Модните ѕвезди и инфлуенсери на Инстаграм стануваат многу предвидливи: Витки и потемнети модели покажувајќи ни го луксузниот живот на егзотични локации. Затоа и кога ќе наидеме на нешто малку поразлично, тоа веднаш ни го привлекува вниманието. Овој пат станува збор за 84-годишниот јапонски дедо Тетсуја, пензиониран професор по хемија, кој станал нова и освежувачка инспирација во светот на модата.rnrn
rnrnТетсуја бил посетен од неговиот внук Наоја Кудо и во текот на таа недела тој целосно го трансформирал неговиот моден стил. Резултатите од фотосесијата на Тетсуја биле толку добри што Наоја не можел да не ги сподели со целиот свет. Токму затоа и му направил Инстаграм профил на својот дедо, кој за кратко време стигнал до 88 илјади фотографии и инстантна слава. Сакате да знаете зошто е тој толку познат? Погледнете ги следниве фотографии…rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rn
Tag: дедо
-

Внук купува нова облека за дедо му и го трансформира во голема Инстаграм ѕвезда
-

На сите баби и дедовци на овој свет – БЛАГОДАРАМ!
Тие беа тука, да скокнат и да помогнат, од самиот почеток. Што било и да затреба, кога и да затреба. Нашите деца, од првиот ден, ги засакале како свои, давајќи 100% од себе секогаш кога се со нив.rnrn
rnrnНа бабите кои трпеливо седат со своите внуци и со часови разговараат заедно – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа дедовците кои секогаш носат забава, по некое скриено благо и насмевка на лицата на нашите деца – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите кои прават најдобра пилешка супа на светот (и секогаш подготвуваат за носење) – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа дедовците кои со часови минуваат на теписонот, се трансформираат во коњчиња и сложуваат коцки – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите кои раскажуваат најубави, најволшебни приказни кои децата најдолго ќе ги паметат – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnНа дедовците кои ги учат своите внуци да ловат риби, да пливаат и да работат во градината – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите кои менуваат пелени и ги бришат носињата, со иста љубов со која го правеле тоа на своите деца – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа дедовците и бабите кои ги чуваат нашите деца, па така на работа или во град одиме без трошка грижа дали детето ќе биде добро згрижено – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои од секоја скромна пензија одвојуваат како куќа голем денар и купуваат играчка, книга, чоколада – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите и дедовците кои ги учат нашите деца на вредни животни лекции, од тоа како да бидат претпазливи и штедливи до тоа зошто е важно вредно да се работи и да се биде чесен – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnНа оние кои точно знаат што и кога треба да кажат – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои одат во градинка или училиште по нашите деца, тогаш кога ние не може да стигнеме – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои го купиле првиот велосипед, ги платиле часови по балет или се грижеле дали имаме доволно за патики и јакна – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои ги пеат најдрагите песнички и кои како со волшебно стапче ги смируваат децата тогаш кога тоа делува како невозможна мисија – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние во чиј дом се игра со брашно, се меси тесто и каде што скоро сѐ е дозволено – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnСигурни сме дека никогаш нема да можеме да им се одолжиме на нашите родители за целата помош која ни ја овозможиле и љубов кои нашите деца ја добиле од нив. Сигурно сакаме да можеме да им обезбедиме патување од соништата во најскапиот хотел во светот. Или да им купиме нови автомобили. Или барем секој ден да поминеме барем еден час со нив. Секогаш сакаме да им го овозможиме сето она што тие од ден во ден ни го даваат нам – стабилност, мир, сигурност, доверба и помош. Безусловна, секојдневна помош. И да, никогаш, ниту за милион години не би можеле да успееме во сето ова без нив.rnrnПогледнете и зошто си ги сакаме баба и дедо. -

8 незаменливи причини зошто си ги сакаме баба и дедо
Времињата поминати со нашите баби и дедовци се најубавите сеќавања од нашето детство. Тие нè посипуваат со безусловна љубов и нега и секој од нас има по некоја омилена приказна со нив. Од најстари и најпочитувани во семејството, па сè до нивното детинесто однесување кога ќе се здружат со внуците, тие се вистинско богатство во нашиот живот. Некои од нас се среќни и сè уште ги имаат во својот живот додека многу луѓе ги изгубиле со текот на времето. Погледнете зошто баба и дедо се најдобрите личности во нашиот живот.rn
Играњето со нив
rn
rnrnИгрите секогаш биле позабавни кога тие ќе се придружат. Покрај тоа, сигурно сте имале и тајни игри кои никој не можел да ги разбере освен вие.rnНишто не е како летните одмори
rn
rnrnКако дете секој од нас ги чекаше долгите и мрзливи лета кога можевме да ја посетиме куќата на баба. Отсекогаш сме ја гледале како замок полн со љубов.rnЈадењето зготвено од нив
rn
rnrnИма ли нешто повкусно од јадењето на баба? Различните деликатеси приготвени од неа нè носеа на маратон во јадење и вкусот секогаш беше прекрасен.rnДаваат најдобри совети
rn
rnrnНе размислувајте два пати пред да им доверите некоја тајна или да побарате некој совет. Тие имаат вистинско животно искуство со нивната возраст и имаат најдобри решенија за вашите совети.rnНајдобри раскажувачи на приказни
rn
rnrnТие можат секоја приказна да ја направат волшебна. Успивајќи се секоја вечер слушајќи како ви ја раскажуваат омилената приказна или некоја случка од нивниот живот, се едни од најдобрите сеќавања од детството.rnПартнери во криминал
rn
rnrnЗнаете кај кој треба да одите кога вашите родители ве караат. Баба и дедо без сомневање ќе бидат на ваша страна и за возврат ќе ги искараат вашите родители.rnПриспивни песни
rn
rnrnНема ништо поубаво од тоа вашата баба да ви дозволи да спиете до неа и да ви пее приспивни песни.rnНивната љубов
rn
rnrnЉубовта која ја имаат за внуците е неизмерна. Поминувајте повеќе време со нив, бидејќи тие се најдобрите!rnrnПогледнете и неколку причини зошто да ги посетите вашите баба и дедо за време на празници. -

Пријателството меѓу овој дедо и неговата мачка ќе ви го стопи срцето
Животот на 94-годишниот дедо Џиџи се сменил од корен дента кога ја добил мачката Кинако. Неговата внука Акико почнала да го фотографира дедо ѝ уште кога не знаела како да користи фотоапарат и ја забележала значителната разлика во неговиот живот пред и по мачката.rnrn
rnrnЏиџи работел 64 години во неговата канцеларија, но во 2009 година тој завршил во болница. Докторите му кажале дека е болен. Човекот кој некогаш бил многу дружељубив изгубил интерес за животот и станал намуртен. Но, тогаш во неговиот живот се појавила Кинако.rnrn
rnrnМеѓу Џиџи и Кинако почнало да се развива неверојатно пријателство. Кој би рекол дека срамежливо маче ќе се спријатели со нерасположен стар човек?! Границата меѓу човекот и животните се топи исто како што Кинако го стопила срцето на Џиџи.rnrn
rnrnПогледнете ја приказната за ова необично пријателство прикажана преку фотографии…rnСимултаност
rn
rnЉубов
rn
rnЕдинствена љубов
rn
rnЕден до друг
rn
rnrnПогледнете ги останатите фотографии од ова необично пријателство на следната страница…rnrn -

80-годишен модел ги сруши сите стереотипи со неговиот самоуверен став на модната писта
Обично не може да видите постари модели на познатите модни ревии. Но, овој 80-годишен дедо докажува дека модните креатори цело време прават огромна грешка.rnrn
rnrnВанг Дешун е глумец и уметник од Кина со една единствена цел: Да го порази процесот на стареење со тоа што ќе остане во форма и постојано ќе пробува нови работи. Па, така, тој изградил кариера во модниот свет, а авантурата започнала кога одлично се покажал на една ревија од Кинеската модна недела минатата година.rnrn
rnrnДешун работи три часа дневно. Тој порано држел часови по моделство и организирал модни настани, но дури сега за прв пат зачекорил на модната писта и се претворил во национална икона.rnrn
rnrn
rnrnСоцијалните мрежи честопати го нарекуваат „најзгодниот дедо“, а обожавателите отворено му се восхитуваат поради неговата храброст да започне со моделство на таа возраст.rnrn
rnrnПогледнете го и неговото видео насловено како „Бидете најопасни“ (Be the fiercest) кое несомнено ќе ви ја даде потребната храброст и мотивација да ги следите вашите соништа…rnrn -

Старци во кои се заљуби целиот Интернет: Дедо ѝ помага на баба со својата фризура
Бабата и дедото на Еми Пенингтон најверојатно не ни сонувале дека нивната сосема обична фотографија ќе предизвика бура од емоции на Интернет. Само неколку дена биле потребни за овие старци да станат ѕвезди на Твитер. Нивната прекрасна селфи фотографија која Еми ја споделила на својот Твитер профил предизвикала бура од емоции, а за тоа сведочат и оние повеќе од 200 илјади лајкови кои таа ги добила.rnrn
rnrnВсушност, бабата имала хируршка интервенција на зглобот, па не можела сама да ја среди својата фризура. Затоа е тука нејзиниот витез, за да ѝ помогне, како и во секоја друга ситуација. Кога бабата би знаела дека нејзината селфи фотографија каде што е несредена и облечена во домашен фустан, би завршила како интернет сензација, најверојатно два пати би размислила дали да ѝ ја испрати на својата внука. Сепак најважното е што носи моќна порака за љубовта.rnrnОваа фотографија е споделена многу пати, а помеѓу обожавателите има и мажи и жени. Погледнете…rnrn
-

Присилно разделени по 62 години љубов: Солзите на овие баба и дедо ќе ги трогнат и најрамнодушните!
83-годишниот Волф Готчок и неговата 81-годишна жена Анита се запознале како тинејџери во еден германски станбен блок и биле неразделни целиот нивен живот. Но, дошло време да се преселат во дом за стари лица. Ниту еден дом во канадскиот град Сари, каде што се преселиле во младоста, не можел да ги прими и двајцата, па последните 8 месеци овој пар живее одвоено.rnrn
rnrnСекој втор ден, членови од семејството ја носат Анита да го види саканиот кој е оддалечен 40 минути возење со автомобил. Тој е во ран стадиум на деменција, а таа станува сѐ повеќе неподвижна.rnrnРазделбата многу тешко ги погодила и секогаш кога конечно ќе се видат, почнуваат да плачат. Семејството е очајно.rnrn
rn„Баба ми сега не може ни да го бакне за добра ноќ. Тој ја нарекува со разни прекари како ’глувче мое мало’ секогаш кога ќе ја види“, рекла една од внуките.
rnСега кога памтењето на Волф се влошува, а семејството дознало дека боледува и од лимфома, потребно е последните денови да ги помине со неговата жена. Властите преземаат сѐ што можат за овој случај да стане приоритет и повторно да ги соединат заљубените сопружници.rnrn
rnrnПогледнете го следново видео од збогувањето на овие двајца вљубени кое несомнено ќе ги стопи и најладните срца.rnrn -

Дедо во одлична форма ги изненадува сите кога му понудиле седиште за постари патници
Кога еден патник се понудил да стане и да го отстапи своето место резервирано за постари патници на 68-годишниот дедо, Вејн МекЕнтајр, кој патувал заедно со својот внук во Рио де Жанеиро, тој се насмевнал, ја одбил понудата и потоа го направил ова:rnrn
rnrnМожеме слободно да кажеме дека не сите Олимпијци носат медали. Сите ние знаеме дека е културно да го отстапиме нашето место на постарите патници или бремените жени во јавниот транспорт, но можеби е подобро прво да провериме дали тие се во подобра форма од нас! -

Бог дава, а луѓето користат: Тажна приказна од еден старец која ќе ви ги отвори очите
„Биле, па поминале, па пак дошле тешките времиња, синко мој“, почнал старецот да ја раскажува својата приказна, со намера барем на една личност да ѝ го пренесе своето животно искуство и да ѝ помогне да научи важна лекција. Овој човек преку една моќна порака ќе допре директно до вашето срце и ќе ви ги отвори очите. Еве ја неговата тажна приказна со голема животна поука…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnОткако знам за себе, отсекогаш тешко се живеело, но порано беше многу полесно. Не се имаше многу, но срцето беше задоволно со тоа што го имаше. Срцето беше полно со љубов од кое се раѓаше почитта кон луѓето. Таткото беше татко, мајката – мајка, а детето – дете. А денес? Не треба премногу да се зборува, сè се знае.rnrnСè повеќе светови се мијат со своите сопствени солзи, бидејќи среќата за некои е само поим или бајка. Ако мене ме прашуваш, сине, јас долго, долго не сум почувствувал ни трошка радост или спокој. Долго не сум се насмеал од срце, сине. Знаеш, онака од душа. И секако ја нарекував среќата, но не знаев дека треба да ја нарекувам само живот мој. Но, сега знам…rnrnМе прашуваш за деца? Добри ми се, нека се живи и здрави. Сите имаат свои деца и свои животи. Ми доаѓаат и ме посетуваат колку можат, овозможуваат колку можат. Седам тука крај прозорот и гледам со часови некаде, а да ме прашаш каде, ни самиот не знам. Но, гледам и чекам и кога ќе ги здогледам милите лица на моите деца како да почнува да ме грее сонце. Но, тоа ретко се случува. Тие ми велат дека имаат премногу свои обврски и постојано се во брзање.rnrnЗапомни, сине мој, Бог дава, а луѓето користат. Сепак, нешто добро ни дал и оставил, а тоа е дека сите ние сме биле деца и дека потоа ќе бидеме и родители. Дека денес сме млади, утре стари. Дека денес сме силни, утре слаби. Дека денес сме здрави, а утре кој знае?rnrnИ да, ако има премногу правда, ете баш тука се наоѓа. И јас некогаш бев млад и силен. И јас некогаш бев среќен и полетен. И мене мајка ми и татко ми ме чекаа како што и јас сега чекам. Затоа, сине, не заборавај, сè се враќа!rnrn[/message_box] -

Цитати коишто ја покажуваат приврзаноста на децата кон своите баба и дедо
Внуците се поврзани со своите баба и дедо на еден посебен начин. Кога родителите не се присутни, тука се бабите и дедовците да ја пружат својата љубов. Одгледувањето на втора генерација носи многу награди, меѓу коишто најголемата е одржувањето на семејството како целина. Спомените коишто ги носат внуците од моментите споделени со своите баба и дедо остануваат засекогаш. Бабите и дедовците се дел од нивните први осознавања за светот, притоа учејќи ги на вредни животни лекции.rnrn
rnrnЗа тоа колку е важен овој однос зборуваат и некои од наведените цитати.rn„Нашите внуци нѐ прифаќаат онакви какви што сме, без прекорувања или желба да нѐ променат, онака како што никој во нашите животи досега не го направил тоа, ниту нашите родители, браќа и сестри, сопружници, пријатели, ниту пак нашите сопствени деца.“ – Рут Гуд
rn
„Нешто магично се случува кога родителите преминуваат во баби и дедовци. Нивниот став ‘парите не растат на дрво’ се менува како тоа да станува вистина.“ – Пол Линден
rn
rn„Внуците го пополнуваат просторот во вашето срце, оној што никогаш не сте знаеле дека е празен.“ – Непознат автор
rn
„Релацијата на бабите со своите внуци е едноставна. Бабите кратко критикуваат и долго љубат.“ – Непознат автор
rn
rn„Баба – прекрасна мајка со многу искуство.“ – Непознат автор
rn
„На младите им треба нешто стабилно за што ќе се држат – култура, чувство за своето минато, надеж за нивната иднина. Најмногу од сѐ, ним им треба она што нивните баба и дедо може да им го дадат.“ – Џеј Кеслер
rn
rn„Бабата и дедото се луѓе со сребро во косата и злато во срцето.“ – Непознат автор
rnrn
„Бабата и дедото се чудесна мешавина од смеа, грижливи постапки, преубави приказни и љубов.“ – Непознат автор
rnА кој е вашиот омилен спомен од детството?