КАФЕ ПАУЗА

Tag: бар

  • 4 млади луѓе со аутизам кои никој не сакаше да ги вработи отворија бар во Атина

    4 млади луѓе со аутизам кои никој не сакаше да ги вработи отворија бар во Атина

    Група млади луѓе со аутизам развија нов успешен бизнис со продажба на кафе и закуски. 3S School Synergy Snacks е основан во Атина, Грција, со помош на родители, наставници и социјални активисти и обезбедува вработување за оние на кои им е тешко да најдат работа на друго место.rnrn4 млади луѓе со аутизам кои никој не сакаше да ги вработи отворија бар во АтинаrnrnГианис, Елени, Микалис и Ѓиорѓиос го сочинуваат тимот, а сите беа обучени во стручни училишта специјално дизајнирани за нивните потреби. Оваа обука им даде вештини и знаење како да работат успешен бизнис.rnrnМајката на еден од нив вели дека во Грција денес, и онака е тешко да се прави бизнис. Но, тоа е уште потешко за луѓето со дополнителни ограничувања и интелектуални тешкотии. Истото важи и за оние кои стојат покрај нив. Оние кои работат како нивен глас. Тие главно се вработени во деловни активности кои се пријателски настроени кон семејството. Само во последниве години се создадени некои организации кои вклучуваат ранливи социјални групи. Сепак, дури и тогаш, понудените работни места се непропорционални. Новите лица со попреченост не можат да најдат место за работа во поголемиот дел од времето. Иако законодавниот дом предвидел социјални кооперативни бизниси да ја олеснат интеграцијата на лицата со попреченост и зачувувањето на нивното право на работа, што е суштински елемент на човечкото достоинство, бирократијата и одговорноста сè уште се силни, што го прави нивниот живот понекогаш тежок.rnrnЕлени од тимот вели дека иако нејзиниот живот бил тежок, таа успеала да го постигне она што го сакала. Тешкотиите со коишто се соочуваат таа и целиот тим ги прават посилни и ги приближуваат кон остварување на нивните цели. Тие им се благодарни на сите оние кои ги поддржувале.rnrnПрочитајте и за оваа 17-годишна девојка ги воодушеви сите со своето уметничко пливање.

  • Се продава фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработници

    Се продава фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработници

    Бар е направен во форма на глобус, кој е сместен во приватна куќа во руралниот дел на Мериленд во САД во последните седумдесет години. Се претпоставува дека цената би можела да достигне 250.000 американски долари, или околу 1,6 милиони куни.rnrnСтанува збор за бар и пет придружни столови, кои Адолф Хитлер ги вградил во приватната јахта Ависо Грил, каде што се забавувал со своите пријатели и соработници како Бенито Мусолини, Херман Геринг, Јозеф Гебелс и Рудолф Хес. Барот наликува на светот што Хитлер сакаше да го освои и е висок околу 2 метри и широк 250 сантиметри, и е украсен со различни детали.rnrnСе продава фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработнициrnrnСе продава фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработнициrnrnСе продава фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработнициrnrnСе продава фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработнициrnrnСе продава фамозниот бар на Хитлер каде што можеле да пијат само неговите најдобри пријатели и соработнициrnrnПрочитајте и за овој краток филм кој не би смееле да го погледнете: Кој е Адолф Хитлер?

  • Како да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?

    Како да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?

    Ако вашиот дом е често место за собирање и дружење, минибарот се наметнува како логично решение за подобро расположение. Тој е неопходен за секоја добра забава, како и за вечерите кога гледате филмови со чаша добро вино. Особено е погоден за помали станови, а во ситуации кога немате подрум за чување шишиња со вино, тој е идеално решение.rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnПрво, почнете со полиците за вино или со вдлабнатините за шишиња. Покрај шишињата, можете да ставите и чаши за вино во нив, како и сите дополнителни додатоци што ви се потребни за да ги отворите и да ги сервирате омилените пијалаци.rnrnОтворените или затворените варијанти на овие фиоки се прашање на личен вкус и на стилот што ви се допаѓа. За да му додадете уште повеќе шарм на овој дел од домот, украсете го со некои уметнички дела, свеќи, цветни аранжмани или интересен кристали.rnrnДруга варијанта се вградените минибарови. Ако имате неискористен простор во трпезаријата, во кујната или под скалите во ходникот, можете да го претворите во минибар. Неколку фиоки, полица и две врати е сè што ви треба. Работната површина над минибарот може да се остане слободна и на неа да поставите сирења, маслинки или свежо сечкан цитрус за коктели.rnrnИсто така, кофата со мраз е добредојдена на шанкот, а на задниот дел можете да поставите огледало. Ако ви недостасува инспирација како да го уредите минибарот, погледнете ги фотографиите подолу.rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnКако да го вклопите минибарот во вашиот ентериер?rnrnПогледнете ги овие 20 докази дека тапетите може да го трансформираат изгледот на која било просторија.

  • Дали би го посетиле барот инспириран од ТВ серијата „Игра на тронови“?

    Дали би го посетиле барот инспириран од ТВ серијата „Игра на тронови“?

    Ако спаѓате во големиот број обожаватели на ТВ серијата „Игра на тронови“, сигурно едвај чекате да почне новата сезона. Ако чекањето навистина ви е проблем, а по некоја случајност се наоѓате во Вашингтон, зошто да не го посетите овој нов бар? Барот е дизајниран според серијата и сигурно ќе ја исполни вашата желба за змејови.rn

    Барот е отворен на 21-ви јуни

    rn(1)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrnrnДве компании се здружиле со цел да ги трансформираат нивните 3 барови во нешто ново.rn

    Можете да влезете во секој од 3-те барови, а искуството долго ќе го паметите

    rn(2)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrnrnБаровите се декорирани идентично како Куќата на црно и бело, Северот, Црвената порта и Мерин.rn

    Барот дури ја има и „Салата на лицата“

    rn(4)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrnrnСопствениците одлучиле да ја исполнат познатата сала со пластични калапи од нивните вработени. Навистина паметна идеја.rn

    На почетокот сакале да прават бар како Супер Марио или ТВ серијата „Почудни нешта“ (Stranger things)

    rn(5)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrn

    „Како што рекол големиот Џорџ Мартин, мора да постои задоволство во она што го работиш, а ние веруваме дека ‘Игра на тронови’ е серија на деценијата,“ изјавил еден од сопствениците.

    rn

    Барот не штедел на детали

    rn(6)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrnrnПокрај „Салата на лицата“, барот ги има и змејовите на Денерис.rn

    Сопствениците сакале барот да биде резултат на соработка

    rn(7)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrnrnМенаџерот и сопствениците на барот најмиле неколку локални уметници и секој од нив работел на посебен дел од барот.rn

    Се разбира, и пијалаците се во стилот на ТВ серијата

    rn(8)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrnrnБарот создал неколку коктели чии имиња се инспирирани од серијата. На пример, посетителите може да си порачаат „Северот памти“, коктел од шток, кокос, ананас и ликер.rn

    Можете да порачате и „Ланистерови праќаат поздрав“

    rn(9)dali-bi-go-posetile-barot-igra-na-tronovi-kafepauza.mkrnrnОва е коктел од вотка, шери, лимон, јагоди и кисела вода. Но, можете да го порачате и официјалното пиво од „Игра на тронови“.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 начини на кои стареењето ја менува нашата идеја за забавен викенд

    5 начини на кои стареењето ја менува нашата идеја за забавен викенд

    Кога влегувате во пубертет, сѐ што ви се врти низ глава се момчиња или девојки и излегување за викендите. Хормоните почнуваат да си го прават своето, па не е ни чудо кога за главна тема на писмената по македонски, најголемиот дел од учениците пишуваат за љубовта и излегувањата. Но, додека на тие години едвај сме го чекале викендот замислувајќи си во глава секакви забави и лудории кои ќе ги правиме, идејата за забавен викенд ни се менувала со текот на годините. А еве и како, опишано преку 5-те главни периоди на младоста.rnrn(6)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    1. Средношколски викенд

    rnСе сеќавате ли на средношколските викенди? Веројатно сите до еден ви биле исполнети со многу дружење и излегување во различни кафулиња, барови и/или по градските паркови. Викендот претставувал период од неделата кога конечно не морало да се оди на училиште, па уште од петокот вечер се собиравте со сите ваши пријатели кај некого дома, се смеевте и правевте глупости, пиевте алкохол за кој не им кажувавте на родителите, излегувавте да се забавувате правејќи се повозрасни отколку што навистина сте. Многу е можно секој следен викенд да спиевте кај различен пријател, разговарајќи до раните утрински часови и спиејќи додека не ве разбудеа за ручек. Правевте сè и сешто, но седењето дома не беше опција ни под разно.rnrn(1)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    2. Бруцошки викенд

    rnДа се биде прва година на факултет значи една од две работи: или сте меѓу оние кои не пропуштаат ниту една можна забава во градот или сте во онаа група луѓе на кои испитите им се поважни од излегувањето. И додека викендите на припадниците на втората група се исполнети со учење, овие другите уживаат во слободата која со себе ја носи студентскиот живот. Забави, лудување, дружење и многу алкохол се дефиниција за бруцошки викенд. А додека сме кај дефинициите, викенд за бруцошите е секој ден од неделата.rnrn(2)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    3. Апсолвентски викенд

    rnВреме е за малку сериозност. Или можеби од следната недела? Кога сте при крај со студиите, викендите веќе не се само за забава. На глава ви висат милион испити како последица на годините поминати во забавување, а тука се и вашите родители кои очекуваат во скоро време да одат на бранење на вашата дипломска работа. Па, наместо да одлучувате помеѓу саботното излегување и учење за испитот во вторник, решавате дека подоцна ќе размислувате за тоа додека отворате лименка пиво која заедно со пуканките ќе ве дружи додека ја гледате новата епизода од вашата омилена серија. Па така, не се чувствувате лошо што не учите бидејќи сепак сте останале дома, но истовремено и не ви е жал што не сте излезени бидејќи уживате на свој начин. А дури и ако подоцна излезете на уште едно пиво со пријателите, тоа нема да биде голема работа со оглед на тоа дека во секој случај ќе биде веќе касно за учење, а и не е дека посебно ќе се подготвувате за излегувањето.rnrn(3)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    4. Постфакултетски викенд

    rnКолку и да се обидувате да се вратите во годините кога викендот за вас претставувал само журки и забава, ужасниот мамурлак следното утро ви покажува колку е тоа всушност лоша идеја. Да, навистина се забавувавте во новиот бар кој тукушто се отвори, но дискотеката после тоа и не беше така добра идеја со оглед на тоа што во понеделник ве чека многу работа. И додека полузаспани и со едно око ги гледавте студентите кои неуморно танцуваа околу вас, истовремено се прашувавте од каде им е таа енергија и зошто вие не го можете истото кога само 2 години претходно бевте како нив? Соочете со ситуацијата – време е да бидете возрасни.rnrn(4)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrn

    5. Возрасен викенд

    rnВикендот е единствениот период во неделата кога навистина може да се одморите и немате никакви намери да правите планови кои ќе го загрозат тоа. После напорната работна недела и сите останати обврски по завршување на работното време, голема е веројатноста дека петокот вечер ќе го поминете во кревет со добро филмче. А наместо вечер со гласна музика и многу алкохол во некој задушлив бар, сигурно дека ќе одберете мирна и тивка саботна вечер во некој ресторан каде може да уживате во добра храна со добро друштво. И да, се прашувате со кој памет младите остануваат надвор до раните утрински часови и како ли можат да ја издржат задушливата смрдеа на цигари и пот во пренатрупаните барови додека вие среќни уживате во вашата, за нив бапско-дединска вечера.rnrn(5)-5-nachini-na-koi-stareenjeto-ja-menuva-nashata-ideja-za-zabaven-vikend-kafepauza.mkrnrnВо која група се пронаоѓате вие?

  • 33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идеја

    33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идеја

    За време на секоја вечер во град, доаѓа еден момент кога се соочувате со најголемата дилема, со прашањето кое е постаро и од самото време. Дали да продолжите да пиете или да престанете и да си одите дома? Оваа одлука може тотално да го смени текот на вечерта, како и на вашиот живот наредниот ден. Токму затоа погледнете ги следниве 33 причини зошто кога ќе се најдете во оваа ситуација, најдобриот избор е да побарате сметка и да си заминете…rnrn33 причини зошто третата пијачка е секогаш лоша идејаrnrn33. Третата чашка секогаш се претвора во тринаесетта. Токму таа е клучот за отворање на вратата која води кон пеколот.rnrn32. Третата чашка ја ослободува вашата пијана верзија. Вашата трезна страна се крие некаде длабоко во вас, бидејќи нејзината злобна близначка ја презела контролата.rnrn31. Токму во тој момент престанувате да се грижите. По третата пијачка, ништо друго освен алкохолот веќе не ви е важно.rnrn30. Со порачувањето на третата пијачка започнува и размислувањето да го бакнете оној непознат лик кој седи покрај шанкот. Кога сте пристигнале воопшто не ви допаѓал, но со очилата на алкохолот почнал да ви изгледа како добра прилика.rnrn29. Во овој момент сакате погласно да ја слушате музиката. Едноставно сакате да станете и да почнете со танцување.rnrn28. Токму тогаш инхибицијата го напушта вашето тело. Вие ја плаќате третата пијачка со сите вашите морални вредности.rnrn27. Во третата чашка се наоѓа самиот ѓавол. Тој пристигна за да ве натера да се спуштите до подот.rnrn26. Токму таа пијачка ќе биде виновна за дупките во вашето сеќавање. Позната ви е изјавата: „Зошто продолжив да пијам? Сè тргна наопаку од третата чашка!?“rnrn25. Третата чашка води кон тринаесеттиот шот. Акција и реакција…rnrn24. Токму тоа е точката од која нема враќање назад. Доколку ја испиете третата пијачка, со сигурност ќе се разбудите со мамурлак.rnrn23. По 2 пијачки можете да одите дома и да спиете, но по 3 со сигурност останувате цела вечер надвор. Тоа е една мала одлука која води до една голема грешка.rnrn22. Секое шише вино содржи по 4 чаши во него. Дали станува збор за случајност? Или можеби тоа е трик да купите уште едно шише? Хм…rnrn21. Третата пијачка ви прави илузија дека вашата облека ви е премногу тесна. И токму затоа сакате да ја соблечете… Пред непознатиот човек на шанкот. Можеби дури и во самиот бар.rnrn20. Таа е работ на зајачката дупка. А сите знаеме што се случи со Алиса.rnrn19. Третата чашка прави сè да изгледа како добра идеја. Буквално сè што ќе ви падне на памет!rnrn18. Таа ќе ве натера да заборавите на утре. Што е утре кога денес сме тука со целиот овој алкохол околу нас?rnrn17. Тоа е моментот кога си велите дека еднаш се живее. Па, порачувате уште една чашка, уште една и уште една…rnrn16. Вие едноставно не можете да застанете на непарен број. Откако ќе ја донесете одлуката да порачате 3-та чашка веќе знаете дека ќе има и 4-та.rnrn15. Веќе сте потрошиле толку многу пари и токму затоа се чувствувате обврзани на ноќта. Зошто да пропадне сето тоа?rnrn14. Веќе сте го надминале моментот на уживање и сте преминале во пијанство. Од овој момент законите на физиката престануваат да важат!rnrn13. Вашата сметка е отворена. Доколку сте решиле да платите со картичка, вашата ноќ ќе биде една голема и скапа авантура со алкохол.rnrn12. Со третата пијачка веќе заборавате дека треба да изгледате слатко на фотографиите. Од овој момент па натаму вие изгледате хаос и вашите пријатели го знаат тоа.rnrn11. Најверојатно некој ве почестил со третата чашка, па токму затоа можете да си дозволите и четврта. Па, дури и петта. И тоа продолжува сè додека не преминете на шотови за целата маса.rnrn10. Вие веќе сте на танцовиот подиум. И ритамот на музиката има целосна контрола врз вашето тело.rnrn9. Официјално веќе мирисате на алкохол. Доколку мирисате како бар, можеби и би требало да останете во барот.rnrn8. Веќе не знаете каде е вашиот мобилен телефон. Четвртата пијачка ќе ја одложи вашата анксиозност до наредниот ден.rnrn7. Сте стигнале до тука, зошто би прекинувале сега? Изгледа дека сте изоделе долг пат, кој заслужува да биде завршен до крај.rnrn6. Едноставно не сакате да си одите дома. Освен ако тоа не вклучува згодно момче или жешка девојка покрај вас.rnrn5. Досега сигурно сте пишале порака на некој со кој треба подоцна да се сретнете. Вие секогаш си стоите на своите ветувања.rnrn4. Токму во тој момент сте се решиле да не се грижите за тоа што ќе го мислите утре. Доколку некогаш воопшто сте се грижеле…rnrn3. Вие секако сте планирале да си одите дома со такси. Се надевате дека овој пат нема да се онесвестите на задното седиште.rnrn2. Само што сте земале плата, па знаете дека можете да си дозволите една луда авантура. Или можеби и не можете, но сепак одлучувате да верувате во тоа.rnrn1. По третата чашка, ништо добро не може да се случи. Иако во тој момент вие се чувствувате како да сте на највисоката точка во светот…

  • Центрифуга бар – пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

    Центрифуга бар – пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката

    Во нашата држава, алиштата ги переме во рамките на нашиот дом, но во други земји луѓето го собираат купот валкани алишта и го носат во пералници, каде што мораат со часови да чекаат и да зјапаат во барабанот кој се врти во круг, додека машината не заврши. Ваквата обврска дефинитивно не спаѓа во интересниот дел од секојдневието. Но, сопствениците на една пералница во Гент, Белгија решиле оваа досадна рутина да ја претворат во забавна социјална активност.rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаrnrnВеројатно никој од околните жители не би можел да претпостави дека ќе се радува за одењето во пералница, но сега кога знаат дека во неа можат воедно да пијат пијачки со пријателите, да вечераат, понекогаш да слушаат музика во живо, па дури и да си направат нова фризура, тогаш валканата облека и тоа како може да стане само добар изговор за одличен помин.rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаrnrnОваа пералница дизајнирана од страна на белгиското архитектонско студио Pinkeye, нуди кафуле со многу пријатен ентериер и фризерски салон кој ќе се погрижи за вашата коса, па поради интересниот социјален концепт, во неа наминуваат дури и оние кои имаат сопствена машина за перење и немаат потреба од услуга за перење. Денешниот социјален клуб Wasbar во кој одите за да си ја исперете облеката, порано бил книжарница. Сега е совршено добро стокмен, така што боите одмораат, а декорациите забавуваат. Технолошкиот аспект исто така не треба да се занемари – струјата која постојано треба да функционира беспрекорно за да работат машините и барот, како и умешното прикривање на цевките и жиците од видик, кои се вметнати во таванот.rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облекатаrnrnОвој бар, покрај во Гвент, го има и во белгискиот град Антверпен. Целата идеја звучи навистина интересно, а вам ви оставаме да си замислите како изгледа да тргнете во кафуле за да се дружите, носејќи со себе кеса со валкани алишта или да пиете кафе на јавно место со виклери на глава!? :)rnrnЦентрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката Центрифуга бар - пијте кафе и дружете се додека ви се пере облеката
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите чоко-барови во светот

    Најдобрите чоко-барови во светот

    Постојат места во светот, кои имаат свои чоко-барови и на јадењето чоколадо му даваат сосема поинаква димензија. Еве кои се најдобрите кои треба да ги посетите, доколку некогаш се најдете во следниве градови.rn

    1. Кафе Флори чоко-бар, Бостон

    rnЧоко-барот Флори се наоѓа во склоп на луксузниот хотел Лангам, во Бостон. Овој чоколаден бар буквално ве носи во чоколадната земја на чудата. Нуди широк спектар на вкусни чоколадни десерти, во кои може да уживате сами или во друштво.rnrnНајдобрите чоко-барови во светотrn

    2. 100% чоко-бар, Токио

    rnОвој бар е рај за љубителите на чоколадото. Таваните се во форма на чоколада и има стаклени ѕидови преку кои може да се види целата постапка на правење на слатките. Во склоп на барот, исто така има и чоколадна „библиотека“ со 56 различни видови чоколадо, спакувани во светли амбалажи.rnrnНајдобрите чоко-барови во светотrn

    3. Работ 1745, Лондон

    rnЕве уште една причина да го посетите Лондон. Работ 1745 е ресторан целосно посветен на чоколадото. На оригиналното мени, направено од страна на готвачот Џон Бентам се наоѓаат свинско со какао-глазура, филе од риба зачинето со чоколадо и сенф, школки со бело чоколадо и уште многу други вкусни рецепти.rnrnНајдобрите чоко-барови во светотrn

    4. Макс Бренер, Бетесда

    rnМакс Бренер е човекот кој се стреми да создаде нова чоколадна култура. Овој ресторан се разликува од останатите од познатиот бренд. Се наоѓа во Бетесда, Мериленд и на менито има само специјалитети направени од чоколадо. Меѓу нив најпознати се чоколадната пица, чоколадниот крем со мраз и „чоколадниот“ шприц, кој се состои од 60-на грама белгиско чоколадо, послужено во сад во облик на шприц.rnrnНајдобрите чоко-барови во светотrn

    5. Шоколат, Милано

    rnКвалитет и разновидност е главното начело на овој чоколаден бар во центарот на Милано. Цимет, ванила, анасон, фстаци, лешници, комбинирани со селекција на најлуксузните чоколади. Сладоледите и тортите се исто така дел од нивниот асортиман и едноставно ова е место кое мора да се посети, доколку некогаш се најдете во Милано.rnrnНајдобрите чоко-барови во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 знаци дека имате речиси 30 години

    30 знаци дека имате речиси 30 години

    Како што се наближува 30-тата година од вашиот живот, многу работи коишто претходно ви биле приоритет и предизвик, ви стануваат досадни или неостварливи. Следниве 30 знаци ќе ве уверат дека сè е во ред со вас, но годините едноставно ги менуваат работите.rn

    1. Полицаец ви бара лична карта и вашата прва мисла е „одлично“.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    2. Наместо фотографии од журки со коктелите в раце, вашите пријатели на Фејсбук сè повеќе објавуваат фотографии од бебиња.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    3. Се возбудувате кога одите на концерт каде што има слободни столчиња за седење.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    4. Започнувате приказни од типот „Кога бев на факултет…“ и сфаќате дека тоа се случило пред 10 години.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    5. Кога гледате тинејџерски филмови или ТВ серии, сфаќате дека повеќе ја држите страната на родителите, отколку на децата.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    6. Излеговте во бар, но набрзо си отидовте дома, бидејќи музиката ви беше премногу гласна.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    7. Имате еден куп бизнис-картички од претходните работни места, на кои немате поим што да им правите.

    rn

    8. Ги гледате познатите интересни личности кои се во нивните рани триесетти години и си помислувате „сè уште има надеж за мене“.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    9. Ве фаќа неверојатен страв секогаш кога треба да ја проверите состојбата на вашата сметка во банка.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    10. Сериозно размислувате да си купите куче. Или време е за бебе? Не, сепак ќе си земете куче…

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    11. Со задоволство би платиле малку повеќе за убава и чиста хотелска соба, отколку да се стискате со 12 пријатели во некој хостел.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    12. Бројот на познати музички артисти за кои никогаш не сте чуле постојано расте.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    13. Секоја вечер си помислувате, колку не ви се прави ништо во животот.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    14. Го имате искусено стравотниот дводневен мамурлак.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    15. Сфаќате дека родителите биле на ваша возраст или помлади кога вие сте дошле на овој свет, па имате поголемо разбирање за нив.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    16. Кога вежбате ве болат колената. Всушност сè ве боли!

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    17. Тинејџерскиот сленг ве вади од кожа!

    rn

    18. Почнувате да купувате чевли кои се исклучително удобни.

    rn

    19. Некое мало дете повеќе знае за паметните телефони од вас.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    20. За време на викендите, наместо да испиете вкупно две пијачки во четири различни барови, вие пиете две пијачки во еден бар и после тоа си одите дома на спиење.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    21. Премногу се возбудувате за некои чудни работи, како што се ниските каматни стапки.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    22. Сериозно се прашувате, како некогаш сте издржувале без спиење цела ноќ.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    23. Имате отидено на забава, на која барем двајца од вашите пријатели дошле со бебињата.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    24. Наместо да ги бркате автобусите секој ден, се возите со сопствена кола.

    rn

    25. Пиете чаша јогурт кога сте гладни пред спиење. Времињата кога јадевте хамбургери после диско и многу алкохол се далеку зад вас.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    26. Веќе не доаѓаат предвид неколкудневните концерти во соседните земји, бидејќи вашата идеална дестинација за забава треба да биде оддалечена на максимум 15 минути возење.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    27. Сите кул работи коишто се рекламираат по медиумите се наменети за луѓе кои се помлади од вас.

    rn

    28. Купувате 3 шишенца млеко за сончање со највисок фактор пред да одите на одмор.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    29. Не пропуштате да се пофалите на социјалните мрежи секојпат кога ќе го срушите рекордот во трчање.

    rn

    30. Го прочитавте целиов текст од А до Ш, за да се уверите дека не е до вас, туку е до годините.

  • Приватните бизниси на познатите ѕвезди

    Приватните бизниси на познатите ѕвезди

    Многу познати глумци, пејачи и модели, покрај својата кариера, паралелно си водат и успешни бизниси, но малку е познато за тоа. Најверојатно сакаат бизнисите да им бидат успешни поради тоа што се, а не поради нивните успеси во кариерата. Многумина од нив ова го чинат за да си ја обезбедат иднината и во поодминати години.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСандра Булок има свој ресторан, но тоа не е ништо ново кога станува збор за холивудските ѕвезди. Специфично за ресторанот на Булок е тоа што таму можете да купите еколошки свеќи „Bessence“ направени од соино масло. Една свеќа чини 40 долари. Исто така таа има фирма која се занимава со организација на свечености, која успешно функционира.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАктерот Крис Норт има свој бизнис поврзан со музиката. Тој е еден од партнерите на клубот „The Cutting Room“ во Менхетен, каде што можете да чуете џез, блуз и соул. Тој во клубот сака да промовира нови неоткриени таленти. На неговата сцена пееле и Нора Џоунс и Гвинет Палтроу.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАмериканската хип-хоп ѕвезда Фарел Вилијамс ги вложил своите пари во модната индустрија. Неговите две колекции „Billionare Boys Club“ и „Icecream“ веќе го доживеаја својот успех, а Фарел веќе вложи и во производство на текстил од рециклирани пластични шишиња. Неговиот план е да отвори продавници во сите краеви на светот.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАлиса Милано ја промовираше својата модна линија за женска спортска гардероба. Модната линија „Touch“ се прочу како удобна и комотна, но и со многу стил.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСтив Карел е сопственик на продавниците „Marshfield Hills“ каде што можете да купите накит, играчки, подароци и други ситници. Тој за „CNN“ изјавил дека ваквиот бизнис го започнал од љубов, но дека тоа е сериозен бизнис.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnТај Барел пред да ја добие Еми наградата работел како келнер. Откако кариерата му донесе многу пари, со својот брат отворил бар „Utah’s Bar-X“ каде што можете да се напиете коктели по цена од 9 долари.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.