Дали слушате македонска музика? Сигурно сте запознаени со нашите најпознати музички изведувачи и ги знаете нивните најголеми хитови. Но, пред да се пожалите дека не знаеме да извадиме добра песна и дека неуспешно се обидуваме да ги следиме светските комерцијални трендови, запрашајте се дали сте ѕирнале во светот на алтернативната музичка сцена. Не знаевте дека воопшто постои такво нешто во Македонија? Не само што постои, туку и ја сочинуваат многу талентирани музички изведувачи што создаваат неверојатно квалитетна музика.rnrn
1. Project Orpheus
rnProject Orpheus е една возбудлива авантура што ја започна поранешниот вокал на Hideout, Давид Димовски. Станува збор за необичен проект што раскажува своја посебна приказна испреплетена со поезија и разновидни звуци. Project Orpheus моментално се движат кон нови музички хоризонти, бидејќи работат на материјал што звучи доста поинаку од сѐ досега. Нивната наредна цел е освојувањето на меѓународниот музички пазар. Запознајте се одблизу со овој уникатен македонски бенд чија креативност не познава граници…rnrn
rnrnИме на бендот: Project OrpheusrnrnЧленови: Давид Димовски како главен вокал, Иван Петровски на гитара, Александар Ванчовски на тапани и други музичари со кои Давид редовно соработуваrnrnЖанр: Project Orpheus сметаат дека жанровските класификации се опасни и можат многу да ограничат.rn
„Секој артист е конгломерат на своите искуства, својот живот и своите влијанија, и треба да ја раскажува својата приказна, а не да биде ’следната Shakira’, или следниот кој било. Не е лесно да се биде свој, меѓутоа ние отсекогаш сме биле авторски бенд, и тоа е единственото нешто кое сакаме да бидеме. На крајот на краиштата, зошто би сакал да бидеш некој друг освен себе!?“, изјави Давид
rnАлбум: „Shaping The Static“rnrnОмилена авторска песна: „When The Moon“, иако за Давид сите песни му се како деца.rn
„Ти доаѓаат на овој свет, ги растеш, созреваш, и потоа кога се спремни ги пушташ да си го пронајдат својот пат низ светот…“, поетски објасни тој.
rnПесна што посакуваат да беше нивна: Следната што ќе ја издадат.rn
„Очекувајте превозбудливи нови творештва, влегуваме во нови музички светови, на кои веќе работиме во студио!“, ни откри Давид.
rnОмилен македонски бенд/музички изведувач: Леб и солrnrnМалку филозофирање на тема: Дали музичарите треба да се борат за „спасот“ на својата музика исто како што Орфеј се обидел да ја спаси Евридика?rn
„Не би рекол дека секој млад музичар треба да се бори за ’спасот’ на својата музика, но сигурен сум дека треба да се бори за тоа да ѝ даде што подобро тло и ’полет’. Сметам дека сите песни веќе постојат, само со нивното постоење бираат низ кого од нас музичарите да се отелотворат. Тој чин, танцот помеѓу песната и артистот, кој кулминира со нивната средба – го нарекувам инспирација. Мојата работа како артист е да бидам што почист и поискрен инструмент, за песната да може да заврши како што наумила преку мојата интерпретација. Односно, кога веќе ме почестила известувајќи ме за нејзиното постоење, се трудам да ја удостојам и да возвратам на гестот. Терминот ’борба’ го толкувам како работа. Работата е единствениот мост помеѓу соништата и реалноста. Доколку не ти се исполнуваат соништата – значи дека недоволно работиш на нивното остварување. Толку е едноставно“, одговори Давид.
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=SKuDLFZM1RYrn
2. Визија
rnБендот кој добива поголемо внимание од балканските медиуми отколку од македонските и покрај неговата визија. Станува збор за наградуван бенд од Скопје кој има настапено на голем број балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други. Визија се препознатливи по нивниот оригинален стил, експериментални звуци, моќни текстови и необични спотови. Доколку никогаш претходно не сте слушнале за нив, време е да се смени тоа…rnrn
rnrnИме на бендот: ВизијаrnrnЧленови: Марко Гапо на ритам гитара и како главен вокал, Марко Џамбазоски на гитара и како придружен вокал, Лилјана Јанкова на бас гитара и како придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ на тапаниrnrnЖанр: Генерално, би рекле дека припаѓаат на жанрот алтернативен рок. Иако никогаш не ја класифицирале нивната музика во некој постоечки жанр, досега ги сместувале во многу жанрови, како што се инди, њу вејв, пост панк, експериментален рок и другиrnrnИме на албум: „Гласно!“rnrnОмилена авторска песна: Сите ги сакаат подеднаквоrn
„Тоа тие како да прашаш мајка кое дете си го сака повеќе“, изјавија членовите од бендот.
rnПесна што посакуваат да беше нивна: „Despacito“, за никогаш да не ја објавеаrnrnОмилен македонски бенд/музички изведувач: Архангел, Мизар, Падот на Византија иако постојат и многу нови квалитетни македонски бендови кои имаат што да понудат и подеднакво ги почитуваатrnrnМалку филозофирање на тема: Визијата за македонската музичка сценаrn
„Се надеваме на посилна соработка помеѓу бендовите, подобри услови, поголем медиумски простор за алтернативната сцена и уште поголемо разгорување на жарот кај младите за создавање авторска музика“, одговори бендот.
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=1ckkxb0p_IcrnrnПродолжува на следната страница…rnrn


rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn