Во четвртиот месец од бременоста, Криста Дејвис и нејзиниот сопруг, Дерек, дознале тажна вест. Нивната неродена ќерка била дијагностицирана со аненцефалија – тешка вродена малформација поради која фетусот се развива без дел од мозокот. Во случајот на Рајли Аркадје Ловет, како што ја именувале нејзините родители, мозокот бил толку слабо развиен што докторите им дале две опции – Криста можела да ја прекине бременоста веднаш или пак, да почека до терминот на породување за органите на ќерка ѝ да се доразвијат и потоа да ги донира на бебињата на кои би можеле да им помогнат.rnrnrnrnНа Криста не ѝ требало време да ја донесе правилната одлука, според неа.rn
„Кога јас не можам да го одведам моето дете дома, одлучив да им дадам шанса на другите мајки да го сторат тоа“, изјавила оваа храбра мајка.
rnТаа ја носела уште пет месеци во себе, давајќи ѝ доволно време да порасне и нејзините органи да се развијат до крај. Во текот на целата бременост, докторите ја подготвувале Криста за неизбежното, односно за тоа дека Рајли би можела да поживее само околу половина час по породувањето, но девојчето успеала да издржи цела недела.rn
„Не можам да ви опишам колку неверојатно чувство беше тоа. Јас мислев дека ќе имам само половина час со моето дете, но добив цели седум дена“, објаснува таа.
rnКако Рајли да сакала да ѝ се заблагодари на мајка си што одлучила да ја задржи до самиот крај. Во текот на таа недела, родителите постојано биле со неа.rn
„Не би го сменила тоа време за ништо на светот“, напишала Криста во објавата на Фејсбук страницата што ја посветила на нејзината ќерка.
rnПо смртта, Рајли поминала низ операција, но поради изгубениот кислород, само дел од нејзините органи биле спасени.rn
„Ни кажаа дека срцевите залистоци беа искористени за да се спасат други две бебиња, а белите дробови ги искористиле за истражување на аненцефалијата“, додава Криста којашто во моментов трпи неизмерна болка, но сепак е среќна затоа што други мајки во своите раце држт дел од нејзината Рајли.
Велејќи дека нејзиниот Метју е таму, Вики Бренон се расплакала кога го доближила увото до градите на Џенифер Лентини и го слушнала биењето на нејзиното срце кое до пред 19 години му припаѓало на нејзиниот син. Пред две децении таа го загубила своето чедо и одлучила веднаш по неговата смрт да ги донира неговите органи и со тоа да им даде шанса да живеат на оние на кои можело да им се помогне на тој начин во моментот.rnrnrnrnТој загинал на 5 јули 1996 година како последица на раните добиени по едно несреќно испукување со огнено оружје од страна на негов пријател. Веќе следниот ден Вики одлучила да ги даде неговите здрави органи на некого кому му требаат и срцето веднаш го добила тогаш 13-годишната Џенифер, која со месеци чекала за трансплантација на срцето. Многу години подоцна, благодарната девојка ја пронашла мајката на Фејсбук и организирала средба со неа. Вики била пресреќна кога го слушнала биењето на срцето во нејзините гради, се прегрнале и двете заедно липале. Се договориле да останат во контакт.rnrnrnrnВики изјавила дека се грижела дали Џенифер добро ќе го прифати срцето затоа што не би можела да поднесе некој со тоа срце повторно да умре, но добила уверување дека новиот сопственик добро се грижи за срцето преку здрав начин на живот.rnrn
„Тој е мојот ангел-чувар“ – вели Џенифер за нејзиниот син.
rnrn
„Пресреќна сум, син ми има добро, силно срце кое ја одржало во живот. Се чувствувам како да сум добила ќерка“ – вели Вики.
Некои сакаат кариера, а на други им е важно само да заработат пари. На лесен или на тежок начин, целта на секој кој работи е да заработи. Еве некои идеи за работа, ако сте од оние кои се по малку мрзливи:rn.rn
Сообраќаен полицаец
rnСообраќајните полицајци доаѓаат по потреба и тоа за определена цел – да воспостават ред во сообраќајот, логично. Повремено ќе свирнат на свирчето, ќе покажат сообраќаен знак на возачите и тоа е сè.rn.rn
Познат блогер
rnОва е можеби најмрзливата работа што може некој да ја има. Сè што ви треба за да станете познат блогер и притоа, да заработувате е: да имате компјутер, да имате определено поле на интерес за поголема маса луѓе и да имате желба тоа да го споделувате на блог со другите. Ако сте навистина добри во тоа и блогот ви е кликан и читан од многумина, некои компании ќе сакаат да се рекламираат кај вас и така би можеле да дојдете до заработувачка. Можеби не е честа реалност кај нас, но дефинитивно е една од 10-те најкул работни позиции во светот.rn.rn
Библиотекар/ка
rn
Опкружени со многу книги и луѓе кои имаат желба да учат и читаат, сè што вие како библиотекар треба да правите е да им дадете книга на читателите, да ги прибележите во тефтер и да ги предупредите кога доцнат. Лесно, зар не?rn.
rnrn
Бебиситер/ка
rn
Под поимот бебиситер/ка во никој случај не се подразбираат дадилки или негувателки – на тие луѓе сигурно не им е лесно да се справат со деца од најразлична возраст. Тука спаѓаат оние кои ќе се согласат да чуваат деца на пријатели, роднини за неколку часа, додека родителите се излезени на вечера или во кино. Родителите сакаат нивните деца да си легнат порано, па така откако ќе ги успиете (а тоа е неколку минути по вашето доаѓање во куќата) вам не ви преостанува ништо друго освен да се закачите на интернет или да гледате телевизија.rn.
rnrn
„Копачка на злато“
rnВерувале или не, не е лесна работа да се „кисне“ по салони за убавина, да се скусува од обилните вечери, да се внимава на беспрекорната шминка и фризура… Кој инаку би „паднал“ на копачка на злато со целулит и несреден изглед!? Затоа, оваа работа е за почит како и секоја друга. Бара многу време и труд, како и жртвување (слушање на здодевни приказни од двојно постари „рудници со злато“), но се исплати откако пленот ќе биде фатен. Потоа следува легнување рано навечер, станување доцна наутро и уживање во денот по своја агенда. А кога ќе дојде време за развод, копачката ќе излезе „позлатена“, а рудникот ископан.rn.rn
Тајни купувачи
rnЗамислете си да седите дома и да чекате да ве повикаат за бесплатно користење на некои услуги или производи, нешто во што секако би уживале, дури и кога би го правеле со трошење на сопствените пари. Сè што треба да направите по „напорниот“ шопинг или „тестирање“ на услугата или гостопримството и љубезноста, е да пополните неколку формулари кои ќе ги испратите преку имејл. Вашата работа всушност би се сведувала на давање фидбек за работењето на фирмите што ќе им помогне во подобрувањето на нивните производи и услуги. Но вам, дефинитивно ќе ви го направи животот полесен.rn.rn
Контролор на видео игри
rnЗамислете си да играте видео игри и да ве плаќаат за тоа. Тоа е сон на секој гејмер. Гласините велат дека оваа работа ја работат неколку „мрзливци“ кои изнашле многу добар начин задоволството да го претворат во пари. Уште една мрзлива, но кул работа.rn.rn
Донатор на сперма/плазма/крв
rnМоже е лесна, но многу одговорна и почитувана работа. Во странство, луѓето кои донираат прават своевидна кариера од донирање органи, сперма или крв.rn.rn
Спасувач на плажа/базен
rnСонце, песок, плажа, убави луѓе, бронзен тен. Сето тоа го правите на големо столче, повремено свиркате со свирче за предупредување, будно набљудувате во базенот или морето и ги потсетувате децата да не одат во длабокото. За некои, една од причините зошто оваа професија е посакувана е заради серијата „Baywatch“.rn.rn
Контролор на пиво
rnКолку и да звучи неверојатно, во светот постојат неколку среќници кои ја работат оваа работа – и тоа по цел ден. За љубителите на пивото, ова е дефинитвно работно место на кое секое утро со задоволство ќе доаѓаат со огромна насмевка на лицето.rnrnАко знаете некој кој нуди работа како овие 10 погоре, споделете во коментар. Сигурно многумина чекаат да дознаат за прилика која ќе им овозможи лесна работа, а добра заработувачка.rnrn