КАФЕ ПАУЗА

Tag: џуџе

  • Овој мачор со џуџест раст засекогаш ќе  биде со големина на маче

    Овој мачор со џуџест раст засекогаш ќе биде со големина на маче

    Мунчи е 7-месечен мачор со големина на мало маче. Тој тежи околу 1,7 килограми и неговата големина и тежина нема да се зголемат бидејќи тој има ретка болест наречена хипопаратироидизам, која е дијагностицирана само уште кај едно друго маче во целиот свет. Сепак, тоа не го спречува да направи луѓето да се насмевнат затоа што е многу симпатичен!rnrnОвој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на мачеrnrnВо септември 2019 година, тој бил примен во ветеринарна клиника во Вулверхемптон, каде работи неговата сегашна сопственичка, 29- годишната Емили Томлинсон. Претпоставувале дека тој имал само 3 или 4 недели кога неговите претходни сопственици го напуштиле и Емили верувала дека тоа било поради неговите сиви очи од билатералниот едем на рожницата кој го имал, иако тоа не влијаело на неговиот вид.rnrnОвој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на мачеrnrnЕмили работела во ветеринарната практика. Тој бил предаден на испитувања откако бил пронајден во паркот. Емили го негувала 1 недела, потоа, откако никој не го побарал, таа го вдомила. Тој веќе имал билатерален едем на рожницата, поради тоа и неговите очи биле сиви, но тоа не влијаело на неговиот секојдневен живот и не го праврло поразличен. Ова се случило во почеток на месец септември 2019 година и ветеринарите претпоставувале дека е на возраст од 3 до 4 недели, според изјавите на Емили.rnrnОвој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на мачеrnrnСè беше добро додека еден ден мачето неочекувано колабрирало. Емили директно го однела мачето во ветеринарната станица за итни случаи во вечерните часови. Веднаш го прифатиле и му направиле ултразвук, X-зрачење, проверка на крв и му дале терапија со интравенска инфузија. Крвната слика покажала дека нивото на калциум е ниско. Ја испитале неговата крв повторно затоа што се посомневале дека можеби настанала грешка, но резултатот бил ист. Првично не бил испитуван хипопаратироидизам, бидејќи било малку веројатно да се дијагностицира кај маче. Сепак, го направиле и тоа испитување заедно со неговите други испитувања и било потврдено дека тој има хипопаратироидизам, за што доживотно ќе му недостига калциум и витамин Д.rnrnОвој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на мачеrnrnЕмили се обидувала да биде позитивна во врска со неговата состојба иако знаела дека тоа сигурно ќе влијае на неговиот живот понатаму.  Редовно му дава дополнително витамин Д и калциум, кои тој ги внесува со мала количина на храна повеќе пати во денот, за да може да води нормален живот. Според неа, тој е релативно нормално маче. Имало денови кога бил тивок и не бил многу разигран, но тоа било поради хипопаратироидизмот, чии симптоми покрај другото биле и летаргија и намалена осетливост. Дома, тој бил прилично среќен и правел сè што сака. Кога му недостигало внимание, тој самиот и се приближувал на Емили.rnrnОвој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на мачеrnrnТој сака прегратки, спие до неа и постојано ја допира на лицето. Тој е многу мило маче, како што забележуваме од фотографиите.rnrnОвој мачор со џуџест раст, засекогаш ќе биде со големина на мачеrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа како случајна повреда при раѓање го оставила ова кученце со едно уво и тоа ги освојува сите со својот изглед на еднорог.

  • Овој двегодишен германски овчар секогаш ќе изгледа како мало кученце

    Овој двегодишен германски овчар секогаш ќе изгледа како мало кученце

    Повеќето луѓе обожуваат слатки, меки животни, без разлика дали се работи за мачки, кучиња, зајачиња или панди! Колку помало, толку послатко! Па, во овој случај, мајката природа решила да си поигра и создала припадник на една голема раса кучиња како што е германскиот овчар, да изгледа како симпатично мало кученце до крајот на животот. За жал, тоа е цената што мора да се плати. Но, немојте да се грижите, оваа приказна има среќен крај!rnrnrn

    Ова е Ренџер!

    rnРенџер е целосно пораснат 2-годишен германски овчар, кој и покрај својата возраст е засекогаш заглавен во тело на кученце. Ова се должи на ретката состојба што ја има – џуџест раст поради нарушување на функцијата на хипофизата. Тој бил дијагностициран со џуџест раст по примањето на инјекција за инфекција предизвикана од паразитот наречен гиардија.rnrnrn

    Поради својата ретка состојба тој до крајот на животот ќе остане мало кученце

    rnСопственикот на Ренџер, Шелби Мајо, се обидела да ја објасни неговата состојба и објаснила дека кога првично го добиле Рeнџер од одгледувачот, тој бил помал од сите други негови роднини, но тие сфатиле дека тоа е затоа што тој имал паразит наречен кокцидија. Во следните недели, го однеле дома и тој бил излечен од паразитот, но подоцна го добил паразитот гиардија. Во исто време, откриле дека Рeнџер има и голема инфекција на вратот. Ја ставиле инфекцијата под контрола, и решиле повторно да го лекуваат кучето.rnrnrn

    Кученцето има џуџест раст по лекувањето од инфекција

    rnОткако се опоравил од болеста, неговите сопственици забележале дека тој не расте како што треба. Го однеле на ветеринар и откриле за ретката состојба на нивното куче. Болеста предизвикала да му се митари крзното и да му се лупи кожата, но тој надминал сè!rnrnrn

    Ренџер сепак успеал да ги преброди сите тешки моменти и сега е среќно куче

    rnНе грижете, неговите прекрасни сопственици и зачудувачкиот број следбеници на Интернет се погрижиле тој да го добие вистинскиот третман и сега е целосно закрепнат. Ренџер сега е среќен и здрав и ужива со своите пријатели!rnrnrnrnМожеби сакате да прочитате и за верверичката трендсетерка Џил којашто има свое мече и ја обожува модата.

  • Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

    Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

    Одлична преработка на класичната приказна за Снежана и седумте џуџињаrnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Режија: Руперт СандерсrnrnУлоги: Кристен Стјуарт, Крис Хемсворт, Шарлиз ТеронrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 јуни 2012rnrnЖанр: акција, авантура, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо пресвртот на бајката, каде што ловецот имаше наредба да ја однесе Снежана во шумата, да ја убие и да го врати нејзиното срце на кралицата, овој пат тој е пратен во шумата за да ја пронајде, каде што по сплет на околности ќе стане нејзин заштитник и ментор во мисијата да се победи кралицата. И покрај тоа што се работи за Снежана, има неколку големи промени во приказната кои ја прават непредвидлива и „освежувачка“ за гледање. Најинтересниот дел е што во моментите кога ќе помислите дека знаете точно што ќе се случи – ќе бидете (не)пријатно изненадени… Токму тоа е тоа што ја прави оваа преработка одлична и незаборавна.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnСè започнува со желбата на кралицата да има девојче кое e бело како снег, со усни црвени како крв и коса црна како крилја на гавран. Набрзо нејзината желба се остварува и добива девојче кое го нарекува Снежана. Таа како што растела била сè повеќе сакана од народот, како заради нејзиниот дух, така и заради надворешната убавина. Снежана отсекогаш имала посебна поврзаност со животните и поради тоа мајка и ѝ велела дека има неверојатна внатрешна убавина која ќе ѝ помогне во иднина кога ќе биде кралица.Кога Снежана ќе биде сè уште млада, мајка ѝ ќе почине. Тоа многу ќе го погоди неутешливиот крал. Токму во тие најтешки периоди ќе се појави мистериозна војска која ќе сака да ја употреби тагата на кралот против него. Во необичната битка кралот и неговите луѓе ќе успеат да победат и откако сè ќе заврши ќе најдат само еден преживеан – девојка која била заробена од темната војска. Но, тоа што следува е многу потемно од што било досега. Кралот, маѓепсан од нејзината убавина, уште наредниот ден ќе ја земе за жена и за првпат по смртта на неговата жена ќе заборави на неговото скршено срце… Но, работите не се воопшто така како што изгледаат – новата кралица на првата брачна ноќ ќе го убие кралот и ќе го заземе неговото место на престолот.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnРавена (Шарлиз Терон), лошата кралица била толку „отровна“ што природата околу замокот изумрела, луѓето се свртеле едни против други и сите живееле под константен страв. Додека таа владеела, Снежана (Кристен Стјуарт) била заробена во високата северна кула од замокот. Снежана конечно успева да избега, откако огледалото ќе ѝ каже на кралицата дека тој ден е поубава од сите и дека доколку го земе нејзиното срце ќе може да биде млада засекогаш.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnОчајна за да ја пронајде, кралицата го праќа ловецот (Крис Хемсворт) во шумата по неа, но тој наскоро дознава дека бил изигран и се врти против нејзе и нејзините луѓе, притоа спасувајќи ја Снежана. Во меѓувреме најдобриот пријател од детството на Снежана дознава дека таа е жива и тргнува во потрага по неа…rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnЛикот на Шарлиз Терон дефинитивно ќе се памети долго време. Таа совршено го доловува застрашувачкиот карактер на кралицата која ја прави можеби најзлобната негативка на филмското платно досега, но истовремено ви покажува и една слаба, човечна страна поради која сфаќате таа е само жена со многу проблеми и поради тоа не можете да ја мразите како во останатите интерпретации на класичната бајка. Сите се согласуваат дека најслаб дел е ликот на Кристен Стјуарт, можеби зашто некако немаше доволно време и простор за нејзино развивање. На некои периоди изгледаше како да е нафрлано сè она што Снежана го поминуваше во филмот. Што се однесува до Ловецот, тој исто така добро си ја заврши својата работа и покрај тоа што имаше сосема нова и досега непозната улога во приказната за Снежана.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnЗа овој филм мора да бидете послободни и во многу добро расположение. Бидејќи изобилува со многу силни емоции, и покрај тоа што се работи за ваков вид приказна – не ви препорачуваме да го гледате кога сте лошо расположени или нервозни.

  • Гинисови рекорди поврзани со Нова година

    Гинисови рекорди поврзани со Нова година

    Погледнете ги Гинисовите достигнувања по повод Новата година и божиќните празници:rn.rn

    Најголема колекција на предмети со Дедо Мраз

    rn

    Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаJean-Guy Laquerre од Канада поседува 25.104 најразлични предмети со Дедо Мраз. Предметите се собирани од 1988 година. Неговата колекција вклучува 2.360 фигури, 2.846 честитки од 33 земји, 1.312 салвети и 241 значки и брошеви.rn.

    rnrn

    Најголемо собирање на Дедо Мразовци

    rn

    Гинисови рекорди поврзани со Нова година13.000 луѓе се собраа на плоштадот Гилдхол во Северна Ирска на 9 декември 2007 година.rn.

    rnrn

    Најголемо собирање на новогодишни џуџиња

    rn

    Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаСкоро 800 луѓе се собраа во Бриџенд, Јужен Велс со цел да го постават рекордот за најголемо собирање на новогодишни џуџиња. Претходниот рекорд беше поставен во Њујорк, каде во декември, 2009 година се собраа 607 луѓе.rn.

    rnrn

    Најголем Дедо Мраз

    rn

    Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаДедо Мраз со димензии 15,6 м височина, 11 м широчина и 4 м длабочина беше поставен на влезот на трговскиот центар Танглин во Сингапур. Дедо Мразот тежел 2,5 тони.rn.

    rnrn

    Најголема новогодишна елка што плута на вода

    rnГинисови рекорди поврзани со Нова годинаОваа елка плутала во водите на Рио де Жанеиро во 2007 година, за време на годишната прослава. Била висока 85 метри.rn.rn

    Најстара новогодишна елка

    rnГинисови рекорди поврзани со Нова годинаСекоја година, Џенет Паркер од Чипенхам, Вилдшир, Велика Британија ја украсува нејзината новогодишна елка која ја купила во далечната 1886 година. Елката е со висина од 30 см.rn.rn

    Најголема новогодишна чорапа

    rn

    Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаНајголемата новогодишна чорапа е со димензии 32,56 м должина и 14,97 м широчина. Направена е на 14 декември 2007 година од страна на Друштвото на деца во Лондон.rn.

    rnrn

    Најголема божиќна ѕвезда

    rnГинисови рекорди поврзани со Нова годинаОваа ѕвезда е со димензии 31,598 м височина и е направена на 31 декември 2009 година од две компании од Индија.rn.rn

    Најпродаван музички новогодишен сингл

    rnГинисови рекорди поврзани со Нова годинаСинглот „White Christmas“ од Бинг Крозби има рекордна продаденост од над 100 милиони низ светот од времето кога е излезен, 1942 година.rn.rn

    Новогодишен филм со најголема заработка

    rnГинисови рекорди поврзани со Нова година„Како Гринч го украде Божик“ (How the Grinch Stole Christmas)  – 2000 година, Америка; главна улога: Џим Кери, буџет: 123 милиони долари; заработка: 340 милиони долари.rn.rn

    Најмногу светилки на новогодишна елка

    rnГинисови рекорди поврзани со Нова годинаОвој подвиг е постигнат од германската телевизија RTL на 22 декември 2006 година, кога 150.000 светилки светеле истовремено на новогодишната елка.rn.rn

    Најскапо украсена новогодишна елка

    rnГинисови рекорди поврзани со Нова годинаНа 7 декември 2002 година е украсена најскапата елка со 83 парчиња накит што вредат 1.357.785.000 јени или 16 милиони долари. Елката е украсена во Tsunamachi Misui Club, Токио, Јапонија.

  • Флеш игра: Божиќен топ

    Флеш игра: Божиќен топ

    Ова е една навистина интересна игра која може да ја играте на компјутер додека пиете кафе на пауза. Во едната рака глувчето, во другата кафето.Флеш игра: Божиќен топЦелта е да го центрирате новогодишното џуџе во пикадото. Има неколку нивоа, а шестото е навистина критично. 😀 Музиката ќе ве потсети дека доаѓа новата година.

    rnrn

  • Интересни Гинисови рекорди #2

    Интересни Гинисови рекорди #2

    Ако ги прочитавте овие Гинисови рекорди, време е за уште една тура интересни и екстремни достигнувања.rn
    rn

    100 метри на патека со препреки, со пераи

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Мерен Зункер од Германија е најбрзата жена која истрчала 100 метри со пераи, за само 22,35 секунди на 13 септември 2008 година.rn
    rn

    Најмногу луѓе облечени како штрумфови

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2На фестивалот Muckno Mania во Монаган, Ирска, на 18 јули 2008 година, 1.253 луѓе се облекле како штрумфови.rn
    rn

    Најголемата топка од гумени ластичиња

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Џоел Ваул од Америка е креаторот на ова дело. Оваа најголема гумена топка тежи 4.097 кг. Измерена е на 13 ноември 2008 година.rn
    rn

    Најголемото џебно ноже

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Најголемиот џебен нож во светот е висок 3,9 м и тежи 122 кг. Ножот е дизајниран од Телмо Чадавес од Португалија, а рачно изработен од Виргило, Раул и Мануел Пирес исто така од Португалија на 9 јануари 2003 година.rn
    rnrn

    Најтешкиот лимон

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Најтешкиот лимон во светот тежи 5,265 кг. Одгледан е во Израел на фармата на Kfar Zeitim, на 8 јануари 2003.rn
    rnrn

    Најмногу кригли со пиво, носени на 40 метри, од жена

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Анита Шварц од Германија, на 9 ноември 2008 година ја доби Гинисовата награда за носење најмногу крилги со пиво (19), на патека долга над 40 метри.rn
    rnrn

    24 часа на моноцикл

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Сем Вакелинг изминал 453,6 километри на моноцикл, за период од 24 часа во Велс, Велика Британија. Подвигот го направил на 29-30 септември 2007 година.rn
    rnrn

    Најголемата колекција на хотелски знакчиња „Не вознемирувај“

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Хоби си е хоби. Жан-Франсоа Вернети од Швајцарија собрал дури 8.888 најразлични хотелски знакчиња „Не вознемирувај“ од 189 земји низ светот. Тој со ова хоби почнал да се занимава од 1985 година.rn
    rnrn

    Најдолги нокти на двете раце

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Мелвин Бут (лево) од Трој, Мичиген има нокти долги 9,05 метри. Ли Редмонд (десно) не ги исекла ноктите од 1979 година и тие на сликата се долги 8,65 метри. За жал, нејзините нокти се скршиле во сообраќајна несреќа.rn
    rnrn

    Најмногу облечени маички одеднаш

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Џеф ван Дек облекол 227 маички одеднаш на настан кој бил организиран во Белгија на 24 април 2008 година.rn
    rnrn

    Човек со најрастеглива кожа

    rnИнтересни Гинисови рекорди #2Гери Тарнер од Велика Британија може да ја растегне сопствената кожа од стомакот во должина од 15,8 см. Гери има ретка состојба наречена Елерс-Данлос синдром, неправилност на сврзното ткиво кое ги напаѓа кожата, лигаментите и внатрешните органи. Колагенот е тој кој придонесува еластичност на кожата.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn