КАФЕ ПАУЗА

Tag: чорапи

  • Зошто треба да носите чорапи ноќе?

    Зошто треба да носите чорапи ноќе?

    Главната функција на чорапите е да ги затоплат нозете и да ви биде поудобно додека носите чевли, но спиењето со чорапи може да ја подобри и вашата физичка и ментална благосостојба. Прочитајте зошто треба да носите чорапи ноќе, а придобивките се прилично изненадувачки.rn

    1. Чорапите ќе ви помогнат да заспиете побрзо

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnВерувале или не, истражувањата покажале дека носењето чорапи ноќе ќе ви помогне да заспиете побрзо. Ова се должи на фактот што чорапите ги затоплуваат нозете. Кога нозете ви се топли, до вашиот мозок стигнува порака да ја намали температура на телото, што пак, му сигнализира на вашето тело дека е време за спиење.rn

    2. Чорапите може да ја спречат појавата на феноменот на Рејно

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnФеноменот на Рејно се случува кога крвта не е во можност да циркулира правилно. Тоа може да биде предизвикано од фактори како што се стресот или ниските температури. Нападот доведува до вкочанетост на телото или ненадејна болка и симптоми слични на грчеви. Носењето чорапи може да ви помогне да ги спречите симптомите на феноменот на Рејно со регулирање на внатрешната телесна температура на телото.rn

    3. Ќе бидете поздрави

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnБидејќи спиењето со чорапи ја намалува телесната температура и ѝ помага на крвта да циркулира подобро, имате поголеми шанси да спиете подобро и поздраво. Тоа ви овозможува да имате повеќе часови одмор. Повеќе сон е еднакво на подобро здравје, среќа и енергија во текот на денот.rn

    4. Чорапите може да го спречат напливот на топлина

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnНапливот на топлина е главно предизвикан од хормоналната нерамнотежа во организмот затоа што не може да се регулира контролата на температурата. Носењето чорапи во текот на ноќта може да ви помогне да ги спречите напливите на топлина, особено кај жените во менопауза, бидејќи температура на телото е намалена поради подобрената циркулација.rn

    5. Чорапите може да ви помогнат против сувите стапала

    rnЗошто треба да носите чорапи ноќе?rnrnАко имате суви нозе или испукани петици, носењето чорапи може да ви помогне да ги одржувате влажни. Нанесете масло или лосион за тело на нозете пред спиење и дозволете им на чорапите да ја завршат својата работа.rnrnПрочитајте зошто не треба да одите на спиење гладни.

  • Нов урнебесен моден хит: Чорапи во форма на кокошкини нозе

    Нов урнебесен моден хит: Чорапи во форма на кокошкини нозе

    Најчесто многу е лесно да разбереме зошто некои трендови ги освојуваат социјалните мрежи, без разлика дали ни се допаѓаат или не. Но, во овој случај – едноставно нема објаснување! Луѓето одеднаш почнале да купуваат чорапи во форма на кокошкини нозе и да ги носат насекаде, документирајќи ја нивната авантура на социјалните мрежи. Ако не ни верувате погледнете ги фотографиите во продолжение!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на другата страница…rn

  • Знаете ли зошто денес сите носат шарени и различни чорапи?

    Знаете ли зошто денес сите носат шарени и различни чорапи?

    На овој ден, 21-ви март, луѓето облекуваат шарени чорапи со цел да им дадат поддршка на луѓето со Даунов синдром. Оние кои носат различни чорапи покажуваат колку е важно да ја прифатиме разликата помеѓу луѓето. Веројатно се прашувате која е симболиката на шарените и различни чорапи.rnrnЗнаете ли зошто денес сите носат шарени и различни чорапи?rnrnЛуѓето со Даунов синдром се навистина весели и ведри личности, а нивната позитивна енергија ги „заразува“ сите околу нив. Поради ова, не само што се носат различни чорапи, туку се носат и чорапи со навистина весели бои.rnrnДенес е светскиот ден на луѓето со Даунов синдром, а прв пат е обележан во Сингапур во 2006-та година. Причината што е одбран токму овој ден е симболиката на броевите во датумот. Имено, станува збор за генетско нарушување кое е резултат на вишок хромозом кој настанува во моментот на зачнувањето на детето.rnrnФранцускиот генетичар Жером Лежен, во 1959-та година открил за што всушност станува збор. Тој ги проучувал хромозомите и открил дека на 21-виот пар, наместо два, се наоѓаат три хромозоми. Одовде потекнува идејата овој ден да се слави на 21.03 – 21 пар, 3 хромозоми. Името на синдромот потекнува од англискиот доктор Џон Лангдон Даун, кој во 1866-та година за прв пат го опишал ова нарушување. Според некои процени, на секои 650 новородени деца, се раѓа едно со Даунов синдром.rnrnДали и вие ќе го прославите овој ден со различни и шарени чорапи?

  • Зошто спиењето со чорапи е одлично за вашето здравје?

    Зошто спиењето со чорапи е одлично за вашето здравје?

    Според истражувачите, спиењето со чорапи може да ви донесе многу здравствени придобивки. Без разлика дали ви е удобно или не, станува збор за здрава навика која треба што побрзо да ја стекнете. Сепак, имајте на ум дека треба да избегнувате да си легнувате со чорапите што ги носите во текот на денот за да не внесете бактерии на постелнината.rnrnЗошто спиењето со чорапи е одлично за вашето здравје?rnrnСпоред истражувачите, сонот е важен дел од животот на секој поединец и игра клучна улога при одржување на нормалното функционирање на мозокот, како и на целиот организам. Поголемиот дел од луѓето поминуваат третина од секој ден во спиење, но само мал дел од нив си легнуваат со чорапи. Имено, ако носите чорапи додека спиете, вашето тело ќе воспостави правилна телесна терморегулација, притоа одржувајќи го и функционирањето на мозокот на оптимално ниво. Спиењето со чорапи е корисно и затоа што ни помага побрзо да заспиеме, како и да останеме заспани во текот на целата вечер, особено во 4 часот наутро кога температурата е најниска.rnrnСпоред некои истражувања, луѓето што носат чорапи на нозете заспиваат за околу 15-тина минути побрзо од оние што спијат боси. Тие исто така спијат подолго и поквалитетно, на тој начин зголемувајќи си ја концентрацијата и способноста за памтење во текот на целиот следен ден. Да не заборавиме и на фактот дека ќе бидете значително порасположени. Долготрајното кратење на сонот, односно редовното спиење помалку од 7 часа ја зголемува можноста за развој на срцеви болести и депресија. Од слични причини спиењето со чорапи придонесува спречување на напади кај оние што страдаат од Рајнаудова болест. Оваа состојба се карактеризира со студени прсти на рацете и нозете, како и недостаток на чувство за допир.rnrnАко решите да пробате да спиете со чорапи, докторите советуваат да внимавате на следниве неколку работи. Најпрво, секогаш облекувајте чисти чорапи пред легнување за да избегнете носење бактерии со вас во кревет. Потоа водете сметка и за хигиената на нозете, односно добро измијте ги и исушете ги пред спиење. Од друга страна пак, чорапите треба да бидат направени од природни и тенки материјали, и не премногу тесни, за да си овозможите циркулација на крвта како и проток на воздух.rnrnСпиете со или без чорапи? Дознајте што открива тоа за вас!

  • Тест на личноста: Одберете го чорапот што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себе

    Тест на личноста: Одберете го чорапот што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себе

    Секој наш избор открива нешто за нас, па дури и кога станува збор за навидум безначајни работи. Од моментот кога ги отворате очите наутро, вие го градите светот во којшто ќе живеете и во него создавате дел за себе. Дури и нешто банално, како што е изборот на чорапи може да ви открие многу нешта за вас. Па затоа, одберете го чорапот што со задоволство би го носеле и дознајте што открива тоа за вас…rnrnТест на личноста: Одберете го чорапот што најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за себеrn

    1. Едноставни, еднобојни чорапи

    rnИако одбравте обични, едноставни чорапи, тоа не значи дека вие сте обични. Вие сте сѐ освен тоа. Вие дефинитивно знаете како да си ја завршите својата работа. Вие сте родени лидери и ги инспирирате другите луѓе кои ве земаат за пример. Многу сте сериозни и одговорни, поради што можете многу брзо да напредувате. Бидете внимателни и не дозволувајте сериозниот свет да владее со вашиот живот. Сега е идеално време да внесете малку забава во животот. Не плашете се да се опуштите, бидејќи тоа нема да ве спречи да станете ѕвезди.rn

    2. Чорапи со линии

    rnДоколку ве привлекува уредната природа на линиите, тоа е знак дека сакате сигурни и стабилни работи. Вие сте многу лојални и вашите пријатели знаат дека секогаш можат да сметаат на вас. Вие сте одлични слушатели. Најверојатно, луѓето често ви се обраќаат за совет и ви се доверуваат. Сигурно ги знаете сите тајни на вашите пријатели кои имате намера да ги сочувате. Луѓето сакаат да ви бидат пријатели поради вашата доверлива природа, но треба да возвратите со иста мера. Суштината на добрата комуникација лежи во споделувањето информации. Отворете се малку повеќе од вообичаено.rn

    3. Чорапи со туфни

    rnЉубителите на туфни сакаат забава, но на кроток начин. Вие сте посрамежливи и повоздржани од вашите пријатели и колеги. Наместо да го привлекувате туѓото внимание, вие мирно седите и набљудувате. Сепак, вашата срамежлива природа не ве прави здодевни. Едноставно не чувствувате потреба да врескате од покрив на зграда како некои луѓе кои ги познавате. Излезете од вашата лушпа. Доколку не сакате да кажувате смешни приказни и шеги на забавите, време е да почнете. Сигурно имате што да кажете, токму затоа што отсекогаш сте биле внимателни набљудувачи и слушатели. Можете сите да ги изненадите со вашата интелигенција и хумор кои ги криете во себе.rn

    4. Чорапи со ромбови

    rnДоколку ги одбравте чорапите со ромбови, вие сте големи авантуристи. Навистина уживате во возбудата од преземањето ризици. Вие сте секогаш првите кои предлагаат да се проба нова храна или да се истражи некој нов дел од светот. Попрво би скокале со падобран отколку да одите на кафе со пријателите. Сакате да живеете на работ и тоа многу им се допаѓа на вашите пријатели. Иако некои се обидуваат да ве скротат, останете верни на себе. Потребна е многу храброст за човек да се соочи со светот со авантуристички дух како вашиот. Кога е во прашање работата, обидете се да ги „зачините“ вашите проекти со мала доза ризик. Можеби сега е вистинското време да ја напишете книгата што отсекогаш сте сакале да ја напишете или да го започнете бизнисот за кој сонувате.rn

    5. Чорапи со криви линии

    rnМожеби сте малку поразлични од вашите пријатели, но кому му е грижа?! Вие сте необични, креативни и слободоумни. Вашите пријатели можеби понекогаш ве критикуваат поради тоа што сте неуредни и неорганизирани, но тоа е така само затоа што не го разбираат вашиот брз ум. Живеете според вашето темпо и затоа најчесто ги одбегнувате другите луѓе. На светот му требаат повеќе луѓе како вас и нема потреба да се извинувате поради вашата уникатност. Кога ќе се запознаете со нови луѓе, веднаш ги освојувате со вашата чудесна креативност и шарм.rn

    6. Чорапи со срца

    rnДоколку ги одбравте чорапите со срца, вие сте многу романтични. Забавни сте и разиграни. Имате голема доверба во љубовта, без разлика дали се работи за пријателите или партнерот. Вие сте лојални пријатели и постојано трагате по љубов која ќе ве стопли однатре. Вашиот идеален љубовен состанок вклучува гушкање на каучот додека гледате романтична комедија. Сепак, треба да бидете малку внимателни за да се разочарате од луѓето кои не се толку романтични. Вашата отвореност е вашиот најсилен атрибут и луѓето околу вас ве сакаат поради тоа што имате големо срце. Продолжете така и понатаму и сигурно ќе постигнете голем успех.rn

    7. Чорапи со цветови

    rnВие сте најголемите оптимисти. Вашето добро расположение и позитивен поглед кон светот постојано ве прават среќни и задоволни. Вашата чаша е секогаш половина полна, а вашата позитивна енергија е заразна. Вие сте им инспирација на вашите соработници кои постојано се жалат. Сите знаеме дека никој не е среќен цело време. Наместо да ја ширите позитивната енергија, а да ја потиснувате негативната, најдете пријатели со кои ќе можете да разговарате за вашите проблеми. Не плашете се да го отворите срцето, вашата искреност нема да го загрози вашиот топол карактер. Всушност, тоа ќе ви помогне да бидете уште посреќни во животот.rn

    8. Шарени чорапи

    rnНе грижете се, ве слушаме! Вие сте гласни и не се плашите да го подигнете гласот. Вие сте родени забавувачи, а ако не сте на сцена, целиот свет ќе го претворите во ваша сцена. На сите забави луѓето се собираат околу вас за да ги слушнат вашите смешни приказни. Вие го впивате вниманието на најдобриот можен начин. Поради вашата театрална природа, луѓето ве сметаат за забавни и сакаат да се дружат со вас. Сепак, не се обидувајте да бидете толку гласни. Најдете време за интеракција еден на еден со вашите пријатели и погрижете се да зборувате онолку колку што слушате. Бидете великодушни со пријателите и вашите односи ќе се зацврстат.rnrnРасположени сте за уште еден забавен тест на личноста? Одберете коњ и дознајте нешто повеќе за себе…rnrnТест на личноста: Одберете коњ и дознајте нешто повеќе за себе

  • Овие чорапи со реалистичен дизајн ќе ги трансформираат вашите стапала во животински шепи

    Овие чорапи со реалистичен дизајн ќе ги трансформираат вашите стапала во животински шепи

    Облеката не само што ве покрива и ја одржува вашата топлина, туку и претставува форма на лично изразување. Освен тоа, таа честопати ви овозможува да ја оживеете вашата бујна фантазија. Сите знаеме дека модниот свет понекогаш знае да полуди, па така ако некогаш сте посакале да се претворите во крзнено животинче, сега имате можност да го направите тоа.rnrnОвие чорапи со реалистичен дизајн ќе ги трансформираат вашите стапала во животински шепиrnrnОнлајн продавницата What on Earth дизајнира реалистични чорапи како животински шепи кои можат да ги трансформираат вашите 10 прсти во стапала на куче или мачка.rnrnОвие чорапи со реалистичен дизајн ќе ги трансформираат вашите стапала во животински шепиrnrnЗа да ги создадат овие необични чорапи, дизајнерите користеле фотографии и сублимационен принтер. Сублимацијата е високо квалитетна техника на производство во која сликата се вметнува во полиестерни влакна наместо само да се залепи на материјалот како што се случува во процесот на обичното принтање.rnrnОвие чорапи со реалистичен дизајн ќе ги трансформираат вашите стапала во животински шепиrnrnРезултатите се многу живописни, а дизајнот не изгледа испукан и недовршен како во другите процеси. Тоа само уште повеќе ја засилува илузијата дека носите вистински животински шепи.rnrnОвие чорапи со реалистичен дизајн ќе ги трансформираат вашите стапала во животински шепиrnrnШто мислите вие за овој тренд? Би носеле вакви чорапи?rnrnДоколку имате малку необичен вкус на облекување, сигурно ќе ве заинтересираат најчудните парчиња облека што можете да ги купите.

  • Луѓето кои носат „луди“ чорапи се побрилијантни, покреативни и поуспешни

    Луѓето кои носат „луди“ чорапи се побрилијантни, покреативни и поуспешни

    Чорапите се нужност. Но, во зависност од тоа дали избирате црни, бели и сиви или разнобојни, тие може да откријат интересни податоци за вашата личност. Ви звучи невообичаено? Па, една нова студија открила дека екстравагантните и луди чорапи кои ги избирате, не само што кажуваат многу за вас, туку откриваат интересни факти и за начинот на кој луѓето ве гледаат.rnrnЛуѓето кои носат „луди“ чорапи се повеќе брилијантни, креативни и успешниrn

    Скромна шанса да се покаже голем потенцијал

    rnКога некој не е во согласност со нормите во општеството, таа личност може да биде сметана како чудна и малку „луда“. Чорапите се мал, скриен дел од вашата облека и речиси се таинствени. Иако не се најочигледно парче облека, тие имаат огромен потенцијал за да ја покажат индивидуалноста.rn

    Што велат „лудите“ чорапи за вас?

    rnЕдна студија објавена во списанието за истражување на потрошувачите ја анализирала теоријата дека луѓето кои не се конформисти, потенцијално може да бидат доживувани како личности со висок статус и со поголема компетенција од оние кои се во согласност со социјалните норми. А што вели ова за вашиот избор на носење светли, шарени или чорапи со различни дезени? Па, било откриено дека луѓето кои намерно избрале да носат „луди“ чорапи, биле доживувани со зголемен статус и компетентност во очите на другите. Со други зборови, луѓето ги гледаат овие личности како побрилијантни, покреативни и поуспешни.rn

    „Ние предложивме, под одредени услови, дека несоодветното однесување може да има повеќе придобивки за некој, отколку едноставно да се обидува да се вклопи. Со други зборови, кога изборот изгледа како да е намерен, личноста во очите на другите делува како да има повисок статус и поголема компетентност“, изјавиле авторите на студијата од универзитетот Харвард.

    rnЗамислете некој бизнисмен, облечен во скап костум, кој носи светло розови чорапи. Тие не се во согласност со целиот негов изглед, но храброста на изборот покажува дека е бунтовен и горд човек.rn

    Перцепцијата на „лудите“ чорапи

    rnД-р Адам Галински, социјален психолог при универзитетот Нортвестерн, спровел студија која покажала дека она што го носат луѓето влијае на начинот на кој тие мислат, се чувствуваат и дејствуваат. Ова ги вклучува и чорапите. Кога ги облекувате вашите „луди“ чорапи, вие делумно ја покажувате вашата уникатност и доверба. Тоа е нешто што ви помага да се чувствувате добро во својата кожа, да имате доверба да носите што сакате и да го прифатите тоа. Ова ви помага да постигнете повеќе успех, затоа што не ви недостига храброст или доверба.rnrnОва исто така покажува дека вие не се грижите за тоа што луѓето генерално го мислат за вас. Па, ако обожавате разнобојни, чудни и „луди“ чорапи, тогаш не срамете се истите да ги покажете пред светот. Не само што ќе им покажете на другите дека сте уникатни, туку ќе имате и добри резултати!rnrnСпиете со или без чорапи? Дознајте што открива тоа за вас!

  • Интересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуации

    Интересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуации

    Секому му е познат феноменот на губење на едниот чорап, па честопати луѓето не знаат што да прават со оној кој им останал. Но, тој не е толку бескорисен колку што мислите. Постојат многу начини на кои можете да го искористите, а во продолжение погледнете некои од нив.rn

    1. Мирис за обувки

    rnИнтересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуацииrnrnНаполнете го чорапот со сода бикарбона или кафе, па оставете го да стои во обувките кои имаат непријатен мирис. Наредното утро ќе бидете изненадени.rn

    2. Ладна облога

    rnИнтересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуацииrnrnКога ќе ве касне некој инсект, важно е да го разладите отечениот дел на кожата. Бидејќи директното ставање лед на кожата не е здраво, а може да биде и многу болно, чорапот со лед совршено ќе ве заштити, а истовремено ќе ви користи како облога.rn

    3. Чување на накитот

    rnИнтересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуацииrnrnОвој начин можете да го користите за складирање на накитот кога ќе заминете некаде на патување, но одличен е и да го користите дома. Со ова тој ќе биде и заштитен и организиран.rn

    4. Заштита од топлиот метален дел на појасот во автомобилот

    rnИнтересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуацииrnrnВо летните денови, металниот дел од појасот во автомобилот може да стане премногу топол, при што лесно е да се изгорите. Ставете чорап преку тој дел и ќе бидете заштитени.rn

    5. Изолација на пијалаците

    rnИнтересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуацииrnrnБез разлика дали е топол или студен, пијалакот долго ќе ја одржува својата температура!rn

    6. Пакување подароци

    rnИнтересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуацииrnrnНаредниот пат кога ќе сакате да однесете вино како подарок, замотајте го во некој интересен чорап кој ќе ја направи атмосферата поинтересна.rnrnПогледнете уште 6 корисни алтернативни употреби на чорапите на наредната страница…rn

  • Спиете со или без чорапи? Дознајте што открива тоа за вас

    Спиете со или без чорапи? Дознајте што открива тоа за вас

    Постојат два типа луѓе во светот: Оние кои носат чорапи додека спијат и оние кои претпочитаат да спијат боси. На некои луѓе им е незамисливо да спијат со боси стапала затоа што им е ладно и веднаш скокнуваат од кревет сред ноќ за да ги облечат нивните омилени чорапи. На другите, пак, им е многу неудобно да имаат чорапи на себе додека се во кревет затоа што чувствуваат жештина и непријатност.rnrnМожеби ќе си помислите дека и во двата случаи се работи за навика, но ова открива многу повеќе работи за вас отколку што можете да си замислите.rn

    Луѓе кои спијат со чорапи

    rnДали спиете со или без чорапи? Дознајте што открива тоа за васrnrnАко носите чорапи додека спиете, веројатно сте многу чувствителни на ладно. Ова може да е поврзано со вашиот надворешен изглед, односно со дебелината на вашата кожа и вашиот метаболизам. На луѓето со забрзан метаболизам постојано им е жешко и често се потат, додека, пак, оние со бавен метаболизам имаат слаба циркулација на крвта и затоа им е поладно отколку на другите луѓе.rnrnМеѓутоа, додека чувствителноста на ладно е состојба што има врска со физичките и биолошките карактеристики, таа исто така е поврзана и со вашата перцепција за простор и температура. Па така, две лица со слични физички карактеристики можат да ја доживеат надворешната клима на сосема различен начин.rnrnЛуѓето кои чувствуваат потреба да спијат со чорапи обично сакаат да бидат заштитени. Ако вие сте едни од нив, големи се шансите дека обожавате удобни, мали катчиња и секогаш сакате да остварите длабока и интимна врска со другите луѓе. Не ви пречи да го споделите вашиот личен простор и обожавате гушкање и галење.rn

    Луѓе кои спијат боси

    rnДали спиете со или без чорапи? Дознајте што открива тоа за васrnrnАко самата помисла од тоа да спиете со чорапи прави да се чувствувате неудобно, тоа е така веројатно затоа што или имате побрз метаболизам од останатите и добра циркулација на крвта или подебела кожа. Имате биолошка предиспозиција да зачувувате и создавате топлина и затоа немате потреба да ги покривате стапалата.rnrnНо, причината не е само физичка. Тоа што сте помалку чувствителни на ладно е поврзано со начинот на кој комуницирате со луѓето. Ако спиете боси, веројатно сте многу независна личност. Вие многу го цените вашиот личен простор, а со други луѓе стапувате во контакт само ако сакате да се социјализирате. Кога сте во љубовна врска, вие ја преземате улогата на заштитник. Целосно сте искрени и тоа понекогаш може да биде ризично, но факт е дека знаете добро да се грижите за луѓето кои ви значат.rnrnНа крајот на краиштата секако дека не е важно дали сакате на вашите стапала да им биде топло додека се удобно сместени во чорапи или ја обожавате слободата на спиењето со голи стапала. Она што е важно е да имате убави соништа и мирен сон.

