КАФЕ ПАУЗА

Tag: цивилизација

  • Конечно е откриена причината за колапсот на цивилизацијата на Маите

    Конечно е откриена причината за колапсот на цивилизацијата на Маите

    И покрај неверојатните достигнувања во астрономијата, архитектурата и математиката, класичната цивилизација на Маите го дочекала својот крај пред околу 1.000 години. Историчарите долго се сомневаат дека причината за овој колапс е сушата, но доказите не го поддржувале ова мислење.rnrnКонечно е откриена причината за колапсот на цивилизацијата на МаитеrnrnДенешните софистицирани техники не само што ја потврдиле оваа теорија, туку дале и точни мерки за тоа колку сува била околина во тој период.rnrnЕзерото Чичанканаб на полуостровот Јукатан се наоѓало близу до срцето на цивилизацијата на Маите и е индикатор за климатската промена во тој регион. Во средината на 90-тите, промената на соодносот на изотопи на кислород во школките на дното на езерото покажала дека последните години од постоењето на цивилизацијата биле релативно суви.rnrnСепак, инструментите употребени во тој период не можеле да покажат колку посув бил периодот пред и потоа. Дали локалната климатска промена навистина ја уништила цивилизацијата со најнапреден систем за пишување? Денес знаеме дека поради непознати причини, климата во Централа Америка навистина драстично се променила.rnrnСтудентот и истражувач од Кембриџ, Николас Еванс, ги измерил изотопите на кислород и водород во молекулите вода заробени во карпите на дното на езерото. Тој и неговите колеги заклучиле дека врнежите од дожд се намалиле помеѓу 41% и 54% во период од 400 години. Влажноста се намалила за 2% до 7% што може да звучи малку, но има големо влијание на испарувањето.rnrnВеројатно оваа промена имала драстичен ефект на агрикултурата и не е изненадувачки дека екстремните години биле уште полоши. Најверојатно врнежите од дожд биле намалени за 70%. Неколку општества би имале резерва храна за да ја преживеат оваа катастрофа, и изгледа дека повеќето градови на Маите спаѓале овде.rnrnДенес во овој реон врнат околу 1.200 милиметри дожд секоја година, слично како и најдобрите години од цивилизацијата на Маите. Дури и во овој сушен период, врнежите од дожд би биле слични со оние во Лондон. Сепак, кога се одгледуваат растенија кои бараат многу вода, како на пример памук, најверојатно не ќе можат да преживеат. Постојат и докази кои покажуваат дека сушите го зафаќале целиот регион во исто време.rnrnКултурата на Маите не исчезнала со крајот на Доцниот класичен период, но бројот на жители и технологијата значително се намалиле и се барале трајни извори на вода.rnrnИстражувањето за тоа зошто дошол крајот на некоја цивилизација може да ни служи како водич за денешните потенцијални опасности. Фактот дека градовите на Маите изумреле поради помалиот број врнежи нè потсетува дека климатската промена е многу повеќе од промената на температурата.rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни факти за Маите.

  • Неверојатни фотографии што покажуваат како природата може да ја победи цивилизацијата

    Неверојатни фотографии што покажуваат како природата може да ја победи цивилизацијата

    Понекогаш се вели дека во вечниот конфликт помеѓу човекот и природата, нема победници. Меѓутоа, кога ќе се појави пукнатина во некој објект или расипаниот автомобил ќе биде оставен некаде одреден период, вегетацијата веднаш почнува да ја презема контролата.rnrn

    Неверојатни фотографии што покажуваат како природата може да ја победи цивилизацијата
    Рибарско место, Кина
    rnrnПогледнете ја галеријата и прошетајте низ напуштените тунели, бродови, палати и други објекти, кои иако ги создал човекот, брзо станале дел од природниот пејзаж.rnrn

  • Луѓе кои ја имаат напуштено цивилизацијата за да живеат во дивината

    Луѓе кои ја имаат напуштено цивилизацијата за да живеат во дивината

    Автор: Сања ПетровскаrnrnДали некогаш сте посакале да се оддалечите од сѐ и да заминете некаде каде што никој нема да може да ве најде? Некаде далеку, каде сѐ што ќе ве опкружува ќе бидат мирисот и звуците на природата. Да бидете изолирани од цивилизација така што никој да не може да допре до вас, освен доколку и самиот не реши да го преземе истиот чекор.rnrnДодека за некои тоа е само идеја, а за други краткотрајно решение за малку мир и релаксација, има и такви кои одбрале да водат ваков начин на живот. Францускиот фотограф Антоан Бруи не само што патувал и живеел цели три години со семејства кои одбрале да го живеат овој начин на живот, туку и направил неверојатни фотографии од нив.rnrn1-lugje-koi-ja-imaat-napushteno-civilizacijata-za-da-zhiveat-vo-divinata-kafepauza.mkrnrnДоволен е само еден поглед врз овие волшебни фотографии кои веднаш би ве натерале да се запрашате која е приказната која стои зад животот на овие семејства и што ги натерало да се одлучат на ваква промена. Францускиот фотограф решил да го открие ова, па во периодот од 2010 година до 2013 година ги следел на нивното патешествие. Без никаков план и конкретна дестинација, Антоан чекорел по заборавени патчиња низ планинските предели на Европа, по пат запознавајќи многу луѓе кои своеволно се одлучиле да го напуштат својот дом и да загазат во дивината. Притоа, тие станале голема инспирација за него, па тој добил шанса со својот фотоапарат да го прикаже животот кои тие сега го водат и слободата која ја имаат.rnrnВо оваа серија фотографии, наречена Scrublands, што во буквален превод значи Земја која се состои од чистење на вегетација, Антоан ги овековечил лицата и домовите на луѓето кои ги запознал на тоа патување, притоа чувствувајќи го тој живот на своја кожа. Луѓе кои некогаш биле професори, доктори, инженери, сега успеваат да преживеат со минимумот кој може да го понуди природата, живеејќи во импровизирани куќи и посветувајќи се на агрикултурата како основно занимање. Овие луѓе го инспирирале Антоан, а преку неговите фотографии тој се погрижил тие да можат да инспирираат и други.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

    Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

    По повод европскиот ден на јазиците, ви нудиме интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација. За некои од нив можеби веќе сте чуле, други ќе ве изненадат дури и зачудат.rnrn1. Над 700 милиони луѓе ширум светот го зборуваат англискиот како странски јазик.rnrn2. Светски познатото име Big Ben не се однесува на часовникот туку на едно од ѕвончињата.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација3. Една легенда вели дека ако одлетаат гавраните кои стојат на кулата во Лондон, ќе падне британското кралство.rnrn4. Првата продавница за топло чоколадо во Лондон била отворена од страна на еден Французин во 1657 година и во тоа време топлото чоколадо бил пијалак на елитната класа.rnrn5. Лондонското метро е првата урбана подземна железница која датира од 1863 година.rnrn6. Годишно се губат околу 80.000 чадори во лондонското метро.rnrn7. Во Англија има над 30.000 луѓе кои се викаат Џон Смит.rnrn8. Порција риба и помфрит или fish and chips, е еден од традиционалните англиски оброци, а првиот ресторан за вакви оброци бил отворен во 1860 година од страна на еврејски имигрант.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација9. Битлсите се најпознат англиски бенд во историјата, со 6 дијамантски, 24 мултиплатинести, 39 платинести, 45 златни албуми и 27 хитови број еден.rnrn10. Околу 26% од вокабуларот во англискиот јазик е со германско потекло, 4% од лични имиња, 29% од латинско потекло, 29% француско, 6% од зборовите во англискиот јазик имаат грчко потекло и уште 6% од останати јазици.rnrn11. Англискиот сленг Кукни (Cockney) е еден од најинтересните ритмички сленгови. Еден збор се заменува со фраза, без да имаат било каква поврзаност во значење или употреба, на пример зборот stairs станува apples and pears.rnrn12. Вилијам Шекспир е вториот најцитиран писател во англиската литература. Тој донел 3.000 нови зборови во англискиот јазик.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација13. Окото на Лондон, или The London Eye е највисокото место за набљудување во светот. Со цел да може подобро да се набљудува, окото на Лондон се врти, а секоја негова ротација трае триесетина минути.rnrn14. Вилијам I, познат и како Освојувачот Вилијам кој владеел од 1066 до 1087, донел закон кој наредувал сите да си легнуваат во 8 часот.rnrn15. Во 1945, јато птици слета на стрелките на познатиот часовник, враќајќи го времето 5 минути назад.rnrn16. Авторот на книгите за Џејмс Бонд, Ијан Флеминг бил инспириран за кодот 007 од автобуската линија Кантербери – Лондон 007.rnrn17. Во Англија има повеќе кокошки отколку луѓе.rnrn18. Поштенските марки во Велика Британија се единствени во светот кои не го содржат името на државата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

    Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

    И покрај големото влијание на технологијата врз денешниот начин на живеење, постои изненадувачки голем број заедници низ светот кои сè уште немаат никакви допирни точки со модерната цивилизација. Нивните традиции можеби нам ни изгледаат неразбирливо, но големи се шансите дека тие постоеле многу подолго пред појавата на нашите. Следуваат петте „најдалечни“ заедници кои живеат сосема изолиран начин на живот и некои од нив не сакаат ни да слушнат за каков било контакт со странци.rn
    rn

