КАФЕ ПАУЗА

Tag: бизарни

  • Краток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“ (Black Mirror)

    Краток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“ (Black Mirror)

    Можеби не сте чуле за писателот Фредрик Браун, но најверојатно сте прочитале нешто од него. Сигурно сте ги прочитале барем делата на Даглас Адамс и Стивен Кинг кои тврдат дека Браун извршил најголемо влијание на нивниот стил на пишување. Можеби сте виделе делови од работата на Браун во филмовите на Гилермо дел Торо или сте го чуле Стивен Хокинг како го цитира овој помалку познат писател.rnrnКраток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“rnrnФредрик Браун има оставено голем белег на фантазијата, научната фантастика, па дури и на самата наука, но многу е тешко да се дојде до неговите книги и раскази. Тој почнал да пишува во 30-тите и поголемиот дел од неговите стотици раскази биле објавени во списанија за научна фантастика. Освен тоа, неговите раскази биле навистина многу кратки. Тие зафаќале помалку од една страна. Браун бил експерт за кратки раскази, уште пред да станат популарни кратките форми на пишување, како што е „микро-расказ“.rnrnБрилијантните бизарни кратки приказни на Браун ги поставиле темелите за ТВ сериите од типот на „Зона на самракот“ (The Twilight Zone) и „Црно огледало“ (Black Mirror). Фредрик Браун пишувал неверојатни научно фантастични раскази со необични пресврти уште пред да станеме опседнати со технологијата и со тоа дали некој ги прислушува нашите разговори или нѐ набљудува преку камерата на лаптопот.rnrnКако за почеток, прочитајте ја неговата најкратка научно фантастична приказна, напишана во 1948 година. Верувале или не, таа е само 2 реченици долга.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Последниот човек на Земјата седеше сам во една соба. Некој чукна на вратата…[/message_box]rnrnБраун го проширил овој драматичен крај на неколку страници и го напишал краткиот расказ „Чук“ (Knock), каде што се открива дека личноста која чукнала на вратата била последната жена на Земјата.rnrnКраток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“rnrnУште пострашна е неговата кратка приказна „Одговор“ (Answer) која иако била напишана во 1954 година, многу лесно би можела да се вклопи во следната сезона на ТВ серијата „Црно огледало“. Таа започнува вака:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Дван Ев церемонијално ја залеми последната врска со златото. Очите на дузина телевизиски камери го гледаа и подетерот пренесе дузина фотографии од она што го правеше низ целиот универзум. [/message_box]rnrnКако што можете да забележите, Дван Ев привршува некаков суперкомпјутер од галактички размери. Станува збор за единствена мрежа на вештачка интелигенција која ќе ја поврзе целата цивилизација преку притискање на едно единствено копче.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnОва копче ќе ги поврзе сите компјутерски машини на чудовиштата од сите населени планети во универзумот, од сите 96 милијарди планети. Ова суперколо ќе ги поврзе сите нив во еден суперкалкулатор, во една кибернетска машина која ќе го искомбинира сето знаење од сите галаксии.rnrnЗастана за момент за да ги поздрави трилионите гледачи чии очи беа залепени за екраните за да го видат овој несекојдневен момент. И потоа тој го притисна копчето.rnrnНастана моќен шум, ненадеен напон од енергијата на 96 милијарди планети. Светлата блеснаа и замолкнаа долж инструменталната табла која беше долга неколку километри.rnrnКога машината оживеа, Двар Ев се повлече и му понуди на партнерот Двар Рејн да го постави првото прашање.rnrn„Ти благодарам“, рече Двар Рејн, „Ќе поставам прашање што ниту една кибернетска машина не успеала да го одговори“. Го сврти лицето кон машината. „Има ли Господ?“rnrnБез двоумење, моќниот глас одговори:rnrn„Да, сега има Господ.“rnrnНенадеен страв го обзема лицето на Двар Ев. Тој скокна за да го стисне копчето. Го удри молскавична искра од безоблачното небо и го скрши копчето.rnrn[/message_box]rnrnТоа е тоа. Тоа е целиот расказ! На помалку од една страница, Браун може да го исплаши човечкото срце и да го натера да се посомнева во технологијата. И покрај незамисливиот напредок што го имаме постигнато во науката и вештачката интелигенција, делата на Браун сѐ уште можат да ни предизвикаат анксиозност и да ни го преплават умот со прашања од типот: „Дали отидовме предалеку?“, „Што ако го поставиме погрешното прашање?“, „Што ако овие интересни уреди придонесат за падот на човештвото?“.rnrnНареден пат кога ќе посакате да си пружите кратко застрашувачко задоволство, погледнете ги кратките раскази на Фредрик Браун и подгответе за бессона ноќ полна со прашања и загрижувачки мисли.rnrnДоколку сте љубители на овој жанр, прочитајте зошто појавата на научната фантастика е заслуга на една тинејџерка.

  • 12 бизарни факти кои покажуваат дека не знаеме ништо за животот

    12 бизарни факти кои покажуваат дека не знаеме ништо за животот

    По толку време поминато на Интернет, сигурно мислите дека ништо повеќе не може да ве изненади. Мислите дека знаете сѐ за пингвините, ноевите, Исак Њутн и пирамидите? Размислете уште еднаш! Следуваат 12 занимливи факти кои сигурно никогаш не сте ги слушнале, а сте верувале во нешто сосема поразлично. Сме живееле во лага толку многу години. Верувајте ни, и ние сме шокирани!rnrn1-12-bizarni-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-ne-znaeme-nishto-za-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Горилата прават гнезда

    rnТие прават гнезда за спиење на земја или на дрво, зависно од локацијата. Занимлив факт: Никогаш не го користат истото гнездо два пати.rnrn2-12-bizarni-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-ne-znaeme-nishto-za-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    2. Во рекламите користат моторно масло наместо мед

    rnНо, има и многу други трикови. Наместо сладолед користат пире од компири, бидејќи не се топи. Наместо млеко користат лепило, а хамбургерите се премачкани со сјај за обувки.rnrn3=12-bizarni-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-ne-znaeme-nishto-za-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    3. Малите моркови се моркови со нормална големина исечени на мали парчиња

    rnОва го осмислил калифорнискиот фармер кој прв ги исекол морковите во 1986 година. Тој се обидувал да го реши проблемот со несовршените моркови и оние кои започнале да гнијат, а народот веднаш ги засакал новите бебиња моркови.rnrn4-12-bizarni-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-ne-znaeme-nishto-za-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ноевите не ја забодуваат главата во песок

    rnТоа е оптичка илузија. Кога толку голема птица ќе се наведне за да јаде, таа изгледа како нејзината глава да е закопана во песокот.rnrn5-12-bizarni-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-ne-znaeme-nishto-za-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    5. Египет не е земја со најмногу пирамиди

    rnНаучниците велат дека најмногу пирамиди се наоѓаат во Судан и тоа околу 255, што е двапати повеќе отколку во Египет.rnrn6-12-bizarni-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-ne-znaeme-nishto-za-zhivotot-www.kafepauza.mk_rn

    6. Јаболкото не паднало на главата на Исак Њутн

    rnКралското друштво во Лондон го открил оригиналниот Њутнов ракопис во кој ја опишува својата работа, но таму нема докази за инцидентот со јаболкото. Постои само кратка напомена за тоа дека јаболката секогаш паѓаат право на земјата.rnrnrnrnПродолжете на следната страница за останатите факти…rn

  • „Морате да се здебелите“: 10 бизарни барања на една невеста до нејзините идни деверици

    „Морате да се здебелите“: 10 бизарни барања на една невеста до нејзините идни деверици

