Најновите истражувања покажале дека чувството на благодарност не само што влијае врз подобрување на менталното здравје, туку и позитивно се одразува врз среќата и целокупната благосостојба. Научниците откриле дека ефектите на чувството на благодарност врз мозокот и телото се сложени, но смирувачки и мотивирачки исто така. Во продолжение прочитајте каков ефект има благодарноста врз мозокот и телото според научните анализи.rnrn
rn
1. Чувството на благодарност го намалува бројот на срцеви отчукувања
rnВо едно истражување, група учесници биле замолени да кажат неколку збора за сопствената мајка како и да објаснат колку многу ја сакаат и ценат. Истражувачите откриле дека нивниот пулс за време на оваа активност значително се намалил во споредба со групата која не интервенирала. Истовремено, од друга група учесници било побарано да се фокусира на некое лошо искуство и личност што особено ги налутила. Споредувајќи ги резултатите од двете групи, истражувачите дошле до заклучок дека чувството на благодарност го регулира ритамот на срцето на начин што го подобрува менталното здравје.rn
2. Благодарноста ја зајакнува активноста на мозокот поврзана со емоциите
rnИстражувањето користело функционална магнетна резонанца за да ја набљудува активноста на мозокот за време на мирна состојба. Притоа, било забележано дека чувството на благодарност позитивно влијае врз амигдалата, делче во мозокот познато по улогата да ги процесира емоциите.rn
3. Благодарноста ја подобрува активноста на мозокот поврзана со мотивацијата
rnЗа време на истражувањето, научниците го проучиле и влијанието што чувството на благодарност го има врз мотивацијата на учесниците. Тие ја анализирале активноста на јадрото во предниот мозок за време на мирна состојба. Ова е регион од мозокот одговорен за делумна когнитивна обработка на чувствата поврзани со мотивацијата, а неговата активност може да биде доведена во прашање кај поединците со значителна депресија. Студиите покажале дека редовното практикување благодарност ја подобрува активноста на јадрото.rnrnОткако откривте какви ефекти има чувството на благодарност врз нашиот ум, ви препорачуваме да прочитате и за 3-те едноставни начини за покажување благодарност што ќе ви помогнат да ширите позитивна енергија.rnrnИзвор: themindsjournal.com




rnrnИако месецот на историјата на жената заврши, тоа не значи дека не можете и сега да ги покажете вашите љубов и благодарност. Во продолжение погледнете како некои жени ја покажале нивната благодарност кон силните жени во нивните животи.rn
rnrn


rnrnПричината за одложување на вашата среќа е тоа што едноставно заборавате да уживате во овој момент. Веројатно често се соочувате со мисли како:rn
rnrnНа дедовците кои ги учат своите внуци да ловат риби, да пливаат и да работат во градината – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите кои менуваат пелени и ги бришат носињата, со иста љубов со која го правеле тоа на своите деца – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа дедовците и бабите кои ги чуваат нашите деца, па така на работа или во град одиме без трошка грижа дали детето ќе биде добро згрижено – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои од секоја скромна пензија одвојуваат како куќа голем денар и купуваат играчка, книга, чоколада – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите и дедовците кои ги учат нашите деца на вредни животни лекции, од тоа како да бидат претпазливи и штедливи до тоа зошто е важно вредно да се работи и да се биде чесен – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnНа оние кои точно знаат што и кога треба да кажат – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои одат во градинка или училиште по нашите деца, тогаш кога ние не може да стигнеме – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои го купиле првиот велосипед, ги платиле часови по балет или се грижеле дали имаме доволно за патики и јакна – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои ги пеат најдрагите песнички и кои како со волшебно стапче ги смируваат децата тогаш кога тоа делува како невозможна мисија – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние во чиј дом се игра со брашно, се меси тесто и каде што скоро сѐ е дозволено – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnСигурни сме дека никогаш нема да можеме да им се одолжиме на нашите родители за целата помош која ни ја овозможиле и љубов кои нашите деца ја добиле од нив. Сигурно сакаме да можеме да им обезбедиме патување од соништата во најскапиот хотел во светот. Или да им купиме нови автомобили. Или барем секој ден да поминеме барем еден час со нив. Секогаш сакаме да им го овозможиме сето она што тие од ден во ден ни го даваат нам – стабилност, мир, сигурност, доверба и помош. Безусловна, секојдневна помош. И да, никогаш, ниту за милион години не би можеле да успееме во сето ова без нив.rnrnПогледнете и