    4. rn011

    5. На крај, започнете полека да го испуштате воздухот низ устата во траење од 8 секунди.
    6. rn011

    7. Потоа, повторете ја целата процедура 4-7-8.
    8. rn

    rn[/message_box]rnrnДодека го правите ова, може да ги броите секундите во себе и со тоа да ја следите постапката на дишење.rnrnТолку е едноставно. Оваа вежба за дишење го намалува срцевиот ритам и смирува. Покрај тоа, делува брзо – по само неколку повторувања. Иако изгледа како бесмисленост, навистина делува.rn

    Како делува?

    rn

    Не можев да дочекам да ја испробам оваа ‘шега’ во пракса. На мое потполно изненадување, се разбудив следното утро. Дури не сфатив дека не сум ги изброила оние 8 секунди за издишување после второто повторување. Еве што дознав за тој ефект:rnrnКога чувствувате стрес, загриженост или анксиозност, количината на адреналин во крвта расте, а дишењето станува плитко и забрзано. Методата која ми ја кажа оваа жена делува како седатив. Задржувањето на здивот со особено бавно издишување го забавува срцевиот ритам. Тоа е физиологија.rnrnИсто така, оваа метода го смирува вашиот ум. Само затоа што постојано мора да броите во себе и да бидете сконцентрирани на дишењето. Во тој момент вие не го сфаќате тоа, но вашиот нервен систем полека ќе се смири, а чувството на загриженост ќе исчезне. Тоа ќе ви го каже секој невролог. Како резултат на тоа, цело ваше тело ќе се опушти. По брзината и силината оваа метода е слична како анестезија.“

    rnСо изучување на оваа техника се занимавал докторот по медицински науки на Харвард, Ендру Вејл. Тој утврдил дека методата „4-7-8“ неколку века им е позната на индиските наставници по јога. Тие ја користеле при медитација за постигнување потполна релаксација. Па, може да заклучиме дека е потполно безопасна.rnrnАко се разбудите во текот на ноќта или долго размислувате пред спиење, или сте нервозни поради некој настан што следи, користете ја методата ‘4-7-8’. Ќе ви биде од голема корист.rnrnДоктор Вејл препорачува да ја практикувате методата секој ден по двапати за да ја усовршите и да бидете во можност да ја искористите секој пат кога ќе ви биде потребна.rnrnОбидете се, нема да зажалите!

  • Ефикасна алатка за ефикасно завршување на работите

    Ефикасна алатка за ефикасно завршување на работите

    Автор: Надица ЧесмаџискаrnrnДали ви се случува при крајот на работниот ден да ви останат обврски коишто не сте успеале да ги завршите иако сте работеле со полн интензитет? Јас на пример, неретко се наоѓам во ситуација по завршување на работното време да ми остануваат невозвратени бизнис повици, задачи кои треба да се делегираат, неизменаџирани во целост лични обврски, мејлови непроследени докрај, недовршени презентации кои создаваат дополнителен стрес и нервоза.rnrn0-efikasna-alatka-za-efikasno-zavrshuvanje-na-rabotite-kafepauza.mkrnrnСе чувствуваме фрустрирани бидејќи секоја активност или обврска која не е завршена докрај и се пролонгира за во иднина, се трудиме да не ја заборавиме, а од друга страна сме конфузни бидејќи често не знаеме на која активност да ѝ дадеме приоритет. Без разлика колку добро сме концентрирани на завршување на задачите, нешто секогаш ни го поместува фокусот.rnrnИстражувањата покажуваат дека главните виновници за ваквиот тип неорганизираност најчесто се класифицираат во три групи:rn

      rn011

    • Прекинувачи/дистрактори: Сигурно ви се случило одредена стандардна задача да ви одземе повеќе време за реализација од вообичаеното токму поради честите прекинувања од типот на СМС-порака, телефонски повик од пријателите, неформален разговор со колегите или пак итна молба.
    • rn

    rn

      rn011

    • Неефикасен организационен систем: Дефокусираност од обврските кои го бараат нашето внимание. Нејасно дефинираните задачи и лошото планирање се карактеристични за ваков тип однесување.
    • rn

    rn

      rn011

    • Лоша приоретизација: Искуството покажува дека одговорностите кои ни се полесни за реализација ги правиме веднаш, односно ги рангираме како приоритетни иако не се со голема итност, додека пак комплексните свесно ги одложуваме најчесто поради недоволно знаење или пак едноставно не ни се допаѓаат.
    • rn

    rnПотребна ни е метода или поинаку кажано систем којшто ќе го минимизира влијанието на т.н. дистрактори и ќе води кон поголемо и подобро себеменаџирање.rnrnМетодот, кој подолу ви го презентирам, ќе ви помогне да се организирате подобро и да останете продуктивни. Можеби ви се чини дека е комплицирано да се изведе, но основата е едноставна. Целта е ефикасно завршување на задачите со помалку напор.rnrnЧекор 1: Добивате задача.rnrnЧекор 2: Дефинирајте ја задачата/обврската според ранг и приоритет (важна, неважна, итна, помалку итна итн.).rnrnЧекор 3: Утврдете дали задачата бара соодветна итна акција од ваша страна? Доколку одговорот е негативен, тогаш зададената обврска ја класифицираме како можна за реализација во иднина. Во случај кога одговорот е позитивен следува:rnrnЧекор 4: Утврдете дали се потребни помалку од 2 минути за извршување на задачата? Ако одговорите со ДА, тогаш завршете ја ВЕДНАШ, во спротивно:rnrnЧекор 5:rnrnА. ДЕЛЕГИРАЈТЕ ја обврската доколку сметате дека другите имаат капацитет да ја завршат и на крајот контролирајте.rnrnБ. Ако пак сте сигурни дека вие сте личноста која треба да преземе одговорност за исполнување на задачата, тогаш:rn

      rn011

    • Запишете ја во вашиот НЕДЕЛЕН КАЛЕНДАР на активности со точно дефинирана дата или,
    • rn011

    • Запишете ја како ДНЕВНА АКТИВНОСТ за реализација веднаш по завршување на тоа што го работите во моментот.
    • rn

    rnКога во иднина вашиот менаџер, колега, соработник, добавувач, ќе ве изненади со некоја нова активност за реализација во момент кога работите на друг проект нема да има потреба да се стресувате или да се трудите да не ја заборавите задачата за подоцна. Сега имате алатка која ќе ви овозможи да ја ставите во систем, односно да ја организирате секоја следна задача побрзо и поефикасно.rnrnМожете да го преземете моделот како шематски приказ и да го закачите во вашата канцеларија, како што е случајот кај мене. Дополнително може да ја набавите и книгата „Getting Things Done“ од David Allen каде може да најдете повеќе интересни содржини и информации од оваа тематика и да ги имплементирате.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

    ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

    Оние кои наутро најпрво посегнуваат по шолјата кафе го сметаат кафето за пијалак испратен од Бог. Консумирањето кафе има бројни бенефиции, како спречување на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест или зголемена ефикасност на одредени апчиња против болки, како Аспиринот на пример. Сепак, кафето има и одредени негативности. Може да предизвика покачување на крвниот притисок, нарушувања во спиењето како и дамки на забите. Ова се некои бенефиции, но и негативности од косумирањето кафе. Сепак, сè си има свои добри и лоши страни, па така и кафето.rnrnza-i-protiv-pienjeto-kafe-kafepauza.mkrn

    ЗА:

    rnКафето содржи антиоксиданси, витамини, минерали и диететски протеини. Редовните консументи на кафе имаат бројни здравствени придобивки. Жените кои се страсни обожаватели на кафето имаат помал ризик за заболување од рак на дојка, додека кај мажите е намален ризикот од рак на простата. Истражувањата покажале дека консумирањето кафе го намалува ризикот од некои болести и заболувања, како на пример:rn

      rn011

    • Паркинсонова болест
    • rn011

    • Алцхајмерова болест
    • rn011

    • Дијабетес тип 2
    • rn011

    • Жолчни камења
    • rn011

    • Рак на усната шуплина, на хранопроводот или грлото
    • rn011

    • Напади на астма
    • rn011

    • Срцева аритмија
    • rn011

    • Мозочен удар
    • rn011

    • Цироза
    • rn011

    • Служи како стимуланс на одредени апчиња против болки
    • rn

    rnЗА и ПРОТИВ пиењето кафеrn

    ПРОТИВ:

    rnИако кафето има позитивни ефекти, преголемата консумација може да резултира негативно. Негативните ефекти на кафето вклучуваат:rn

      rn011

    • Нарушување на сонот и шемата на спиење
    • rn011

    • Аудитивни халуцинации
    • rn011

    • Отежнување на апсорпцијата на некои витамини и минерали во организмот, како магнезиум, цинк и железо
    • rn011

    • Покачување на крвниот притисок
    • rn011

    • Дехидрација и губење на витамин Б и Ц, како и калциум, железо и цинк
    • rn011

    • Дамки на забите
    • rn011

    • Може да ја влоши состојбата доколку сте подложни на киселини во желудникот
    • rn

    rnИсто така, кафето спаѓа меѓу растенијата и плодовите кои најмногу се прскаат со пестициди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го примените правилото 80/20 во вашиот живот?

    Како да го примените правилото 80/20 во вашиот живот?

    Популарното правило на животот, правилото 80/20 е мудар концепт измислен од страна на италијанскиот економист Вилфредо Парето. Накратко, според овој принцип, 80% од резултатите доаѓаат од само 20% од вкупниот број на вашите активности. Парето дошол до принципот така што го набљудувал 80-процентното создавање на грашокот од 20-процентните мешунки со грашок во својата градина.rnИдејата на правилото 80/20 е многу едноставна. И покрај тоа што разбирањето на правилото е многу лесно, сепак неговата примена во вашиот живот може да биде малку комплицирана. Погледнете ги наредниве неколку совети кои ќе ви покажат како и вие би можеле да го применувате ова правило во вашиот живот.rnrnКако да го примените правилото 80/20 во вашиот живот?rn

    Искористувајте го вашето време најдобро што можете

    rnПравилото 80/20 може да ви помогне да станете многу поефикасни и да го користите вашето време најдобро што можете. За почеток, идентификувајте ги оние дневни активности кои ви носат најмногу резултати. Идејата е дека само 20% од вкупниот број на дневните активности ви носат 80% од посакуваните резултати. На пример, ако сте решиле денес да го средувате вашиот дом, разговорите по телефон, сурфањето на интернет и гледањето телевизија воопшто нема да ви помогнат во вашата цел. Токму поради тоа исфрлете ги тие активности од вашата листа и фокусирајте се на оние нешта кои навистина ќе значат завршување на вашата работа како бришењето прашина, поминувањето со правосмукалка или средувањето на шкафот.rnrnОткако ќе ги идентификувате најпотребните 20% од вашите активности, мора целосно да се фокусирате на нив доколку сакате да ја постигнете својата цел. Ако го направите само она што е најважно, тогаш големи се шансите дека ќе ја завршите вашата работа порано и дека останатото време ќе ви остане слободно.rn

    Борба против стрес

    rnПравилото 80/20 може да се употреби и како начин за намалување на стресот. Со неговата примена, веднаш можете да заклучите дека само 20% од сите ваши активности ви носат 80% од целокупниот стрес. Имајќи го ова на ум, обидете се да ги идентификувате тие активности и потоа запрашајте се себеси колку од нив можете уште веднаш да ги елиминирате.rn

    Заработувајте повеќе пари

    rnОвој принцип може да ви помогне и со вашата заработка. Доколку внимателно читавте до тука, сигурно веднаш заклучивте дека само 20% од вашите работни активности ви носат 80% од целосната заработка. На пример, наместо бесцелно да сурфате по интернет или пак, на секои 5 минути да станувате по нова шолја кафе велејќи си дека има време за вашата работа, фокусирајте се на работните обврски за кои сте платени. На тој начин побрзо ќе завршите со вашата работа и истовремено таа ќе биде многу поквалитетно сработена.rn

    Заштедете повеќе

    rnПравилото 80/20 може да ви помогне и при штедењето така што рационално ќе одредите 20% од сите ваши трошоци кои ви носат 80% од потребната вредност. Овој принцип укажува на фактот дека 80% од вашите трошоци се непотребни, а понекогаш дури и бескорисни. Имајќи го ова на ум, елиминирајте ги оние нешта без кои можете да живеете и кои немаат никакво влијание во вашиот живот и со тоа направете место за оние нешта кои навистина ви се потребни.rn

    Создадете подобри врски

    rnКолку и да не ви се верува, овој принцип навистина може да ги подобри вашите врски. Правилото 80/20 укажува на фактот дека само 20% од вашите врски со другите луѓе ви овозможуваат 80% од тоа што навистина ви е потребно. Со други зборови, само мал дел од луѓето во вашиот живот навистина вредат. За да изградите подобри врски, обидете се да поминувате повеќе време со тие 20% луѓе (членови на фамилијата, најблиски пријатели и партнерот) на кои и вие најмногу им значите.rn

    Живејте посреќен живот

    rnСо правилото 80/20 можете да имате многу подобар и посреќен живот. Обидете се да го замислите следново – вие имате многу послободно време да се фокусирате на оние нешта со кои ќе ги постигнете вашите цели, нема да бидете постојано под стрес бидејќи сте ги елиминирале оние активности кои ви приредуваат стрес, заработувате повеќе пари бидејќи сте научиле како да се насочувате кон попрофитабилните активности и градите многу подобри врски со најблиските. Со други зборови, со интегрирањето на овој принцип во вашите секојдневни активности можете целосно да го промените вашиот живот и животот на оние кои најмногу ви значат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трикови за ефикасно управување со времето

    Трикови за ефикасно управување со времето

    Се чини во последно време сите се воодушевени од time management и магичните резултати кои ги носи. Посетуваме курсеви, водиме дневници, ги симнуваме последните апликации, но времето секогаш успева да нè погази.rnrnВистината е, триковите и советите кои ги читаме поврзани со ефикасно управување со времето во најголем дел не функционираат. Тоа е затоа што се трудиме да се натпреваруваме со „часовното време“ а во суштина живееме во „реално време“. Часовното време има 60 секунди во минута, 60 минути во час, 24 часа во ден и 365 дена во годината. Времето поминува подеднакво, секоја секунда трае – секунда! Но, кога станува збор за реалното време, сè е релативно. Самиот Ајнштајн рекол:rn
    rn

    „Кога човек седи до убава девојка еден час, му изгледа како да поминала една минута. Но ако го седнете на жежок шпорет една минута, ќе му изгледа како еден час. Тоа е релативност.“

    rn Трикови за ефикасно управување со времетоrnrnПричината зошто направите и апликациите за мерење и управување со времето не функционираат е фактот што тие се направени да го мерат часовното време, а не времето во кое навистина живееме. Всушност, часовниците се неважни. Ние немаме пристап ниту влијание врз тоа време, ние живееме во простор и во време каде секундите летаат кога уживаме, а стрелките не се помрднуваат кога чекаме.rnrnДобрата вест е тоа што можеме да го контролираме реалното време. Ние го креираме, а сè што креираме можеме и да го контролираме. И сега навистина е моментот конечно да се ослободиме од вечниот изговор „Немам време!“.rnrn

     Трикови за ефикасно управување со времето
    „Би сакала да си забележам во календарот учество на семинар за управување со времето… само штом ќе најдам време да си купам календар!“
    rnrnПостојат само 3 начини на кои го трошиме времето: мисли, разговор и активности. Без разлика на она што го правиме сè се врти околу овие три нешта. Ние сме ученици, студенти, бизнисмени, родители, работници и постојано сме растргнати помеѓу мал милион активности, но, ние одлучуваме колку мисли ќе посветиме на секоја обврска, битна или небитна, а колку на патот кон успехот.rnrn
     Трикови за ефикасно управување со времето
    „Пред да започнеме со семинарот за управување со времето, дали секој од вас доби рачен часовник со 36 часа?“
    rnrn1. Носете роковник или дневник, но не само за обично бележење на обврските. Запишувајте ги и вашите мисли, разговори и активности во текот на една недела. Многу брзо ќе сфатите на што го трошите драгоценото време и колку од она што го извршувате во текот на денот е всушност продуктивно. Кога ќе откриете што е она што најмногу ви одзема од денот, а не ви носи никакви резултати ќе знаете многу подобро да го искористите тоа време.rnrn2. Секоја активност или обврска која е важна за вас и мора да ја извршите треба да си има закажано време. Списоците и to-do листите се ефективни сè додека не се предолги и на крајот се губиме во сите важни и помалку важни обврски. Затоа, за најважната во текот на денот закажете време и место и со сигурност ќе ја завршите.rnrn3. Обврзете се барем 50% од времето кое го трошите во текот на денот да биде продуктивно и да ви носи видливи резултати.rnrn4. Закажете си време за прекини. Да можевме обврските и работата да си ја вршиме непрекинато, сè ќе беше многу полесно и побрзо ќе завршувавме. Но, постојано функционираме и комуницираме со луѓето околу нас, па мора да сметаме и на тоа дека ќе треба дел од времето да им го посветиме и нив. Секогаш одвојте барем час време од работниот ден за непланирани обврски.rnrn5. Одвојте 30 минути од утрото за да го испланирате денот пред вас. Не започнувајте со работа сè додека не знаете точно што и кога треба да направите во текот на денот.rnrn6. Одвојте 5 минути пред секој разговор или состанок за да одлучите што точно сакате да постигнете. Ќе знаете многу подобро и побрзо да пристапите кон целта и секако, многу полесно ќе го добиете она што го сакате, а времето ќе оди во ваш прилог. После разговорот размислете дали ја постигнавте целта и како можете да се подобрите нареден пат.rnrn7. Исклучете го телефонот, одлогирајте се од социјалните мрежи и кажете им на другите да не ве вознемируваат кога имате обврска што мора да биде завршена во најкраток можен рок. Ќе го намалите стресот и побрзо ќе функционирате.rnrn8. Вежбајте да не се јавувате на телефонот само затоа што ѕвони или веднаш да одговорите на мејлот кој само што пристигнал. Имајте определено време во денот кога ќе одговарате на сите повици и пораки. Не давајте им го драгоценото време на луѓето во текот на целиот ден, освен ако вашата работа или бизнис не бара постојано да бидете во контакт.rnrn9. За крај, запомнете дека е едноставно невозможно да завршите сè во еден ден. И дека шансите се огромни 20% од вашите мисли, разговори и активности да креираат 80% од вашите резултати.rnrn
     Трикови за ефикасно управување со времето
    „Секогаш давам 110% во мојата работа: 40% во понеделник, 30% во вторник, 20% во среда, 15% во четврток и 5% во петок.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Треба ли да пиеме кафе пред физичка активност?

    Треба ли да пиеме кафе пред физичка активност?

    Некои истражувања покажуваат дека пиењето кафе пред вежбање, може да ја зголеми ефикасноста, особено при џогинг на подолги стази. Но, не сите истражувања го тврдат истото. Така, една неодамнешна студија објавена од Американскиот колеџ за кардиологија, тврди дека и пиењето кафе во умерени количини може да ги наруши атлетските перформанси.rnrnТреба ли да пиеме кафе пред физичка активност?rnrnПротокот на крвта до срцето се зголемува во текот на вежбањето.Но, при направениот експеримент, кога на спортистите им биле дадени кофеински таблети, резултатите покажале дека протокот на крвта бил драстично намален, што би значело дека помалку кислород и хранливи материи одат до срцето.rnrnТреба ли да пиеме кафе пред физичка активност?rnrnОвој ефект на намалување на притисокот на крвта не е важен само од аспект на остварување на поголема ефикасност при вежбањето, туку може да претставува и сериозен проблем за оние со срцева болест или висок крвен притисок. Комбинацијата од вежбање и кофеин, ја зголемува работата на срцето и значително ги зголемува потребите на телото за кислород. Па, кога оваа потреба нема да се остварува, резултатот може да биде постојана зашеметеност и сериозни промени на срцевиот ритам.rnrnТреба ли да пиеме кафе пред физичка активност?rnrnЕфектите на кофеинот врз спортските перформанси може да варира во зависност од индивидуата и количината на кофеинот која се консумира, па затоа е тешко да се генерализира. Сепак, би било мудро да се избегнува пиење кафе пред вежбање за да се одбегнат евентуалните негативни ефекти. Многу фитнес тренери препорачуваат, доколку вежбате, кафето да го замените со зелен чај без кофеин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.