КАФЕ ПАУЗА

Tag: додаток

  • Колагенот е хит во светот веќе некое време, но дали вреди да се пие?

    Колагенот е хит во светот веќе некое време, но дали вреди да се пие?

    Со возраста, знаците на стареење стануваат поочигледни. Така се создаваат многу производи за убавина, додатоци во исхраната и се откриваат магични состојки против стареење кои ветуваат дека ќе ни помогнат да го одржиме младешкиот изглед. Колагенот е една од состојките за кои во последно време сè повеќе слушаме. Па се запрашавме дали е воопшто потребно редовно да се зема колаген како додаток во исхраната? Како точно работи? Дали навистина обезбедува посјајна и младешка кожа?rnrnКолагенот е хит во светот веќе некое време, но дали вреди да се пие? rnrnКолагенот е протеин кој е главната структурна компонента на долниот слој на кожата и е одговорен за неговата еластичност и цврстина. Покрај тоа, тој е одговорен за силата и сјајот на нашата коса и нокти. Нашето тело природно произведува колаген, но како што старееме, тоа производство се забавува, што има негативен ефект врз нашата кожа. Затоа, сега повеќе од кога било, постои голема побарувачка за колаген во форма на додатоци во исхраната. Експертите сметаат дека тоа е повеќе разноврсен помагател, за разлика од додаток кој специфично е насочен кон кожата или косата. Но, исклучително е важно да обрнете внимание од каде го набавувате и дали е навистина квалитетен.rnrnЕдна од најпознатите холивудски дами која верува во придобивките од колагенот го консумира секојдневно, а тоа е Џенифер Анистон. Со оглед на тоа дека има пристап до некои од најдобрите експерти за нега на кожата, нутриционисти, па дури и додатоци во исхраната, а има и завидно убава кожа и коса, ова ни го олеснува добивањето доверба во додатоците во исхраната кои содржат колаген. Омилен на Џенифер Анистон е прашок за колаген од витални протеини колаген пептиди. Таа го пие во кафе и смути со години и сака да му каже на светот дека здравјето започнува одвнатре.rnrnЕкспертите тврдат дека акцентот, кога станува збор за колаген, треба да биде на квалитетот на додатокот во исхраната што ќе го одберете затоа што прави голема разлика. Постојат докази дека земањето додаток на колаген му помага на вашето тело да произведе повеќе свој колаген, но неговиот квалитет е многу важен. Колагенот во форма на додаток во исхраната првично се користи за да помогне во закрепнувањето на мускулите и коските по повреда или операција. Но, некои луѓе забележаа други позитивни резултати додека земаа колаген, како што се повеќе еластични зглобови и поубава кожа. Затоа, колагенот во форма на додаток во исхраната стана хит со причина.rnrnПрочитајте ги овие совети за грижа на кожата за време на пролетта.

  • Растопен кромид: Рецепт за најдобриот и најмекиот гарнир за месо

    Растопен кромид: Рецепт за најдобриот и најмекиот гарнир за месо

    Кромидот ќе ги изгуби лутината и крцкавоста ако го испечете во рерна, а овој рецепт се нарекува стопен кромид бидејќи зеленчукот е толку мек по термичката обработка што се топи во устата.rnrnРастопен кромид: Рецепт за најдобриот и најмекиот гарнир за месоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 големи главици кромид со вкупна тежина од околу 1 килограм
    • rn 011

    • 125 мл пилешки фонд
    • rn 011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn 011

    • 1 лажица стопен путер
    • rn 011

    • 1 лажица свежо исечкана мајчина душица
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • ½ лажичка мелен пипер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ја рерната на 230 Целзиусови степени.rnrn2. Излупете го кромидот и исечете го на парчиња со големина од околу 2,5 центиметри.rnrn3. Измешајте ги маслото, путерот, солта, биберот и мајчината душица и намачкајте ги парчињата кромид со оваа смеса.rnrn4. Ставете го кромидот во рерна да се пече 30-35 минути додека површината не добие убава карамелизирана боја. На половина од печењето, свртете го кромидот, така што двете страни ќе бидат исти.rnrn5. На крајот, внимателно истурете го пилешкиот фонд во плехот за печење и печете сè заедно уште 15-20 минути или додека да се намали течноста и кромидот да стане многу мек.rnrnПогледнете го и овој рецепт за печено сирење со кељ и леблебија.

  • Како да направите карамел?

    Како да направите карамел?

    Сирупот од карамел е совршен додаток за многу десерти, а неговата подготовка воопшто не е тешка!rnrnИспробајте го нашиот рецепт уште денес и уживајте во неговата волшебност употребувајќи го како додаток врз палачинки, пуканки, сладолед, торти или колачи! Карамелот не е ништо друго освен златно, шеќерно задоволство.rnrnКако да направите карамел?rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 г шеќер
    • rn 011

    • 3 лажици вода
    • rn 011

    • малку цимет, путер или ванила за да може карамелот малку да го промени вкусот и да ја добие нотата што вам ви одговара.
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Ставете го шеќерот во сад и додајте ја водата.
    2. rn 011

    3. Загрејте ја смесата на тивок оган, мешајќи со дрвена лажица. Важно е шеќерот да се стопи пред да почне да врие.
    4. rn 011

    5. Кога ќе забележите меурчиња престанете да мешате. Тогаш може да го мешате карамелот со кружно движење, држејќи го тенџерето или тавата над огнот. Колку подолго ќе ја задржите тавата на оган, толку потемна ќе биде неговата боја. Треба да внимавате да не ви изгори.
    6. rn

    rnЗабелешка! На крајот карамелот е многу топол, затоа внимателно ракувајте со него за да избегнете изгореници. Карамелот користете го врз претходно подготвени десерти или истурете го врз хартија за печење и да направите каква било форма за украсување на торта.rnrnА за да го надополните задоволството можеби сакате да дознаете и како да подготвите брзи фритули: Лесен рецепт за вашето омилено зимско засладување.

  • Совршен есенски моден додаток: Стаклени приврзоци направени со вистински желади

    Совршен есенски моден додаток: Стаклени приврзоци направени со вистински желади

    Ако сакате да изберете совршен есенски подарок за вашите најблиски, тогаш овие стаклени приврзоци со вистински желад се одлични за таа намена. Тие се достапни на Etsy и се целосно рачно изработени. Направени се од посебен вид италијанско и германско стакло и внатре имаат вистински желади. Овие приврзоци може да се користат и за ланчиња и за обетки, а можете да изберете едноставни или пак со одредени додатоци. Погледнете ја галеријата, инспирирајте се и одберете го вашиот омилен!rnrnСовршен додаток за во есен: Стаклени приврзоци направени со вистински желадиrnrn

  • Путер со вино: Неверојатен додаток за повкусни јадења

    Путер со вино: Неверојатен додаток за повкусни јадења

    Виното многу често се користи при подготовка на голем број рецепти, при што им дава еден посебен вкус и мирис. Во зависност од продуктите коишто се користат, може да се употреби бело или црвено вино, чијшто алкохол испарува во текот на готвењето, а останува само незаменливиот вкус кој ги надополнува прекрасните јадења. Доколку и вие сте љубител на вино во храната, ние ви нудиме еден необичен, но многу едноставен рецепт, со кој вашата кујна ќе добие препознатлив вкус и мирис. Дали сте слушнале за вински путер? Многу е едноставен за подготовка, а само едно мало парче внесува целосна трансформација на храната.rnrn(1) Путер со вино: Неверојатен додаток за повкусни јадењаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 пакување несолен путер
    • rn011

    • 1 шише суво вино (препорачуваме Sauvignon Blanc или Cabernet Sauvignon)
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • Хартија за печење
    • rn011

    • По желба можете да додадете кромид, свежи зачини, па дури и овошје за повеќе вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете ги виното и шеќерот во едно поголемо тенџере и оставете ги на оган сè додека не почнат да вријат. Потоа оставете го тенџерето на тивок оган, додека состојките не добијат густина. Откако ќе се згуснат, тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади. Потоа, во таа смеса додадете го путерот, што претходно сте го изматиле со миксер. Продолжете нежно да мешате, се додека не се соединат сите состојки. Префрлете ја смесата на хартија за печење и обликувајте ја во вид на ролат. Ставете го путерот во фрижидер и оставете го убаво да се стегне.rnrnОвој путер со вкус на вино и други додатоци по ваш избор, можете да го користете во подготовката на сите јадења, за кои претходно сте користеле вино. Исто така, е идеален додаток за сосови, како и за преливи на различни видови месо и риба. Едноставно можете да го намачкате на парче тост и да уживате во необичниот вкус во секој дел од денот.

