КАФЕ ПАУЗА

Tag: бесконечен

  • Склопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крај

    Склопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крај

    Кога станува збор сложувалки, сигурно и вие започнувате најпрво од краевите, па се приближувате кон средината, зар не? Но, едно студио за дизајн наречено Nervous System, создало сложувалка што нема ниту почеток ниту крај, така што можете да ја составувате на илјадници различни начини.rnrnСклопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крајrnrnСтанува збор за бесконечна галаксија што е украсена со фотографија од Млечниот пат и се базира на примерот за шишето на Клајн, односно, невозможната 3Д форма која има идентична површина однадвор и однатре. Ова значи дека секој дел се совпаѓа, па можете да го ставате од која било страна. Бидејќи фотографијата е продолжение од една страна на друга, не можете одеднаш да ја видите целата, туку како што ја собирате во една насока, така таа се менува.rnrnСклопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крајrnrnПостојат 133 парчиња во еден пакет (вклучувајќи и три специјални – астронаут, сателит и вселенски шатл). Овој креативен дизајн не е само предизвик, туку ви овозможува и да ја испитувате галаксијата на вашата маса!rnrnrnrn

  • Бесконечни базени за целосно опуштање

    Бесконечни базени за целосно опуштање

    Бесконечните базени создаваат неверојатен визуелен ефект при кој кристалната вода се протега кон хоризонтот до бескрај. Можете целосно да се опуштите во овие базени кои се наоѓаат насекаде во светот, па дури и на Хималаите.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Комплексот Билајла Кемпински, Танзанија

    rnКомплексот Билајла Кемпински е отворен од 2009 година. Се наоѓа во Националниот парк Серенгети во Танзанија. Овој комплекс има 74 соби и апартмани, вклучувајќи ја и претседателската вила со бесконечниот базен со поглед на дивиот свет. Сите соби имаат поглед кон Националниот парк, дозволувајќи им на туристите да ги набљудуваат животните од сончевите палуби на комплексот.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Хотелот Меридијан, Бора Бора

    rnХотелот Меридијан во Бора Бора, во Француска Полинезија, се наоѓа во јужниот дел на коралниот гребен долг 9,5 километри. Хотелот располага со 99 бунгалови, вклучувајќи и 4 бунгалови покрај лагуната, 14 бунгалови на плажа и 81 бунгалов над вода со стаклен под. Со последното реновирање на хотелот Меридијан беше додаден нов бесконечен базен под барот Мики Маус. Огромниот бесконечен базен има сопствена палуба, водопад и џакузи.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Одморалиштето на Маркизот, Лос Кабос

    rnОдморалиштето на Маркизот во Лос Кабос и неговите бесконечни базени се сместени на најјужниот врв од мексиканскиот полуостров, каде што морето Кортес се влева во Тихиот Океан. Одморалиштето има 237 апартмани, спа и фитнес центар, ресторан и колекција на скулптури и слики од Латинска Америка.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Апартманите Гранд Велас, Мексико

    rnАпартманите и спа-центарот Гранд Велас се наоѓаат во Нуево Валарта во Мексико. Опуштете се во огромниот бесконечен базен каде што хоризонтот се протега сè до заливот Бандерас и Тихиот Океан. Одморалиштето е оддалечено 15 минути од Пуерто Валарта и има 267 апартмани со поглед кон океанот, спа-апартмани и три кралски апартмани.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Гансевурт, Мајами Бич

    rnБесконечниот базен Гансевурт во Мајами Бич е сместен на палуба која вклучува отворен ресторан и огромно џакузи. Базенот нуди прекрасен поглед на Атлантскиот Океан. Целото одморалиште има 340 соби и апартмани, два ресторани, ноќен клуб и базен на покривот полн со кокосови палми.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Висечките градини Убуд, Бали

    rnГлавниот од неколкуте бесконечни базени на висечките градини Убуд во Бали, нуди глетка на која не можете да ѝ одолеете. Пред вас се простираат бескрајни џунгли полни со мајмуни, пеперутки и егзотични птици. Резервирајте една од 38-те вили со базен и ќе имате свој приватен бесконечен базен.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Интернационалниот хотел на Трамп, Хонолулу

    rnИнтернационалниот хотел на Трамп, сместен покрај шеталиштето на плажата Ваикики во Хонолулу, беше отворен минатата година. Овој хотел има 462 соби и апартмани. На 6-от кат од хотелот се наоѓа бесконечен базен со поглед кон Тихиот Океан. Базенот изобилува со палми, а покрај него се поставени лежалки за сончање.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Дворецот Шимла, Хималаи

    rnДворецот на дивото цвеќе, Шимла, сместен на Хималаите, личи на замок од бајките кој се наоѓа помеѓу борови и кедрови шуми, на височина од 2.515 метри. Бесконечниот базен кој се наоѓа на самиот раб од палубата, има мозаично дно и нуди прекрасен планински поглед.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Hotel du Cap-Eden-Roc, Франција

    rnОвој хотел се наоѓа на јужниот крај од стариот град Антиб, сместен на француската ривиера. Познат е како засолниште за членовите на кралското семејство, славните личности и политичарите од цел свет. Водата во бесконечниот базен на овој хотел е топла и солена, што ќе ве натера да се загледате во хоризонтот на Медитеранот, каде што ќе го забележите и Канскиот залив.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Одморалиштето Џамби Беј, Антигва

    rnЗаливот Џамби или Џамби Беј е одморалиште кое се наоѓа на приватен остров оддалечен 3 километри од брегот на Антигва. Со последното реновирање на Џамби Беј, кое чинеше 28 милиони долари, одморалиштето доби бесконечен базен со кој заливот создава илузија дека се спојува со Карибите.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Манастирската тврдина, Тоскана

    rnМанастирската тврдина која некогаш била резиденција на благородниците, денес е одморалиште со 75 соби во едно средновековно село во Тоскана, Италија. Тврдината е опкружена со ридови, маслинови градини и лозја. Во дворот се наоѓа бесконечен базен кој прекрасно ја одразува тврдината од 11-от век. Манастирската тврдина е блиску до Сиена, а освен бесконечниот базен, таа има и сопствено училиште за готвење.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Хотелот Цезар Август, Капри

    rnХотелот Цезар Август се издигнува 305 метри над морето, на италијанскиот остров Капри, во близина на Неапол. Бесконечниот базен на овој хотел нуди прекрасна глетка на Неаполскиот залив и вулканската планина Везув. Во склоп на хотелот се организираат и екскурзии низ тесните улички и живописните куќи на Анакапри.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Бурџ Ал Араб, Дубаи

    rnХотелот Бурџ Ал Араб е специјално дизајниран за да потсетува на огромна едрилица сместена над крајбрежјето на Дубаи. За да уживате во спектакуларниот поглед на Персискиот залив, треба да се качите на 18-от кат каде што се наоѓаат бесконечниот базен и спа-центарот, кој нуди пилинг за лице и тело од кавијар.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Крајбрежјето Радисон Блу, Кејптаун

    rnНа крајбрежјето познато како Радисон Блу во Кејптаун, Јужна Африка, се наоѓа истоимениот хотел со 177 соби кој се издигнува високо над Атлантскиот Океан. Крајбрежниот бар Тобаго нуди тропски коктели со поглед кон бесконечниот базен и кон океанот. Пливачите може да се освежат во мирните води на базенот додека галебите прелетуваат над нивните глави.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Коста Карејес, Мексико

    rnКоста Карејес се наоѓа во Мексико, помеѓу Манзанило и Пуерто Валарта. Ова одморалиште се состои од неколку вили познати како „Замоците на Карејес“. Една од нив е вилата „Сонцето на Ориентот“ која има 6 спални соби и е опкружена со бесконечен базен. Посетителите едноставно може да излезат од собите и веднаш да запливаат во базенот, гледајќи го пред себе големиот Тихи Океан.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrn

    Резерватот Ал Маха, Дубаи

    rnПустинскиот резерват и спа-центарот Ал Маха, оддалечен околу 65 километри од Дубаи, има 42 апартмани и секој од нив има поглед кон бесконечниот базен и пустината. Пустинските газели слободно поминуваат преку песочните дини и низините и често може да се видат како пијат вода од овој резерват. Освен во бесконечниот базен и природната убавина, може да уживате и во спа-центарот, да јавате камила или да разгледувате повеќе од 2.000 артефакти од Блискиот Исток.rnrnБесконечни базени за целосно опуштањеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасен бесконечен базен на две нивоа

    Прекрасен бесконечен базен на две нивоа

    Бали, Индонезија е дефинитивно познат по своите неверојатни места и фантастични плажи, но покрај со природното, сега можат да се пофалат и со модерното. Во склоп на хотелот „Ubdub Hanging Gardens“ се наоѓа бесконечен базен на две нивоа кој гледа кон густата шума. Базените се дизајнирани така што ги отсликуваат облините и обликот на околните ридови.rnrnПрекрасен бесконечен базен на две нивоаrnrnДо базенот се пристапува од палубата на секоја вила, а нив ги има 38. Гостите можат да пливаат до краевите на базенот, од каде што им се укажува прилика да уживаат во погледот кон прекрасната дождовна шума од едната страна или кон храмот „Pura Penataran Dalem Segara“ кој се наоѓа на другата.rnrnПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаПрекрасен бесконечен базен на две нивоаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бесконечната соба

    Бесконечната соба

    Преку својата извонредна архитектонска инсталација, францускиот уметник Serge Salat ги повикува посетителите на едно до сега невидено тридимензионално патување, низ бескрајни просторни слоеви, украсени со разни коцкести форми, огледала поделени на панели, како и промена на светлината и музиката. „Beyond Infinity“ претставува едно фантастично мултисензорско, мултимедијално доживување, во кое се помешани источно-кинеската и западната ренесанса. За да ја создаде ваквата оптичка илузија, Serge Salat ги користи огледалата, претворајќи една соба во експлодирачка просторна бесконечност.Бесконечната собаОваа несекојдневна инсталација е спонзорирана од автомобилската компанија „Бјуик“, која ја користела како изложбен салон за своите автомобили. Архитектонското чудо било инсталирано во трговскиот центар Вестгејт во Шангај, од 16 до 18 септември 2011 година.Бесконечната собаСо должина од 10,8 метри, широчина од 12,45 метри и 3,8 метри во висина, оваа структура е целосно затворена. Со челична инфраструктура и алуминиумски панели во форма на саке кои се прекриени со огледала, оваа просторна изманипулирана инсталација има за цел да ги одведе нејзините посетители на едно „мистично патување“.Бесконечната собаДодека посетителите се шетаат внатре во инсталацијата, музиката свири, осветлувањето „пулсира“ и се менува кога луѓето ќе поминат во некое друго ниво во „бесконечниот“ простор. Боите на светлата варираат од виолетово-сина кон бела, а нивното менување, на секоја минута ги имитира ефектите на зората, изгрејсонцето и ноќта.Бесконечната собаПосле Шангај, инсталацијата „Beyond infinity“ ќе патува во Пекинг, Ченгду, Далиен, Шијан, Женгжу и Женшен.Бесконечната собаБесконечната собаБесконечната собаБесконечната собаrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Капење во бесконечни базени на рајски локации

    Капење во бесконечни базени на рајски локации

    Во овие жешки денови, со температури од над 30 степени Целзиусови, доколку сè уште не сте заминати некаде на летен одмор, идејата да се нурнете во еден фантастичен бесконечен базен, лоциран во некое ексклузивно место, сигурно ви звучи волшебно.rnrn

    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Малдиви
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Филипини
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бора Бора
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Шпанија
    rnrnОвие базени се нарекуваат бесконечни, бидејќи нивните рабови не се видливи, што создава визуелен ефект дека базенот се протега кон хоризонтот, т.е. продолжува до „бесконечност“. Рабовите им се обично неколку сантиметри под нивото на водата, притоа создавајќи го ефектот дека базенот нема крај и бескрајно се протега кон небото, градот, морето, планините, карпите, природата…rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Јужна Калифорнија
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Лос Кабос
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Грција
    rnrnДизајнерскиот концепт за создавање бесконечен базен, потекнува од Франција уште од 1600 година, кога е изграден базен во Версајскиот дворец. Сепак, денес нив можете да ги најдете најчесто во егзотичните места, на луксузни имоти или пак на реклами.rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrnДоколку не можете да си дозволите ваков луксуз, дозволете им бар на вашите очи да се разладат и „исплакнете“ ги за момент. :)rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Мексико
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Тахити
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Турција
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Сингапур
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Лос Анџелес
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.