КАФЕ ПАУЗА

Tag: бар

  • Што ги нервира келнерите?

    Што ги нервира келнерите?

    Како резултат на големата невработеност во нашата држава, многу млади момци и девојки, но и повозрасни луѓе одлучуваат да се вработат како келнери во некој кафе бар, затоа што тоа е единствената работа која лесно може да се најде. И покрај тоа што платата не е голема, на некои луѓе им е неопходна за да си ги покријат трошоците за кирија или за студирање.rnrn1-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrnrnОние кои немале потреба да ја работат оваа работа, сметаат дека буквално секој може да биде келнер. Но, во реалноста келнерите, покрај тоа што работат физичка работа, трошат многу енергија и на меморирање на стотиците нарачки во текот на денот, а за возврат очекуваат поголема почит од своите муштерии.rnrnЕве неколку ситуации во кои келнерите се чувствуваат понижено од страна на своите муштерии:rn

    „Колку треба?“

    rnКелнерите се чувствуваат навредено кога муштеријата ќе им ги фрли парите на маса уште пред да ја добие сметката. Гостите очекуваат дека келнерот треба на памет да ги знае сметките од сите маси и прашуваат колку чини тоа што го пиеле.rnrnТака излегува дека келнерот не бил доволно брз (и покрај тоа што давал сé од себе за да биде), па се случува гостинот да нема трпение да ја почека сметката и да остави помалку пари.rnrn2-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Немам ситно“

    rnТочно е дека келнерите работат со пари и треба да имаат ситно во секој момент за да враќаат кусур. Но, невозможно е келнерот да има ситно ако сите муштерии плаќаат со илјадарки за сметка од 80 денари. Па тогаш келнерот, ако е сам на смена, треба да трча низ маало и да бара да му раситнат пари во локалните продавници, обложувалници, банки…rnrn3-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Многу ви се високи цените“

    rnКафе баровите се во приватна сопственост и за цените на пијачките одлучуваат нивните сопственици. Тоа значи дека дури и келнерот да сака цените да бидат пониски, за жал нема моќ да ги промени. Неговата работа е да го внесе артиклот во компјутер, да ве послужи, да ви ја одржува масата чиста и да ви донесе сметка. Толку!rn

    Правење неред на масата

    rnГостите седнуваат во кафе бар за да се релаксираат, да се видат со пријателите и да се освежат со една кафе пауза. Келнерите треба да бидат љубезни и услужливи со своите муштерии и да ги исполнуваат нивните желби за да бидат тие задоволни од услугата. Меѓутоа, само затоа што седнувањето во кафе бар кошта пари, не значи дека гостите треба намерно да истураат шеќер и кафе по масата или да кинат хартија на ситни парчиња. Келнерите навистина немаат време да раскреваат сè што муштериите ќе остават зад себе.rnrn4-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Ова не е тоа што го нарачав“

    rnКако и на секој друг човек, така и на келнерот понекогаш може да му се случи да ја заборави нарачката или да ги помеша нарачките со некоја друга маса. Меѓутоа, откако ќе му објасните дека не ви го донел тоа што сте сакале да го пиете, тој/таа ќе ја поправи грешката. Од друга страна, ако гостинот нарачал макијато во лето, а не потенцирал дека сака ладно макијато, тогаш тоа не е грешка на келнерот.rnrn5-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Продавате цигари?“

    rnПоголемиот број кафе барови во Македонија не држат цигари, меѓутоа муштериите упорно ги прашуваат келнерите дали продаваат. До тука е сé во ред. Меѓутоа некои гости мислат дека келнерот е нивни слуга, па се дрзнуваат да им кажат да отидат да им купат цигари и притоа да го остават полниот локал со гости. Келнерите се само вработени лица како и сите останати, меѓутоа дел од нивната работа не е да пазарат низ маало за да ги задоволат побарувањата на гостите.rn

    Правење неред во тоалетот

    rnТочно е дека ве-цето во кафе баровите е јавно и секој муштерија има право да го користи, но тоа не значи дека кога ќе влеземе во него треба да се однесуваме како да сме во шума. Без разлика што тој тоалет не е дел од нечиј дом, сепак на крајот од работниот ден, келнерите се тие кои треба да го исчистат хаосот и притоа да останат живи.rnrn6-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    Зборување на мобилен додека келнерот прави нарачка

    rnКелнерите кои се трудат да бидат професионални во својата работа, сакаат да бидат гостопримливи и да комуницираат со своите муштерии, но тоа не е возможно доколку гостинот зборува на мобилен додека нарачува кафе. Ако тој телефонски разговор мора да се случи токму во тој момент, би било културно барем гостинот да му каже добар ден и пријатно на келнерот.rnrn7-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.