КАФЕ ПАУЗА

Tag: чаши

  • Чаши за кафе кои ја будат креативноста

    Чаши за кафе кои ја будат креативноста

    „Утринската молитва“ наречена кафе, покрај тоа што нè буди од сонот, ја буди и креативноста во нас. Најдобар пример за тоа се цртежите на малезискиот уметник со живеалиште во САД, Cheeming Boey. Тој дури и обичните еколошки чаши од стиропор за еднократна употреба, ги претвора во вистински ремек дела. Понекогаш цртањето врз нив, трае неколку пати подолго од самиот ритуал на пиење кафе.Чаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаНеговото скромно претставување на Фликр, гласи вака: „Моето име е Boey и цртам врз чаши“. Но, тоа е далеку од вистинската слика за него, бидејќи тој е истовремено илустратор, блогер, аниматор… Низ годините го развил и овој уникатен стил на цртање, кој очигледно му носи добри приходи. Чашите чинат од неколку стотици до неколку илјади долари, во зависност од комплексноста на цртежот и времетраењето на изработката. Можат да се купат на Etsy.Чаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативностаЧаши за кафе кои ја будат креативноста
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со црвени чинии до помалку килограми

    Со црвени чинии до помалку килограми

    Јадењето во црвени чинии може да ни помогне во справување со вишокот килограми, покажува студијата на неколку германски и шведски научници. Според нив, силната црвена боја ни го убива апетитот, бидејќи асоцира на опасност и на забрана.Со црвени чинии до помалку килограмиВо истражувањето, на 109 доброволци им биле послужени по 10 переци. Храната им била ставена во црвени, бели и во сини чинии. Најмалку изеле оние со црвени чинии пред нив. Друг дел од истражувањето бил спроведен врз 41 студент. Тие добиле задача да пијат чај од црвени и од сини чаши. Студентите кои пиеле од црвени чаши, конзумирале значително помалку чај.rnrnОва според научниците, треба да се искористи за позитивни промени на пазарот. Предлагаат, штетната и високо калорична храна да се пакува во црвена амбалажа, со цел да се намалат здравствените проблеми кај луѓето. Тие ги советуваат и баровите, жестоките пијалаци да ги служат во црвени чаши. Така според нив, проблематичните гости, помалку ќе пијат. Но, ако црвената боја започне да се применува на голем број производи, нивната потрошувачка може да опадне дури за 40 отсто. Толку опаѓа интересот за храна кај луѓето, кога таа им се сервира во црвено. Податоците од студијата се објавени во списанието „Appetite“.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите желе шотови (Jello Shots)?

    Како да направите желе шотови (Jello Shots)?

    Автор: Марија ПетрескаrnrnАко сакате да внесете свежина во вашите забави и да ги изненадите пријателите, вистинско решение за тоа се желе шотовите. Нивната подготовка е еден од најкреативните и најоригиналните начини за служење алкохол за време на вашата забава.Како да направите желе шотови (Jello shots)?Начинот на приготвување е лесен и едноставен, исто како приготвување обично желе, но со додавање на вашиот најомилен алкохолен пијалак.rnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 1 пакетче желатин по избор
    • rn011

    • 1 шолја врела вода
    • rn011

    • 1 шолја алкохол по избор (вотка, текила, рум или друг алкохолен пијалак)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете го прашокот од желатинот во врелата вода и мешајте со лажица сè додека не се растопи целосно. Потоа додадете го алкохолниот пијалак, промешајте и овој напиток е спремен за сервирање.Како да направите желе шотови (Jello shots)?Како да направите желе шотови (Jello shots)?За сервирањето потребни ви се пластични чаши кои претходно ќе ги напрскате со масло во спреј, но доколку немате, само премачкајте ги со салфетка, претходно малку натопена во сончогледово масло. Ова е паметен начин да не ризикувате вашето желе да се залепи на пластичните чаши, а сепак воопшто нема да се насетува вкусот од претходно намачканото масло.rnrnКога чашите ќе бидат спремни, наполнете ги со приготвениот пијалак и ставете ги да отстојат во фрижидер 2-4 часа.rnrnДоколку сакате да експериментирате, пијалакот може да го приготвите во најразлични бои во зависност од желатинот кој ќе го користите.Како да направите желе шотови (Jello shots)?И за крај уживајте, но и конзумирајте одговорно. 🙂Како да направите желе шотови (Jello shots)?
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни производи инспирирани од Ајфон

    Креативни производи инспирирани од Ајфон

    Колку си со сакате вашиот мобилен телефон? Дали го имате токму оној што го сакате или можеби трагате по нешто подобро и трпеливо собирате пари за да си го купите во блиска иднина?! Во двата случаи, дали би сакале да ве опкружуваат и други предмети кои се инспирирани од дизајнот на вашиот омилен гаџет? Еве некои за кои инспирација бил токму овој Еплов гаџет.rn

    1. Предизвикувачка Ајфон-маица

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОваа маица не ја користи истата технологија како самиот Ајфон, но ефектот што го предизвикува веројатно е многу сличен. Дефинитивно предизвикува да поминете со прстите преку неа :).rn

    2. Подметачи за чаши во вид на Ајфон-икони

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnНавистина уникатен начин да ја заштитите масичката во вашиот дом… Овие подметачи за чаши претставуваат икони кои симболизираат одредени апликации за Ајфон. Штом ја ставите чашата на некоја од нив, нема ништо посебно да се случи, но дефинитивно ќе изгледа интересно за гостите. Овие подлоги за чаши доаѓаат во пакет од 16, а чинат скоро 60 долари.rn

    3. Кафе-масичка во вид на џиновски Ајфон

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОва е одличен спој за љубителите на уникатни масички за кафе, кои се воедно корисници на Ајфон. Оваа масичка е целосно изработена од картон, а најдобрата работа е што иконите можат да се отстрануваат и по потреба да се враќаат на нејзината површина за да се користат како подметачи. Изработена е од страна на неколку читатели на веб-сајтот iLounge.rn

    4. Ајфон-перница

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrniCushion е кул перница во вид на џиновски Ајфон, која дури има и скриено џепче за чување на вистински Ајфон.rn

    5. Ајфон-обетки

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОвие обетки може да бидат интересни или за преголемите обожавателки на овој гаџет или пак за оние кои не можат да си дозволат да го купат, но можат да се помират со ваква евтина замена за него.rn

    6. Ајфон-бележници

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnNotepod претставува бележник за кратки пораки и телефонски броеви кој од едната страна е дизајниран како Ајфон. За 18 долари, се добива пакет од 3 бележници, секој од нив по 100 страни. За жал, изгледа дека производителот повеќе не ги произведува.rn

    7. Ајфон колачиња

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОвие иконки изгледаат многу вкусно, но зарем не би ви било жал да ги јадете? Ако не ви е, ете една интересна идеја за следниот пат кога ќе појдете во слаткарница за да направите нарачка за колачи.rn

    8. Чаршав за кревет

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnАко веќе ги имате останатите предмети кои се инспирирани од Ајфон, добро е да ја зачините колекцијата и со еден чаршав инспириран од неговиот брат Ајпод тач.rn

    9. Ајфон матарка

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnИако личи како Ајфон на кој му навлегла течност во внатрешноста, всушност се работи за добро дизајнирана матарка, на која копчето за вклучување претставува отвор од каде се излева алкохолот кон устата. Дизајнер на овој концепт е Dhanai Holtzclaw.rn

    10. Огромна Ајфон хај тек маса

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnАко не можете да се стрпите додека да излезе Ајфон 5, зошто да не набавите една огромна верзија од Ајфон 4, со 40-инчен екран и функции кои можете да ги користите и на оригиналниот Ајфон. Дизајниран од германски инженер, т.н. iTableous е воедно и маса, која може да се сврти вертикално за да се користи полесно. Сепак, пред да се залетате по овој „гаџет“, знајте дека сепак ги нема сите функции како оригиналниот производ на Епл. Неговиот екран не е осетлив на допир и со него не можете да им се јавувате на пријателите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Игра на неделата: Кафе продавница

    Игра на неделата: Кафе продавница

    Денеска ви ја нудиме можноста барем виртуелно да станете сопственик на една кафе продавница. Во неа вие ќе бидете креатори на рецептот, вие ќе ја одредувате цената, но исто така ќе бидете задолжени и за набавките на млеко, чаши, кафе и шеќер.rnИгра на неделата: Кафе продавницаИграта е многу интересна бидејќи вие ќе си го водите бизнисот со помош на купувачите, кои ќе ви го покажуваат мислењето за вашето кафе, дали му фали нешто, дали е супер или пак е прескапо. Прилагодувајте ги сите овие работи во согласност со нивните мислења, инаку вашиот бизнис ќе биде осуден на пропаст, бидејќи во играва репутацијата е многу важна. Епа драги љубители на кафето, уживајте во оваа игра…

    rnrn