КАФЕ ПАУЗА

Tag: ѕвезда

  • Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

    Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

    Блогерката Келси Велс во последниве 18 месеци следи фитнес програма од која се гледаат одлични резултати. Но, ако мислите дека таа се грижи за нејзината тежина, тогаш без сомнение грешите.rnrn(2) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изгледrnrnВо својата последна објава на Инстаграм, Келси споделила 3 различни фотографии од неа во кои има 3 различни тежини: 65 килограми, 55 килограми и 63 килограми. Во најновата фотографија, каде што има 63 килограми, таа изгледа одлично и со добро обликувани мускули, за разлика од онаа каде што е најслаба, односно со 55 килограми. Исто така и на двете фотографии, изгледа како да е со истата телесна тежина.rn

    „Сметав дека е време за пријателско, но строго потсетување“, вели таа во објавата. „Девојки, ве молам престанете да се опседнувате со бројката на вашата глупава вага. Ве молам престанете да мислите дека вашата тежина е еднаква со вашиот напредок и најмногу од сè ве молам да престанете да ѝ дозволувате на вашата тежина да има какво било влијание врз вашата самодоверба, како што ми се случуваше на мене.“

    rn(3) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изгледrnrnКелси ја започнала програмата за вежбање 8 недели по породувањето, кога имала 65 килограми, со висина од 170 сантиметри. Тоа се само 2 килограми помалку од нејзината моментална тежина.rn

    „Имав 58 килограми пред да забременам, па кога почнав да вежбам, според мојата искривена перцепција, одлучив дека целта ми е да стигнам до 55 килограми со цел да можам да ги облечам моите најтесни фармерки“, објаснува таа.

    rn(4) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изгледrnrnТаа брзо ја постигнала посакуваната тежина, но од тогаш додала уште 8 килограми и се префрлила од XS во M.rn

    „Конечно научив да го мерам мојот напредок според нештата кои навистина се важни – силата, способноста, издржливоста, здравјето и среќата“, пишува таа. „Никогаш порано не сум имала повеќе мускули и помалку маснотии од сега. Никогаш не сум била ни поздрава одошто сум сега. Никогаш не ми било поудобно во мојата кожа од сега. И ако не ја исфрлев вагата од мислите, одамна ќе се откажев од моето патување.“

    rn(5) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изгледrnrnТаа советува да го игнорирате она мало гласче кое во вашата глава ги нагласува килограмите кои ги гледате на вагата и да се фокусирате на начинот на кој изгледате и се чувствувате!

  • Бидете си свој универзум

    Бидете си свој универзум

    Луѓето денес живеат „брзо“. Растргнати сме меѓу работата, семејството, обврските… Понекогаш забораваме да јадеме, да се слушнеме со најблиските, па дури и да дишеме длабоко. Во сиот тој хаос се забораваме себеси и своите потреби. Затоа, одвојте време и посветете го единствено на вас. Неколку минути од денот нека бидат само ваши, создадете си универзум, односно вие бидете си свој универзум. Обидете се, многу е едноставно.rnrn(1) Бидете си свој Универзумrn

    1. Бидете си сонце

    rnЗапаметете дека секој ден започнува со зрак светлина, секое утро можете на појасен начин да ги видите боите околу вас, секое утро можете да се стоплите и да ги загреете вашите тело и душа од вчерашните „ветрови“ и секое утро имате нова можност да заблескате.rn

    2. Бидете си месечина

    rnСмирете се однадвор и однатре од секојдневната бучава и брзаница. Одвојте неколку минути да се слушнете, да ги слушнете своите мисли и своите чувства. Тие ви го покажуваат патот кој ќе ве води напред. Пресликајте ги вашите мисли и чувства во реалноста, во вашата љубов, во вашата работа, подгответе ги за моментот кога ќе изгрее сонцето, како она надвор, така и она вашето, во вашиот личен универзум. И запомнете, доколку сакате луѓето да ве доживеат онакви какви што навистина сте, треба да бидете комплетни и видливи, без да ги криете најубавите делови од вас. Само на тој начин ќе може да заблескате и да ја осветлите темнината, исто како и месечината.rn

    3. Бидете си ѕвезда

    rnБарајте светлина и тогаш кога е многу темно околу вас. Па дури и да изгорите, дозволете ѝ на експлозијата да создаде мали дијаманти и да ја претвори вашата болка во бисери на мудрост. Бидете си сопствена ѕвезда, без да барате потврда за вашето постоење. Ѕвездата ја знае својата вредност и е свесна за малата, но значајната светлина којашто излегува од неа. Едноставно, ѕвездата е свесна за својата вредност, без оглед дали околината ја гледа на таков или на поинаков начин. Бидете ѕвезда во сè што правите и ќе забележите како сиот Универзум отстапува голем простор за вас.rnrn(2) Бидете си свој Универзумrn

    4. Бидете си небо

    rnБидете широки и отворени за животот и за сите можности кои се отвораат пред вас. Прегрнете го дождот, бурата и грмотевиците. Научете како да постоите без оглед на времето и никогаш не заборавајте да создадете виножито по секое невреме, да го расчистите умот и да продолжите да создавате неверојатна уметност со облаците кои никогаш не ве оставаат сами. Тие облаци се со различна форма и големина и ја претставуваат секоја форма на животните предизвици со кои се соочувате.rn

    5. Бидете си море

    rnПродолжете да пливате кон морското дно сè додека не го најдете богатството во вашата душа. Дозволете брановите да ве удираат и да ве понесуваат со себе, додека не го најдете својот мир и не го создадете прекрасниот шум на малите бранови, кои носат толку спокој во себе. Сподели го спокојот со околината, со семејството, со пријателите… Дозволете и тие да уживаат во убавините кои ги носите со себе, и мистичноста којашто се крие во големите длабочини. Никогаш не заборавајте дека морето во вас има огромна убавина и моќ да ги лекува раните.rn

    6. Бидете си планета

    rnОбидете се да ги пронајдете нештата во вас кои ве тераат да одите напред и сменете ги оние кои можат да ве уништат. Опкружете се со позитивна енергија и пополнете го секое празно место во вашиот универзум со луѓе кои ве разбираат и кои сакаат да живеат во него. Тие луѓе треба да бидат слични на вас. Да имаат свои универзуми во себеси, но секогаш да копнеат да истражуваат и да прифаќаат нови универзуми и светови. Обидете се да ги отстраните луѓето кои се со вас, а постојано размислуваат за живот на друга планета. Таквите не ви се потребни. Запомнете, вие сте планета.rnrnНе плашете се да бидете свој универзум, затоа што вие веќе имате многу во вас!

  • Оваа 17-годишна мачка е најмрзливата интернет ѕвезда во Јапонија

    Оваа 17-годишна мачка е најмрзливата интернет ѕвезда во Јапонија

    Со 17 години зад себе, може да се каже дека убавата мачка Ура има проживеано долг и исполнет живот. Но, таа сè уште не се повлекува од светот на славните. Интернет ѕвездата има посветена 24.000 публика на Твитер и на блогот, па за неа се облекува во слатки костуми како јаготки и зајачки уши.rnrn4-ovaa-17-godishna-machka-e-najmrzlivata-internet-dzvezda-vo-japonija-kafepauza.mkrnrnУра-чан страда од бубрежна неспособност, па затоа на нејзините фотографии најчесто е во релаксирачка положба. Нејзиниот сопственик вели дека таа е смирена и бавна.rnrn

  • Кое е најстуденото место во универзумот?

    Кое е најстуденото место во универзумот?

    Дефинитивно не е Северниот Пол, ако помисливте на тоа. 🙂 Најстуденото место кое досега е познато се наоѓа во маглината Бумеранг. Таа се наоѓа во соѕвездието Кентаур на 5.000 светлосни години од Земјата. Станува збор за планетарна маглина која се формирала околу сјајна, централна ѕвезда која исфрла гасови во последните фази од својот живот.Кое е најстуденото место во Универзумот?Маглината Бумеранг е едно од најчудните места во универзумот. Во 1995 година астрономите Сахаи и Њајман откриле дека тоа е најстуденото место досега познато. Со температури од -272 степени Целзиусови, тоа е за само еден степен потопло од апсолутната нула (најниската долна граница на температурата). Дури и жарот од Биг Бенг е потопол од оваа маглина, тој изнесува -270 степени Целзиусови.rnrnИзгледот на машна на оваа маглина настанал поради силните ветрови кои достигнуваат и до неверојатни 500.000 км/ч, дувајќи ултрастудени гасови од ѕвездата во умирање. Астрономите велат дека ѕвездата губи по 1/1000 соларна маса годишно во период од 1.500 години. Бидејќи целиот процес се одвива околу 10-100 пати побрзо одошто кај другите слични објекти, тие сметаат дека огромните брзини со кои се шири оваа маглина е причината поради која таа е најстудениот регион во универзумот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во Њујорк

    Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во Њујорк

    На модната недела во Њујорк, на претставувањето на новата колекција пролет/лето 2013, објективите се свртеа кон внуката на Александар Ванг, 3-годишната Аила. Малечката модна икона очигледно го наследила вкусот на чичко ù, кој ја преферира црната боја. Таа носи црна ташничка „Шанел“, патики „Најк“ и кожен фустан, креиран лично од Александар за оваа прилика.Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу на ВангЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркПогледнете уште неколку модни комбинации, во кои е досега фотографирана малечката и преслатка внука на познатиот американски дизајнер со јапонско потекло…Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во Њујорк
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сонцето во малку поинакво издание

    Сонцето во малку поинакво издание

    Ова е поглед на Сонцето какво што досега никогаш не сме го виделе. Овие восхитувачки фотографии ни го прикажуваат внатрешното вриење на нашата ѕвезда на таков начин што човечкото око не би можел да го забележи. Сателитот на Сончевата Динамична Опсерваторија на NASA (SDO) направил слики кои ја покажуваат енергијата што ја ослободува Сонцето во вид на бранови должини, како X-зраци и ултравиолетова светлина. Тоа помогнало за добивање многу нови сознанија за начинот на функционирање на Сонцето.rnrn

