КАФЕ ПАУЗА

Tag: блескаво

  • Тотален лет хит: Прекрасни блескави тетоважи

    Тотален лет хит: Прекрасни блескави тетоважи

    Привремените тетоважи го имаат својот голем камбек ова лето, но овој пат тие не се наменети само за деца. Многу жени почнаа да ги прекриваат своите тела со интересни златни и металик боди арт дизајни.rnrnТотален лет хит: Прекрасни блескави тетоважиrnrnОвие фенси фолии се всушност привремени тетоважи кои се наречени светкави тетоважи (flash tattoos) и доаѓаат во разни светкави парчиња и златни геометриски облици кои блескаат на кожата.rnrnБез разлика за кое место на телото ќе се одлучите, бидете сигурни дека со оваа тетоважа само ќе ги потенцирате вашиот изглед и стил како вистинска бохо кралица, во текот на целото лето.rnrnНе мора ни да потенцираме дека овие металик тетоважи изгледаат одлично на исончана кожа и имаат улога на полуперманентен накит. Всушност, одлично се надополнуваат со накитот кој веќе го носите на зглобовите, на прстите, на вратот, на телото, па дури и на лицето…rnrnОвие тетоважи траат 6 дена и имаат моќ да ве преобразат во гламурозна божица. Ова е совршениот летен аксесоар. Се согласувате?rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

    Домашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевка

    Некои стари трикови за дентална хигиена не само што се економични туку се и многу здрави за вас. Домашно изработената паста за заби не чини многу и е лесна за правење, а ќе ги направи вашите заби совршено бели и притоа ќе го освежи вашиот здив и ќе ви помогне во борбата против кариес.rnrnДомашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевкаrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 грама сода бикарбона
    • rn011

    • 120 милилитри масло од кокос
    • rn011

    • 30-40 капки есенцијално масло од нане
    • rn011

    • 1 пакетче прашок стевија
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnДоколку маслото од кокос е густо, ставете го неколку секунди во микробранова додека не се стопи. Ставете ги сите состојки во длабок сад и мешајте темелно додека целосно не се спојат. Потоа сипете ја мешавината во тегла и цврсто затворете ја. Домашно изработената паста може да трае и до 6 месеци без да биде сместена во фрижидер.rn

    Зошто оваа паста за заби е ефикасна?

    rn1. Сода бикарбоната има долга историја како чистач на заби. И покрај тоа што има репутација како продукт кој е премногу груб, реалноста е дека е помека од голем број комерцијални пасти за заби. Таа исто така се бори против забниот камен, ги убива бактериите кои создаваат гингивитис и ги уништува темните дамки.rnrn2. Кокосовото масло можеби ви изгледа како необична состојка за борба против кариес, но студиите откриле дека овој природен антибиотик кој истовремено е и антибактириски е одличен при одржување на цврстината и здравјето на забите.rnrn3. Маслото од нане нема никакви здравствени придобивки, но ѝ овозможува на пастата да има студен и освежителен вкус.rnrn4. Стевијата е големо изненадување. Таа истовремено го подобрува вкусот без додавање на шеќер, има антибактериско дејство и се бори против забниот камен. Кој би рекол?rnrnДомашно изработена паста за заби за неодоливо блескава насмевкаrnrnЗа овој едноставен рецепт кој го подобрува денталното здравје потребни ви се само неколку минути за да го направите, а ќе ви трае со месеци. И покрај тоа што оваа паста за заби е добра за повеќето луѓе, сепак не се препорачува за оние со премногу чувствителни заби.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сите лица на Лас Вегас

    Сите лица на Лас Вегас

    Сместен среде пустина во Невада, Лас Вегас има идеална локација за човек да побегне од реалноста и рутината на секојдневието. Оној што тргнал накај градот на гревовите, таму ќе налета на микро свет составен од блескави неонски светла, величествени архитектонски градби, фонтани, барови, кабареа, музеи, трговски центри, ресторани и сè друго што посетителите би посакале да видат. И сето тоа е достапно 24 часа во денот, седум дена во неделата, 365 дена во годината.Сите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасЕдна од главните причини зошто милиони туристи секоја година одат да трошат многу пари во Лас Вегас е угледот на светски коцкарски центар. Најдобрите казина се наоѓаат од двете страни на речиси седум километри долгиот булевар Лас Вегас Стрип. Ги има толку многу, што се приморани постојано да измислуваат нови начини на привлекување гости. Казиното – хотел Bellagio ги импресионира гостите со преубави фонтани, ботанички градини и галерија. Treasure Island приредува шоу со сирени и пирати, а на листата атракции на Mirage се наоѓаат вештачки вулкан, фонтани, базен каде што гостите можат да уживаат топлес и огромен аквариум. Caesars Palace, пак, се обидува да привлече гости преку илузионистички шоуа. Исто така, во сите нив славниот Cirque du Soleille има свое шоу.Сите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасНоќниот живот, покрај казината, нуди и голем број реасторани, од лускузни па сè до фаст фуд ресторани, ноќни клубови, стриптиз барови, концерти, настапи на многу познати пејачи итн.Сите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасЛас Вегас важи и за град на кичот поради многуте репродукции на познати локации од повеќе светски градови. Овде може да налетате на Статуата на слободата, на Алјфеловата кула, пирамиди, па дури и да се повозите со гондола во импровизираната Венеција.Сите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасГрадот честопати е домаќин на големи спортски настани. НБА тимовите овде редовно одржуваат летни кампови, има трки со автомобили, натпревари во родео и, секако, овде се одржува светското првенство во покер. Интересна атракција е можноста самите да се повозите во автомобилот за кој отсекогаш сте сонувале, што спаѓа во понудата на една компанија. Бесните модели на Ферари, Ламборгини, Јагуар, БМВ и многу други ви се на располагање за одредена сума пари. Ваше е само да го стартувате моторот и да возите на патеката како што ви душа сака.Сите лица на Лас ВегасИ покрај изобилството од хедонистички предизвици, Лас Вегас има по нешто и за оние кои сакаат поинаков тип на одмор. Ним на располагање им се атракции од типот на музејот за атомско тестирање, фабрика за чоколадо, галерии, ботанички и зоолошки градини итн., а љубителите на природата можат накратко да излезат од градот и да уживаат во спектакуларната природа на Дивиот запад.Сите лица на Лас ВегасСите лица на Лас ВегасСите лица на Лас Вегас
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Волшебен природно осветлен блескаво-син брег

    Волшебен природно осветлен блескаво-син брег

    Сите ние сме виделе сини животинки во морските длабочини, но ништо слично на ова. Астрофотографот Фил Харт успеал да го фати овој волшебно-блескав, но природен феномен и притоа да направи прекрасни фотографии. Блескаво-сината светлина, т.н. биолуминесцентен ефект е дефанзивна реакција на микроорганизмите во езерото Гипсланд во Австралија. Нивниот светлосен ефект е сличен на оној кој го предизвикуваат сините медузи во водите на брегот на Британска Колумбија.Волшебен биолуминисцентен брегОвие мали суштества се наречени Noctiluca scintillans, а попознати се како „морски блесок“. Тие емитуваат светлосина светлина со цел да ги предупредат локалните алги за нарушувањето на мирот. Во суштина, секое движење на водата ќе резултира со ваков одговор. Без разлика дали мали дечиња си играат во водата или пак водата природно се бранува, овие микроорганизми ќе емитуваат светлина во околината. Овие непаразитски суштества можат да се најдат на повеќе локации низ светот, но сликите на Харт се единствени и исклучително живописни.rn.rn

    „Биолуминесценцијата предизвика огромно внимание. Фотографиите се направени за време на летен камп, кога заедно со моите пријатели си поминувавме одлично во вечерите, играјќи и експериментирајќи со фотографски идеи. Но, штом излезе месечината по неколку дена, светлината сè потешко се забележуваше. Копнееме по денот кога ќе можеме пак да ја видиме светлината на истиот начин, но за тоа може да помине доста време,“ – изјавува Харт.

    rnПриказната на Харт за тоа како овие микроорганизми завршиле во Австралија е фасцинантна. Несомнено, треба да му заблагодариме за овие прекрасни фотографии.Волшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегВолшебен природно осветлен блескаво-син брегrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си блескави нокти во домашни услови

    Направете си блескави нокти во домашни услови

    Женските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.rnrnНаправете си блескави нокти во домашни условиrnrnЛетото е годишно време, кога лакирањето нокти е задолжителен моден додаток на вашиот стил, затоа не чекајте, набавете соодветни бои лакови и започнете со работа. Постапката не е комплицирана, така што не ви е потребна некоја особена уметничка дарба за правење ваков маникир.rn

    rn

    rn

    rn

    Забелешка: Не мора да се ограничувате токму на овие бои на лакови. Експериментирајте и стилизирајте си ги нотките по ваш вкус. Доколку немате толку време за да ги средувате, доволно е да имате два лака, да речеме еден зелен и еден со зелени светки. Нанесете слој или доколку е потребно два од обичниот лак и откако ќе се исуши, од средината на нокотот кон врвот нанесете од лакот со светки и работата е завршена – добивте блескави, волшебни нокти.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn