КАФЕ ПАУЗА

Tag: црн дроб

  • Еликсир за чистење на црниот дроб: Потребни ви се само три состојки!

    Еликсир за чистење на црниот дроб: Потребни ви се само три состојки!

    Редовното чистење на црниот дроб е многу важно за одржување на здравјето. Денешната исхрана е полна со штетни материи кои црниот дроб не може сам да ги уништи, поради што му е потребна дополнителна помош.rnrnЕликсир за чистење на црниот дроб: Потребни ви се само три состојки!rnrnЦрниот дроб, најголемата жлезда во телото, е најпознат по тоа што ги отстранува штетните материи од телото. Покрај тоа, тој има функција да складира железо и одредени витамини, како и гликоза, која црниот дроб ја ослободува во крвотокот кога на телото му треба повеќе шеќер за енергија.rnrnЦрниот дроб, исто така, ослободува стари црвени крвни зрнца, инсулин и други хормони. Затоа е многу важно овој орган да е секогаш во топ форма. Во продолжение ви споделуваме рецепт за чистење на црниот дроб за кој ви се потребни само три состојки кои сигурно ги имате дома.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 голема лажица маслиново масло
    • rn 011

    • 1 лажица сок од лимон
    • rn 011

    • 1/2 мала лажичка куркума
    • rn

    rnИзмешајте ги сите состојки и пијте секое утро на празен стомак.rnrnМаслиновото масло и сокот од лимон се полни со антиоксиданси кои ги отстрануваат вишокот слободни радикали, ги штитат здравите клетки од оштетување и ги неутрализираат токсините. Куркуминот, пак, активната состојка во куркумата, го обновува црниот дроб и го ублажува оштетувањето на истиот, а ги отстранува и мастите од телото.rnrnОткако го прочитавте овој рецепт за чистење на црниот дроб, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена.rnrnИзвор: atma.hr

  • Пијте го ова секое утро за здрав и чист црн дроб!

    Пијте го ова секое утро за здрав и чист црн дроб!

    Црниот дроб има улога на фабрика за крв во нашето тело. Учествува во процесот на обновување на крвта при што ја чисти и ги отстранува сите токсини и нечистотии од неа. Помага и во зајакнување и стимулирање на процесот на варење.rnrnПијте го ова секое утро за здрав и чист црн дроб!rnrnЧистиот црн дроб е еден од клучните елементи за здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.rnrnНајдобар начин да се грижите за здравјето на црниот дроб е секојдневно да го чистите – секое утро на празен стомак пијте по една лажица маслиново масло измешано со лажица сок од лимон. После тоа, можете да уживате во појадокот.rnrnОва можете да го пиете цел живот без да се плашите од некакви последици со оглед на тоа дека и двете состојки се вообичаена секојдневна храна.rnrnПо еден месец, пак, ќе ги почувствувате промените. Вашиот изглед ќе се подобри, темните кругови под очите ќе исчезнат, тенот ќе стане свеж, изгледот ќе се подмлади, а дигестивните проблеми ќе станат минато.rnrnМаслиновото масло, како ниеден друг производ, помага да се отворат каналите на црниот дроб и жолчното кесе. Жолчката е активен учесник во процесот на варење и ја забрзува работата на вашите црева.rnrnОд друга страна, корисните својства на лимонот им се добро познати на сите. Лимонот е одличен извор на витамин Ц. Меѓу другото, тој ефикасно ги чисти крвните садови од наслагите на холестерол и го помага чистењето и на црниот дроб.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да го одржувате здравјето на црниот дроб, можеби ќе сакате да прочитате и за најдобрата и најлошата храна за црниот дроб.rnrnИзвор: atma.hr

  • Фактори кои можат сериозно да му наштетат на црниот дроб, а за кои не сте свесни!

    Фактори кои можат сериозно да му наштетат на црниот дроб, а за кои не сте свесни!

    Црниот дроб е еден од органите во човечкото тело кои најмногу работат, а покрај прекумерното консумирање алкохол и прекумерната употреба на лекови, постојат и други фактори кои негативно можат да се одразат врз неговото здравје.rnrnФактори кои можат сериозно да му наштетат на црниот дроб, а за кои не сте свесни!rn

    Прекумерно консумирање газирани пијалаци

    rnИстражувањата покажале дека луѓето кои премногу пијат газирани сокови се соочуваат со зголемен ризик од воспаление на црниот дроб, цироза и фиброза. Ако често ги консумирате овие пијалаци, време е да ги замените со вода.rn

    Консумирање непотребни додатоци/суплементи

    rnНутриционистите наведуваат дека консумирањето непотребни суплементи има негативен ефект врз здравјето на црниот дроб. Затоа, тие препорачуваат да ги користите само оние суплементи и витамини кои ги препорачал вашиот лекар.rn

    Лоша исхрана

    rnЛекарите постојано ја нагласуваат потребата од здрава и урамнотежена исхрана со оглед на тоа дека лошата исхрана може лесно да го оптовари црниот дроб. Тоа, пак, може да доведе до складирање и таложење на вишокот маснотии кои црниот дроб не можел да ги разложи. Од друга страна, вишокот калории и маснотии може да доведе до оштетување на клетките на црниот дроб.rn

    Недоволно сон

    rnПокрај многуте последици, недостатокот на сон може сериозно да го оштети црниот дроб поради оксидативниот стрес кој може да ја попречи работата на телото да ги преработува мастите и на тој начин да доведе до зголемување на телесната тежина, срцеви заболувања и дијабетес. Затоа, обидете се да спиете најмалку 8 часа за да му овозможите на црниот дроб да се одмори и непречено да функционира во текот на денот.rn

    Недоволна физичка активност

    rnЕкспертите препорачуваат дека недоволната физичка активност може да доведе до исклучително опасни последици за вашето здравје меѓу кои и заболувања на црниот дроб. Затоа, важно е да бидете колку што е можно физички поактивни и на тој начин ќе му овозможите на црниот дроб непречено да ја „работи својата работа“ и да остане здрав.rn

    Премногу стрес

    rnПрекумерната и долготрајна изложеност на стрес може значително да влијае врз целокупното здравје вклучувајќи го и црниот дроб. Многубројни истражувања ја покажале поврзаноста меѓу високите нивоа на стрес (анксиозност и депресија) и разноразните заболувања на овој орган. Од друга страна, вреди да се спомене и фактот дека според традиционалната кинеска медицина, повеќето органи се поврзани со емоциите, па така гневот и бесот го блокираат протокот на енергија на црниот дроб.rnrnОткако прочитавте кои фактори можат да му наштетат на црниот дроб, можеби ќе сакате да прочитате и за најдобрата и најлошата храна за црниот дроб.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Најдобрата и најлошата храна за црниот дроб

    Најдобрата и најлошата храна за црниот дроб

    Црниот дроб е еден од највиталните органи во целото тело, па затоа важно е да јадете храна која е добра за вашиот црн дроб. Во продолжение прочитајте која храна е најдобрата, а која најлошата кога станува збор за правилното функционирање на црниот дроб.rnrnНајдобрата и најлошата храна за црниот дробrn

    Добра храна за црниот дроб

    rn

    1. Боровинки

    rnБоровинките се одличен избор кога станува збор за црниот дроб затоа што изобилуваат со антиоксиданси. Истражувањата покажале дека го намалуваат развојот на рак на црн дроб.rn

    2. Кафе

    rnИстражувањата покажале дека оние кои редовно пијат кафе имаат помал ризик од заболување на црниот дроб како дијабетес 2, но и други невролошки нарушувања. Ова главно се должи на фактот дека кафето е богато со антиоксиданси.rn

    3. Риба

    rnРибата е одличен извор на протеини кои се од витално значење за одржување на здравјето на црниот дроб. Покрај тоа, повеќето видови риби се преполни со амино киселини и омега-3 масни киселини.rn

    4. Брусница

    rnСокот од брусница е богат со витамин Ц кој му помага на црниот дроб да ги разградува мастите. Покрај тоа, овој витамин помага во производството на глутатион, протеин кој помага при разградувањето и отстранувањето на токсините од организмот.rn

    Лоша храна за црниот дроб

    rn

    1. Алкохол

    rnПрекумерната употреба на алкохол може да доведе до заболување на црниот дроб и се јавува како резултат на намалената способност на црниот дроб да регенерира нови клетки. Од друга страна, тоа значи дека црниот дроб не може да ги разградува негативните масти или токсини.rn

    2. Црвено месо

    rnЦрвеното месо е одличен извор на протеини, но морате да внимавате да не претерате со консумирање, особено кога станува збор за холестеролот. Црвеното месо содржи заситени масти, вишок железо и хетероциклични аними кои можат да бидат штетни за организмот доколку се внесуваат во поголеми количини.rn

    3. Конзервирана храна

    rnКонзервираната храна е преполна со натриум кој се користи не само за да го продолжи рокот на траење, туку и да го подобри вкусот на храната. Високото ниво на натриум може да доведе до појава на фиброза.rn

    4. Суво грозје

    rnИако постојат многу здравствени придобивки од консумирањето суво грозје, сепак неговата прекумерна употреба може да доведе до спротивен ефект. Сувото грозје е богато со шеќери, калории и конзерванси, па затоа прекумерното консумирање на оваа намирница може да доведе до воспаление на ткивото на црниот дроб.rnrnОткако прочитавте кои се добрите, а кои се лошите намирници кога станува збор за црниот дроб, ви препорачуваме да прочитате и како пржената храна влијае врз вашето здравје и зошто треба да ја избегнувате.rnrnИзвор: littlethings.com

  • Поради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќе

    Поради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќе

    Умереното пиење кафе го намалува ризикот од развој на рак на црниот дроб, покажува едно британско истражување.rnrnПоради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќеrnrnНаучниците од Универзитетот во Единбург и од Универзитетот во Саутемптон ги проучувале медицинските податоци на речиси половина милион здрави луѓе и заклучиле дека „пиењето секаков вид кафе го намалува ризикот од развој на хронични заболувања на црниот дроб“.rnrnОливер Кенеди, главниот автор на истражувањето чии резултати беа објавени во списанието „BioMedCentral“, вели дека кафето може да биде „потенцијално средство за спречување хронични заболувања на црниот дроб“.rnrnЛуѓето кои консумирале кафе умерено имале за 20 проценти помал ризик од развој на замастен црн дроб и 49 проценти помал ризик од смрт од некои хронични заболувања на црниот дроб, во споредба со луѓето кои не пиеле кафе.rnrnНо, научниците истакнуваат дека и во овој случај, клучна е умереноста.rnrnСпоред научниците, за црниот дроб е најдобро да пиете три до четири шолји кафе дневно.rnrnПрочитајте зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.

  • 6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

    6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб

    Кога станува збор за виталните органи, повеќето луѓе воопшто не помислуваат на црниот дроб. Но овој орган е одговорен за трансформирање на хранливите материи од храната во супстанци што нашето тело може да ги користи. Па, важно е да го одржите неговото здравје, а можете да го направите и со некои вежби. Вежбите во продолжение можете да ги изведувате и дома и тие ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дроб.rn

    1. Истегнување на нозете преку глава за стимулација на црниот дроб

    rn6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дробrnrnОва истегнување го стимулира црниот дроб да работи подобро. Вежбата ќе го подготви црниот дроб подобро да ги „фати“ хранливите материи во храната што сте ја консумирале во текот на денот.rn

      rn 011

    • Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото, со дланките свртени надоле.
    • rn 011

    • Кренете ги нозете и држете ги исправени.
    • rn 011

    • Бавно префрлете ги над главата и спуштајте ги додека стапалата не ја допрат земјата зад рамената.
    • rn 011

    • Држете ја положбата околу една минута и бавно вратете се во почетната положба.
    • rn

    rn

    2. Виткање на торзото за подобра циркулација

    rn6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дробrnrnВиткањето на телото бара труд што ја подобрува циркулацијата и дотокот на кислород во црниот дроб. Со оваа вежба, органот ќе добие енергија и ќе ја насочи секоја хранлива материја онаму каде што треба.rn

      rn 011

    • Седнете на мека и рамна површина со прекрстени нозе и исправен грб.
    • rn 011

    • Фатете го левото колено со десната рака.
    • rn 011

    • Поставете ја левата рака на подот зад грбот додека сте свртени кон лево.
    • rn 011

    • Држете ј положбата 30 секунди, а потоа повторете на другата страна.
    • rn 011

    • Повторете 5 пати на секоја страна.
    • rn

    rn

    3. Виткање на ‘рбетот за подобар доток на кислород

    rn6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дробrnrnОваа вежба ќе нанесе малку притисок на црниот дроб кој ќе биде како масажа.rn

      rn 011

    • Седнете на мека и рамна површина со прекрстени нозе. Држете го грбот исправен.
    • rn 011

    • Подигнете ја левата нога, свиткајте ја и поставете го стапалото покрај десното колено. Ќе почувствувате мал притисок на црниот дроб.
    • rn 011

    • Поставете ја десната дланка на левото стапало свртена кон напред.
    • rn 011

    • Поставете ја левата рака на подот зад вашиот грб додека сте свртени кон назад.
    • rn 011

    • Држете ја положбата 30 секунди, па повторете на другата страна.
    • rn 011

    • Направете 5 повторувања на секоја страна.
    • rn

    rn

    4. Стегнување на стомакот за зајакнување на црниот дроб

    rn6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дробrnrnКога вежбите ги стегнуваат и опуштаат мускулите на стомакот, тогаш ги вежбате вашите органи, вклучувајќи го и црниот дроб. Со неколку стомачни дневно ќе го тонирате овој орган, ќе ја подобрите циркулацијата и ќе го направите поотпорен на секојдневниот стрес.rn

      rn 011

    • Легнете на мека и рамна површина, малку свиткајте го десното колено и на него ставете го левото стапало.
    • rn 011

    • Кренете ги рацете, свиткајте ја десната рака и ставете ја дланката на увото.
    • rn 011

    • Дигнете го телото нанапред, малку кон десно, стегајќи ги стомачните мускули. Држете ја положбата 2 секунди.
    • rn 011

    • Бавно вратете се во почетната положба и целосно релаксирајте ги стомачните мускули. Одморете 5 секунди со длабоко вдишување.
    • rn 011

    • Повторете 20 пати на секој страна.
    • rn

    rn

    5. „Анти-стрес“ позиција и масажа

    rn6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дробrnrnОваа позиција ќе го релаксира вашиот црн дроб додека добива рачна стимулација со помош на масажа.rn

      rn 011

    • Легнете на десната страна на мека и рамна површина.
    • rn 011

    • Малку свиткајте ги колената. Ќе почувствувате дека стомачните мускули се релаксирани.
    • rn 011

    • Поставете ја дланката кај црниот дроб. Нежно притиснете и масирајте го органот 10-тина секунди.
    • rn 011

    • Вратете ја раката во почетната положба 10-тина секунди.
    • rn 011

    • Повторете 20 пати на секој страна.
    • rn

    rn

    6. Кинеска ротација на раце за релаксација

    rn6 вежби што ќе ја подобрат функцијата на вашиот црн дробrnrnСпоред традиционалната кинеска медицина, стресот може да предизвика физичка нерамнотежа кај црниот дроб. Оваа вежба ќе ја намали мускулната напнатост и ќе ви помогне да се ослободите од мастите околу црниот дроб.rn

      rn 011

    • Поставете ги нозете во ширина на рамената и малку свиткајте ги колената. Рацете поставете ги покрај телото.
    • rn 011

    • Подигнете ги рацете до висина на рамнета, со дланки свртени нагоре, така што едната е пред вас, а другата зад вас.
    • rn 011

    • Кренете ги рацете и лицето нагоре.
    • rn 011

    • Вратете ги рацете во претходната положба и променете ја позицијата – онаа што била напред сега е назад и обратно.
    • rn 011

    • Повторете 50 пати.
    • rn

    rnПробајте ги и овие јапонски вежби коишто се одлични за женското тело.

  • 8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнорирате

    8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнорирате

    Црниот дроб е навистина важен орган кој е одговорен за многу телесни функции, а неговата неправилна функција може да биде и фатална. Поради ова важно е да ги знаете знаците кои покажуваат дека можеби нешто не е во ред со вашиот црн дроб.rn

    1. Пожолтени очи и кожа

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnАко го имате овој симптом, вашиот црн дроб е во неволја. Оваа болест е позната како жолтица и предизвикува жолта пигментација на кожата, белките на очите и слузта. Жолтата боја се појавува поради вишокот билирубин кој се наоѓа во жолчката. Кога црниот дроб е во добра состојба тој лесно го елиминира билирубинот, но кога е оштетен буквално станувате жолти.rn

    2. Чувство на замор

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnОвде не станува збор само за обичниот замор, туку за ментален и физички недостаток од енергија. Најчесто ќе немате мотивација да правите што било. Понекогаш може да го чувствувате заморот само наутро, а станувањето од кревет да ви биде вистинска тортура. Во други случаи, можно е да го чувствувате заморот и во текот на целиот ден.rn

    3. Подуен стомак

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnПодуеноста на стомакот е еден од неудобните симптоми што предизвикува болка. Подуеноста настанува кога течноста се задржува во стомакот. Во некои случаи стомакот може да се надуе толку многу што ќе изгледа како на бремена жена. Поради насобраната течност, можно е да имате и потечени нозе и глуждови.rn

    4. Намален апетит и слабеење

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnОбично лекарите го земаат предвид овој симптом ако станува збор за губење над 10% од телесната маса. Оваа состојба лесно може да се поврзе со подуеноста на стомакот – кога сте подуени не сакате да јадете ништо. Исто така може да ви биде тешко да јадете бидејќи чувствувате болка.rn

    5. Појава на ангиоми на кожата

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnАнгиомите изгледаат како мрежа од мали крвни садови блиску до површината на кожата. Ако ги најдете на горниот дел од градите, дланките, вратот и лицето, можеби станува збор за болест на црниот дроб.rn

    6. Модринки по телото

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnАко имате оштетен црн дроб, производството на протеини прекинува или станува побавно. Ова предизвикува лошо згрутчување на крвта. Поради ова луѓето со оштетен црн дроб крвават повеќе и полесно им се појавуваат модринки.rn

    7. Темна боја на урината

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnНијансите можат да бидат различни, но воглавно вашата урина ќе изгледа потемно од вообичаено. Таа може да биде кафеава, темно портокалова или со боја на килибар. И во овој случај причината е вишокот билирубин што црниот дроб не може да го разгради.rn

    8. Чешање

    rn8 неочекувани знаци за неправилна функција на црниот дроб што не треба да ги игнориратеrnrnСекој може да го зачеша нешто, но кога имате проблем со црниот дроб чешањето е почесто и е локализирано. Причината се токсините што црниот дроб повеќе не може да ги отстрани. Кога телото е полно со токсини се појавува чешање, особено навечер.rnrnДознајте и што го уништува вашиот црн дроб и како можете да го обновите.

  • 6 знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на живот

    6 знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на живот

    Црниот дроб е еден од органите што вршат детоксикација на телото и тој секој ден работи многу напорно. Не е ни чудо што понекогаш може да се преоптовари! Ако вашиот црн дроб не може да ги претвори отровите во безбеден отпад, тие „чекаат“ во вашето масно ткиво да бидат исфрлени од телото кога црниот дроб ќе почне повторно да функционира нормално. Ова се 6-те знаци дека сте го преоптовариле црниот дроб со вашиот начин на живот…rnrn6 знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на животrn

    1. Збунетост

    rnКога црниот дроб е преоптоварен, не може добро да ја прочистува крвта. Како резултат на тоа, отровите може да стигнат до вашиот мозок. Кога ќе се случи тоа, може да забележите некои симптоми, како што се збунетост, проблеми со меморијата и потешкотии при донесувањето одлуки.rnrn(1) 6 знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на животrn

    2. Ниско ниво на шеќер во крвта

    rnЦрниот дроб е исто така одговорен за одржувањето на нивото на шеќер во крвта. Кога вашиот црн дроб е под голем стрес, може да доживеете ненадеен пад на шеќерот во крвта. Во нормални случаи, црниот дроб треба да ја преработи и произведе глукозата по оброкот. Но, ако црниот дроб не може да ја ослободи складираната глукоза во крвотокот, нивото на глукоза во крвта драматично опаѓа. Како последица на тоа, ниското ниво на шеќер во крвта предизвикува исцрпеност, нервоза и деконцентрација.rn

    3. Хормонски дисбаланс

    rnЦрниот дроб ги регулира и половите хормони. Ако црниот дроб не функционира како што треба, тоа може да доведе до неурамнотежени нивоа на естроген и тестостерон. Ова може да предизвика и посериозни проблеми, како што се намалено либидо и влошени предменструални симптоми.rnrn6 знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на животrn

    4. Промени во расположението

    rnВашето расположение и меморија зависат од состојбата на мозокот. Кога отровите ќе стигнат до вашиот мозок, може да имате проблеми со помнењето и да се соочите со чести промени на расположението. Анксиозноста и депресија се исто така поврзани со состојбата на црниот дроб. Ако ги забележите овие симптоми, најдобро е да се консултирате со професионалец или да одите на преглед пред да земете лекови на своја рака.rn

    5. Нарушувања на имунолошкиот систем

    rnЛуѓето кои често се разболуваат и настинуваат цврсто веруваат дека тоа се должи на недостатокот на витамин Ц. Но, малкумина знаат дека црниот дроб игра витална улога во развивањето силен имунолошки систем. Со други зборови, колку е поздрав вашиот црн дроб, толку подобро ќе се бори со вирусите и бактериите.rnrn6 знаци дека вашиот црн дроб не може повеќе да го издржи вашиот начин на животrn

    6. Ноќна апнеа

    rnНоќната апнеа е нарушување на спиењето и се одликува со паузи или кратки прекини на дишењето кои траат повеќе од 10 секунди. Во сериозни случаи, дишниот пат може да биде блокиран цели 2 или 3 минути, а овие кратки периоди заедно може да одземат половина од времето поминато во спиење. Еден од најчестите симптоми на ноќна апнеа е ’рчењето. Ако забележите симптоми на апнеа, најдобро е да го проверите црниот дроб, бидејќи постојат големи шанси дека не функционира како што треба.rn

    Како да ја подобрите функцијата на црниот дроб?

    rnПрвото нешто што треба да го направите е да стекнете поздрави навики на исхрана. Тоа не значи дека треба да се измачувате со некоја строга диета. Само обидете се да ги следите следниве неколку едноставни правила:rn

      rn011

    • Намалете ја консумацијата на фруктоза на 20 грама дневно.
    • rn011

    • Откажете се од растителните масла што предизвикуваат воспаленија.
    • rn011

    • Одбегнувајте газирани пијалаци.
    • rn011

    • Вашата исхрана треба да содржи повеќе животинска и растителна храна која ќе ви ги даде потребните аминокиселини.
    • rn011

    • Зголемете ја количината на зелени листести зеленчуци во вашата исхрана.
    • rn011

    • Намалете ја количината на алкохол што ја внесувате или целосно откажете се од него.
    • rn011

    • Не заборавајте да внесувате доволно сулфур преку јајца, лук и кромид.
    • rn

    rnДоколку сакате да го заштитите вашиот црн дроб, прочитајте што го уништува и со што можете да го обновите.

  • Грижа за вашето здравје: Храна што го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето на калориите

    Грижа за вашето здравје: Храна што го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето на калориите

    Сето она што ќе го изедеме и испиеме во текот на нашиот живот минува низ нашиот црн дроб. Токму заради тоа овој орган ги трпи и впива сите наши лоши прехранбени навики и со својата работа ни го штити телото. Доколку сакате да направите нешто добро за своето тело, а со тоа и за вашиот црн дроб, тогаш дознајте како да го одржувате здрав и со што темелно да го исчистите.rnrn1-10-namirnici-koi-go-chistat-crniot-drob-i-go-zabrzuvaat-sogoruvanjeto-na-kaloriite-www.kafepauza.mk_rnrnМрсната и пржена храна, нездравите пијалаци, алкохолот и лековите се главните непријатели на нашиот црн дроб кој во телото има функција на филтер кој го чисти организмот од штетните состојки. Но, токму заради тешката работа која ја извршува, црниот дроб може да биде многу оптоварен со што може да се предизвикаат разни здравствени проблеми. Со оглед на тоа дека црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, доколку тој заболи нема да ви предизвика болка, па токму поради таа причина е многу тешко да се открие болеста. Но, добрата вест е тоа што црниот дроб редовно се регенерира и скоро секоја штета може да се поправи.rn

    Храна што го прочистува црниот дроб

    rnЛук – го поттикнува создавањето на ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.rnrnЦитруси – богати со витамин Ц, цитрусите се силен антиоксиданс кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните состојки.rnrnЦвекло и морков – двете се богати со флавоноиди и бета каротин. Го стимулираат црниот дроб и ја подобруваат неговата работа.rnrnЗелен чај – состојката кетхин со која е збогатен овој чај е силен антиоксиданс што го чисти организмот.rnrnЗелен лиснат зеленчук – спанаќот, кељот, блитвата и марулата се преполни со хлорофил, односно се премногу ефикасни за неутрализација и исфрлање на токсините од крвниот систем.rnrn2-10-namirnici-koi-go-chistat-crniot-drob-i-go-zabrzuvaat-sogoruvanjeto-na-kaloriite-www.kafepauza.mk_rnrnАнанас – преполн е со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсини.rnrnМента – листовите нане се богати со флавоноиди кои делуваат како силен антиоксиданс.rnrnЃумбир – многу силен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот и помага при исфрлање на маснотиите од телото.rnrnОреви – содржат голема количина на омега-3 масни киселини и аминокиселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.rnrnЗелка – исто како брокулата и карфиолот, зелката силно делува на ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и ја забрзуваат неговата работа.rnrnИсто така, добро е да знаете што најмногу го уништува црниот дроб, а со што можете да го обновите.

  • Чувајте го вашиот црн дроб: Еве што најмногу го уништува, а со што можете да го обновите!

    Чувајте го вашиот црн дроб: Еве што најмногу го уништува, а со што можете да го обновите!

    Црниот дроб е чистач на нашиот организам. Познат е и како „тивок орган“, бидејќи не се буни, но еднаш кога ќе го затруеме, се случува хаос во организмот.rnrn1-chuvajte-go-vashiot-crn-drob-na-vreme-eve-shto-najmnogu-go-unishtuva-a-so-shto-mozhete-da-go-obnovite-www.kafepauza.mk_rn

    Ова се првите симптоми кои укажуваат на тоа дека вашиот црн дроб е оптоварен:

    rn

      rn011

    • Хроничен замор
    • rn011

    • Депресија
    • rn011

    • Честа главоболка
    • rn011

    • Несоница
    • rn011

    • Промени во расположението
    • rn011

    • ПМС
    • rn

    rnВо продолжение прочитајте што може да придонесе за појава на овие симптоми и оштетување на црниот дроб…rn

    1. Претерано и често консумирање брза храна, масна и пржена

    rnХраната како што е помфритот, чипсот, крофните, поточно храната којашто содржи многу масти, е токсична за црниот дроб. Таа содржи липидни пероксиди кои ги оштетуваат клетките на црниот дроб.rn

    2. Претерано консумирање кафе

    rnПретераното консумирање кафе најмногу штети на црниот дроб на постарите луѓе. На ова се придружува и намалената функција на бубрезите, така што, на постарите луѓе не им се препорачува да консумираат повеќе кафиња на ден.rn

    3. Алкохол

    rnАлкохолот се разградува во црниот дроб, а неговата неумерена количина доведува до разни оштетувања, меѓу кои е и оштетувањето на мозокот, панкреасот и целиот нервен систем. Токсичното влијание на алкохолот врз црниот дроб вклучува и насобирање на мастите, можност за појава на хепатитис и цироза на црниот дроб.rn

    4. Пушење

    rnЦигарите содржат многу токсични состојки во себе, меѓу кои се бензапирен, полициклички ароматски јагленоводороди, цијанид, катран, ацеталдехид, акролеин… Сето наведено доаѓа во крвта на пушачите и оваа задача за црниот дроб е сè, само не лесна.rn

    5. Отрови

    rnТрагите на пестициди во храната се насобираат во црниот дроб и може да предизвикаат хронични заболувања. Исто така, разните видови лекови, таблети и други супстанци, многу лошо влијаат на црниот дроб, како што веќе и самите знаете.rn

    Доколку сакате да го исчистите црниот дроб, ви препорачуваме што повеќе да ги консумирате следните намирници:

    rn

      rn011

    • Артичоки
    • rn011

    • Лук
    • rn011

    • Јаболка
    • rn011

    • Круши
    • rn011

    • Мешунки
    • rn011

    • Зелен и горчлив зеленчук
    • rn