Можеби го давате најдоброто од себе за да се ослободите од долговите и да заштедите, но што доколку нема никаков резултат? Можеби треба да го промените вашиот став кон трошењето. Всушност, луѓето кои успеале и кои имаат големо богатство, се навистина внимателни со нивните трошоци. Можеби мислите дека овие луѓе сакаат да трошат неразумно, но ова е далеку од вистината. Погледнете ги нештата што, за разлика од останатите, милионерите ретко ги купуваат.rnrn
rn
1. Импулсивно купување
rnНа секој му се има случено да види нешто речиси бескорисно на попуст, да го купи, а потоа да зажали за одлуката. Луѓето често трошат пари со импулсивно купување, а ова ги разликува од богатите. Ефективен начин да го избегнете непотребното трошење е да направите шопинг листа пред секое одење во продавница.rn
2. Скап имот
rnКупувањето луксузни куќи со цени од инфлација е сомнителна инвестиција. Поради ова, богатите купуваат ветувачка недвижнина додека цената е ниска, а потоа профитираат кога цената на имотот ќе порасне.rn
3. Продолжена гаранција
rnНајчесто, луѓето со ниски примања се оние кои прифаќаат продолжена гаранција кога купуваат нова опрема. Ова е нормално бидејќи им е страв дека направата ќе се расипе, па плаќаат дополнително за да се заштитат. Но ова е неопходно бидејќи и обичната гаранција е сосема доволна.rn
4. Облека од познати брендови
rnБогатите можат да си дозволат луксузна облека од најновите дизајнерски колекции. Но нивниот живот не се врти само околу социјалните настани, па тие се држат подалеку од вакви трошоци. Се сеќавате како се облекуваше Стив Џобс? Бил Гејтс има часовник од 10 евра, а дури и Кејт Мидлтон често купува евтина облека.rn
5. Последна верзија од популарните електронски направи
rnБогатите луѓе не брзаат да го купат последниот модел на смартфон, дури и ако нивниот веќе не е во мода. Милионерите најпрво се прашуваат дали трошокот вреди во одреден момент. Кога станува збор за електронските направи, тие брзо застаруваат, па никогаш нема да ги стигнете.rn
6. Заеми, долгови и казни за доцно плаќање
rnБогатите луѓе не земаат заем и не губат пари за казни и тоа од една причина – секогаш ги плаќаат сметките на време и избегнуваат одложувања.rn
7. Купување скапи играчки за децата
rnЛуѓето со просечна плата често ги разгалуваат нивните деца и им купуваат скапи и модерни ирачки. Доколку милионерите би се однесувале исто, нивните деца би се давеле во куп од играчки. Нема потреба да му купите некоја играчка на детето само затоа што ја рекламираат на телевизија.rn
8. Брза храна
rnНајважната разлика помеѓу исхраната на богатите и просечните луѓе не е цената на продуктите. Богатите се опседнати со здравата исхрана. Тие можеби го консумираат истото овошје и зеленчук како и вие, но ретко се прејадуваат со хамбургери и помфрит.rn
9. Трошоци за имиџ
rnЧесто мислиме дека богатите трошат многу на скапи летови, нови автомобили и луксузни забави. Луѓето кои сакаат да изгледаат богато, трошат многу за да го постигнат овој ефект. Од друга страна, вистински богатите луѓе се навистина скромни. Дури и кралицата Елизабета штеди електрична струја во Бакингемската палата.rn
10. Дополнително образование за децата
rnЛуѓето со просечна плата често најмуваат разни тутори за нивните деца. Некои се надеваат дека на овој начин ќе го откријат скриениот талент на детето, а други се надеваат на подобри оценки. Богатите луѓе знаат дека дополнителните предавања немаат ништо со финансискиот успех. Па, тие им дозволуваат на нивните деца да уживаат во нивното детство.rn
11. Гатачи и претскажување на иднината
rnСпоред едно истражување, најчестите клиенти на гатачките се луѓе со слаба аналитичка способност. Истовремено, логичкото размислување најверојатно е клучно за збогатување. Исто така, богатите луѓе веруваат во себе и не трошат пари на гатачки и претскажување на иднината.rn
12. Предавања за личен развој
rnЛуѓето со ниска плата и лоша кариера им се најчестата мета на животните советници. Многу луѓе отворено кажуваат колку всушност се бескорисни овие предавања. Пред да решите да ги потрошите парите на некој мотивационен курс, подобро прочитајте биографија на познат милионер. Подобро ќе дознаете што треба да правите и што би функционирало.rn
13. Тренди ентериер
rnНови модели на покуќнина се појавуваат речиси секој месец. Поради ова, луѓето од средната класа трошат многу пари обидувајќи се да ги следат трендовите. За жал, овие дизајни брзо излегуваат од мода, па одеднаш целиот дом ќе ви биде демоде. Пред следното реновирање, разгледајте го домот на некоја богата личност. Ќе забележите дека мебелот е безвременски и нема потреба од постојано реновирање.rnrnПогледнете ги и финансиските совети што можеби звучат добро, но ви прават штета.