  • 7 начини да добиете рамен стомак без диети и вежбање

    7 начини да добиете рамен стомак без диети и вежбање

    Рамниот стомак е сон на секоја жена. За жал, многу жени не водат сметка за својата исхрана или не поминуваат време во теретана, па овој сон е скоро недостижен. Но, дали знаевте дека вашиот стомак може да биде рамен без диети и редовно вежбање? Неколку американски професионалци направија список на навики кои може да ги внесете во вашето секојдневие и да ги постигнете посакуваните резултати, без многу труд.rnrn1-7-nachini-kako-da-imate-ramen-stomak-bez-dieti-i-vezhbanje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Исправете се

    rn

    „Кога стоите или седите со исправен грб вашите мускули на стомакот се ангажирани, а освен тоа вашиот систем за варење работи многу подобро“ – тврди Ким Лионс, тренер во американското шоу „Најголемиот губитник“.

    rn

    2. Внесувајте доволно вода

    rn

    „Кога организмот е дехидриран, тој прави складиште за вода, кое најчесто се наоѓа во пределот на стомакот. Поради тоа, потребно е секој ден да пиете 8 чаши вода“ – вели Ким.

    rn

    3. Јадете пополека

    rn

    „Џвакајте го секој залак најмалку 10 пати пред да го голтнете. Тоа ќе го олесни варењето на храната и нема да имате проблеми со дигестијата. Освен тоа, кога јадете брзо голтате и воздух кој може да го зголеми вашиот стомак“ – вели д-р Џудит Рајкмен, професорка на Универзитетот Калифорнија.

    rn

    4. Користете пробиотици

    rn

    „Пробиотиците се добри бактерии кои му помагаат во работата на вашиот дигестивен систем и ги спречуваат гастроинтестиналните проблеми кои може да доведат до зголемување на желудникот. Еден од најдобрите пробиотици е јогуртот“ – тврди нутриционистот Џони Бауден.

    rn2-7-nachini-kako-da-imate-ramen-stomak-bez-dieti-i-vezhbanje-www.kafepauza.mk_rn

    5. Редовно пешачете

    rn

    „Секојдневното триесетминутно пешачење ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот наслаги во стомакот“ – вели Ким Лионс.

    rn

    6. Додатоци во исхраната

    rn

    „Како додаток во исхраната консумирајте калциум, бидејќи тој го намалува естрогенот во вашиот организам, кој ако се зголеми е главен фактор за маснотии во стомакот“ – вели д-р Рандолф.

    rn

    7. Релаксирајте се

    rn

    „Кога сте нервозни вашето тело произведува поголема количина стероиди и хормони на стрес, кои негативно влијаат на дигестивните функции и создавањето на масти. Поради тоа, неопходно е да издвојувате 20 минути во текот на денот за да се релаксирате на начин кој најдобро ви одговара“ – тврди д-р Рандолф.

  • Брзо и лесно: Дознајте кој ве тргнал од листата на пријатели на Фејсбук

    Брзо и лесно: Дознајте кој ве тргнал од листата на пријатели на Фејсбук

    Некому ова ќе му изгледа непотребно и глупаво, но да бидеме искрени, многумина од нас се имаат запрашано дали и кои пријатели нè имаат отстрането од својата листа на пријатели.rnrn0-brzo-i-lesno-doznajte-koj-ve-trgnal-od-listata-na-prijateli-na-fejsbuk-kafepauza.mkrnrnАко користите Mozilla Firefox или Google Chrome инсталирајте го додатокот „Unfriend Notify for Facebook“ кој ќе ви овозможи да видите кој повеќе не ве следи на Фејсбук. Во моментот кога некој ќе кликне на „Unfriend“ под вашата слика, вие тоа ќе го дознаете и тоа без знаење на оној кој ве тргнал од листата на пријатели.rnrn1-brzo-i-lesno-doznajte-koj-ve-trgnal-od-listata-na-prijateli-na-fejsbuk-kafepauza.mkrnrnИнсталирајте го додатокот за Фајрфокс или Хром, појдете во листата на пријатели преку јазичето „Friends“ и таму ќе ја забележите новата опција „Lost Friends“, каде што ќе ги видите имињата и сликите на пријателите кои ве имаат „откачено“ од Фејсбук.rnrnПа изгледа и не ви биле баш некои пријатели…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт

    Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт

    Меки воздушести слатки со вкус на пеперминт – одлични за потопување во топлите зимски напитоци како топло чоколадо, какао и секако, кафе

    rnМаршмелоу коцки со вкус на пеперминтrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 240 мл ладна вода
    • rn011

    • 20 грама желатин
    • rn011

    • 280 грама шеќер
    • rn011

    • 240 мл пченкарен сируп
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од пеперминт
    • rn011