    Непознато амазонско племе

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаНајмистериозната заедница на оваа листа е едно мало племе кое се наоѓа на средината од Бразилскиот Амазон, во „најдалечните краеви на светот“. Тоа е скоро откриено и сè уште многу малку се знае за нивните традиции и обичаи. Нивното име исто така сè уште не е познато и единствената причина поради која биле пронајдени е сечењето на дрвјата околу нивното село.rnrnИ покрај тоа што изгледа како нивното племе да има ограничен контакт и со племињата во околината, тие го делат истиот јазик Пано со нив, но со досега непознат дијалект. Настрана од тоа, со сигурност знаеме дека тие живеат во големи колиби од слама што укажува дека во нив не живее само примарното семејство, но како точно се одредуваат поделбите сè уште не е познато. Главниот извор на храна им се плодови како банани, пченка и кикиритки.rn
    rn

    Инуити од Канада

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКанадските Инуити се едни од најстарите заедници чија историја датира од пред 20.000 години. Исто така тие се одликуваат по тоа што успеале да преживеат во едно од најбезмилосните места на планетата: на најсеверните простори од Канада каде што во летото има долги денови со умерена температура, но за време на зимите имаат константна ноќ и температури под нулата.rnrnПоголемиот дел од нивниот живот тие го поминуваат ловејќи фоки, како и китови и некои видови риби. Нивните фамилии живеат заедно и во нив секој член има одредена специфична задача од која сите имаат придобивки. Инуитите секогаш биле многу понапредни во поглед на технологијата од останатите нивни соседи, сè додека не се појавиле првите колонии од Северна Америка.rn
    rn

    Сами

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаТие живеат во регионот „Sápmi“ кој ги опфаќа најсеверните делови од Шведска, Норвешка, Финска и Русија. Самите се единствените официјални скандинавски домородци.rnrnТие имаат голем број средства за живот, но најчесто се фокусираат на обработка на крзно, одгледување овци и рибарење. Тие се и најпознати по одгледувањето на ирваси врз кои се потпираат не само за исхрана, туку и за облека. Нивниот јазик, Сами, сè уште се употребува како примарен јазик од поголемиот број на жителите. Тој се учи како прв јазик и во голем број училишта на далечниот север, како и на Универзитетот Сами.rn
    rn

    Сентинелси

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКако и непознатото амазонско племе, така и Сентинелсите се противат на контакти со странци. Но, на нивна среќа тие живеат на Северниот Сентинел Остров, кој е дел од архипелагот Андаман на средината од Индискиот Океан каде што се прилично изолирани. Нивната популација се смета дека брои нешто помалку од 250 жители, делумно поради фактот дека тие својата храна ја добиваат само преку ловење – нема никакви докази дека се занимаваат со агрикултура.rnrnТие се неверојатно прецизни со копје и стрели, но постојат многу малку докази за понапредни видови оружје за ловење или пак за друг вид технологија. И покрај проучувањето на Индискиот антрополог Т. Н. Пандит, многу малку се знае за нивната социјалност. Тој во 1970 ги опишува како вид „заедница за парење“.rn
    rn

    Ваписхана

    rnЗаедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаПронајдени во северен Бразил и јужна Гвајана, народот од Ваписхана за првпат воспоставил контакт со Европејците во 1498 година, за време на третото патување на Колумбо. Пред да се вмешаат мисионерите, тие биле полигамисти (еден маж имал повеќе жени), но денес голем број од нивните бракови се надгледувани од католички свештеници.rnrnОд друга страна, голем број од нивните традиции сè уште се целосно сочувани. На пример, секое село секогаш се дизајнира околу црква и жителите се фокусираат на одгледување на „cassava“ (корен кој се јаде). Голем број од домовите се состојат од основна фамилија, плус дедо. Само селскиот водач живее во примарната и најголема куќа околу која се наоѓаат куќите на неговите синови и ќерки, кои живеат со нивните фамилии.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Древниот град на Маите во Гватемала

    Древниот град на Маите во Гватемала

    Античкиот град на Маите, Тикал се наоѓа во северна Гватемала и датира уште од 400-тата година пред н.е. Овој град бил центар на древната предколумбиска маиска цивилизација. Се наоѓа во археолошкиот басен Петен и од 1976 година е под заштита на UNESCO. Тикал има 5 големи пирамидни храмови, мали пирамиди во функција на гробници, како и 3.000 други објекти. Универзитетот во Пенсилванија и владата на Гватемала изработиле план за реставрација на ова древно богатство кое е оставено од прастарите Маи.Древниот град на Маите во ГватемалаСпоред стариот древен јазик на Маите, Тикал значи „место со гласови“ и во тоа време бил нивни економски, трговски и политички центар. Туристите кои сакаат да го посетат Тикал може да најдат соодветно сместување во градовите Флорес и Гватемала Сити кои се во негова близина.rnrnМожеби и ви е познат овој древен град ако сте фан на вонвременските „Војна на Ѕвездите“, со оглед на тоа дека, всушност Тикал е „Massassi Outpost на четвртата месечина Yavin“, епизода 4: Нова надеж 🙂Древниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во ГватемалаДревниот град на Маите во Гватемалаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.