Бежот е прекрасна неутрална боја, но кога ја носите честопати почнува да ви изгледа досадно и едноставно се одлучувате за некоја друга боја и оваа прекрасна нијанса неоправдано ја занемарувате. Беж нијансите честопати се носат како основа која ја смируваат целата комбинација, па нејзините предности во комбинирањето се неизмерни. Не заборавајте го тоа.rnrnЗапочнувајќи од капутот или мантилот во оваа нијанса кои се безвремени парчиња, сигурно веќе не се сеќавате ни кога ги купивте, а одлично ве служат со години и одговараат на сè. Освен тоа, капутот во оваа боја изгледа многу луксузно и елегантно. Постојат многу начини да носите беж боја, а да не се чувствувате како секој ден да сте облечени исто. Постојат многу начини да си поиграте со оваа нијанса, па дури и да облечете беж од глава до пети. И заборавете го тоа „бежот е досаден и незабележлив“. Со помош на овие неколку трикови во комбинирањето, дефинитивно ќе го промените вашето мислење.rnrn
rn
1. Необичен крој
rnИзберете модели кои се несекојдневни и се разликуваат од останатите. Изберете здолниште во неутрална боја, скроена на тој начин што ќе има повеќе карнери и слоеви. Друг одличен избор се панталони со широки ногавици кои го „милуваат“ подот со кои дефинитивно ќе привлечете внимание. А тоа што ќе бидат во неутрална боја ќе биде додатен плус за вашиот стил.rnrn
rn
2. Носете беж од глава до пети
rnСигурно мислите дека целиот аутфит во оваа боја е претеран, досаден и модна грешка. Но, ќе се изненадите, бидејќи остава друг впечаток. Монохроматскиот стил во комбинација со беж боја е прилично шик и софистициран, секако доколку ги изберете вистинските парчиња.rnrn
rn
3. Додадете малку боја
rnВо оној момент кога ќе ви досади беж бојата и не знаете како повеќе да ја комбинирате, покрај стандардната црна, освежете ја со јаки бои како црвената, портокаловата, сината или виолетовата. Тоа не мора да биде нешто пренагласено, туку можете да се одлучите за детали во силни бои, а главното парче како што се панталоните или кошулата даваат додатен шмек на вашиот стил. Чанта или обувки во јаки бои секогаш добро се вклопуваат со бежот.rnrn
rn
4. Играјте си со текстурата
rnТрикот со кој досадните бои ќе ги претворите во занимливи комибинации е кога ќе си поиграте со текстурите. И верувајте дека секогаш успева. Кога здолништето со реси ќе го комбинирате со кое било друго неутрално парче, вие ќе изгледате беспрекорно стилизирано. Исто така, фустанот или здолништето со „лушпи“ делува многу интересно и она што е сигурно, никогаш не е досадно. Затоа, пронајдете нешто поразлично и нека биде во неутрална, беж боја.rnrn
rn
5. Носете слоеви
rnКога ќе се одлучите за повеќе слоеви, вашата комбинација никогаш нема да изгледа досадно, па дури ако е во неутрални нијанси. Беж капутот преку беж кошула или елек делува претерано само кога помислувате на тоа, но кога ќе ја испробате оваа комбинација, ќе го промените вашето мислење. А кога под џемперот се гледа кошула со детали во истата нијанса, ќе добиете една сосема нова димензија на овој секојдневен изглед.rnrn
rnrn

rn
rn
rn



rn

rn
rnrn rnrn


Одберете ја 