    Не е воопшто необично невестите да имаат одредени молби и барања до кои другите би требало да се придружуваат на венчавката, но една невеста сепак отишла предалеку. За своите деверуши составила листа од претерани правила и помеѓу останатото им наредила дека мораат да се здебелат за ниту една од нив да не биде послаба од неа. На веб-сајтот Gawker една деверуша го објавила скоро бизарниот мејл што го добила од невестата. Во него невестата навела 10 зачудувачки правила до кои деверушите би требало да се придржуваат.rnrn1-morate-da-se-zdebelite-10-bizarni-baranja-na-edna-nevesta-do-nejzinite-idni-deverushi-www.kafepauza.mk_rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДобре дојдовте во мојата група на деверици. Денес е совршен ден за да го започнеме овој синџир, бидејќи останаа уште точно 6 месеци до мојата венчавка. Би сакала само да споделам неколку основни правила:rnrn1. Дебелеењето ќе започне за три дена. Особено би сакала малку време после Денот на благодарноста за моето тело да го заборави сето она што го консумирало, па размислував да ви дадам малку време да се здебелите.rnrn2. Никој не може да биде послаб од невестата. Тоа значи дека Кели и Лизи ќе бидат на исхрана базирана на протеини сѐ до мај. Ќе се договорам со нутриционистот да ви се јави за да се договорите за соодветен план на исхрана.rnrn3. Кога ќе се приближи денот на венчавката, времето за одење на спиење ќе биде строго контролирано. Не можете да се појавите на мојата венчавка со подочници и потечени очи. Сигурна сум дека разбирате.rnrn4. Во врска со костими за капење, би сакала сите да носите исти бикини кои на задникот со вештачки дијаманти ќе имаат испишано „деверици“, што нè води кон следната точка.rnrn5. Сите бикини кои ќе ги носите мора да бидат без прерамки. Не можете на венчавката да имате грозни траги од сончање, бидејќи фустаните кои ќе ги носите се без прерамки.rnrn6. Задолжително користете крем за сончање, бидејќи мораме да се погрижиме да зрачите и да изгледате убаво, а да не бидете црвени како рептили. Согласно со ова заштитете се од сонцето.rnrn7. Кога сме кај говорите, сите знаеме што се случи на венчавката на Тејлор. Па, доколку планирате да одржите здравица, ве замолувам да ми го донесете говорот на одобрување и поправка, и тоа не подоцна од четири недели пред венчавката.rnrn8. Кога зборуваме за фризурите, планирате ли да се шишате? Ве замолувам да ми ја донесете на одобрување избраната фризура, а тоа се однесува и на бојадисувањето на косата.rnrn9. Присутноста е строго задолжителна на сите случувања, но ќе направам некои измени за секој случај.rnrn10. Заборавете на сите идни тетоважи до 5-ти јуни. Оние кои веќе имаат видливи тетоважи ќе добијат упатство за „привремено“ отстранување на истите.rnrnВи благодарам на вашето време и разбирање. Доколку се придружувате до овие мали барања, сигурна сум дека ќе имате викенд за паметење. Само се шегувам, добро, на некој начин. Ве сакам сите!rnrn[/message_box]rnrnНо, сепак изгледа дека не станува збор за шега, бидејќи истата деверица ги објавила и пораките кои следувале после првата и во кои невестата се расправала со пријателките кои направиле шишки или ја бојадисале косата без нејзино одобрување.rnrn2-morate-da-se-zdebelite-10-bizarni-baranja-na-edna-nevesta-do-nejzinite-idni-deverushi-www.kafepauza.mk_rn

    Во една порака пишувало:

    rn

    Забележав (фотографија како доказ) дека една деверица го прекрши осмото правило. Сигурна сум дека тоа беше мало недоразбирање, моја непослушна пчелке, а би сакала да ве потсетам на последиците од прекршувањето на наведените правила. Непочитувањето на заповедите може да резултира со исфрлање од листата на деверици! Би ценела ако виновничката која ја променила бојата на косата веднаш ме побара, со предложено решение за истиот проблем до крајот на денот. Со почит, вашата пчела кралица.

    rn

    Во друга порака пишувало:

    rn

    Здраво мои вредни пчели, мислам дека можеме да започнеме со дневните гугл документи, во кои секоја ќе може да го забележува дневното внесување на калории. Поради испитот не успеав да се придржувам до неделното мерење, но мислам дека калкулаторот за храна би бил одличен начин за да го следам сечие внесување на калории. Што мислите за тоа? Се надевам дека сѐ е во најдобар ред. Исто така, најпослушната пчела ќе добие награда.

  • 8 бизарни нешта што сите ги правиме кога сме шворц

    8 бизарни нешта што сите ги правиме кога сме шворц

    Позната ли ви е ситуацијата кога треба да излезете со вашите пријатели, па пред да ја проверите сметката и заштедата, мислите дека имате доволно, но потоа сфаќате дека сте останале речиси без денар? Во тој момент почнувате да размислувате што да правите и како да се извлечете од ситуацијата. Па, додека чекате да дојде наредната плата, се препуштате на овие бизарни однесувања…rnrn8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без париrn

    1. Приготвувањето евтина храна станува ваше основно јадење

    rnДодека претходно имавте навика да ги избирате најдобрите производи од продавниците, сега најпрво ја гледате нивната цена…rn

    2. Размислувате за продажба на вашите телесни органи

    rnДали ви се потребни и двата бубрега? Што ќе ви е долга коса? Би ја купил ли некој? Толку сте очајни што мислите дека подобро ви е да живеете без некој ваш орган отколку да се обидувате да преживеете со тие пари што ги имате до крајот на месецот.rn

    3. Се надевате дека ќе излезете на состанок и дека некој ќе ве чести пијалак

    rnВие сте силна и независна личност на која не ѝ треба никој за потпирање. Но, уморни сте и гладни и сте изеле сѐ што останало во вашиот фрижидер. Можеби некој прв состанок каде што ќе ви биде платен пијалакот (а можеби и некое јадење) добро ќе ви дојде. Не барате премногу, зар не?rn

    4. Користите шампон во теретана, за да не морате да се туширате дома

    rnПолесно е да се истуширате во теретана, бидејќи ги имате сите погодности и не треба да го трошите вашиот шампон, а исто така ќе заштедите и вода и струја.rn

    5. Се обидувате да седите дома без да вклучите уред за затоплување

    rnСе обидувате да заспиете без да ја затоплите просторијата, со цел да заштедите пари за струја, но набргу сфаќате дека тоа е лоша идеја и дека почнувате да се смрзнувате.rnrn8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без париrn

    6. Пронаоѓате бесплатни работи, акции и промоции

    rnНа пример, се нуди дегустирање на одредени чоколада, бесплатни тренинзи, бесплатно доставување храна… Вие имате испробано сѐ!rn

    7. Се претставувате како „студент“ за да добиете одредени попусти

    rnСметате дека изгледате доволно младо, а и се надевате дека нема да ви бараат документи за лична идентификација, па да можете да уживате во некои придобивки кои ги имаат студентите.rn

    8. Се обидувате да ја искористите и онаа мала заштеда која ви останала

    rnНе сакате да умрете од глад или да се разболите, па затоа си дозволувате да уживате и во оној последен износ на пари кој ви останал во вашата чанта.rnrn8 бизарни работи кои ги практикуваат луѓето кога ќе останат без пари

  • Бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата

    Бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата

    Сите кога сме биле деца, сме верувале во некои чудни митови поврзани со сексот и со тоа од каде доаѓаат децата, но изгледа нашите предци биле уште позбунети кога станувало збор за процесот на размножување. Дури и најголемите научници и филозофи не можеле да ги откријат тајните на овој интимен биолошки процес. И денес кружат голем број митови во кои луѓето веруваат, како на пример дека не може да се забремени во топла бања, но овие митови од минатото се уште побизарни од нив! Прочитајте ги најчудните митови поврзани со сексот во кои луѓето порано навистина верувале…rn

    Кивањето може да ја спречи бременоста

    rnБизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјатаrnrnГрчкиот доктор Соронус ги советувал жените дека наместо да носат амајлии за да се заштитат од несакана бременост, треба да киваат и скокаат горе-долу бидејќи тоа било единствената гарантирана контрацепција. Тој верувал дека на тој начин семената течност ќе излезе од вагината, но за да бидат сигурни им препорачувал на жените темелно да ја измијат вагината по чинот. Во античка Грција, за да се заштитите од несакана бременост, доволно било да помирисате малку бибер и да се избањате.rn

    Велосипедите предизвикувале неплодност кај жените

    rnБизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјатаrnrnВо доцните 1800-ти велосипедите не биле толку омилени меѓу луѓето. За жените не било препорачливо да возат велосипед бидејќи се верувало дека тоа може да предизвика неплодност, како и оргазам. Но, постои скриена причина зошто се обидувале да ги исплашат жените од возењето велосипед. Имено, тие им давале чувство на слобода, така што таа апсурдна поврзаност меѓу велосипедите и неплодноста не биле заснована на вистински научни докази.rn

    Мали луѓе живееле внатре во семената течност

    rnБизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјатаrnrnНаучниците Јохан Хам и Антони Ван Левенхук се сметаат за едни од првите микробиолози. Тие ги откриле сперматозоидите во 1677 година откако ги виделе под микроскоп и развиле теорија дека вистински луѓе живееле внатре во семената течност и дека жените не се воопшто потребни за зачнување.rn

    Духовите од бебињата живееле во овошјето

    rnБизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјатаrnrnИ не само тоа! Жените можеле да забременат ако го јадат тоа овошје. Никогаш повеќе нема да го гледате овошјето на ист начин!rnrnПогледнете го следното видео за уште неколку бизарни митови поврзани со сексот кои ќе ве остават вчудовидени.rnrn

  • 20 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевте

    20 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевте

    Ве предупредивме! Доколку ги прочитате овие факти најверојатно ќе го смените начинот на кој се однесувате, јадете и гледате на пеперутките. И големи се шансите да се каете што сте го направиле тоа, бидејќи никогаш нема да можете да ги заборавите!rn

    1. Римјаните користеле здробени мозоци од глувци како паста за заби

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    2. Пеперутките понекогаш пијат крв

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    3. Вашата работна маса, славината, мобилниот телефон, менито во ресторан и банкоматот, сите тие содржат повеќе бактерии од вашата тоалетна шолја

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    4. Коалите го јадат изметот на нивната мајка

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    5. Просечен човек консумира околу 500 грама инсекти годишно, најмногу преку храната

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    6. Шансите да ви се случи несреќа по пат за да купите ливче за лотарија се многу поголеми од тоа да ја освоите главната награда

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    7. Повеќе од 40.000 паразити и 250 типови бактерии можат да бидат пренесени преку еден единствен бакнеж

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    8. Повеќето од нештата што ги знаеме за хипотермијата ни доаѓаат од експерименти кои нацистите ги вршеле на луѓето за време на Втората светска војна

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    9. Машките пилиња ги убиваат додека се бебиња затоа што месото од петлите не е толку вкусно како тоа на кокошките

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrn

    10. Во просек околу 2.500 левичари умираат секоја година како последица на тоа што употребувале предмети наменети за десничари

    rn15 бизарни факти кои ќе посакате никогаш да не ги дознаевтеrnrnПродолжете на следната страница за останатите 10 бизарни факти…rn

  • 10 бизарни и ретки медицински феномени

    10 бизарни и ретки медицински феномени

    Човек дрво, зомби и врколак можеби ви звучат како научно-фантастични поими, но тие се користат и за обележување на личностите кои боледуваат од некои многу ретки болести. Погледнете ги 10-те најбизарни медицински состојби кои постојат…rnrn10 бизарни и ретки медицински феномениrn

    1. Синдром човек од камен

    rnФибродисплазија (Fibrodysplasia ossificans progressiva) е прогресивно генетско нарушување кое мекото ткиво го претвора во коски. Генот ACVR1 кој се наоѓа во коските, мускулите, тетивите и лигаментите го регулира растот и развојот на ова ткиво и е одговорен за претворање на рскавиците во коски за време на развојот на децата. Но, мутацијата на овој ген создава неконтролирано трансформирање на сите мускули во коски. Накратко, оној кој боледува од оваа болест на некој начин се претвора во статуа однатре.rnrnНарушувањето се појавува кај 1 на секои 2 милиони луѓе и во моментов не постои лек. Постои можност за отстранување на коскените делови со помош на операција, но ова решение не е долготрајно бидејќи телото почнува повторно да создава нови коскени слоеви. Во светот постојат од 300 до 600 луѓе кои боледуваат од овој синдром и тие секојдневно мора да земаат силни лекови против болки. Во просек, живеат околу 40 години, а во ретки случаи и повеќе, сè додека коските не им ги здробат срцето и белите дробови.rn

    2. Синдром леш кој оди

    rnКотаровиот синдром е ментално заболување кое личноста која го поседува е цврсто убедена дека одреден дел од нејзиното тело недостасува, на пример мозокот, и дека таа всушност е мртва. Оние кои страдаат од овој синдром се трудат да не јадат, ниту пак да се бањаат и го поминуваат целото слободно време на гробишта, сакајќи да бидат помеѓу своите.rnrnОва нарушување се врзува со нефункционалната област во мозокот која е одговорна за препознавања емоции на лицата, вклучувајќи го и своето. Тоа предизвикува комплетно емоционално одвојување и отстранување на личниот идентитет. Синдромот може да се лечи со медикаменти, но понекогаш, во некои случаи се препорачува електроконвулзивна терапија.rn

    3. Алергија на студ

    rnКај некои луѓе допирот со студен воздух или вода може да покрене алергиска реакција, исто како онаа на пчели или кикирики. Оваа реакција вклучува нафрлање на телото, а во некои ситуации и оток. Оние кои боледуваат од посериозната форма на оваа состојба може да доживеат и екстремно отекување на грлото и јазикот, што во некои ситуации може да биде фатално.rnrnСè уште не е јасно што точно ја предизвикува оваа алергија, но таа може да се третира со обични антихистаминици кои се користат и кај оние личности со сезонски алергии.rn

    4. Синдром човек од дрво

    rnОна што делува како кора од дрво која расте на нечија кожа, може всушност да биде „еpidermodysplasia verruciformis“. Секако не станува збор за вистинска дрвена површина, туку за еден вид брадавици кои можат да се влошат доколку се изложат на сончева светлина. Иако тие во почетокот најчесто се бенигни, со тек на време можат да станат и малигни.rnrnОваа состојба е предизвикана од ретката мутација на гените EVER1/EVER2 и иако во моментов нивната функција не е целосно сфатена, нивната мутација предизвикува кожата да биде многу поподложна на вирусите папилом 5 и 8, кои обично не се изворот на самата болест. Постојат неколку можности за ублажување на симптомите, но сè уште не постои лек.rn

    5. Вампирски синдром

    rnНа луѓето им е потребна сончева светлина за синтеза на витаминот Д, но преголемата изложеност на сончевите УВ-зраци може да ја оштети кожата. Отприлика 1 на секои милион луѓе страда од ксеродерма пигментоза која предизвикува преголема чувствителност на ултравиолетовото зрачење. Овие луѓе мора да бидат комплетно заштитени од сончевата светлина бидејќи доколку се изложат на неа можат да се здобијат со сериозни изгореници, како и со лупење на кожата. Доколку тие не се внимателни, можат многу лесно да добијат и рак на кожата.rnrnОваа состојба ја предизвикува ретката рецесивна мутација на нуклеотидните ензими кои се „поправаат“. Кога функционираат нормално, тие ја поправаат оштетената ДНК од ултравиолетовото зрачење. Кај заболените, овие ензими не работат добро и оштетената ДНК не се поправа и постојано се насобира. Иако постојат одредени терапии, најдобрата превентива е целосното избегнување на сончевата светлина, исто како што би правеле вампирите.rn

    6. Елефантијаза

    rnЕлефантијазата предизвикува препреки на лимфните садови со кои се создава екстремно отекување на кожата и ткивото, особено во нозете и тестисите. Оваа состојба може да биде предизвикана на многу начини, но најчестата причина е паразит кој го пренесуваат комарците. Преку 40 милиони луѓе боледуваат од оваа необична состојба.rnrnПостојат медикаменти кои можат да ги убијат паразитите, па токму затоа раното откривање и лечење ќе овозможи најдобри ефекти. Постојат и хируршки зафати како решение доколку се зафатат тестисите, но нема начин да се оттргне отокот во екстремитетите.rn

    7. Синдром врколак

    rnМногу жени ги отстрануваат оние влакна кои се вишок околу нивните веѓи, но лицата на оние кои боледуваат од хипертихоза се целосно прекриени со влакна. Всушност целото нивно тело е прекриено со влакна. Токму затоа и оваа состојба го добила своето име.rnrnХипертихозата може да биде наследна, или пак да се развие со време. Оние кои се родени со овој синдром може да имаат неколку од познатите генетски мутации кои го предизвикуваат, но оние кои се здобиваат со него во текот на својот живот најчесто го развиваат како последица на лечење ќелавост. Во некои ситуации причината воопшто не е позната. Традиционалните методи на отстранување влакна можат да овозможат краткотрајни резултати.rn

    8. Алергија на вода

    rnИ покрај тоа што поголемиот дел од нашето тело е составено од вода, многу е чудно што може да постои алергија на неа. Реакцијата за која тука зборуваме не е типична алергиска, бидејќи не создава хистаминска реакција. Оние кои се алергични на вода, доволно е да ја допрат за да им се појави нафрлање кое чеша.rnrnДосега постојат помалку од 100 случаи на оваа состојба, а причината е непозната. Научниците веруваат дека причината не треба да се бара во самата вода, туку во одредените хемикалии или нечистотии кои се наоѓаат во неа. Најчестиот начин на лечење е внесување капсаицин, кој исто така се користи и за ублажување на болките.rn

    9. Синдром вонземска рака

    rnИзреката „десната рака не знае што прави левата рака“ за некои луѓе е вистинита. Оваа состојба вклучува едната рака да делува независно или пак, да се движи во спротивна насока од онаа во која личноста сакала.rnrnПонекогаш, ретки мозочни повреди или операции на мозокот можат да бидат причина за раце кои не можат да бидат контролирани. За овој синдром не постои лек, но симптомите можат да се ублажат доколку раката активно се користи.rn

    10. Синдром странски акцент

    rnАкцентите можат да ни откријат многу информации за потеклото на одредена личност, а скоро сите луѓе барем еднаш во својот живот се обиделе да зборуваат на странски акцент. Но, кај некои луѓе се појавува неконтролирано зборување на странски акцент, дури и доколку тие никогаш не биле во таа земја.rnrnОва ретко нарушување најчесто е последица на мозочен удар или друг вид мозочни повреди. Личноста која боледува од овој синдром не само што го менува тонот на својот глас, туку многу често и позицијата на јазикот додека говори. Единствениот лек за овој синдром е долга терапија за говор со цел мозокот повторно да се истренира да говори на одреден начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За што можеш да завршиш во затвор во САД?

    За што можеш да завршиш во затвор во САД?

    Низ светот постојат многу чудни и банални закони, но по сè изгледа дека во САД ги има во изобилство. Ова се примери за што можете да бидете уапсени или казнети вo секоја сојузна држава на САД, без разлика колку бизарно тоа ви изгледа. Па, доколку во наредниов период заминете натаму, бидете внимателни.За што можеш да завршиш во затвор во САДАлабама: Не смеете да носите лажни мустаќи, кои би предизвикале смеа во црква.rnАлјаска: Не смеете некому да му шепкате во уво, за време на лов на лосови.rnАризона: Доколку исечете кактус можете да заглавите 25 години во затвор.rnАрканзас: Нелегално е погрешно да го изговорите името на државата.rnКалифорнија: Не смеете да јадете портокал во вашата када.rnКолорадо: Незаконски е да му ја позајмите правосмукалката на соседот.rnКонектикат: Корнишон не може да биде корнишон ако не отскокнува кога ќе го фрлите.За што можеш да завршиш во затвор во САДДелавер: Забрането е да се венчате поради облог.rnВашингтон: Противзаконски е јавно да објавите нешто во кое некого нарекувате кукавица, затоа што не сака да прифати предизвик за двобој.rnФлорида: Доколку заврзете слон на паркинг место, морате да платите за паркингот исто како за автомобил.rnЏорџија: Забрането е да ја промените облеката од куклите во бутикот доколку пред тоа не ставите завеса на прозорите.rnХаваи: Доколку не поседувате брод може да бидете казнети.rnАјдахо: Мажот не смее да ѝ даде на својата девојка/жена кутија со слатки, која тежи помалку од 22,5 килограми.За што можеш да завршиш во затвор во САДИлиноис: Не смеете да носите француска пудлица на опера.rnИндијана: Законски, вредноста на ПИ е 4, а не 3,14.rnКанзас: Забрането е да фрлате со ножеви по мажи кои носат костуми во пруги.rnКентаки: Секој граѓанин мора да се избања барем еднаш годишно.rnЛуизијана: Доколку гризнете некого со природни заби, тоа претставува обичен напад, но доколку гризнете некого со вештачки заби, тоа ќе се класифицира како напад со нанесување тешка телесна повреда.rnМејн: Доколку вашите Божиќни украси сè уште се видливи по 14 јануари, ќе бидете казнети.rnМериленд: Спротивно на законот е да се мие мијалникот, без разлика колку и да е валкан.rnМасачусетс: Не е дозволено горила да се вози на задното седиште од кој било автомобил.За што можеш да завршиш во затвор во САДМичиген: Жената не смее да ја скрати должината на косата без дозвола од мажот.rnМинесота: Забрането е да се наслика врабец, со намера сликата да се продаде како на неа да има папагал.rnМисисипи: Забрането е да го шетате кучето доколку не му ставите пелена.rnМисури: Децата смеат да купат сачмарка, но не и пиштоли на каписли.rnМонтана: Забрането е жената да ја отвора поштата на мажот.rnНебраска: Сопствениците на барови не смеат да продаваат пиво доколку истовремено не варат супа.rnНевада: Мажи со мустаќи не смеат да бакнат жена.rnЊу Хемпшир: Забрането е да си ја продадете облеката во која сте облечени, за да го платите долгот од коцкањето.За што можеш да завршиш во затвор во САДЊу Џерси: Противзаконски е мажите да плетат за време на риболовната сезона.rnЊу Мексико: Жените не смеат да се појават во јавноста недепилирани.rnЊујорк: Додека се возите во лифт, не смеете да зборувате со никого, ниту пак да ги прекрстите рацете, а погледот мора да ви биде вперен напред кон вратата.rnСеверна Каролина: Противзаконски е да пеете пониско или повисоко од мелодијата на песната.rnСеверна Дакота: Забрането е да легнете и да заспиете доколку носите чевли.rnОхајо: Според државното возачко упатство, морате да притиснете на сирената кога се разминувате со друг автомобил.rnОклахома: Забрането е да земете гриз од туѓ хамбургер. За што можеш да завршиш во затвор во САДОрегон: Според државните закони, садовите по миењето не смеат да се бришат, туку мора да се остават да се цедат.rnПенсилванија: Нелегално е да спиете одозгора врз фрижидерот.rnРод Ајленд: Не смеете да каснете некого за нога.rnЈужна Каролина: Доколку маж ѝ вети да девојка дека ќе ја земе за жена, законски мора да го исполни тоа ветување.rnЈужна Дакота: Забрането е да заспиете во фабрика за производство на кашкавал и сирење.rnТенеси: Продажба на шупливи дрва е строго забранета.rnТексас: Не смеете да застрелате бафало од вториот кат на хотел.rnЈута: Нелегално е да не пиете млеко.За што можеш да завршиш во затвор во САДВирџинија: Незаконски е да скокоткате жена.rnВашингтон: Забрането е да се однесувате како родителите да ви се богати.rnЗападна Вирџинија: Доколку се шегувате на нечија сметка, зашто лицето не сака да прифати некој предизвик, ризикувате да завршите 6 месеци во затвор.rnВисконсин: Во рестораните маргаринот не смее да се замени со путер освен ако муштеријата не го побара тоа.rnВајоминг: Доколку не поседувате дозвола, не смеете да фотографирате зајаци во периодот од јануари до април.