Швајцарската компанија Oppidum го претстави својот најнов градежен проект наречен L’Heritage кој се состои од градење бункери и е наменет за сите оние кои сакаат да живеат луксузно дури и во случај на апокалипса. Се работи за бункери за богати поединци чие богатство надминува 100 милиони долари.rnrn
rnrnБункерите се дизајнирани од страна на францускиот архитект Marc Prigent и се протегаат на површина од 1.000 квадратни метри чии простории се прилагодени на секојдневниот живот и деловните активности. Имаат речиси сè – од спални соби, бањи, кујна до конференциска сала.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnL’Heritage може да се прилагоди на индивидуалните потреби и, доколку е потребно, може да се постават и внатрешна градина, спа простор со базен, галерија за приватна уметничка колекција и гаража за десет луксузни возила.rnrnСекако, безбедноста е на прво место. Така, бункерот располага со комплексен безбедносен систем кој ве штити од потенцијалните провалници. Има и безбедносна врата со биометриски читач која истовремено ги скенира ирисот, дланката и отпечатоците од прстите така што само вие и вашето семејство можете да влезете во бункерот.rnrnБункерот се карактеризира и со два система за филтрирање на воздухот како и индустриски генератори кои им овозможуваат на сите системи во бункерот да работат без никаков проблем.rnrnОткако прочитавте за овој луксузен бункер, можеби ќе сакате да прочитате и за напуштените бункери од Втората светска војна.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: бункер
-

Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!
-

Од замок до бункер во кој се чувале милијарди германски марки: Град што е сè уште енигма за туристите
Во долината на реката Мозел во Југоисточна Германија се наоѓа гратчето Кохем. Во панорамата доминира замокот изграден во средниот век кој се издига над градот и полињата со лозје. До нив може да се стигне откако ќе прошетате покрај живописните куќи распослани покрај брегот и ќе го поминете мостот Скагерек. Друга опција е да се качите на еден од чамците што пловат по реката.rnrn
rnrnОна што не смеете да го пропуштите е обиколката на историскиот дел на Кохем каде што се сместени најважните градски знаменитости. Овде се наоѓа градското собрание од 1739 година, изградено во барокен стил. Тука се и многу добро сочуваните градски ѕидини кои во минатото го штителе Кохем од несакани посетители.rnrn
rnrnОд поранешните четири градски порти зачувани се три кои со текот на времето се претопиле во нови градби. Најголемата порта е Ендертор, изградена во 1332 година, како премин кон градот низ објект кој имал функција на затвор во средниот век.rnrn
rnrnЈужната порта наречена Мартинстор е изградена во 1352 година, а денес е служи како премин кој води до најпрепознатливиот белег на градот – замокот Кохем. Името на овој неоготски замок прв пат се споменува во 1130 година. Во 16 век бил целосно уништен од Французите, а три века подоцна, во 1868 година, бил повторно изграден.rnrn
rnrnОва гратче со идилични пејзажи има што да им понуди и на љубителите на поновата историја, а тоа е бункерот на Бундесбанката – германската централна банка. Имено, оваа банка за време на Студената војна, од страв да не остане без пари изградила систем на бункери со големина од 1.500 метри квадратни и ходници долги 300 метри. Тука се чувале околу 15 милијарди германски марки, додека во случај на војна, можеле да се сместат околу 100 луѓе.rnrn
rnrnОткако прочитавте за најважните историски знаменитости на гратчето Кохем, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 шпански градови вреди да ги посетите барем еднаш во животот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rsrnrn -

Бункерот на ужасот: Тајното оружје со кое Хитлер сакал да го освои светот
Во близина на Бремен, на брегот на реката Везер, сè уште постои бетонско чудовиште со името Валентин. Во тој бункер, еден од најголемите во Европа, Хитлер работел на тајно оружје односно модерни подморници со кои сакал да ги покори непријателите.rnrn
rnrnБункерот во Бремен-Фарж некогаш бил еден од најголемите воени проекти во нацистичка Германија. Од 1943 до 1945 година, илјадници принудени работници од цела Европа работеле на градилиштето за бункери. Бидејќи сојузничкото воено воздухопловство било супериорно во однос на поголемиот дел од германската територија во тоа време, градењето на подморници во голем дел од бродоградилиштето била невозможна мисија.rnrnВо Валентин, подморниците требало да се градат со специјални технологии, зад sидовите и таваните дебели 4,5 метри. Нацистичките водачи се надевале дека ќе го променат текот на војната со пробивање на сојузничките патишта преку Атлантикот, па не е изненадувачки што во тој момент проектот Валентин станал приоритет. За само дваесет месеци се изградил бункерот каде што работеле измачувани луѓе, во смени од 12 часа без одмор. Приближно две илјади од нив починале поради исцрпеност предизвикана од напорната работа и нехуманите услови. Денес се познати имињата на само 1144 жртви, а не е познат идентитетот на другите жртви.rnrn
rnrnНезавршениот дел од бункерот бил уништен од Британците кон крајот на март 1945 година, а кратко потоа изградбата била запрена. Никогаш не била изградена подморница во бункерот Валентин. По војната, сојузниците го користеле бункерот како цел за експериментирање со бомби. Подоцна, плановите за рушење пропаднале и Валентин станал игралиште за локални деца. Кон крајот на 1950-тите, германската армија го искористила како полигон, а потоа служел како магацин на морнарицата.rnrnДенес, Валентин е меморијален центар каде што се одржуваат изложби кои потсеќаат на ужасите од војната, кои никој не би сакал да се повторат.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработници. -

Нацистички бункер во подземјето на Париз
Под една од најпрометните железнички станици во Париз, се крие бункер од 120 квадратни метри, кој започнале да го градат Французите, а го завршиле Германците за време на четиригодишната окупација во Втората Светска војна.rnrn
rnrnИлјадниците патници кои секојдневно патуваат преку станицата „Gar d lest“, не знаат дека под нивните нозе или поточно помеѓу пероните 2 и 3 се наоѓа стар бетонски бункер. Станицата е направена во 19 век, а бункерот сега е во сопственост на Националната железница на Франција, која одлично се грижи за него, иако тој е затворен за јавноста.rnrn
rnrnВо случај на некаква незгода, во бункерот можат да се засолнат 70 луѓе, а во него има генератори и телефонски центар. Поголемиот дел од првобитната опрема е сè уште на свое место. Во случај на потполно снемување на електрична енергија, има дури и генератор на педали.rnrn





rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Напуштените бункери од Втора светска војна
Оваа серија фотографии е направена од Џонатан Ендрју, кој патувал низ Европа за да документира напуштени воени бункери од Втората светска војна. Овие бункери се наоѓаат во Холандија, Франција и Белгија. Тие се обоени со графити и се оставени да скапуваат, но нивната бетонска основа останува како доказ за историјата која пополека избледува. Фотографиите истовремено создаваат чувства на опседнатост и спокојство, потсетувајќи на тешкиот период од минатиот век.rn








