КАФЕ ПАУЗА

Tag: црвена

  • Овошјето и зеленчукот со црвена боја се вистински чувари на вашето здравје

    Овошјето и зеленчукот со црвена боја се вистински чувари на вашето здравје

    Можеби ќе се изненадите, но се покажало дека храната не се вреднува само по витамините што ги содржи, туку и по нејзината боја. Поради ова, дури и подобро осветлената кујна може да го промени вкусот на вообичаената храна.rnrnОвошјето и зеленчукот со црвена боја се вистински чувари на вашето здравјеrnrnПричината е што сетилата за вкус работат заедно со сетилата за вид. Па, не е важен само вкусот, туку и бојата на храната. Консумирањето храна со одредена боја може да ви помогне да ги зачувате младост и здравјето долго време. Не залудно готвачите се обидуваат да ги украсат нивните оброци со разни бои и нијанси. Се покажало дека оваа разновидност од бои е важна за нашето здравје. Храната со светла боја наводно го зголемува апетитот, а храната со црвена боја е одлична за целокупното здравје.rn

    Црвената боја ја лекува анемијата

    rnХраната со црвена боја е одлична за слабокрвните луѓе, како и за оние на кои постојано им е студено. Доколку сте уморни, црвената храна ќе ви помогне да се вратите во нормала. Црвените овошје и зеленчук го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат варењето и го чистат организмот од токсини.rn

    Црвената боја го штити срцето

    rnПричината за ова е ликопенот кој се наоѓа во доматите и чили пиперките и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и рак на простата. Корисните својства на оваа храна не само што се остануваат после термичката преработка, туку можат и да се зголемат. Па додајте повеќе брусници, црвени сливи, малини и јагоди во вашата исхрана за да го почувствувате ефектот.rnrnЦрвената храна содржи и железо кое е потребно за формирање црвени крвни клетки и обезбедува енергија за клетките.rn

    Црвената боја помага во позитивниот поглед на животот

    rnЦрвената храна може да ви го подобри погледот кон живот и да ве смири. Исто така таа е богата со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и помага во борбата против вирусните инфекции. Витаминот Ц има и благотворен ефект врз кожата.rnrnЗнаете ли која е врската помеѓу менталното здравје и начинот на исхрана?

  • Топ 5 нијанси на кармин кои ќе ги обожавате оваа есен

    Топ 5 нијанси на кармин кои ќе ги обожавате оваа есен

    Многу шминкери ќе ви кажат дека ефективниот кармин е доволен. Со малку пудра и маскара, вашиот стајлинг е исполнет. Оваa есен ќе се носат токму такви кармини – ефективни, моќни и такви кои ќе ги истакнат вашите усни. Во продолжениe ќе погледнете 5 нијанси кои се апсолутен хит за оваа есен. Слободно експериментирајте!rnrn1-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    1. Марсала боја на кармин

    rnМешавината на сина и црвена нијанса е бојата која оваа есен ја носат моделите на модните недели ширум светот. Истакнете ги вашите усни, нека тие бидат во прв план. Со овој кармин доволно е да додадете само неколку слоја црна маскара.rnrn2-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    2. Неутрални мат усни

    rnАко не сте смели или не сте сигурни дека темните нијанси на кармин добро ви стојат, тука и понатаму се неутралните „голи“ усни, кои сè уште не излегле од мода. Со оваа варијанта одлично се вклопуваат зачадени очи.rnrn3-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    3. Незаменливата црвена

    rnСекогаш е во тренд, а се чини дека секоја сезона сè повеќе и повеќе. Заводничка, дава посебен сјај на вашето лице, а стана дел од секојдневието, бидејќи можете да ја носите и во дневни и во ноќни варијанти.rnrn4-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Црвена мат нијанса

    rnУште една црвена нијанса, но овој пат во мат варијанта. Мат шминката сè повеќе зазема место меѓу новите бјути трендови, затоа не мислете двапати. Мат кармините комбинирајте ги со мат лакови за нокти, бидејќи тоа е вистински погодок за оваа сезона.rnrn5-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_rn

    5. Мистериозно виолетова

    rnНијанса која е одлична за работен стил. Со неа можете да комбинирате и различни нијанси на сенка за очи и малку руменило на лицето.rnrn6-top-5-nijansi-na-karmin-koi-kje-gi-obozhavate-ova-esen-www.kafepauza.mk_

  • Истакнувањето на атрибутите не е тешко: Овие бои ќе ви помогнат во тоа!

    Истакнувањето на атрибутите не е тешко: Овие бои ќе ви помогнат во тоа!

    Изборот на гардеробата може да го истакне она најдоброто и да ги прекрие недостатоците, а освен кројот и моделот, тоа се однесува и на бојата. Гардеробата ја избирате според градбата, но и според приликата, па затоа нема исто да се облечете за на работа и за вечерно излегување. Сепак, некои бои се добри за сите прилики и за која било фигура, а комбинацијата на бои и ефектни детали, ќе помогнат да ги истакнете вашите предности.rnrn0-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    1. Црна

    rnИдеална е за секоја прилика, а крупната фигура ја стеснува и намалува. Освен малиот црн фустан, потребно ви е и црно здолниште, кое визуелно ќе ги намали вашите колкови, во комбинација со светла кошула или блуза, која ќе го истакне вашиот горен дел. Црно и бело е класична комбинација, но и таа не мора да изгледа строго. Може да носите лелеаво бело здолниште и црна блуза, доколку сте со ситна градба, како и доколку сакате да го истакнете тенкиот струк или да го прекриете премногу нагласениот или рамен горен дел и премногу заоблените или ковчести колкови.rnrn2-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    2. Бела

    rnДоколку сè на вас е бело, ќе делувате блескаво и сјајно, но и многу покрупно отколку што сте. Чисто белата не ги прикрива недостатоците, а доколку имате некои, комбинирајте ја оваа боја со други бои и детали кои ќе го привлечат вниманието.rnrn3-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    3. Розова и беж

    rnИзборот на овие женствени бои, кои треба да ги ускладите со исто таква деликатна шминка, ќе помогне да изгледате свежо и нежно. Строгите и спортски линии ќе ви прилегаат ако сте слаби, а лежерните и лелеави изберете ги доколку сте покрупни.rnrn4-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    4. Црвена

    rnВо бојата на страста и радоста, ќе бидете упадливи каде и да се појавите. Црвениот фустан е многу попредизвикувачки и повпечатлив од црниот, но за разлика од црната боја, во која може да биде секое дневно парче на вас, доколку истите тие се во црвена боја, нема да изгледате добро. Црвената боја комбинирајте ја со други бои, а водете сметка и за нијансите. Темно црвената или бордото визуелно ја стеснуваат фигурата исто како црната боја.rnrn5-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_

  • Моќта на боите: Како боите влијаат врз расположението?

    Моќта на боите: Како боите влијаат врз расположението?

    Сите имаме такви денови кога нашите потпетици едноставно не се однесуваат како што сакаме, карминот ни се размачкува и ни се кине или валка облеката. Пред да сфатиме, нашиот ден е упропастен поради „совршената“ комбинација и „прекрасната“ шминка терајќи нѐ да се чувствуваме непосакувано, несигурно и уморно. Прашањето е: Дали има начин се преобрати ефектот и да се развеселиме без разлика на јасно видливите штети во нашиот изглед? Секако дека има, а употребата на овие бои за да го подобриме расположението има голема улога во тоа.rn

    1. За подобро расположение – црвена

    rn1-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnАко сакате да се чувствувате подобро, одлучноста да успеете и да имате внатрешна сила се од витална важност. Никогаш не е лошо да ја дофатите најхрабрата боја во палетата – црвената. Како сите живи и моќни бои, црвената асоцира на моќ, нѐ охрабрува да преземеме иницијатива и ја брише негативната енергија. Ова се потврдува со фактот што професионалците често носат црвено на натпревари и со тоа што таа е една од боите која се користи на возилата за брза помош и опремата за прва помош.rnrnЦрвената ни шепоти да бидеме храбри, а тоа резултира со добар ден без разлика што нашата коса, чанта или облека кажуваат спротивно. Кога веќе го кажавме сето ова, останува уште да ги проследиме зборовите на познатата Коко Шанел: „Ако сте тажни, нанесете повеќе кармин и напаѓајте!“rn

    2. За енергетска поддршка – портокалова

    rn2-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnПортокаловата има слични енергии како црвената, но сепак е поразлична. Наместо храброст или ароганција, портокаловата промовира енергија и акција без дрскост и со доза нежност која црвената ја избегнува.rnrnСпортските компании оваа психолошка карактеристика на портокаловата боја ја користат врз нас и намерно прават облека во портокалови бои и преостанатите живи нијанси како електрично зелена и неонско розова. Тоа особено се забележува во спортската колекција на брендот H&М.rnrnСледниот пат кога ќе имате проблеми со мотивацијата на сред кардио сесија, додадете малку портокалова и измамете го мозокот дека имате енергија. Таа ќе ви ја возобнови одлучноста, ќе ви даде енергија и ќе ве натера да го завршите тренингот со поголем успех отколку што сте очекувале.rn

    3. За детоксикација на стресот – зелена

    rn3-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnНе само што ги смирува нервите, туку и предизвикува хармонија во домот ако ја користите како доминантна боја во вашиот стан или куќа. Токму затоа голем дел од луѓето бараат нешто зелено – без разлика дали е корица на книга или пејзаж од природата пред да скокнат во лудиот ден исполнет со обврски. Зелената смирува и природно и фугиративно, но исто така ревитализира при стресни ситуации. Затоа прошетките во парк толку многу ве релаксираат. Сепак, внимавајте на жестоките неонски зелени кои имаат повеќе функција како црвената и предизвикуваат страст и енергија, а не опуштање и релаксација.rn

    4. За да покажете кој е шеф – сина

    rn4-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnПоради нејзиниот интензитет, а сепак резервирани квалитети, сината е популарен избор кога станува збор за професионална облека и конференции. Оваа боја се поврзува со смиреност и формалност, што ја прави добар избор за облека за на работа и за формални настани. Но, внимавајте кога ја користите во домот затоа што потемните нијанси повеќе асоцираат на тага отколку на смиреност.rn

    5. Убавицата над сите бои – црна

    rn5-mokjta-na-boite-kako-boite-vlijaat-vrz-raspolozhenieto-kafepauza.mkrnrnПоследна, но не и помалку важна е црната. Според бесмртните зборови на Тед Грант: „Кога фотографирате луѓе во боја, вие ја фотографирате нивната облека, но кога ги фотографирате во црно-бело, вие ги фотографирате нивните души.“rnrnБоите не ни дозволуваат да го забележиме вистинскиот карактер на луѓето, но црната дозволува да се забележи вистинскиот облик на човекот, иако резервирана, сепак зрачи со сензуалност, моќна, но тивка и дефинирачка, а притоа конзервативна. Едноставно кажано, таа одговара на секоја прилика – од кежуал љубовен состанок до настан на црвениот тепих.rnrnЗатоа, ако сакате да влезете во елегантен и реномиран ресторан после работа, без да се пресоблекувате, носете мало црно фустанче. Така ќе се чувствувате добро облечени и елегантни, но сепак конзервативни.

  • Хит за оваа есен: Нокти во боја на вино

    Хит за оваа есен: Нокти во боја на вино

    Автор: Сара ТурановиќrnrnПаднаа лисјата, температурата почна да опаѓа, почнавме да носиме темни капути и кожни здолништа… во оваа листа фали уште бојата на нокти – во сите нијанси на вино. Откако оваа боја завладеа помеѓу познатите, пополека се качува и на врвот на најбараните бои на лакови за нокти.rnrn7-hit-za-ovaa-esen-nokti-vo-boja-na-vino-www.kafepauza.mkrnrnТемните бои одлично стојат и на долги и на кратки нокти и совршено ги прекриваат недостатоците. Спектарот на вино боја е широк и ги опфаќа и најзагасените и најбогатите нијанси со интензивен сјај или во мат варијанта. Во продолжение ви прелагаме неколку инспирации за маникир во боја на вино.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 интересни факти за флертот

    8 интересни факти за флертот

    Флертот е уметност. Ако не верувате, продолжете со читање.rnrn8-interesni-fakti-za-flertot-kafepauza.mkrn

    1. Има повеќе видови флерт

    rnПоточно 5: традиционален, физички, искрен, игрив и љубезен. 25% од флертувањето спаѓа во забава, а 30% е наменето за пронаоѓање партнер.rn

    2. Контакт со очи

    rnНаучниците тврдат дека доволни се 2 минути кокетирање со очи за помеѓу две личности да се случи страсна хемија. Иако изгледа како премалку време, факт е дека контактот со очи е многу важен и има голема улога во освојувањето.rn

    3. Говор

    rnЖените кои зборуваат јасно и брзо се заинтересирани. Невнимателниот избор на зборови е карактеристика на оние кои не се многу заинтересирани.rn

    4. Моќта на црвената

    rnНаучно е докажано дека црвениот кармин или фустан и тоа како помага во добивањето внимание, но и остава впечаток на поголема сексуална слобода.rn

    5. Допирите се задолжителни

    rnПостојат 3 вида допири: пријателски (рамења), нешто повеќе од пријателски (пределот околу струкот или подлактицата), како и нуклеарни (го вклучува лицето). Научниците го препорачуваат последниот кој гарантира најголем успех.rn

    6. Глума

    rnГлумењето тешко освоива личност навистина „пали“. На луѓето им е најинтересно она што не можат веднаш да го добијат.rn

    7. Годините не се важни

    rnАко ги прашате мажите, 83% откриваат дека годините кај жената навистина не им играат никаква улога.rn

    8. Директност

    rnМашките исто така сакаат жени кои се директни и порачуваат дека нема ништо посекси од она кога жена знае што сака. Слатките и лигави фрази ретко проминуваат и кај двата пола.

  • Црвена земја на чудата

    Црвена земја на чудата

    Шон Линч е фотограф кој преку својот објектив, на уникатен начин, со користење на инфраред подесување, го претвора хималајскиот масив Анапурна во Непал, во вистинска црвена, магична земја на чудата.rnrn(0) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mkrnrnНеговите фотографии се повеќе бајковити, отколку реални. И додека повеќето фотографи се обидуваат да ја пренесат реалноста онаква каква што е, Линч е уметник кој истата ја прави посликовита, почудесна, помагична. Погледнете ги фотографиите и уверете се во тоа.rnrn(1) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mk (2) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mk (3) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mk (4) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mk (5) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mk (6) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mk (7) crvena-zemja-na-chudata-kafepauza.mk
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

    4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

    Некои бои навистина можат да го нагласат најдоброто кај секоја жена, без разлика на нивниот тен или бојата на коса. Боите кои се наоѓаат на средина на спектарот, односно оние кои не се ниту претопли ниту преладни, им прилегаат на сите жени.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    „Вистинска“ црвена

    rnВо овој случај навистина важи онаа фамозна изјава на дизајнерот Бил Блас:rn
    rn

    „Кога сте во дилема, облечете црвено.“

    rnНе само што црвената боја го запира целиот сообраќај, туку на секоја жена што ја носи ѝ дава предност.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    Тиркизна

    rnБоите на спротивните страни на спектарот се зајакнуваат една со друга, па затоа и не е чудно што јагодите спакувани во зелена кутија изгледаат толку привлечно. Истото важи и за сино-зелената боја или позната како тиркизна, која совршено прилега со спротивната розова, давајќи ѝ здрав изглед на кожата. Одлично се комбинира со црна, кафена и останатите неутрални бои.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    Валкано розова

    rnОваа боја делува префинето. На спектарот се наоѓа помеѓу светло розовата и бојата на праска. Ја нагласува природната свежина на лицето, па секој што ја носи остава впечаток дека блеска. Козметичарите препорачуваат со ваквата боја да се користи и слична нијанса на кармин.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    Боја на модар патлиџан

    rnОва е совршена темно виолетова боја, бидејќи е лесно прилагодлива, скоро како црната, темно кафената или морнарско сината.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични празнични комбинации со топли бои

    Одлични празнични комбинации со топли бои

    Празници се ближат! Возбудата првично ја чувствувате отворајќи го вашиот плакар. Оваа сезона, во текот на новогодишните и божиќните празници, полн погодок е комбинацијата на темноцрвена и песочно-кафеава боја. Интензивната темноцрвена нијанса му дава топлина на вашиот изглед, додека пак софистицираната кафеава придонесува за вистински шмек на целокупниот впечаток.rnrnОва се неколку комбинации кои може да ги направите во текот на празниците:rn

    Секојдневен изглед

    rnОдлични празнични комбинации со топли боиrnКога одите на пазарење или во посета на роднини, одберете „покежуал“ варијанта. Удобен џемпер, фармерки, марама која ќе ја разбие монотонијата, ниски и удобни чизми и торба во интензивна црвена боја за впечатлив изглед. Не претерувајте со аксесоари, парче накит е сè што ви е потребно.rn

    Женствено и софистицирано

    rnОдлични празнични комбинации со топли боиrnВаквата комбинација дефинитивно покажува дека зимата не е монотона и здодевна. Ниските температури не треба да ве спречат да изгледате женствено и софистицирано. Капут со песочно-кафеава боја е добра инвестиција, бидејќи оди во повеќе комбинации и тешко дека ќе излезе од мода за брзо време. Комбинирајте го со женствено пласирано здолниште, бел и удобен џемпер, ниски обувки и дизајнирани хулахопки.rn

    Празнично патување

    rnОдлични празнични комбинации со топли боиrnДоколку треба да патувате паметно е да одберете удобна облека. Во ваква комбинација може да влезат едноставни песочно-кафеави панталони или фармерки, џемпер со црвени елементи, удобни обувки и парче накит.rn

    Посебни прилики

    rnОдлични празнични комбинации со топли боиrnСекако, празничната сезона вклучува многу прослави и забави. Доколку изберете поформална варијанта бидете софистицирани. Едноставен, еднобоен фустан во впечатлива црвена боја привлекува внимание и ги нагласува вашите облини без да изгледа дека премногу сте се труделе околу својот изглед. Во комбинација со фустанот одберете едноставни кремасти потпетици, косата врзете ја во ниска пунџа која секогаш придонесува за женственост, а што се однесува на накитот, одберете нешто повпечатливо.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тробоен есенско-зимски маникир

    Тробоен есенско-зимски маникир

    Есента е обоена со специфични бои. Позајмени од природата, овие бои ги пренесуваме на нашата облека, на модните додатоци и секако, на маникирот. За да бидете во склад со природата околу вас, направете едноставен, но многу ефектен есенски маникир, кој можете да го практикувате низ целата сезона есен/зима со мали промени во изборот на боите.rnrnВи предлагаме да користите темни варијанти на портокалова и црвена до бордо, но истиов маникир можете да го направите и со нијанси на некоја друга боја која е хит сезонава.rnrnТробоен есенско-зимски маникирrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Три нијанси на лак за бои
    • rn011

    • Лак за финиш
    • rn011

    • Ленти за француски маникир
    • rn

    rn

    Тробоен есенско-зимски маникир

    rn

    Постапка:

    rn1. Нанесете два слоја од најсветлиот лак и почекајте да се исуши.rnrn2. Внимателно нанесете самолепливи ленти за француски маникир на средината на ноктот. Можете да се послужите и со тенки парчиња селотејп, но во тој случај заоблениот ефект ќе се изгуби.rnrn3. Обојте го долниот дел од ноктот со едната нијанса, а другиот дел (до коренот) со другиот лак.rnrn4. Веднаш извадете ја лентата. Не чекајте лакот да се исуши.rnrn5. На крајот нанесете убав слој лак за финиш кој ќе му даде трајност на вашиот маникир и прекрасен сјај на вашите нокти.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.