    • Црвена боја за храна (опционално)
    • rn011

    • 1 прстофат сол
    • rn011

    • 45 грама шеќер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во сад за матење ставете ½ од водата и во неа сипете го желатинот одозгора. Оставете го да лебди на површината на водата додека го подготвувате останатото.rnrn2. Во среден сад за готвење измешајте го остатокот од водата, шеќерот, пченкарниот сируп и солта и загревајте го на средна температура. Мешајте додека не се разложат состојките. Засилете ја температурата до 115 степени Целзиусови. Најдобро е да користите термометар за слатки во овој процес. Штом ја достигне потребната температура, тргнете го садот од огин.rnrn3. Мешавината од вода и желатин почнете да ја матите со миксер на слаба брзина. Внимателно истурете ја другата мешавина со шеќерот додека миксерот сè уште ви работи. Додадете го екстрактот од пеперминт. Сега засилете ја јачината на мисксерот до средна брзина и матете 6 минути додека да добиете пенеста смеса.rnrn4. Во едно тавче напрскајте шеќер во прав. Додајте неколку капки црвена боја доколку одлучивте да ја употребите и оваа состојка. Сипете тенок слој од маршмелоу кремот во тавчето, а потоа со врвот од нож промешајте по дното за да ја распоредите бојата насекаде. Додадете го и остатокот од кремот, потоа уште неколку капки од бојата за готвење и повторно промешајте со врвот од ножот но овој пат површински. Пропрскајте одозгора со шеќер во прав и оставете го да преноќи.rnrn5. Следниот ден исечете го стегнатиот маршмелоу крем на коцки и сместете ги во непропустлива кутија во која можете да ги чувате до две недели.rnrnОстанува да уживате во вистински интересниот вкус на маршмелоу коцките. Тие се одличен додаток за топлите напитоци, но и лесен десерт после ручекот.rnrnМаршмелоу коцки со вкус на пеперминт Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Самурајски ножеви за вашата модерна кујна

    Самурајски ножеви за вашата модерна кујна

    Овој креативен сет ножеви, кои изгледаат како традиционални јапонски мечеви кои ги користеле нивните храбри и почитувани самураи, се одличен додаток за вашата кујна.Самурајски ножеви за вашата модерна кујнаВо сетот има 4 остри ножеви, а секој од нив има и соодветна футрола. Доколку ви се допаѓаат можете да ги нарачате онлајн и конечно да почнете да ја подготвувате вашата храна како вистински самурај.Самурајски ножеви за вашата модерна кујна Самурајски ножеви за вашата модерна кујна Самурајски ножеви за вашата модерна кујна
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

    5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате

    Појавата на ајфонот дефинитивно направи огромна промена во нашите животи и како што поминува времето сè повеќе и повеќе ја буди креативноста кај луѓето. Погледнете ги наредниве неколку одлични апликации и додатоци кои секојдневно привлекуваат нови корисници од сите возрасти…rn
    rn

    Instaprint

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеInstaprint е додаток за апликацијата Instagram кој има улога на полароид, но со мала промена. Овој додаток нема да има потреба од мастило, туку сите бои ќе ги извлекува директно од хартијата. Тој ќе има далечински управувач и ќе можете безжично да се поврзете со него. Моментално се работи на прототипот, но се очекува во брзо време да се појави во продажба.rn


    rn

    Sphero

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеСтанува збор за првата роботска топка која ќе можете да ја контролирате преку апликација од вашиот ајфон. Таа има можност и за сингл и за мултиплеер комбинација каде што дефинитивно има несекојдневно испреплетување на виртуелниот и реалниот свет преку игра. Цената на Sphero изнесува 129.99 долари.rn


    rn

    Jawbone Up

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеНашето здравје е едно од најважните работи и овој додаток ни овозможува да живееме многу поздраво. Во комбинација со апликација на вашиот ајфон можете постојано да имате извештај за тоа колку спиете, како ги поминувате фазите на спиењето, колку одите, колку калории согорувате, како и многу други работи. Со помош на овој извештај можете од ден на ден брзо и лесно да си го подобрувате вашето здравје. Цената на додатокот изнесува 184.99 долари.rn


    rn

    Withings Blood Pressure Monitor

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеОвој додаток ви овозможува динамично мерење на вашиот крвен притисок и отчукувањето на срцето. Тој се поврзува директно со вашиот ајфон, ајпод или ајпад и овозможува едноставна и удобна проверка која можете да ја направите во секое време. Цената на овој додаток е 112.39 долари.rn


    rn

    Griffin Helo TC Helicopter

    rn5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги имате5 апликации и додатоци за ајфон кои мора да ги иматеФирмата Грифин веќе подолго време произведува добро познати продукти за „Apple.“ Во овој случај нивната цел е да измамат насмевка на вашето лице со помош на новата играчка – хелихоптер. Овој додаток за ајфон се контролира преку апликација која има виртуелен џоистик со кои можете да го движите хеликоптерот напред, назад и на страна. Апликацијата е бесплатна, но додатокот чини 60 долари.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.