КАФЕ ПАУЗА

Tag: црн дроб

  • Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутина

    Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутина

    Сè позастапено е тврдењето дека доброто здравје е невозможно да се постигне без воспоставување внатрешна рамнотежа во организмот. Ние ви нудиме лесна идеја како да го постигнете внатрешниот мир и да се ослободите од лутината.rnrn(1) Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутинаrnrnСè што внесуваме во телото со исхраната, преку цревата влегува во крвотокот, а следна најважна станица е црниот дроб. Во тој завршен филтер, се случуваат неверојатно сложени реакции – што да се пропушти, што да се исфрли, преработи или трансформира, а сето тоа со цел да се заштити и зачува организмот од сето она што без никакво размислување го ставаме во уста. Црниот дроб апсорбира хранливи материи од крвта, но истата улога ја има и со нашите емоции.rnrnПоместувањето на киселоста на организмот кон базичните вредности е подеднакво важно и за виталноста, но и за психичкото здравје на луѓето. Бројни испитувања покажуваат на врската помеѓу киселоста на внатрешната средина на телото и појавата на одредени болести. Сè позастапени се тврдењата дека доброто здравје е невозможно да се постигне без воспоставување рамнотежа во однос на киселоста во организмот.rnrnПостигнувањето алкализација на организмот е лесно и достапно, а зависи исклучиво од личната одлука. Затоа е неопходно исхраната да се базира на намирници со висок алкален индекс (најчесто овошје), а таа со висок кисел индекс (кафе, шеќер, месо, тестенини, алкохол) да се сведе на минимум. Следен чекор е оваа поза која брзо ќе го исчисти вашето тело од лутината која ја носите во себе.rn

    Како правилно се изведува вежбата со длабоко вовлекување во седечка положба?

    rnЕмоциите како што се лутината, незадоволството и гневот се чистат низ црниот дроб преку гласните жици. Доколку тој процес се блокира, овие емоции се задржуваат во црниот дроб и го оневозможуваат неговото чистење. Токму затоа, желудникот често се поврзува со горчина, таму најмногу се чувствуваат ментални и емоционални обрасци на иритација во однос на други луѓе или ситуации што нè вознемируваат.rnrn(2) Одлична и едноставна јога вежба за ослободување од лутинаrnrnЗа правилно да ја направите вежбата со длабоко вовлекување во седечка положба, потребно е прво да седнете со испружени нозе. Десната нога соберете ја кон вас така што петата ќе ви ги допира препоните. Левата нога префрлете ја преку десната и ставете ја на коленото. Десната рака треба да ви биде малку собрана во лакотот и поставена под левиот бут, како да сакате да ја фатите левата рака која е исто така собрана во лакотот и се протега за да ја дофатите десната.rnrnВежбата треба да ја правите многу полека, внимателно следејќи ги колената, зглобовите, рацете и рамената. Не треба ништо да ве боли. Задржете се во оваа положба, колку што ви е потребно и удобно, полека дишете нежно на нос, а погледот треба да ви оди прво преку левото, а потоа и преку десното рамо. Повторете ја вежбата, но овој пат движете ги нозете во обратна насока.rnrnЕфектот на вежбата: Оваа вежба ја стимулира работата на црниот дроб и органите за варење. Ја поттикнува работата на бубрезите и на тој начин му помага на телото да се ослободи од отровните материи. Ја развива концентрацијата. Го продлабочува дишењето, истегнувањето на рамената и рацете, како и сите мускули во грбот. Ја стимулира животната енергија.

  • Руска народна медицина: Исчистете го црниот дроб со помош на сувото грозје!

    Руска народна медицина: Исчистете го црниот дроб со помош на сувото грозје!

    Автор: Златко ЃорѓијоскиrnrnЦрниот дроб во човечкиот организам има улога на „фабрика за крв“, а воедно помага и да се зајакне и стимулира работата на дигестивниот систем. Но, неговата најважна функција е прочистување и елиминација на сите токсини и нечистотии од крвта.rnrn0-ruska-narodna-medicina-ischistete-go-crniot-drob-so-pomosh-na-suvoto-grozje-kafepauza.mkrnrnВи го претставуваме рускиот народен рецепт кој со помош на суво грозје може да го исчисти вашиот црн дроб. Но бидете внимателни кога ќе го купувате сувото грозје. Не купувајте светло жолто суво грозје. Органското суво грозје, без хемиски додатоци и со добар квалитет е без сјај, не премногу меко, збрчкано и е темно кафеаво.rnrn1-ruska-narodna-medicina-ischistete-go-crniot-drob-so-pomosh-na-suvoto-grozje-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка:

    rnВо чаша со топла вода додајте пола чаша суво грозје и оставете го 15 минути. После тоа добро исплакнете го. Добро исплакнатото грозје ставете го во чаша која ќе ја наполните со превриена вода на собна температура до врвот. И оставете ја така до следното утро. Кога ќе се разбудите испијте ја на празен желудник и изедете го грозјето. После тоа, на саат или два легнете во кревет и на десната страна од стомакот ставете топла облога.rnrnОваа постапка е најкорисна ако се повторува 4 пати во месецот, два пати годишно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

    5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

    Утринскиот ритуал на подготвување кафе со сè уште неотворени очи е еден од оние моменти, кои го споделуваат милиони луѓе во светот. Богатиот и расонувачки вкус на топлото и свежо кафе, секогаш помага да се чувствувате подобро, уште при првата голтка. Покрај тоа што ви помага при освестувањето, доброто во него е тоа што доколку не го наполните со шеќер, млечен крем или некој друг засладувач, тоа има многу малку калории. Истражувања за кафето можете да најдете секакви, дека тоа е добро или лошо, здраво или штетно и што ли уште не. Па затоа за вас, денеска одвоивме 5 причини поради кои кафето треба да ви биде и да ви остане близок пријател.rn5 причини зошто не треба да се откажете од кафетоrn

    Добро е за дијабетичари

    rnАнтиоксидансите во кафето играат многу важна улога, а тоа е подобрување на чувствителноста на клетките од инсулин, кој помага за регулирање на шеќерот во крвта. Всушност, според некои истражувања, луѓето кои пијат 4 или повеќе шолји кафе дневно, имаат помали шанси да добијат дијабетес тип 2. Други истражувања, пак, покажуваат дека кофеинот може да ја намали сензибилноста од инсулинот врз клетките, па така, доколку пиете неколку шолји дневно, понекогаш треба да менувате со безкофеинско кафе.rn
    rn

    Го штити вашето срце

    rnДоколку умерено косумирате кафе (1 до 3 шолји дневно), тогаш шансите да добиете срцев удар ви се многу помали, отколку на оние лица кои воопшто не го консумираат, повторно благодарение на антиоксидансите кои ги содржи кафето. Кафето содржи повеќе антиоксиданси, дури и од порција боровинки. Овие антиоксиданси можат да ви помогнат да го избегнете штетниот ефект на воспалението на артериите. Веднаш откако ќе го испиете кафето, ви се покренува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, но гледајќи на долг рок, тоа всушност може да ви го намали крвниот притисок, бидејќи антиоксидансите во кафето ослободуваат азотен оксид, кој ги проширува вените.rnrn5 причини зошто не треба да се откажете од кафетоrn

    Одлично е за црниот дроб

    rnИако истражувањата за оваа област се лимитирани, но сепак тие покажуваат дека консументите на кафе имаат помали шанси да добијат цироза или друго заболување на црниот дроб. Една анализа на девет истражувања открила дека 2 шолји кафе дневно го намалуваат ризикот за добивање рак на црниот дроб за 43%. Кофеинот, но и антиоксидансите се тие кои превентивно делуваат против рак и воспаление на црниот дроб.rn
    rn

    Помага при главоболка

    rnКафето помага за победување на главоболката, и тоа не само онаа предизвикана од прескокнувањето на дневната доза кафе. Истражувањата покажуваат дека 200 милиграми кофеин (околу 470 милилитри варено кафе), обезбедува ослободување од главоболката. Сè уште не е сосема јасно како кафето помага при победување на главоболката. Но, научниците знаат дека кофеинот ја зголемува активноста на мозочните клетки, предизвикувајќи стегање на околните крвни садови. Според една од теориите, ова стегање помага да се намали притисокот предизвикан од болката.rn5 причини зошто не треба да се откажете од кафетоrn

    Ја подобрува работата на мозокот

    rnИстражувањата покажуваат дека, пиењето 1 до 3 шолји кафе дневно може да го намали ризикот од Деменција, Алцхајмеровата болест и од Паркинсоновата болест. Антиоксидансите ги чуваат мозочните клетки од оштетување и им помагаат на невротрансмитерите, инволвирани во извршување на когнитивните функции, да работат подобро.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn