КАФЕ ПАУЗА

Tag: бенефиции

  • 6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

    6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

    Иако е потребно малку повеќе време отколку едноставно истурање на кристализираното инстант кафе во вода, сепак повеќето од нас го преферираат богатиот вкус на вареното турско кафе. Но, и инстант кафето си има свои предности и повеќето од нив немаат никаква врска со утринското будење. Во продолжение погледнете за што сè можете да го употребите инстант кафето.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrn

    1. Подгответе вкусно месо

    rnНе грижете се, месото нема да има вкус на утринско кафе. Сè што ви е потребно е една лажичка инстант кафе за да го збогатите вкусот на месото.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    2. Додајте го во болоњезе сос

    rnОва исто така звучи како чудна комбинација, но луѓето се колнат во преубавиот вкус. Кога еден британски прехранбен маркет го промовирал овој трик во 2015 година, настанал хаос на Интернетот. Но, кога луѓето почнале да го испробуваат овој трик, повеќето од нив биле пријатно изненадени како вкусот на сосот се издигнал на едно повисоко ниво. Потребно е само да додадете една мала лажичка инстант кафе.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    3. Освежете ги вашите билки

    rnСпоред експертите, кафето може да ослободи корисни минерали како азот, калиум и магнезиум со распаѓањето во почвата на вашите растенија. Исто така, помага и во балансирањето на алкалиите и pH нивоата. Бидејќи инстант кафето е во кристализирана состојба, може веднаш да се користи за во почвата.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrn

    4. Ги држи инсектите подалеку

    rnДржењето на инсекти подалеку од вас е уште една придобивка на инстант кафето. Може да ставите кафе во вашата градинарска почва или околу куќата. Според една студија направена во 2004 година, пронајдена е една мрсна супстанца во кафето која е токсична за инсектите како што се комарците и мушичките. Можете да го истурете инстант кафето во областите кои што им се привлечни на инсектите, вклучувајќи го и вашиот двор.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnБонус: исто така, можете да го искористите ваквото кафе за да се ослободите од болвите во крзното на вашиот миленик. Истријте го вашиот миленик со инстант кафе, а потоа истуширајте го.rn

    5. Зголемете го растот на косата

    rnИнстант кафето функционира одлично како нежен ексфолијант кој го забрзува растот на вашата коса. Можете да го ставите на вашиот скалп по шампонирањето или пак да го помешате со вода пред влегување во тушот. Доколку имате капа за туширање, можете да ја соберете косата со веќе намачканото кафе и да оставете да отстои 10 до 20 минути за подобра апсорпција.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnВнимание: Ова е најдобро за личностите со темна коса, бидејќи кафето може да ги обои светлите прамени.rn

    6. Ослободете се од круговите под очите

    rnСпоред една студија направена во 2016 година, кофеинот во кафето помага при ослободување на темните кругови и кесички кое се наоѓаат под очите. За ваквата намена можете да користите и обично кафе измешано со алое вера или кокосово масло, оставајќи ја смесата да отстои 10 до 20 минути.rnrn6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиењеrnrnПрочитајте ги и овие 27 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.

  • Соочување со одбивање: 6 изненадувачки придобивки од ова искуство

    Соочување со одбивање: 6 изненадувачки придобивки од ова искуство

    Ако сте од оние кои се обидуваат да пробаат речиси сè, сигурно сте се соочиле со одредено одбивање. Секако, тоа воопшто не е пријатно чувство. Кога тоа поминува, понижувањето и вината остануваат да ве прогонуваат, заедно со вашите спомени. Секогаш кога ќе се присетите на овие моменти, се чувствувате ужасно, а тоа може да трае повеќе денови, недели или пак месеци. Но, доколку едноставно не посегнувате кон нешто ново и останувате во зоната каде што сте безбедни, тогаш, на некој начин, вие залудно го трошите вашето време. Потребно е да знаете дека искуството е важен дел од вашиот живот, а еве некои работи коишто ги добивате тогаш кога се соочувате со одбивањето.rnrnrn

    1. Одбивањето „ве симнува на земја“

    rnТешко е да се има објективно мислење за себе. Дури и да сте најрационалниот човек на светот, честопати ќе ја потцените или ќе ја прецените вашата вредност и вашите способности. Мислењето „Јас сум најдобар“ е позитивно и е поттик за вашата самодоверба, но оваа мисла исто така може да ве стави и во заблуда. Токму одбивањето ви овозможува да ја проверите реалноста. Тоа ве тера да се посомневате во вашите способности, велејќи си „Можеби јас не сум толку добар во тоа“ или пак „Дефинитивно, треба да се потрудам повеќе“. Ова ќе ви даде појасна претстава за тоа што навистина знаете за себе, а на некој начин ќе ви го покаже и патот по којшто треба да одите за да се подобрите.rnrnrn

    2. Одбивањето значи дека се обидувате да најдете нешто вредно

    rnНе е лесно да се достигнат одредени цели, но секој којшто има достигнато нешто повеќе, тоа го направил после одреден број одбивања. Ако постојано добивате одбивања тогаш продолжете да се обидувате. Ова ќе покаже дека сте подготвени да го инвестирате вашето време и вашата енергија во нешто што го сакате. Секако, патот може да биде трнлив, но порано или подоцна вие ќе стигнете до посакуваната дестинација.rnrnrn

    3. Одбивањето ве прави трпеливи

    rn„Сакам сè и го сакам тоа сега!“ Не изненадувајте се доколку се препознаете во овие зборови. Ова е заеднички начин на размислување на многумина современи луѓе. Моменталното задоволување е она по што копнеат многу, а притоа се заборава процесот којшто е потребен за да се добие нешто вредно. Сигурно повеќето од вашите цели не доаѓаат на едноставен начин и бараат поголем напор за нивно остварување. Не постои замена за напорната работа и посветеноста. Не смеете да дозволите да ве мотивира неуспехот. Добрите работи им доаѓаат на оние кои чекаат, а одбивањето е прекрасен начин да го научите тоа.rnrnrn

    4. Одбивањето прави да се запрашате кои се причините за тоа

    rnСоочувањето со одбивањето може да ве натера да ги преиспитате своите причини за тоа што ви се случило. Со согледување на своите причини можете да откриете дека она што го правите можеби и не е најдобриот избор за вас, па така ќе откриете нешто подобро, нешто што повеќе ви одговара. Да правите нешто што сакате е силна причина и добра основа којашто ќе ви помогне во остварувањето на вашите цели.rnrnrn

    5. Одбивањето ви помага да ги видите работите на почист начин

    rnОдбивањето боли, но со моменталната болка доаѓа големо и долгорочно олеснување. Лошото чувство останува во вас, но веќе знаете каква е ситуацијата и ќе престанете да си вршите самите тортура околу тоа. Одбивањето не е пријатно, но тоа ви помага да ги видите работите појасно, а тоа е од витално значење. Конечно можете да продолжите понатаму.rnrnrn

    6. Одбивањето ве прави посилни

    rnОдбивањето е тешко и задава болка, но реалноста е дека тоа не ве убива, туку ве прави посилни. Тешко е да се надмине стравот од одбивање и првиот пат ќе страдате најмногу, но секој нареден удар ќе биде помалку болен. На крајот, вие ќе станете поцврсти и нема да се плашите од новите работи коишто доаѓаат, ќе бидете поискусни и повеќе подготвени да се справувате со предизвиците коишто доаѓаат во животот.rnrnrnrnЖивотот е убав, без сомнение, но тука не се исклучени и страдањата. Причината зошто постои болката е да ве направи посилни. Обидете се да погледнете на сите неповолни ситуации како на уште една можност да станете посилни и да продолжите да се борите со вашите битки, со насмевка на вашето лице, знаејќи дека сè ќе биде во ред!

  • 10 моќни причини зошто веднаш да се напиете шот текила

    10 моќни причини зошто веднаш да се напиете шот текила

    Дали знаевте дека со текилата можете да ослабете? Иако текилата не спаѓа во здрава храна, сепак има некои здравствени придобивки. Барајте 100% агаве текила за да го извлечете најдоброто од неа и држете се на 1-2 чашки.rnrnrn

    1. Може да ви помогне да ослабете

    rnТекилата помага при слабеење? Чудно? Не чудете се. Ако успеете да се напиете мала количина текила, тогаш можете да ги почувствувате здравствените придобивки на агавините, вид шеќери кои ги има во текилата. За разлика од агаве нектарот, агавините имаат многу помалку рафинирана молекуларна структура, поради која не се покачува нивото на шеќер во крвта.rnrnКако резултат на тоа, голем дел од калориите патуваат низ телото без да се обработат, наспроти другите алкохолни шеќери чиј гликемичен индекс е прилично висок. Текилата исто така ја забрзува работата на метаболизмот и помага при разложувањето на мастите.rn

    2. Ја потпомага дигестијата

    rnЕден шот текила после оброкот може многу да помогне при варењето на храната. Некои препорачуваат еден шот пред оброкот за да го забрза метаболизмот и да го зголеми апетитот, а потоа уште еден шот за да го смири организмот и да помогне при обработување на храната.rnrn1-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mkrn

    3. Текилата е пробиотик

    rnСигурно сте чуле за пробиотиците. Тоа се здрави бактерии кои се наоѓаат во нашите црева кои се задолжени за одржување на нашиот имунолошки систем и балансот во организмот. Овие пробиотици се наоѓаат во фруктаните од текилата.rn

    4. Текилата е пребиотик

    rnПребиотиците пак го создаваат местото на живеење на пробиотиците. Според едно истражување, пребиотиците во текилата ги прават цревата попријатно место за живеење и размножување на здравите бактерии.rnrn2-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mkrn

    5. Помага во битката со остеопорозата

    rnАгавините од текилата, според неколку истражувања, му помагаат на телото при апсорпцијата на калциумот и е се одлични за справување со слабите и кршливи коски.rn

    6. Може да го олесни дијабетесот тип 2

    rnТекилата одвреме-навреме е добра за дијабетичарите затоа што фруктаните не се разложуваат во организмот – тие се однесуваат како влакна. Кога поминуваат несварени низ организмот, се спречува и покачувањето на шеќер во крвта и плус се стимулира создавањето на инсулин. Сепак ако сте дијабетичар, разговарајте со вашиот доктор пред да се напиете текила, бидејќи реакциите кај секој човек се различни.rnrn3-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mkrn

    7. Ги намалува шансите за деменција

    rnПостои истражување кое ги поврзува луѓето кои пијат мали количини алкохол (вклучувајќи ја текилата) и намалувањеto на шансите за деменција. Сепак внимавајте, ако пиете премногу алкохол тогаш ќе имате многу поголеми шанси да патите од ова заболување.rn

    8. Помага лековите правилно да стигнат во дебелото црево

    rnЛуѓето со болести на дигестивниот систем како кронова болест, синдром на иритабилно црево или колитис, може да се чувствуваат подобро од фруктаните во текилата. Тоа е така бидејќи тие содржат природни хемиски носачи кои ги заштитуваат лековите да поминат без проблем преку киселините во желудникот и да стигнат во дебелото црево.rnrn4-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mkrn

    9. Ја лекува несоницата

    rnЧестопати од алкохол ни се спие. Текилата има моќ да ги смири нервите и дури да ја излекува несоницата. Иако не е добро да зависите од алкохол, понекогаш можете да си дозволите да се релаксирате, па и подобро да заспиете.rn

    10. Не создава мамурлак

    rnНо само под услов таа биде од 100% агаве. Поевтините брендови се полни со алкохолни шеќери кои веднаш ќе ве нокаутираат. Алкохолот е штетен по организмот, но мали количини на подолг временски период можат да направат чуда за вашиот организам. А кога станува збор за алкохол, текилата не е лош избор.rnrn5-10-pricini-zosto-vednas-da-se-napiete-sot-tekila-kafepauza.mk

  • 10 правила за пријателите со бенефиции

    10 правила за пријателите со бенефиции

    Во периодот на летните месеци многу повеќе се фокусираме на забава отколку на сериозни врски. Затоа и бараме летен флерт или пак релаксирана врска, односно нешто како „пријатели со бенефиции“. Иако звучи прелесно, летните флертови понекогаш се тешки за одржување и често знаеме да се залетаме. Ако ги следите овие 10 правила, вашиот летен флерт ќе е успешен, а вие нема да завршите на каучот, со чаша вино, чоколадо и пакетче шамичиња до вас.rnrn1-10-pravila-za-prijatelite-so-beneficii-kafepauza.mkrn

    1. Забрането врзување

    rnЗлатното правило на ваквите врски е да не се приврзете кон личноста со која спиете. Ако таа личност ви стане најважното нешто во животот (а вие сигурно не сте во нејзиниот) тогаш оваа кежуал врска е осудена на пропаст. Освен ако сакате навистина многу да страдате, тогаш слободно приврзете се.rn

    2. Без емоции

    rnВо ваквите врски, една од најчестите и најголемите грешки се нереалните очекувања. Сексот е само секс, а чувствата оставете ги за идното момче. Без значајни разговори, интимни вечери и најголемото правило: без повици доцна навечер бидејќи имате потреба од некој. Личностите кои се впуштаат во вакви врски се наменети само за да поминете убава вечер и да не сте сами, а не за да ве слушаат како не сте го преболеле бившиот. Ваквите врски се наменети за да се едноставни, нема потреба од комплицирање.rn

    3. Забрането оставање ствари

    rnОставањето на лични работи значи дека вашата врска станала интимна и е знак на поврзување. Никако не смеете да дозволите ова да се случи. Истата секунда кога некој од вас двајца ќе остави каков било предмет кај другиот, тоа станува нешто многу лично и интимно. Тоа во ваквите врски е одвишно.rn

    4. Не си го пикајте носот во туѓа интима

    rnНајмалку што треба да се грижите е дали ќе се смири со бившата/иот или пак има нов/а дечко/девојка. Вие не сте девојката/дечкото, вие не сте љубовници, вие сте едвај пријатели. Најточна дефиниција е дека само спиете заедно и повремено се грижите еден за друг. Неговиот/нејзиниот љубовен живот не треба да ве интересира бидејќи вие не сте дел од него. Запомнете дека немате никакво право да бидете љубоморни.rnrn2-10-pravila-za-prijatelite-so-beneficii-kafepauza.mkrn

    5. Немате право да го/ја повикате ако сте тажни

    rnСамо затоа што е кежуал врска, за жал не можете да барате услуги од него/неа. Тоа е задача на дечкото/девојката, а не на личноста со која повремено спиете.rn

    6. Без долги разговори

    rnОва е продолжение на правилото за емоциите со малку повеќе информации. Иако е тешко да не се приврзете кон некој со кого спиете, но кога додавате работи на таа „врска“ само ги комплицирате работите и си отежнувате на себеси. Немојте од мравка да правите слон.rn

    7. Не се гледајте премногу често

    rnЗа да ги избегнете долгите разговори и мешањето емоции, немојте често да се дружите. Поточно, не наоѓајте причина да се сретнете, освен ако се работи за секс.rn

    8. Поставете лични правила кои и двајцата ќе ги почитувате

    rnУште пред да ја започнете ваквата врска, договорете правила на однесување кои и двајцата ќе ги почитувате. Не оставајте никакви дупки во правилата и осигурете се дека и двајцата сте на иста бранова должина.rn

    9. Бидете спремни за крај во секоја секунда

    rnАко почнува да ви значи, тогаш прекинете да се гледате. Ако почне да ве третира навистина лошо или покаже какво било непочитување тогаш ставете крај. Постои разлика помеѓу кежуал врска и искористување некого.rnrn3-10-pravila-za-prijatelite-so-beneficii-kafepauza.mkrn

    10. Бидете спремни тој/таа да стави крај во кој било момент

    rnНемојте премногу да се отпуштите и да заборавите дека ова не е нормална врска. Иако уживате во вниманието, галењето и бакнежите никогаш не заборавајте дека секоја секунда тоа би можело да заврши. Во случај да се заборавите и да се залетате, на крајот вие ќе бидете повредени и непотребно ќе патите.

  • 7 причини зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа година

    7 причини зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа година

    Старото етичко правило на работното место можеби значело колку подолго време минато на работа толку поголема продуктивност, но новото време наметнува нешто различно. Работете напорно, но кога ќе дојде време за одмор забавувајте се уште „понапорно“. Земањето одмор има безброј бенефиции како по вашето здравје така и по вашата продуктивност. Без разлика дали сте сопственик на бизнис или пак вработен, и без разлика на вашето работно место, еве зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа година.rnrn7 причини зошто не смеете да го прескокнете одморот оваа годинаrn

    1. Нема да најдете инспирација во вашата канцеларија

    rnТешко дека ќе бидете креативни кога сте под толкав притисок и кога над глава ви стојат обврски и задачи кои треба да ги извршите. Промената која ви ја нуди одморот може да направи чуда. Ќе го ослободите умот и ќе направите простор за нови, креативни идеи. Можеби нема да успеете целосно да се „исклучите“ од работата додека сте на одмор, но релаксирањето ќе ѝ даде можност на вашата креативност да процвета. Вашиот мозок ќе почне да продуцира прашања и идеи за кои не сте ни помислиле досега, а вашите мисли ќе бидат мирни и слободни бидејќи не сте под постојан притисок. Одморот го регенерира мозокот и со сигурност ќе направи да се вратите инспирирани и полни со идеи. Обично најголемите идеи доаѓаат за време на одморот или веднаш после него бидејќи сте го оставиле стресот во канцеларијата.rn

    2. Вашето здравје зависи од одморот

    rnЌе спиете подобро и подолго, ќе се чувствувате подобро, ќе се релаксирате. Стресот и анксиозноста ги оставате зад себе и функцијата на срцето како и крвниот притисок ќе се вратат на нормално ниво. Во многу истражувања докажано е дека луѓето кои редовно ги користат своите одмори имаат помал ризик од срцеви заболувања.rn

    3. Одењето на одмор е единствениот начин да направите вистинска пауза

    rnПомислете само на еден работен ден на просечен човек. Мејловите кои ги добивате, задачите кои треба да ги извршите, извештаите кои треба да ги напишете, местата на кои треба да бидете. Воркохолиците со сигурност би измислиле некаква алтернатива на годишниот одмор која сепак ги прави достапни за истите канцелариски обврски. Вистинската пауза од работа ќе ја направите кога ќе се оддалечите од вашето постојано место на живеење и нема да бидете достапни ни за телефонски повици ниту пак ќе читате мејлови. Тоа може да биде голема промена за некои, но цврстото кинење на сите тие врски макар на една седмица е единствениот начин вистински да се одморите.rn

    4. Промената е неопходна

    rnНастрана од придобивките за физичкото здравје, промената што ја нуди одморот може да направи чуда за менталното здравје. Дали страдате од анксиозност или депресија? Потребно е да излезете од секојдневната рутина. Психолозите тврдат дека прескокнувањето на одморот прави да им биде потешко на нашите умови и тела да се опуштат. Нервните врски кои произведуваат чувство на смиреност стануваат послаби, што прави на луѓето кои не земаат одмор да им биде потешко да се справат со стресот во секојдневието.rn

    5. Одморот ви ги проширува видиците

    rnДодека сте на одмор ќе запознаете нови личности, некои од нив можеби се во истиот бизнис како и вие или имаат слична работна позиција. Може да размените искуства, нови идеи и совети. Доколку имате сопствен бизнис ќе истражите нови пазари, а може да добиете и генијална идеја за промоција на одреден производ. Најдоброто нешто во ова е тоа што сите овие работи кои може да ви се случат на одмор се случуваат природно, а не форсирано и под притисок.rn

    6. Одморот има големи придобивки за воркохолиците

    rnОдејќи на одмор ќе сфатите дека работата може да продолжи и без вас, дека фирмата не зависи од вас и сосема е во ред да земете слободно време. Доколку сте координатор на некој проект, вашиот шеф ќе биде импресиониран што работите сте ги организирале така добро што и без ваше присуство сè тече како мед и млеко.rn

    7. Земањето одмор ве прави посреќни личности

    rnПо враќањето од одмор ќе бидете посреќни и попозитивни личности, со многу нови искуства, случки и доживувања кои ќе ги споделите. Тоа што ќе бидете посмирени ќе го намали притисокот и стресот во целото работно опкружување правејќи ги и вашите колеги исто така среќни.rnrnДоколку мислевте да не го искористите одморот оваа година можеби сега ќе размислите повторно. А, доколку вашиот шеф има проблем со вашето отсуство може мирно да му објаснете дека фирмата има придобивки од вашиот одмор. 🙂

  • Пријателството со бенефиции – добро или лошо?

    Пријателството со бенефиции – добро или лошо?

    Новото време ни донесе и нов вид пријателство, или постоело и порано, само не било толку актуелизирано како сега. Дали пријателството со бенефиции е добро нешто или е глупост донесена од модерниот свет?rnrnПријателството со бенефиции – добро или лошо?rnrnПрво, од каде потекнува овој вид пријателство? Филмовите како „Friends with benefits“ и „No strings attached“ дефинитивно ја изрекламираа оваа „нова мода“.rnrnШто претставува? Најточно кажано, тоа се пријатели кои имаат секс, без никакви чувства, и секако без нежности и љубов, чиј однос се заснова на телесна привлечност.rnrnКолку е често ваквото пријателство? Мора да бидеме свесни дека тоа и не е така ретка појава дури и кај нас, но со сигурност, пријателството со привилегии или бенефиции бара добро да размислите и внимателно да му пристапите.rnrnДали е тоа добро или лошо? Кои се позитивните, а кои негативните страни на ова „пријателство“ и зошто луѓето започнуваат нешто вакво?rnrnПотреба од ваков „пријател“ имаат оние кои се фокусирани на кариера или на образование толку многу, што немаат време да ѝ се посветат на вистинска врска, или личности кои во моментот не сакаат сериозна врска туку забава.rnrnПријателството со бенефиции – добро или лошо?rnrnОна на што треба да сте внимателни, е цврстината на вашето пријателство. Ако сте биле многу блиски пријатели, не започнувајте вакво нешто, зашто голема е веројатноста на крај да не остане ништо од вашето пријателство, дури да изгубите секаков контакт. Ако некого го гледате како вистински/а другар/ка, дали е во ред да го претворите во пријател со бенефиции?rnrnПред да започнете нешто вакво, бидете свесни дека тоа ќе биде привремено, а не долгорочно. Многу зависи и од карактерот на човекот, дали сте вие такви личности кои би можеле сексот да го гледаат само како забава, без да станете кревки и подложни на повредување, дали сте „отпорни“ на чувства?rnrnКолку и да изгледа оваа врска едноставно, баш напротив, сето тоа може да стане многу комплицирано доколку добро не сте размислиле и доколку функционирате само според вашите инстинкти.rnrnПријателството со бенефиции – добро или лошо?rnrnПријателството со привилегии од една страна е добро, вие се знаете меѓу себе, знаете што ви се допаѓа, може да имате опуштен разговор, да бидете свои без преправање и без претерано да внимавате на вашето однесување. Вие не мора, а ниту пак треба да се трудите да го/ја освоите, па тоа е олеснителна околност.rnrnВнимавајте!rn

      rn011

    • Она што го имате, нека остане меѓу вас, никој друг не мора да знае, тоа нека биде вашата тајна. Кажувањето на други може да донесе многу компликации и да ви штети и на двајцата.
    • rn

    rn

      rn011

    • Доколку се јават какви било чувства, не потиснувајте ги во себе, или прекинете веднаш со вашата игра наречена „пријатели со бенефиции“, или ненаметливо дознајте дали тие чувства се јавиле и од другата страна. Кој вели дека тоа никогаш не може да прерасне во љубовна врска?
    • rn

    rn

      rn011

    • Внимавајте на подароците, што, кога и како подарувате. На вашиот пријател логично е да му подарите нешто за Божиќ, но не за Денот на вљубените, и секако, ништо што носи каков било симбол на љубовта.
    • rn

    rnПријателството со бенефиции – добро или лошо?rn

      rn011

    • Кога заминувате од кај него/неа, понесете сè со себе, не оставајте ништо во неговиот/нејзиниот дом. Оставањето на некое парче облека, средства за лична хигиена или накит веќе наликува на врска. Поставете си линија која не смеете да ја поминете.
    • rn

    rn

      rn011

    • Колку и да е дефиниран овој однос како бесчувствителен, границите се кревки и лесно е да се преминат, а уште полесно е да бидете погрешно разбрани. Затоа направете договор уште на почетокот, бидете искрени еден кон друг.
    • rn

    rn

      rn011

    • Заштита на највисоко ниво – доколку се впуштате во нешто толку несериозно, бидете свесни дека тој/таа може да има и други сексуални партнери. Секогаш имајте на ум задолжително да го заштитите вашиот сексуален однос.
    • rn

    rn

      rn011

    • Внимавајте што зборувате, и какви пораки пренесувате, „го сакам начинот на кој…“ може да има многу блиско значење со „те сакам“ или „ми се допаѓаш“.
    • rn

    rnФакт е дека живееме во 21-ви век и нашите гледишта мора да бидат поотворени, никого да не осудуваме и да научиме да се носиме со модерното време, и сè што тоа ни наметнува. Тоа е сепак една врска во модерна форма, каде и двајцата си имаат меѓусебни привилегии. Да бидеме искрени, сите имаме свои потреби, а пријателство зачинето со малку повеќе забава, не може да ни штети доколку бидеме доволно претпазливи. Уживајте во неговото/нејзиното друштво додека во вашиот живот да дојде она „вистинското“.rnrnПријателството со бенефиции – добро или лошо?rnrnУште едно прашање на искреност: дали навистина нема да се јават никакви емоции? Дали може сексот да не доведе до појавување на чувства и кај двајцата? Кога ќе дојде време да ставите крај на сето тоа, како крајот ќе биде прифатен од другата страна? Како всушност завршуваат горенаведените филмови? Затоа пред да започнете вакво нешто, добро размислете, издвојте ги добрите и лошите страни на еден ваков однос.rnrnНе заборавајте, најдобрите врски започнале со пријателство, но со какво?rnrnКакво е вашето размислување на оваа тема? Сте имале, и дали во иднина би имале ваков вид „пријателство“?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.