Запоставениот живот е живот без цел и без смисла. Тоа е живот во кој човекот не чувствува дека прави нешто значајно, а, од друга страна, исполнетиот живот е живот во кој имаме и цел и смисла. Тогаш можеме да одговориме на прашањето „зошто постоиме“ и знаеме зошто правиме нешто. Токму во тоа се состои среќата.rnrn
rn
Кое е значењето на зборовите „смисла“ и „цел“?
rnЦелта е концептот преку кој можеме да одговориме „зошто постоиме“. Тука влегуваат нашето влијание врз другите околу нас, придонесот што го даваме и белегот што го оставаме. Целта е во согласност со нашите основни верувања и се манифестира преку нашиот однос кон светот во кој живееме. Потешко е да се отелотвори и препознае.rnrnОд друга страна, смислата е концепт кој се однесува на нас како поединци. Условно кажано, тоа е одговорот на прашањето „зошто правиме нешто“.rnrnСмислата е перцепцијата на важноста што ја придаваме на нештата кои ги правиме. Таа е поврзана со нашата мотивација и нашиот потенцијал и како таква, полесно е да се препознае.rnrnСмислата, условно, е патот, а целта е насоката во која чекориме. Во текот на животот, смислата на она што го правиме може да се промени и да се прилагоди на новите околности, а целта е она кон што се стремиме во животот.rnrnНа крајот од животот, можеме да си кажеме дека нашиот живот има цел, ако ја најдеме во текот на животот. Исто така, можеме да правиме различни работи кои ни се значајни, но тоа не мора да значи дека ќе најдеме цел во животот.rnrnЛу Мариноф, канадски филозоф, ни дава два примери во неговата книга „Платон, а не Прозак“.rnrnКога сме во ресторан, целта на менито е да ни даде информации за тоа што можеме да јадеме. Меѓутоа, ако менито е напишано на јазик што не го разбираме, тогаш тоа мени нема смисла за нас. Спротивно на тоа, ништо не ни значи тоа што разбираме странски јазик ако немаме мени.rnrnКога патуваме, целта на мапата е да ни даде информации за тоа каде се наоѓаат местата кои сакаме да ги посетиме. Меѓутоа, ако користиме мапа, а не сакаме да патуваме, тоа нема да ни има никаква смисла. Спротивно на тоа, ништо нема да ни значи тоа што сакаме да патуваме ако немаме мапа.rnrnЛуѓето можат да живеат со или без цел и смисла.rnrnСознанието за неискористениот потенцијал ни покажува дека сме ја препознале целта на нашиот живот, но продолжуваме да го живееме бесмислено. Ова значи дека постои потенцијал да се подобриме на подобро.rnrnОд друга страна, самодоволност е кога сме задоволни со она што го правиме и ја чувствуваме смислата на емотивен план, но не можеме да препознаеме која е целта на нашиот живот.rnrnИсполнет живот, пак, е живот во кој имаме и цел и смисла. Тогаш можеме да го одговориме прашањето „зошто постоиме“ и знаеме „зошто правиме нешто“. Токму во тоа се состои среќата.rnrnОткако прочитавте за смислата и целта во животот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла.rnrnИзвор: atma.hr



rnrnБенката се појавува кога клетките на кожата растат во група наместо да се шират низ целата кожа. Обично, бенките не се штетни, но понекогаш можат да бидат знак дека во вашето тело постои проблем, како што е карциномот. Мапирањето бенки е метод што може да се искористи за да се следат промените на бенките, така што ракот може да го откриете рано и да го спасите животот.rn
rnrnСпоред едно истражување, главната функција на влакната е ослободување феромони – хормони што привлекуваат потенцијални додворувачи. Тука спаѓаат и влакната под пазувите што служат за да се ослободат мирисите. Исто како животните и луѓето имаат различни мириси што ги привлекуваат другите кон себе. Ова веројатно е причината зошто некои луѓе сакаат да ги мирисаат валканите блузи на своите партнери.rn
rnrnУмниците се третите катници што растат во устата. Пред многу години, овие заби им служеле на нашите предци за да можат да џвакаат тврда храна како што се корени, лисја, месо и јаткасти плодови, особено кога другите заби ќе паднат. Во основа, тие се вашите резервни заби.rn
rnrnВеѓите растат нанадвор за да ги штитат очите од дождот и од потта и за да можете да го одржувате видот. Со движење на веѓите можете да изразите разни емоции и тие се важна алатка за комуникација. Едно истражување од 2003 година покажало дека веѓите се клучни за препознавање лица. Испитаниците можеле да препознаат само 46 % од личностите на коишто им биле отстранети веѓите.rn
rnrnНоктите служат за да ги штитат прстите од повреди и ви помагаат да можете подобро да ги зграпчите предметите. Исто така, секогаш кога нешто ве чеша, тие дефинитивно ќе ви помогнат. Покрај тоа, ноктите можат да бидат огледало на вашето здравје. Ако бојата на вашите нокти не е со нормален изглед, тоа најчесто значи дека нешто не е во ред со вашето здравје.rn
rnrnУвулата е мало ткиво во форма на солза што изгледа како да виси во задниот дел на грлото кога широко ќе ја отворите устата. Постои само кај луѓето и едно истражување покажало дека овозможува да пиете течности додека сте свиткани и ви помага при зборување.rn
rnrnВлакната на нозете дефинитивно изгледаат како нешто без коешто можете. Но, многу одамна, влакната им служеле на нашите предци за да ја задржуваат топлината, особено затоа што тогаш немало панталони. Кога е ладно, мускулите што се околу фоликулите на влакната предизвикуваат влакната да стојат исправено и да задржуваат повеќе топлина во близина на телото. Поради тоа, влакната функционираат како природно ќебе на нозете.rn
rnrnСлепото црево е мала торбичка во близина на местото каде што се среќаваат големите и малите црева. Честопати се верува дека е бескорисен дел од телото, но тоа служи за да ги заштити корисните бактерии во цревата. Ако имате дијареја, корисните бактерии во слепото црево ќе ви помогнат да останете здрави.rn
rnrnПегите се појавуваат поради генетика и изложеност на сонце. Тие се појавуваат кај луѓе со посветла кожа, на ист начин како што некои луѓе добиваат потемен тен при изложеност на сонце. Причината за нивната појава е што вашето тело се обидува да се заштити од оштетувањата на кожата предизвикани од сонцето. Пегите се како природен крем за сончање што ќе ве заштити од штетните сончеви УВ-зраци.rn
rnrnБрадата и мустаќите не се само влакна на лицето што можат да дефинираат некого. Според едно истражување, брадата и мустаќите се како грива од лав. Тие можат да служат како камуфлажа за да ве заштитат од напади на кревките делови на вилицата.rnrnПогледете ги 




rnrn
rn
rnrnЖивотот едноставно е различен кога се фокусирате на себе наместо на другите. Всушност, тој станува подобар. Наместо да се грижите за работите што не можете да ги контролирате, вие сте оддалечени само една секунда од целосна промена. Ова е ослободувачко и возбудливо.rnrnНајдобриот дел е кога ќе ја пронајдете вашата страст. Комбинацијата од страст, контрола и фокус може да води само до успех. Ова ќе ве тера напорно да работите, a напорната работа ќе ви биде лесна, па успехот речиси сигурно е загарантиран.rnrnПотребно е да правите избори кои ве исполнуваат и кои секојдневно ве доближуваат до исполнување на вашиот сон. За жал, многу луѓе не го прават ова. За некои причината е страв од неуспех, па воопшто не се ни обидуваат. Други се откажуваат во моментот кога ќе стане потешко. Доколку вие се наоѓате во ваква ситуација, запрашајте се, што ве спречува?rn