КАФЕ ПАУЗА

Tag: бубачки

  • 3 начини на кои можете да чувате пајаците и бубачките понастрана од вашиот дом

    3 начини на кои можете да чувате пајаците и бубачките понастрана од вашиот дом

    Пајаците и бубачките знаат да бидат голема иритација, и да направат нашиот дом да изгледа нечисто. Постојат различни хемикалии што помагаат при борбата со овие штетници, но тие исто така се нездрави и за децата и домашните животни. Меѓу другото, тие ѝ штетат и на околината. Токму затоа решивме да споделиме со вас неколку начини на кои можете сосема природно да се ослободите од пајаците и бубачките и да го одржите вашиот дом чист и здрав…rn

    1. Користете масло од пеперминт за да ги избркате штетниците

    rnrnrnМаслото од пеперминт е силен и ефективен начин за справување со штетниците. Но, тоа исто така може да предизвика иритација на кожата кај луѓето и животните. За да го избегнете ова, препорачано е да го измешате маслото со вода за да се раствори. Вака составената мешавина испрскајте ја на оние места каде што најчесто гледате или очекувате да видите пајаци и други инсекти. Исто така испрскајте ги и вратите и прозорците за да ги спречите новите штетници да влезат во вашиот дом.rn

    2. Направете сопствен спреј против бубачки

    rnrnrnВие самите можете да направите природен спреј што ќе ги држи бубачките настрана од вас. За да го направите, измешајте јаболков оцет, масло, црвен пипер и течен сапун во шише со распрснувач. Исто како и со претходниот спреј, испрскајте ги сите влезови во вашиот дом, како вратите и прозорците. И не заборавајте да препрскате после дожд.rn

    3. Поставете цитрусни кори околу вашата куќа

    rnrnrnСвежиот цитрусен мирис е нешто што инсектите го мразат. Можете да искористите кое било цитрусно овошје, вклучувајќи портокали, лимони или лимети. Поставете ги корите околу вашиот дом, во близина на вратите, прозорците, полиците и сите останати места каде што се сомневате дека би можеле бубачките и пајаците да влезат во вашиот дом. Менувајте ги корите на секои 48 часа за најдобар ефект.rnrnПрочитајте ги и овие застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови.

  • Застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови

    Застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови

    Не се сите инсекти на оваа листа бубачки. Бубачките, од научна гледна точка, се мали инсекти со мали усни кои наликуваат на клун, како што сте болвите. Пајаците, полжавите и осите на некој начин не се бубачки. Но да не должиме со дефиниции… Погледнете ги следниве факти за бубачките што ќе ги потврдат вашите причини за страв од нив! rnrn(1)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mkrn

    1. Постои вид оси кои можат да ги контролираат мозоците на лебарките

    rnОвие оси ги боцкаат лебарките на одредено место на мозокот и потоа ги контролираат нивните рефлекси за бегање. Тие ја водат лебарката до своето осило користејќи ја нејзината антена како водич, а потоа ги положуваат своите јајца во нејзиниот абдомен. Без функционални рефлекси за бегање, лебарката останува во осилото додека не се изведат јајцата, а потоа ларвите се хранат од нејзините органи.rn

    2. Некои видови лебарки живеат и по неколку месеци без глава

    rnЗа разлика од луѓето, лебарките имаат отворен циркуларен систем со мал притисок, па отстранувањето на главата нема да резултира со смрт. Многу од функциите на лебарките не се централни, па тие можат да дишат и без глава, како и да ги задржат потребните рефлекси за движење.rnrn(4)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mkrn

    3. Понекогаш бубамарите се канибали

    rnЛарвите на бубамарите имаат поголеми шанси за преживување и развивање ако ги изедат нивните „неродени“ роднини.rn

    4. Пчелите имаат два стомаци

    rnЕдниот е за храна, а другиот служи за нектар.rn

    5. Пајаците имаат 8 нозе…

    rnИ кога се движат, 4 од нив се секогаш допрени на земјата, додека останатите 4 се во воздух.rnrn(2)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mkrn

    6. Тарантулата ги раствора своите жртви со отров

    rnТарантулите им инјектираат отров на своите жртви што ги парализа. Потоа ензимите во отровот го распаѓаат телото и го претвораат во течност.rn

    7. Но, отровот на тарантулата не е опасен за луѓето

    rnОтровот на овие пајаци не е поопасен за луѓето од оној на пчела или оса, освен ако не сте алергични. Ако чувате тарантула како милениче, постои поголем ризик да ви се направи осип од влакната на нејзиниот стомак.rn

    8. Мрежата на пајаците е наелектризирана

    rnПајаковата мрежа се „движи“ кон жртвата бидејќи пајакот ја покрива со електростатичен лепак кој се движи кон сите наелектризирани честички.rn

    9. Полжавите може да се издолжат 20 пати од нивната должина

    rnТокму оваа особина им овозможува да поминуваат и низ најмалите отвори.rn

    10. Гасениците имаат само 6 нозе

    rnГасениците многу често имаат и мали лажни нозе кои се многу кратки. Тие им помагаат да ги поткреваат своите тела, но не ги користат за одење.rnrn(3)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mkrn

    11. Молците немаат уста и дигестивен систем

    rnМолците имаат животен век од само 7 до 10 денови. Нивната единствена цел во животот е да се размножат.rn

    12. Еден вид молци имаат мртовечки череп на абдоменот

    rnПокрај овој морничав украс, овие молци испуштаат многу висок звук кога се иритирани.rn

    13. Црвите немаат очи, уши и бели дробови

    rnНо, тие имаат 5 срца и 1 црево. Со други зборови, тие се мускулесто црево што пулсира.rnrn(5)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mkrn

    14. Полжавите се гастроподи

    rnОва име буквално значи „стомак стапало“. Значи тие се едно многу лигаво стапало.rn

    15. Скорпиите имаат многу бавен метаболизам

    rnНекои видови скорпии не јадат по цела година. Нивниот лов најчесто се состои од чекање, па трошат многу малку хранливи материи.rnrnКога сме веќе кај инсекти, погледнете и како да ги препознаете најчестите убоди од нив.

  • Не ги фрлајте употребените ќесички од чај. Еве зошто!

    Не ги фрлајте употребените ќесички од чај. Еве зошто!

    Многу луѓе редовно уживаат во чајот, но дали сте знаеле дека откако ќе го испиете можете да имате полза и од употребените ќесички?rnrnНе ги фрлајте употребените ќесички од чај. Еве зошто!rnrn1. Употребените ќесички од чај можат да ви помогнат при иритации на кожата како модрици, херпеси, убоди од комарец и изгореници. Намокрете употребено ќесиче од чај со ладна вода и ставете го како облога на зафатеното место. Иритацијата ќе се намали, а залечувањето ќе се забрза.rnrn2. На сличен начин можете да ги отстраните темните кругови околу очите и потечените подочници.rnrn3. Тие ќе ви помогнат и да ја отстраните лошата миризба од патиките за вежбање, како и од фрижидерот.rnrn4. Со нивна помош и полесно ќе ги измиете мрсните садови.rnrn5. И ќе ги избркате бубачките од домот… Тие најмалку сакаат нане.rnrnПогледнете го видеото за деталите околу нивната употреба.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Суштества кои ги засакавме поради цртаните

    Суштества кои ги засакавме поради цртаните

    Ретко кој би рекол дека бубашвабите или глувците спаѓаат во слатки, мали животинки. Всушност, да бидеме искрени, поголем дел од  луѓето преферираат да бидат што подалеку од нив. Пајаците, подобро и да не ги споменуваме. Исто така, тешко дека некој би сакал скоро проѕирен дух да му биде најдобар другар. Но можеби, само можеби, за некои од ваквите суштества имаме погрешно мислење. Барем луѓето кои стојат зад цртаните филмови кои ќе ги погледнете подолу, веруваат во тоа и дури некои од нив ни ги прикажаа доста неодоливо и слатко.rnrnСуштества кои ги засакавме поради цртанитеrn

    Стаорци

    rnГенијалците од „Пиксар“ освен што постигнаа неверојатен успех со анимираниот филм „Рататуј“ (Ratatouille), одлично поминаа и со обидот да ги натераат гледачите барем за момент да престанат да мислат на стаорците како за штетници. Стаорецот Реми, освен што е мил и сладок, замислете умее и да готви храна за луѓето. Кој не би сакал такво милениче?rnrnrn

    Пајаци

    rnСите сме ја читале „Пајажината на Клeментина“ како деца. И покрај сите обиди, не успеавте да го засакате пајакот додека ја читавте книгата? Епа тоа е едноставно неизбежно кога ќе го гледате филмот. Мора да признаеме, многу е мудар!rnrnrn

    Гасеници

    rnДа, да, од нив доаѓаат пеперутките, ама гасеница си е гасеница и не спаѓа баш во омилено домашно милениче. Или пак не? Оние кои го гледале „Животот на бубачката“ (A Bug’s Life) не го делат истото мислење. Гасеницата Хејмлих во цртаниот, ќе успее да ве натера многу да ја засакате пред да се претвори во прекрасна пеперутка. Тука мора да се спомене и мравката Дот, која е приказна сама за себе.rnrnrn

    Пчели

    rnПриказната за обичната, работлива пчела која завршила колеџ и чека вработување, а сонува да излезе од кошницата за да го види светот надвор од неа, е едноставно прекрасна. И смешна. Едно е сигурно, после цртаниот многу повеќе ќе ја цените работата на вредните пчели.rnrnrn

    Творови

    rnВечниот романтичар Pepé le Pew на „Loonеy Tunes“, можеби е смрдливко, но е навистина голем фраер. Чудно, но ете, за многу луѓе овој твор е баш многу шармантен!rnrnrn

    Огри

    rnДобро, не дека се реални ама доста често ги има во фиктивниот свет и не се баш најпријатни за гледање. Особено после „Господар на прстените“. Но затоа, „DreamWorks“ одлично си ја завршија работата со најомилениот огар на сите времиња – Шрек. Кај овој лик, убавината и шармот навистина доаѓаат однатре.rnrnrn

    Духови

    rnЗа делот дали се реални или не нема да дискутираме, но после Каспер, ништо не е исто. На крајот на краиштата, навистина нема ништо лошо во дружба со пријателски расположен дух. А за тоа како всушност станал дух, „Famous Studios“ смислија супер начин за да не ги вадат децата од памет. Каспер се родил како дух затоа што неговите родители веќе биле духови кога го направиле. Барем во некои од верзиите на приказната стои така. И да, си има презиме, Мекфејден.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.