Џулија Робертс ги доживеала и добрите и лошите страни на родителството. Таа има три деца: Хејзел, Фин и Хенри, а нејзинот сопруг е Дени Модер. Уште откако станала мајка за прв пат во 2004, таа почнала да ги споделува своите искуства и совети. Затоа издвојуваме 15 изјави на Џулија кои сметаме дека ќе ви дадат храброст и самодоверба како родител.rnrn
rn
„Ја немам привилегијата да имам многу слободно време. Сигурна сум дека бев многу послободна пред да имам деца, но не знаев што да правам, ниту како да го ценам тоа време. Но ми се допаѓа замената. Немам време за педикир, но децата ме прават пресреќна. Не е важно дали стапалата ми изгледаат лошо.“
rn
„Ги обожавам семејните ручеци и вечери, тогаш е времето кога разговараме за неверојатни работи. Обично појадувам и вечерам со моите деца секој ден. Убаво е како деновите ви започнуваат и завршуваат заедно.“
rn
„Сакам да ги воспитувам моите деца, не сакам да ги имаат потешкотиите кои ги имав јас како дете. Но во исто време, треба да ги оставам да си ги средат сами креветите, да знаат да ги соберат валканите алишта или да направат нешто за јадење. Тие се едни од најважните вештини што треба да ги знаете. Треба да ја трчаат својата трка. Треба сами да си создадат искуство.“
rn
„Никој не е до вас кога сте станати во 3 часот наутро и се запрашувате: ‘Што правам?’ ‘Од каде дојдоа и каде ќе заминат?’ Постојано размислувате на тоа, сите родители мислат на тоа. Нивното растење е процес на правење грешки исполнет со солзи. Имам три прекрасни деца, и само кога ќе се сетам колку беа малечки… Времето навистина лета.“
rn
„На нашата земја не ѝ оди баш најдобро во последно време, и тоа предизвикува фрустрации. Но не смеете да се откажете од надежта. Ова е време кога треба да се издигнеме како општество, семејство и како држава и да се слушнат нашите гласови. Тоа ги учам моите деца бидејќи се доволно возрасни за да бидат свесни што се случува во политиката. Многу е важно да бидеме искрени со нив и да бидеме нивна поддршка во овој процес.“
rn
„Мислам дека моите деца никогаш нема да бидат целосно свесни за мојата слава. Еднаш ме прашаа дали сум позната, и им одговорив дека најверојатно многу луѓе го виделе филмот во кој глумам и ме препознале. Помина еден час и ме прашаа: ‘Дали си попозната од Тејлор Свифт?’“
rn
„Кога треба да облечете четири луѓе пред да излезете од дома, тогаш немате многу слободно време за себе. Но мене тоа ми одговара. Никогаш не сум била од оние кои прават фризура и се шминкаат само за да отидат до супермаркетот.“
rn
„Многу е поинаку отколку во времето кога јас бев тинејџер. Дени и јас навистина не знаеме како е да се биде тинејџер денес. Понекогаш моите деца ме прашуваат нешто, и бидејќи не знам како да им одговорам морам да направам цело истражување на Интернет.“
rn
„Има денови кога само што ќе завршите со чистење на садовите од појадок, треба да почнете со готвење ручек. А кога ќе завршите со чистење од ручекот, време е за вечера и тогаш посакувате да нарачате нешто. Но исто така има денови кога е интересно и децата ми помагаат при готвењето. Некои денови е презабавно, а некои денови е досадно.“
rn
„Никогаш не можете да го усовршите мајчинството, и на тоа треба да бидете свесни пред да станете мајка. Ние, жените, мислиме дека е наша одговорност постојано да даваме, да даваме и да даваме. Ништо не е лошо доколку побарате помош од сопругот или пријателот.“
rn
„Многу сакам кога децата повторно тргнуваат во училиште, како и целиот шопинг поврзан со училиште: папки, пенкала, боички.“
rn
„Моите близнаци се различни. Според мене, воопшто не си ни личат, туку се само на иста висина. И имаат роденден на ист ден.“
rn
„Кога Трамп беше избран за претседател, мојата ќерка Хејзел гледаше празно во телевизорот бидејќи очекуваше дека нешто друго ќе се случи. Во тој момент ја почувствував нејзината потреба од родител кој ќе ѝ објасни дека таа сѐ уште има глас. Поради тоа отидовме на првиот марш на жените во Вашингтон – сакав да се почувствува дека има место во светот, и дека треба да верува во себе.“
rn
„Не снимав филмови секоја година, бидејќи имам три деца дома, а тоа значи дека секој ден правев куклени претстави и раскажував приказни.“
rn
„Имам голема поддршка од моето семејство. Моите деца се многу мили. Мислам дека тоа го наследија од нивниот татко – да ја изразуваат љубовта.“
rnПрочитајте ги и овие родителски совети од полскиот писател Јануш Корчак.

Намерно не се воздржувам од сочните коментари за филмот, бидејќи како што веќе споменав, тој е крајно предвидлив уште со првите неколку сцени. Но, тоа не значи дека ве советувам да кренете раце од него, напротив ќе се обидам да ве убедам да останете пред телевизорот до последната минута. Главниот адут кој ви го нудам е секако фантастичниот Том Хенкс. ;)rnrnНеговиот актерски „багаж“, харизма каква што ретко кој друг поседува и суптилното наметнување на наивната добрина ќе ве остават поднасмеани и во добро расположение, барем уште околу час и половина, колку што ќе потрошите на филмот. Досегашното беспрекорно одигрување на улогите од страна на фантастичниот актер, бара и заслужува да му дадете уште една шанса (ова се однесува на улогата, не на содржината на филмот). Овој пат Хенкс тројно напаѓа, и како главен актер и како режисер и сценарист. Вториот адут (му се обраќам на посилниот пол) е Џулија Робертс и нејзината волшебна насмевка. Толку за неа. 🙂
Лери Краун (Том Хенкс) е разведен, средовечен вреден продавач во исчекување да го прогласат за работник на годината. Но оваа досадна пракса на компанијата во која работи наеднаш завршува, за среќа или за жал, наместо признание тој добива отказ, со образложение дека е недоволно квалификуван. Обидите да пронајде друга работа тешко му одат, заглавува во финансиски лавиринти и се доведува во ситуација да ја загуби куќата. Во целиот тој хаос, Лери спасот го бара на колеџ, кој ќе направи целосен пресврт во неговиот живот. Судбината му ја кројат две жени. Едната од нив е професорката Мерцедес Тејнот (Џулија Робертс), а другата студентката Талија (Гугу Мбата-Роу)… Тука завршувам со приказната, и бездруго премногу ви открив. ;)rn
Инаку, филмот е еден од оние што обединуваат генерации, па е погоден за филмско попладне со целото семејство. Ќе „падне“ и по некој совет за тоа како никогаш не е доцна за вистинските работи или се врти тркалото, но и клишеа како тоа дека љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате… Сè на сè гледливо филмче, кое нема да ви остави ниту тронка нејаснотија или простор за анализи, освен ако не сте подзаљубени, па почнете да се поистоветувате со ситуациите во филмот. Ништо ново, ништо страшно. 😉
rnrn
Сакајќи да ја искористат нејзината база на фанови, луѓето зад оваа ултрапопуларна љубовна драма размислувале токму Бритни Спирс да ја глуми милата Али Хамилтон. Среќа, се одлучиле за Рејчел Мекадамс која улогата ја долови феноменално, а и хемијата меѓу неа и Рајан Гослинг е неоспорна. Реално, можете ли да замислите некоја друга на нејзиното место?rnrn
Првиот избор за улогата на размазената Шер паднал токму на Сара, но холивудската историја е поинаква само поради лоша проценка во датумите. Наводно, снимањето на филмот се поклопувало со снимањата на „All my children“ и само поради ова Сара ја одбила улогата. Иако физички и не се премногу различни со Алиша Силверстон, сепак имаат различна хемија пред камерите, па „Clueless“ со Сара Мишел Гелар би изгледал многу поинаку.rnrn
Улогата која го поплочи патот кон ѕвездите за Џулија Робертс првично ѝ била понудена на Моли, но не ја прифатила. А и да бидеме реални, Џулија во овој филм е едноставно незаменлива.rnrn
