КАФЕ ПАУЗА

Tag: чакри

  • Направете ги овие 2 работи во почетокот на пролетта и гледајте што ќе се случи со вашите чакри

    Направете ги овие 2 работи во почетокот на пролетта и гледајте што ќе се случи со вашите чакри

    Пролетта е посебно време од годината кога сè цвета, се развива и кога чувствувате наплив на позитивна енергија во воздухот. Преминот од зима во пролет е важен период за вашата енергија бидејќи отфрлате сè што ви создава немир во вашите срца и сте подготвени за промени.rnrnНаправете ги овие 2 работи во почетокот на пролетта и гледајте што ќе се случи со вашите чакриrnrnЗнаете дека пролетта е совршено време во годината за чистење, за фрлање на старите работи што ви ја крадат енергијата и за реорганизирање на вашиот дом. Но, дали знаевте дека пролетта може да ги отвори и вашите чакри?rnrnПролетта носи совршена можност да ги отворите чакрите и да обезбедите правилен и добар проток на животната енергија. Овие 2 работи треба да ги направите за да ги активирате вашите чакри така што тие ќе бидат во рамнотежа уште од почетокот на пролетта.rn

    1. Создајте силна врска со Земјата

    rnАко уживате во одгледувањето растенија и имате своја градина, тогаш сте благословени затоа што воспоставувањето врска со Земјата има корисен ефект врз сите чакри. Пролетта е време кога се засадуваат нови растенија, а нивниот развој и поврзаноста со нив ќе овозможат вашата енергија да се движи слободно.rnrnТреба да ѝ бидете благодарни на Земјата за вкусните и здрави плодови што ви ги дава и ако тие се производ на вашиот труд, тоа ќе ви донесе вистинско уживање и позитивна енергија.rnrnДоколку немате услови да создадете градина или едноставно не ви се допаѓа градинарството, тогаш можете да го засадите омиленото растение во саксија или да направите своја мала зен-градина.rnrnПокрај тоа, има уште многу начини како да воспоставите убава и силна врска со Земјата. Важно е редовно да одите во природа и да гледате како се развива таа и како тече енергијата во неа, со што ќе го подобрите здравјето на вашите чакри.rn

    2. Донирајте искрено и од срце

    rnДали имате вишок работи? Ако вашиот одговор е потврден, тогаш до почетокот на пролетта задолжително ослободете се од тој вишок.rnrnЗапочнете да ја средувате вашата гардероба и да се ослободувате од работите што веќе не ви требаат или кои веќе не функционираат. Направете селекција на целата облека, на чевлите, на книгите, на играчките, на кујнскиот прибор и она што е зачувано можете да го подарите некому кому навистина му е потребно, а кујнските апарати што не функционираат може да ги рециклирате.rnrnАко донирате од срце, тоа ќе ви се врати во форма на добра карма бидејќи несебичната услуга носи добра енергија.rnrnНа овој начин, чакрите уште повеќе се отвораат и животната енергија тече непречено.rnrnПрочитајте како да ги исчистите вашите чакри и вашата аура.

  • 3 прашања со чии одговори ја отворате третата чакра – центарот на личната моќ

    3 прашања со чии одговори ја отворате третата чакра – центарот на личната моќ

    Никогаш не е лошо време да зачекориме во својата личност и да ја согледаме со поголема јасност. Личната моќ се наоѓа во средината на третата чакра, чакрата на Сонцето, позната уште како плексус соларис, која е енергетски центар на ниво на човечката физиологија. Задачата на оваа чакра е да ја буди внатрешната сила и да ви даде гориво за да имате доволно енергија за секојдневните задачи.rnrnТри прашања со чии одговори ја отворате третата чакра - центарот на личната моќrnrnОд третата чакра се развива и внатрешниот оган и страст, што резултира со топлина, срдечност, животна сила и сјај со кој освојувате сè околу себе. Секоја личност има потенцијал на свеста да трага по сопствениот идентитет и по она што ја прави различна од другите. На овој начин, успевате да се поврзете со својата душа, но и да ја подобрите самоконтролата, како и да воспоставите баланс на надворешните и внатрешните моќи на вашиот дух.rnrnТри прашања со чии одговори ја отворате третата чакра - центарот на личната моќrnrnПоради тоа, потребно е да си ги поставите следниве прашања:rn

    1. Кој/а сум јас?rn2. Што ме прави посебен/на и единствен/на?rn3. Како можам да го осветлам светот околу себе?

    rnПоставувајте си ги овие прашања секој ден и ќе забележите како самодовербата и самоконтролата се зголемуваат со секој ден, а со тоа и појасно доаѓате до отворање на вашата трета, соларна чакра.rnrnПрочитајте и што се случува кога ја отворате срцевата чакра.

  • Дали знаевте дека постои и 8-ма чакра? Прочитајте како да ја активирате

    Дали знаевте дека постои и 8-ма чакра? Прочитајте како да ја активирате

    Сите ги знаеме седумте главни чакри преку кои ја впиваме животната енергија и го чуваме физичкото и емотивното, но и духовното здравје. Низ нив поминуваат земските енергии, но и вселенските вибрации и помагаат во формирање на нашиот духовен идентитет. Но, дали знаевте дека под и над седумте главни чакри постојат по уште пет трансперсонални чакри?rnrnДали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активиратеrnrnДел од овие чакри не располагаат со доволно високи фреквенции и воопшто не е лесно да им се пристапи, но она што е важно е дека се клучни за спиритуалниот развој и разбирањето на светот. Чакрата која се наоѓа веднаш над седмата, таканаречената крунска чакра, се нарекува ѕвезда на душата или Ауреола. Нејзе успеваат да ја активираат спиритуално напредните лица кои постигнале небесна светлост.rnrnНејзина главна функција е поврзаноста меѓу вашите возвишени личност и душа со инкарнираните ваши личност и душа. Истовремено е и последна чакра која содржи човечки особини и помага нашите главни чакри да создадат целина со трансперсоналните. Таа претставува портал за бесконечна и чиста духовна енергија. Кон неа може да пристапите доколку веќе сте успеале да достигнете отворање на седумте главни чакри, со примена на системи на вежби кои ја канализираат енергијата нагоре.rnrnДали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активиратеrnrnАуреолата служи и за да ги филтрира духовните фреквенции и да пропушти само толку колку што човечкото тело може да поднесе. Колку повисока фреквенција успеваме да поднесеме, толку помалку работа ќе има ѕвездата на душата. Фактори кои влијаат врз Ауреолата се вибрациите кои потекнуваат од стилот на живот, исхраната, енергијата, потсвесноста и вербата.rn

    Канализирање на енергијата на осмата чакра

    rnСамото отворање на чакрите е долг медитативен и духовен процес кој се одвива постепено, во етапи. Се верува дека Ауреолата го поврзува телото со возвишени спиритуални енергии кои постојат надвор од овие димензии. Друго верување е дека токму осмата чакра е светлосниот тунел низ кој личноста преминува кога настапува смртта.rnrnОние кои успеале да стигнат до осмата чакра велат дека од тој момент на себе гледаат како на душа која има човечки облик, наместо како човек кој има душа. Со нејзиното активирање, ќе почувствувате силна потреба за да се редефинирате себеси.rnrnДали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активиратеrnrnОна на што треба да внимавате е да не форсирате брзо активирање на вашите главни, ниту пак на трансперсоналните чакри, бидејќи на тој начин ќе си предизвикате нагли психички промени и нарушувања, но и ќе го истурнете од баланс вашиот енергетски систем.rnrnОсмата чакра исто така содржи и кармички лекции кои мораме да ги научиме за да може полесно да се ослободиме од тежината на нашето земско искуство, односно да започне процесот на одвојување на егото и духот. На тој начин имаме пристап до повозвишена духовност и откриваме бројни спиритуални тајни.rnrnДали знаевте дека постои и осма чакра? Прочитајте како да ја активиратеrnrnОние кои се занимаваат со активности преку кои ги активираат чакрите, тврдат дека не постои повозвишено чувство од тоа. Тие откриваат сосема нова и подлабока димензија на својата личност, полесно балансираат со енергијата и многу лесно можат да пристапат до она што се наоѓа во нивната потсвест. Нештата можат да отидат дотаму што ќе почнат да ви пречат лажните љубезности, лошата храна, штетните навики и пороците. Всушност, со активирање и отворање на главните и трансперсоналните чакри, вие го доведувате телото во состојба во кое тоа се бори да остане здраво, но и да ги исцели постоечките нарушувања. Поради тоа и луѓето кои се занимаваат со спиритуална работа често се доста здрави физички, но и многу напредни на духовно ниво.rnrnНајважно од сè е да не го форсирате овој процес и да најдете инструктор кој ќе ви помогне правилно да го изведете, за да не дојде до преголем проток на енергија низ вашите чакри, а со тоа и нејзино пребрзо празнење. Кога еднаш ќе успеете да ја достигнете оваа духовна возвишеност, се менува и вашата перцепција за реалноста и сите искуства ги поминувате низ спиритуалното ниво на вашата личност.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за чакрите – главните енергетски центри на телото!

  • Ошова медитација за дишење низ чакрите

    Ошова медитација за дишење низ чакрите

    Ошо осмислил голем број видови на медитација. Тој е свесен дека модерните луѓе не можат само мирно да седат и медитираат, па затоа создал активни техники на медитација кои ни помагаат да ја придвижиме својата енергија и да ја насочиме во набљудување на она што ни се случува. На тој начин, таа го отвора патот до нашата свест и постојано расте и ги проширува нашите видици. Една од Ошовите медитации е наречена дишење низ чакрите.rnrnОшова медитација за дишење низ чакритеrnrnПред сè, во позадина треба да има тивка музика наменета токму за овој вид на медитирање (постојат плејлисти на Јутјуб), а потоа се следат следниве чекори:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=TdhVYMlhGNcrnrnВо првата фаза, застануваме релаксирано, со нозете раширени колку ширината на рамениците, со подотворена уста и јазикот поставен на долната усна и дишеме длабоко. Притоа ја визуелизираме првата чакра и со споени раце правиме движења кон неа, како да ја туркаме енергијата таму. Должините на вдишувањето и издишувањето треба да бидат еднакви. По некое време, во музиката ќе се појави звук на ѕвоно, што е знак дека треба да преминеме на втората чакра.rnrnОшова медитација за дишење низ чакритеrnrnДишењето продолжува врамнотежено, а рацете ги насочуваме кон следната чакра. Ќе забележите дека ритамот на дишењето природно се забрзал. Продолжувате да ја насочувате енергијата кон седмата чакра, а кога во музиката ќе ги чуете звуците на ѕвоното, се враќате на првата чакра. Потоа следи кратка пауза, а кога музиката ќе продолжи, продолжуваме и ние со дишењето и насочувањето на енергијата кон чакрите.rnrnВо втората фаза, седиме или лежиме во потполна тишина и размислуваме за она што ни се случува, без да се обидуваме да смениме ништо. На тој начин стануваме неутрален сведок на својата судбина. Ова се моменти од медитацијата во кои може да се случи да бидеме сведоци без судење и лесно да дојдеме до решение на проблемите кои ни било цело време пред очи, но нашата енергија не била насочена кон негово решавање.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZMcumWBb1j8rnrnПрочитајте и 15 цитати од Ошо кои ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и среќата.

  • Направете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!

    Направете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!

    Пролетта е најубавиот период од годината кога природата се буди, дрвјата цутат и можеме да ја почувствуваме позитивната енергија во воздухот. Преминот од зима во пролет претставува важен период за нашата енергија, бидејќи го отфрламе сето она што ни носело немир и му дозволуваме на нежното ветре да нѐ води сѐ додека не ги рашириме нашите крилја како пеперутка за да покажеме колку сме слободни и подготвени за промени.rnrnНаправете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!rnrnСигурно сте чуле дека пролетта е идеалното годишно време за чистење и ослободување од работите што ви ја трошат енергијата. Но, дали сте знаеле дека пролетта може да ви ги отвори чакрите? Ова годишно време нуди одлична можност за правилен тек на животната енергија во вашето тело. Ова се работите што треба да ги направите за да ги активирате чакрите и да воспоставите хармонија меѓу телото и духот…rn

    1. Воспоставете силна врска со Земјата

    rnНаправете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!rnrnАко обожавате да одгледувате растенија и имате своја градина, тогаш знајте дека на тој начин сте воспоставиле врска со Земјата што има одлично влијание на сите чакри. Пролетта е период кога треба да посадите нови растенија, а нивниот развој и вашата грижа за нив ќе ѝ овозможат на вашата енергија да струи слободно. Треба да ѝ бидеме благодарни на Земјата за сите вкусни и здрави плодови кои ни ги дава, а доколку тие се производ на вашиот труд, тоа ќе ви донесе вистинско уживање и позитивна енергија.rnrnДоколку немате услови за градина или едноставно не сакате да се занимавате со градинарство, тогаш можете да го посадите вашето омилено растение во саксија или да си направите сопствена мала зен градина. Постојат многу начини да воспоставите силна врска со Земјата. Важно е редовно да поминувате време во природа и да гледате како таа се развива, како тече енергијата во неа и на тој начин со сигурност ќе го подобрите здравјето на вашите чакри, особено на коренската која е поврзана со инстинктот и интуицијата.rn

    2. Донирајте од срце

    rnНаправете ги овие две работи на почетокот од пролетта за да привлечете позитивна енергија!rnrnДали имате вишок работи? Ако одговоривте потврдно, тогаш задолжително ослободете се од работите што не ви требаат на почетокот од пролетта. Почнете со средување на шкафот и издвојте ги парчињата облека кои не ги носите повеќе. Соберете ја сета добро сочувана облека, обувки, книги, играчки и кујнски предмети што не ви се потребни и подарете ги на луѓето на кои навистина ќе им се најдат. Ако можете, рециклирајте ги оние работи што не се во функција. Доколку донирате од срце, тоа ќе ви се врати во форма на добра карма, бидејќи несебичното давање носи позитивна енергија. На тој начин чакрите дополнително се отвораат, а животната енергија тече непрекинато.rnrnНаправете ги овие работи за да се наполните со позитивна енергија и започнете ја пролетта на вистински начин!rnrnВо продолжение прочитајте и како да го исчистите вашиот дом од негативна енергија.

  • Намалена концентрација, ниска мотивација и изолација: Неколку знаци за блокирани чакри

    Намалена концентрација, ниска мотивација и изолација: Неколку знаци за блокирани чакри

    Во моментот додека го читате овој текст, низ вашето тело, како и околу вас, стури моќна енергија. Седумте чакри на физичкото тело се центри на менталната, духовната и емоционалната енергија, па само доколку тие се силни и во хармонија ќе можете да имате моќен извор од кој ќе црпете сила. Во спротивно, доколку тие ви се блокирани, енергијата што влегува во вас е ограничена. Како можете да ја почувствувате оваа блокада? Најпрво да се потсетиме на чакрите и нивните позиции…rnrnНамалена концентрација, ниска мотивација и изолација: Неколку знаци за блокирани чакриrnrnМуладхара – основна или коренска чакра (на основата на ‘рбетот, преставена со црвена светлина)rnrnСвадистана – сакрална чакра (на репродуктивните органи, претставена со портокалова светлина)rnrnМанипура – соларна плексус чакра (во областа на абдоменот, претставена со жолта светлина)rnrnАнахата – срцева чакра (на средина од градите, претставена со зелена светлина)rnrnВисуда – грлена чакра (на дното од грлото, претставена со сина светлина)rnrnАјна – челна чакра (меѓу веѓите, претставена со виолетова светлина)rnrnСахасрара – чакра на чистата совест (на врвот од главата, претставена со бела светлина)rnrnВо продолжение следуваат и знаците дека сте ги блокирале своите чакри…rn

    1. Потешкотии во концентрацијата

    rnЧелната чакра овозможува енергија за интелигенцијата и нашата способност за препознавање на вистината. Блокадата во оваа чакра ќе предизвика потешкотии при концентрацијата.rn

    2. Проблеми со сонот

    rnЧелната чакра исто така е и средиште на свесноста и светлината, односно ги регулира будноста и сонот. Проблемите со спиењето се само уште еден знак за блокираност на оваа чакра.rn

    3. Чувство на беспомошност

    rnСрцевата чакра ги регулира емоциите и благосостојбата, а најчестата причина за нејзина блокада е долгото изложување на константен стрес.rn

    4. Потешкотии при изразување на своето мислење

    rnГрлената чакра е средиште на вербалната комуникација. Нејзината блокада води кон потешкотии при изразување на своите емоции и точното пренесување на информациите околу вас.rn

    5. Намалена мотивација

    rnСоларната плексус чакра е средиште на физичката сила од која телото добива исхрана. Од друга страна пак, сакралната чакра претставува креативност и инспирација. Намалената мотивација може да биде знак за блокада на една од овие две чакри.rn

    6. Изолација и повлекување во себе

    rnСрцевата чакра е средиште на енергијата од нашите емоции. Блокадата на оваа чакра води кон одбивање за зближување со луѓето во романтични или пријателски врски.rn

    7. Неможност за остварување цели

    rnСрцевата чакра исто така е и поврзана со растот и развојот на индивидуата. Неможноста за постигнувањето на своите цели би можело да значи дека постои блокада на оваа чакра.rn

    Како да се справите со блокадите?

    rnАко сметате дека патите од блокада на чакрите, постојат неколку работи што можете да ги направите со цел да ги доведете во ред. Даниел Фаган, авторка на книгата „Бескрајно кралство“, предложува 3 едноставни начини да се ослободите од сите блокади и да ја вратите рамнотежата во својот живот:rn

      rn011

    • Прифатете одговорност за делата што сте ги направиле, а кои ве донеле до оваа ситуација
    • rn011

    • Почнете да водите белешки за да станете свесни за блокадите и можните причинители
    • rn011

    • Применувајте ја оваа водена медитација со цел да ги исчистите чакрите:
    • rn

    rnrnrnАко ве заинтересиравме, прочитајте и нешто повеќе за чакрите – главните енергетски центри на телото!

  • Извадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубов

    Извадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубов

    Секој сака да најде вистинска, длабока, страсна љубов која ќе трае вечно. Зошто се чини тоа невозможно во денешно време? Колку и да ви изгледа како научна-фантастика, сосема е возможно да привлечете таков вид љубов. Но, клучот лежи во тоа што морате да бидете автентични. Автентичноста се дефинира како оригиналност или вистинитост. Со оглед на тоа, автентична личност би била онаа која е уникатна и се издвојува од останатите. Такви се впрочем сите луѓе на светот, само треба тоа да го покажете.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrnrnЗа жал, многу често му дозволуваме на срамот да ја надвладее нашата потреба за изразување на нашите оригинални разлики. Се стремиме кон тоа да бидеме исти како сите други за да се вклопиме, да бидеме прифатени и да оствариме поврзаност сo луѓето. Ние се прилагодуваме, менуваме и ја намалуваме нашата автентичност со тоа што ставаме маски за го скриеме нашето вистинско „јас“.rnrnИ што се случува? Успевате да се поврзете. Но, тоа не е онаа силна и значајна врска по која копнеат вашето срце и душа, затоа што не е создадена на вистински автентичен начин. Маската што ја креирате со цел да бидете прифатени само создава бариери и ве спречува да го добиете она што вистински го сакате.rnrnДали сте забележале дека кога почнувате да се гледате со некого одеднаш се однесувате поразлично? Ви се допаѓаат нови работи и ве интересираат нови активности? Нормално дека новите искуства и проширувањето на погледите се прекрасни нешта и ако запознаете некој што ќе ја зголеми и надополни вашата автентичност, само напред! Но, честопати се обидуваме да се промениме себеси или да скриеме некои работи за да бидеме прифатени и да се вклопиме во нечиј живот. Нашата силна желба за создавање љубовна врска нѐ метаморфозира и нѐ претвора во нешто друго.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrnrnМожеби се плашите дека ако немате исти интереси со партнерот или ако се покажете во вистинско светло ќе бидете отфрлени. Тоа е разбирливо, бидејќи нема ништо поболно од тоа да ја покажете вашата ранливост и потоа да бидете одбиени. Но, што ако целосно се вклопите во нечиј живот и развиете долга врска, можеби дури и се венчате, имате деца и по неколку години одеднаш се чувствувате исцрпено, монотоно и заробено? Како ќе се чувствувате доколку живеете во кафез што сте си го направиле самите за себе само за да бидете нешто што не сте? Морате да ја земете предвид и болката што се јавува како последица од распадот на таквата врска, недостатокот на блискост и несреќниот живот.rnrnТешко е да се префрлите од вашата навика да се вклопувате во сечиј свет до прифаќањето на вашата автентичност, но некои луѓе веруваат дека овој проблем се јавува како резултат на неурамнотeженост на вашата чакра во папочната област (соларна плексус чакра). Сигурно сте збунети и се прашувате за што станува збор.rnrnНие сме енергетски суштества. Во најстарите верски написи на Ведите, постои верувањето дека луѓето имаат седум енергетски центри, односно чакри, кои се вертикално поставени почнувајќи од основата на ’рбетот па сѐ до темето на главата.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrnrnАко повеќе сакате да го разберете ова од научна гледна точка, според квантната физика сите ние сме направени од енергија и сите сме поврзани преку таа енергија. Многу често, како последица од животните искуства, ние се затвораме за да се заштитиме. Кога го правиме тоа, ние ги заклучуваме нашите енергетски центри, односно чакрите. Поради тие пречки ние не можеме да ја привлечеме и задржиме љубовта што ја посакуваме.rnrnКога се чувствувате немоќни, имате проблем со ниска самодоверба или се плашите дека ќе изгледате смешно ако ја покажете вашата автентичност, тоа значи дека вашиот трет енергетски центар, односно соларната плексус чакра, е заклучен.rnrnДоколку според вас ова звучи логично и има смисла, земете ги предвид следниве 4 совети за да станете поавтентични и да заблескате со вашата појава…rn

    1. Поминувајте повеќе време на сонце

    rnВашата соларна плексус чакра е жолта исто како сонцето. Сончевата светлина може да ја балансира оваа чакра. Ставете млеко за сончање, излезете надвор и апсорбирајте сончева светлина 15 минути, секогаш кога можете.rnrnИзвадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубовrn

    2. Ослободете се од чувството на срам

    rnЗапрашајте се од што се срамите најмногу. Напишете го тоа на парче хартија и потоа изгорете го на сигурно место. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од чувството на срам и ќе ја трансформирате енергијата од срам во љубов.rn

    3. Запаметете ги и повторувајте ги следниве позитивни афирмации

    rn

      rn011

    • Јас сум моќен/на.
    • rn011

    • Јас верувам во сопственото водство.
    • rn011

    • Јас сум автентичен/на.
    • rn011

    • Јас сум моќниот креатор на мојот живот.
    • rn011

    • Јас ја користам мојата моќ за да направам позитивна разлика во светот.
    • rn

    rn

    4. Грижете се за вашиот стомак

    rnПроблемите со дигестивниот систем, црниот дроб и надбубрежните жлезди се знаци дека балансот во вашиот соларен плексус е нарушен. Неурамнотеженоста во вашето емотивно и духовно кралство создава неурамнотеженост во вашето тело. Добра идеја е да потрошите малку време за да се погрижите за вашето физичко здравје. Јадете повеќе зеленчук и помалку глутен и млечни производи.rnrnСо тоа што ќе ја ослободите вашата соларна плексус чакра, ќе можете да бидете автентични во сите животни области, особено во љубовта. Кога ќе се чувствувате сигурни и самоуверени да се покажете во вистинско светло, ќе ја привлечете вистинската личност за вас и ќе ја доживеете големата љубов која отсекогаш сте ја посакувале.

  • Чакри – главните енергетски центри на телото

    Чакри – главните енергетски центри на телото

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЗа сите кои сакаат да знаат што се тоа чакри, која е нивната функција, улога и местоположба во човечкото тело…rnrnЧакри – главните енергетски центри на телотоrnrnЗборот чакра е од санскритско потекло и значи тркало, вртење. Чакрите се познати како центри на силата или спирали со енергија. Се смета дека постојат 7 чакри, или како уште се нарекуваат тркала на светлина, во едно енергетско тело. Секоја од чакрите е поврзана со еден нервен ганглион кој се разгранува надвор од ’рбетниот столб. Чакрите најчесто се претставуваат во форма на цвет или во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број ливчиња се наоѓаат околу периметарот на еден круг. Во вториот, одреден број радиуси го делат кругот на делови, со што чакрата добива изглед на тркало. Секоја чакра има одреден број делови или ливчиња.rnrnЧакрите се во корелација со боите, звуците, кристалите, телесните функции и психата. Секоја чакра си има своја боја. Секој орган, жлезда од телото е поврзан со одредена чакра, а со тоа и со одредена боја. Седумте центри на енергија – чакри се подредени во вертикална линија по должината на ’рбетот почнувајќи од основата на ’рбетниот столб и се движи нагоре до горниот дел на скелетот. Ако постои нарушување кај некоја од чакрите, тогаш се појавува и дизбаланс на виталниот систем. Чакрите не се поврзани само со физичкото здравје, туку и со менталното и емоционалното.rnrnМногу народи, култури и религии се обидувале да ги протолкуваат и објаснат чакрите. Постојат многу модели на ослободување и правилно користење на енергијата од човечките енергетски центри. Особено важно е да се споменат моделите во Хиндуизмот, тантричките модели, тантричкиот будизам, хималајската Бјонпо традиција, современите модели. Постојат тестови и методи со кои се одредува која чакра е водич на вашиот организам.Чакри – главните енергетски центри на телото1. Муладхара – основна или коренска чакра – (јајчниците/простата) се однесува на инстинктот, сигурноста и основниот човечки потенцијал. Прикажана е како четирилисен цвет во црвена боја. Главните точки на интерес вклучуваат сексуалност, копнеж и опседнатост.rnrn2. Свадистана – сакрална чакра – се наоѓа во карличниот појас, се смета дека се однесува на бубрезите и генитоуринарниот систем. Поврзана е со портокаловата боја, а прикажана како цвет со 6 ливчиња. Нејзиното емоционално значење се однесува на ентузијазмот и радоста, додека пак физички оваа чакра го управува репродуктивниот систем.rnrn3. Манипура – соларна плексус чакра – се наоѓа во папочната област. Поврзана е со системот за варење и метаболизмот. Чакрата манипура е прикажана како цвет со десет ливчиња во жолта боја. Нејзини точки на интерес се личната моќ, управувањето со стравот и колебливоста. На емоционално ниво оваа чакра управува со личната моќ, а пак психички со избувливоста.rnrn4. Анахата – срцева чакра – се прикажува како цвет со дванаесет ливчиња во зелена или розова боја. Нејзини точки на интерес се сложените емоции, нежноста, урамнотеженоста. Оваа чакра ја управува циркулацијата на телото.rnrn5. Висуда – грлена чакра – поврзана е со моќта за комуникација и напредок во изразувањето. Се наоѓа паралелно со тироидната жлезда. Висуда е прикажана како цвет со шеснаесет ливчиња во сина или тиркизна боја.rnrn6. Ајна – чакра веѓа – таа се смета за чакра на третото око и е поврзана со  епифизата. Внатрешната суштина на ајна е пристапот до интуицијата. Ментално, таа управува со визуелната свест, а пак емоционално управува со јасновидноста на интуитивно ниво. Таа е прикажана како цвет со две ливчиња во темно сина или бела боја.rnrn7. Сахасрара – последната  чакра се смета за чакра на чистата совест. Се наоѓа на круната на главата и се прикажува како цвет со илјада ливчиња во виолетова боја. Оваа чакра се однесува на прашања поврзани со внатрешната мудрост и смртта на телото. Нејзина задача е да ја ослободува кармата.