rn
rnrnВистина е дека децата од богатите семејства почесто завршуваат факултет и има поврзаност помеѓу можноста да бидете богати и богатството на вашето семејство. Но ова не важи секогаш. Иако „богатите деца“ имаат повеќе можности во животот, тие исто така имаат поголема можност да го изгубат наследеното богатство. Според едно истражување, 70% од богатите семејства го губат богатството во втората генерација.rn
rnrnСпоред податоците во книгата „Навики на богатите луѓе“ (Rich Habits) од авторот Томас К. Корли, богатите луѓе работат понапорно од сиромашните. 86% од богатите со полно работно време работеле над 50 часа неделно, додека 57% од сиромашните со полно работно време работеле помалку од 50 часа неделно. Богатите исто така поретко земале боледување и поминувале помалку време на Интернет и гледајќи телевизија.rn
rnrnНиту богатите не можат секогаш да се спасат од банкрот. Доналд Трамп прогласил банкрот 4 пати. Клучната разлика помеѓу богатите и сиромашните се лагите. Богатите луѓе, како 50 Cent кој прогласи банкрот во 2015-та година и се ослободи од него во 2017-та, обично добиваат строг финансиски план од нивните советници и не им е потребно долго да излезат од долговите.rn
rnrnНекои истражувања покажале дека богатите почесто избегнуваат даноци, почесто ги кршат законите додека возат и најчесто се посебични. Но, друго истражување од холандски научници покажало дека погрешно испратените пари или кредитни картички почесто биле враќани од богатите за разлика од сиромашните. Истражувачите заклучиле дека богатите не се посебични, туку едноставно имаат повеќе пари.rn
rnrnСпоред едно истражување, мнозинството возрасни мислат дека богатите плаќаат многу пониски даноци. Но податоците покажуваат дека во САД најбогатите луѓе плаќаат 45,7% од целиот приход за даноци. Данокот се зголемува со приходот.rnrnПродолжува на 
rnrnСингапур оваа година се најде на третото место. Овој микрокосмос на Азија е населен со Кинези, Малајци, Индијци и голем број странски државјани. Овој град овозможува многу нешта, како што е брилијантната локација за сите оние кои сакаат да се занимаваат со бизнис, бидејќи Сингапур покрива цел континент и е одлично место за живот и работа. rnrnБогатиот град, во комбинација со модерните облакодери, со различни влијанија, со вкусната храна, со рестораните кои во голем број работат по 24 часа, со добриот шопинг и возбудливиот ноќен живот го прават одлична дестинација за туризам, како и за живот. Сепак, славната држава има и свои недостатоци, како што се доста строгите казни за најразлични работи или фактот дека овој град-држава со своите просечни 30 степени не е место во кое би можеле да живеат оние кои се навикнати на умерени температури и 4 годишни времиња.rn
rnrnМалиот Луксембург е на второто место на оваа листа. Минијатурната држава ја стекна својата популарност со својот голем и фантастичен развој. Тоа можеби е и заради специфичната положба, на раскрсница кој овозможила различните култури, влијанија и јазици да се измешаат создавајќи една сосема нова и единствена култура. rnrnНеобично позиционираниот град Луксембург остава впечаток дека се состои од две нивоа, повисоко и пониско. Преполн е со паркови кои се особено интересни во пролет и есен, а традиционалната кујна ќе ве остави без здив бидејќи изобилува со разновидни рустикални, вкусни и рафинирани јадења, во кои најмногу се чувствува влијанието на соседните земји: Германија, Франција и Белгија.rn
rnrnСо околу 14% од населението кои се милионери, Катар уште еднаш се здоби со титулата за најбогата земја во светот. Оваа релативно млада земја, која до пред триесеттина години била рибарско село во пустина, се разви неверојатно брзо. Безброј хотели, трговски центри и спортски хали се само дел од сето она што можете да го пронајдете во државата во која нафтата е поевтина од водата и која е синоним за сјај и луксуз. rnrnНеколку специфичности посебно се издвојуваат, како на пример шопинг центарот Вилаџио што претставува совршена реплика на Венеција или вештачките острови кои ги гради владата, на кои странците купуваат станови со брзина на светлината. Една таква населба е Периа, во облик на школка со бисер во средината, исполнета со луксузни трговски центри, најмодерни солитери и прекрасни јахти.
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжете на 


rnrn









rnrnОткако се вратиле во големиот град и луксузниот стан во високиот облакодер, мајката ја прашала ќерката што мисли за времето поминато на фармата.rnrn„Прекрасно беше мамо“ – одговорила ќерката.rnrn„Интересен ли ти беше начинот на живот таму?“ – прашала мајката.rnrn„Да“ – одговорила ќерката.rnrn„Што научи од времето поминато на фармата?“ – прашала мајката.rnrnЌерката одговорила: „Забележав дека ние имаме една мачка и едно куче, а тие имаат четири кучиња и три мачки. Ние имаме мермерен базен кој се протега до нашата градина во летната куќа, а тие имаат голем поток кој се извива низ шумата. Ние имаме модерни соларни светилки во нашата градина, а тие имаат шест милиони ѕвезди на небото. Од нашиот балкон се гледа валканиот град, додека тие гледаат кон прекрасните шуми.rnrn
rnrnНие немаме плодни поседи и никогаш не ја допираме земјата, освен во текот на летото кога одиме во викендичката, а тие садат растенија и се во контакт со земјата скоро секој ден.rnrnНие купуваме храна од супермаркет, а тие самите си ја произведуваат својата храна. Ние имаме компјутерски кодови и лозинки да нѐ заштитат од злото; тие ги имаат животните, семејството и соседите.“rnrnМајката oстанала по малку изненадена.rnrnТогаш нејзината ќерка додала: „Ми стана јасно колку сме ние сиромашни и колку посреќни можеме да бидеме.“rnrn