  • Науката открива: Каде завршуваат изгубените чорапи?

    Науката открива: Каде завршуваат изгубените чорапи?

    Сигурно ви се случило да изгубите барем еден чорап во машината за перење, оставајќи ве со еден куп работи кои ја изгубиле својата половина. Експертите тврдат дека конечно ја решиле мистеријата на загубените чорапи и дури и развиле една формула која ја предвидува веројатноста за нивното исчезнување и конечно разјаснува зошто се случува овој интересен феномен.rnrnНауката открива: Каде завршуваат изгубените чорапи?rnrnСпоред истражувањето, просечниот човек во својот живот губи повеќе од 1.200 чорапи. Така, психологот д-р Сајмон Мур и статистичарот Џеф Елис ја извеле формулата „Индекс на губење на чорапи“: (L(p x f) + C(t x s)) – (P x A), каде што:rn

      rn011

    • L стои за големината, односно количината на облеката што се пере
    • rn011

    • (p) – бројот на луѓето кои живеат во домот
    • rn011

    • (f) – честотата, односно фреквенцијата на перење
    • rn011

    • C – сложеноста на програмата за перење
    • rn011

    • (t) – типови перење
    • rn011

    • (s) – бројот на чорапи исперени во една недела
    • rn011

    • (P) – позитивност на перењето
    • rn

    rnСпоред формулата, колку е поголема количината на облеката што се пере, толку е поголема веројатноста да ги изгубите чорапите. Истражувањето ги идентификувало и четирите главни психолошки теми односни причини кои придонесуваат во губењето на чорапите за време на перењето, и тоа:rnrn1. Дифузија на одговорноста: Индивидуалните личности кои се вклучени во процесот на перење на облеката претпоставуваат дека некој друг ќе ја преземе одговорноста и како последица на ова мислење, никој не го прави тоа, што значи дека некои од помалите парчиња облека може да се загубат.rnrn2. Визуелна свесност: Станува збор за нашата способност ментално да решаваме проблеми по скратен пат за да заштедиме време и напор. Тоа значи дека ќе ги побараме чорапите или далечинскиот управувач на најочигледните места и ако не ги најдеме, ја губиме целата надеж и претпоставуваме дека се изгубени засекогаш.rnrn3. Потврдна пристрасност: Ова се случува кога веруваме дека нешто е вистина доколку сакаме да е вистина. Така, ако не ги забележуваме чорапите кои не се во пар, тогаш се убедуваме дека тоа навистина е така.rnrn4. Бихејвиорални грешки на омисија и комисија: Човечката грешка вклучува многу грешки, несреќи и мистерии и тоа важи и за процесот на перење на облеката. Пропустот е демонстриран кога некој ќе погледне чорап на подот и нема да го земе и да го фрли во корпата за облека или машината за перење, додека комисијата е оној момент кога правиме нешто што не треба да го направиме, на пример, кога ставаме бел чорап во црната облека или го ставаме на некое рандом место за да ја избегнеме потрагата по неговата втора половина.rnrnИако оваа формула успева да ни објасни зошто луѓето често ги губат своите чорапи или помалите парчиња облека во машината за перење, сепак не го решава проблемот со нивното пронаоѓање. Според студијата, грешката, се разбира, е во луѓето и доколку сакаме да го спречиме губењето на облеката тогаш треба да го посветиме вниманието во правилната селекција.