    Сонцето во малку поинакво издание
    Овие X-зраци и УВ-светлината им помогнале на научниците да го разберат начинот на кој функционира Сонцето.
    rnrnЧистината на сликите од SDO-сателитот укажува на тоа дека во NASA ќе пристигнат многу покорисни податоци за разлика од кое било друго вселенско летало. Овој сателит секој ден испраќа околу 1,5 терабајти податоци што е еднакво на 500.000 песни на вашиот мп3 плеер.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сателитот има произведено чудесни слики од Сонцето, набрзо по неговото лансирање во февруари, 2010 година.
    rnrnНекои слики покажуваат и работи кои никогаш досега не биле видени, детали за сончевиот материјал кој струи околу Сонцето, како и приказ одблизу на активностите кои се одвиваат на неговата  површина.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектрум – светлина која е невидлива за човековото око, но која го предизвикува потемнувањето на кожата при сончање
    rnrnСателитот бил лансиран во февруари, 2010 година. Неговиот главен научник Дин Песнел, пренесува дека податоците кои NASA ги добива од него ги реобликуваат и менуваат теориите за начинот на кој функционира нашата ѕвезда, но и овозможуваат да се набљудуваат скорешните бурни активности кои се одвиваат на неговата површина.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектар на бои. Светлите делови се предели на Сонцето со изразена активност кои можат да предизвикаат сончеви бури.
    rnrnВо текот на 5-годишната мисија, овој сателит ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговата улога во климатските промени на Земјата. Исто така, ќе се детерминира улогата на магнетното после на Сонцето во создавањето на силните соларни, деструктивни појави како соларните ветрови.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Сателитот ќе им помогне на научниците во проучувањето на штетата која може да ја предизвика соларната светлина врз работата на комуникациските сателити и напојувањето со енергија.
    rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    NASA објавува дневни фотографии и видеа од движењето на Сонцето
    rnrnСончевата Динамична Опсерваторија на NASA е лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, Америка. Во текот на 5-годишната мисија, се проценува дека ќе се потрошат околу 855 милиони долари за одржување на неговата активност. Ова вселенско летало, орбитира околу Земјата на околу 35.405 км, сончевите панели се големи 6,4 метри и продуцираат струја со јачина од 1.450 вати.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Во текот на 5-годишната мисија на сателитот, тој ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговото влијание врз климатските промени на Земјата.
    rnrnИнструментите кои се наоѓаат во сателитот се дополнително заштитени од радијација, бидејќи тој се наоѓа надвор од радијацискиот појас на Земјата, каде што има високо ниво на зрачење.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Комбинација од три бранови должини на светлина во една слика – од X-зраци до УВ-зраци… Светлиот прстен ги прикажува местата со големо магнетно зрачење.
    rnrnОва летало има три инструменти кои се задолжени за фаќање слики од Сонцето со ултрависока резолуција.rnrn
    Сонцето во малку поинакво издание
    Црните точки се сончеви пеги кои се движат по површината на Сонцето.
    rnrnСателитот, исто така, помага во разбирањето на соларниот притисок кој се генерира на неговата површина.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоу

    Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоу

    Во Тајланд се емитува реално шоу во кое камерите го следат однесувањето на единствениот учесник кој најчесто спие или јаде бамбусови гранчиња. Ѕвездата на ова шоу е Лин Пинг, бебе панда кое е толку омилено во Тајланд поради што еден телевизиски канал наречен „Панда канал“ го пренесува секое нејзино движење во живо, во текот на целиот ден.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуЛин Пинг е родена во 2009 година во зоолошката градина „Чијанг Мај“, која се наоѓа во северниот дел од Тајланд и оттогаш е главна атракција во земјата, предизвикувајќи вистинска „пандоманија“.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуВо 2009 година на натпреварот за избор на име на малата панда се заинтересирале 22 милиони луѓе. Популарноста на Лин Пинг може да се спореди со онаа на поларната мечка Кнута и на октоподот Пол.rn

    rnСпоред договорот помеѓу Кина и Тајланд, слаткото милениче мора да биде предадено на кинеските власти кога ќе наполни две години, а тоа е во мај оваа година. Во зоолошката градина се надеваат дека ќе успеат да ја задржат Лин Пинг уште некое време, а за тоа се залага и Прасертсак Бунтракулпунтави, водачот на тајландскиот „Проект панда“.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуПандата е многу значајна и за зоолошката градина. Како резултат на големата популарност на Лин Пинг, посетите се зголемени за 30 до 40 проценти.rnrnОд владата е побаран заем за изградба на натстрешник со клима уред во просторот за играње, во вредност од 28,5 милиони бати (930.000 долари).rn

    rnСе планира по пат на вештачко оплодување да се добие уште едно младенче панда и да се основа истражувачки центар за панди.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуЛин Пинг е првата панда родена во Тајланд и за луѓето од „Проектот панда“ е интересно сè што таа прави. Ја гледаат како си игра, расте и се развива, па тие се чувствуваат како да одгледуваат сопствено дете.rnrn