Првиот избор на Џејмс Камерон за оваа легендарна улога всушност била Гвинет Палтроу, но актерката го одбила велејќи дека улогата едноставно не е за неа. Вљубениците во филмот велат дека Гвинет никогаш не би ја остварила хемијата која ја долови Кејт Винслет со Леонардо Дикаприо. Што мислите вие?rnrn
Би можеле ли да замислите некој друг освен Одри Хепберн како стои пред излогот на Тифани облечена во еден од најпопуларните фустани на сите времиња? Всушност единствената личност која би можела да ја замени е незаборавната Мерлин Монро која наводно била инспирација за книгата „Појадок кај Тифани“. Труман Капоте има изјавено дека кога ја пишувал книгата ја замислувал Монро, па дури и сценариото за филмот било скроено токму како за неа. Мерлин ја одбила улогата поради нејзиниот професор по глума кој ја убедил дека глумењето проститутка би било лошо за нејзиниот имиџ.rnrn
Првичното сценарио за филмот било напишано во 1975 година, а филмот бил снимен дури во 1992 година поради бројните неуспешни обиди за снимање и менувањето на екипата. Една од можните комбинации биле Дајана Рос и Стив Мекквин во главните улоги.rnrn
Снимањата започнале со Натали Портман во главната улога, но дури откако ги виделе заедно со Леонардо Дикаприо на сцена, сфатиле дека разликата во години е премногу забележлива. Режисерот Лурман дури и изјавил дека Натали би била совршена за улогата, но изгледала премногу ситна и малечка за нејзини години, па како резултат на тоа Лео делувал постаро отколку што бил.rnrn
Дру ја одбила улогата поради голотијата предвидена во сценариото, а со оглед на фактот дека Елизабет Баркли не успеа да се пробие во некои поголеми холивудски проекти после филмот, можеби Дру ја донела вистинската одлука.rnrn
Николас Хајтнер ѝ ја доделил оваа улога на Шарлиз, но кога си заминал од проектот Роб Маршал, новиот режисер ја натерал повторно да дојде на аудиција. Очигледно на Роб не му се допаднало она што Шарлиз го понудила зашто сите добро знаеме дека оваа феноменална улога ѝ припадна на Рене Зелвегер.rnrn
Тешко дека некоја друга актерка би одглумела некои од сцените онака како што го направи тоа Шерон Стоун, а многумина се согласуваат и дека токму нејзината улога го прави целиот филм. Самата Ема години подоцна има изјавено дека никогаш не би била толку добра во „Основен инстинкт“ како Шерон.rnrn
Мишел ја одбила улогата поради премногу насилната содржина на филмот, но со оглед на огромниот талент сигурно би била исто толку добра колку Џоди Фостер.rnrn
Првичниот избор за улогата на Виола паднал на Џулија и најверојатно овој филм денес ќе се наоѓаше во нејзината биографија да не се откажел Даниел Деј Луис од улогата на Шекспир.rnrn
Откако Дру Баримор била приморана да ја одбие улогата поради проблеми со датумите на снимањата, улогата во „Врисок“ ѝ била понудена на Риси, но не ја прифатила.rnrn
Хали ја одбила улогата, која Сандра Булок ја направи ѕвезда.rnrn
Ширли била навистина голема ѕвезда во тоа време и секако дека MGM пробале да ја „позајмат“ од 20th Century Fox (Ширли имала потпишано договор со нив), но преговорите пропаднале и Џуди Гарланд ја добила улогата.rnrn
Поточно кажано, тоа чувствува страв во коски кога ќе ја види. :)rn









