КАФЕ ПАУЗА

Tag: Бали

  • 10 најубави места на светот!

    10 најубави места на светот!

    Природата ни подарила богатство од разновидност и убавина, а денес некои од овие места се најпопуларни дестинации. Нивната грандиозност и величественост се причините поради кои овие места се наоѓаат на оваа листа.rnrn9. 10-najubavi-mesta-na-svetot-istanbul-kafepauza.mkrnrnПогледнете ги 10 највозбудливи и најубави места на светот:rn

    1. Венеција

    rn1. 10-najubavi-mesta-na-svetot-venecija-kafepauza.mkrn

    2. Норвешка

    rn2. 10-najubavi-mesta-na-svetot-norveska-kafepauza.mkrn

    3. Таџ Махал – Индија

    rn3. 10-najubavi-mesta-na-svetot-tadz-mahal-kafepauza.mkrn

    4. Хаваи

    rn4. 10-najubavi-mesta-na-svetot-havai-kafepauza.mkrn

    5. Мароко

    rn5. 10-najubavi-mesta-na-svetot-maroko-kafepauza.mkrn

    6. Бали

    rn6. 10-najubavi-mesta-na-svetot-bali-kafepauza.mkrn

    7. Сан Франциско

    rn7. 10-najubavi-mesta-na-svetot-san-francisko-kafepauza.mkrn

    8. Франција

    rn8. 10-najubavi-mesta-na-svetot-francija-kafepauza.mkrn

    9. Истанбул

    rn9. 10-najubavi-mesta-na-svetot-istanbul-kafepauza.mkrn

    10. Малезија

    rn10. 10-najubavi-mesta-na-svetot-malezija-kafepauza.mk

  • Одмор од соништата – Бали

    Одмор од соништата – Бали

    Каков одмор посакувате? Плажи? Убава глетка? Релаксација? Култура? Егзотична кујна? Тогаш Бали е местото кое го барате!rnrnОстровот Бали е дел од Индонезија. Се наоѓа во јужниот дел на тропските предели меѓу Австралија и Виетнам. Иако островот е мал, тој е главна туристичка дестинација, годишно го посетуваат околу 3 милиони посетители.rnrnDesa Seni Village Resort, CanggurnrnНа островот се наоѓаат едни од најубавите плажи во светот, како и прекрасни корални гребени за нуркање. Други атракции вклучуваат бујни пејзажи, посета на дивите предели, прекрасни храмови, јога и многу повеќе. На Бали едноставно нема што нема. Единствениот проблем е тоа што никогаш нема да сакате да се вратите дома.rnrnВо продолжение места и нешта кои мора да ги доживеете кога веќе одите на Бали.rn

    Плажата Блу поинт

    rnОваа плажа ќе ви го одземе здивот. Се провлекува под карпа и често туристите велат дека имаат чувство како да се на приватна плажа, без разлика на големиот број посетители.rnrn1-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnОваа плажа не само што има извонреден поглед на океанот, туку ќе може да уживате и во глетката на бранови кои се удираат во големата карпа. Ќе уживате и во глетката на кристално чистата вода во некои од рестораните на брегот.rn

    Прошетка по долината Кампухан

    rnОваа прошетка ќе ви биде една од најубавите и најрелаксирачките прошетки кои некогаш сте ги имале. Ќе имате можност да уживате во природата, во најубавите пејзажи кои мора да ги доживеете за да ги почувствувате на вистинскиот начин. Прошетката по долината Кампухан не е напорна, туку баш напротив е многу смирувачка. А најубавото, (ако воопшто може да се издвои нешто како најубаво) следува на крајот од патеката. Таму ве чека кафуле каде ќе ве послужат со огромен број традиционални пијалаци и јадења.rnrn2-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Тирта Ганга

    rnВодена градина што му припаѓа на кралското семејство Карангасем. Се наоѓа во средината на селските оризови полиња, опкружена со природни извори. Градината е составена од растенија, скулптури, фонтани во вода, потоци, базени и многу повеќе.rnrnСоставена е од три нивоа. На првото има базен, две декоративни езерца, неколку фонтани и природен извор кој се протега под големо дрво. Од една страна фонтаните се ремек-дела кои стојат рамо до рамо со делата во Версај, а од друга страна пак тоа е духовно место за медитација.rnrn3-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnВторото ниво има накривена 11-катна фонтана, која може да се види од сите страни на градината.rnrnПоследното ниво е најголемо. Се состои од езеро и остров во средината кој се вика Демонски остров.rnrnВодата што тече низ природните извори отсекогаш се сметала за света, и често се користи во религиозни церемонии, но во некои делови можете и да пливате.rn

    Островот Мнџанган

    rnСигурно нема да одите со очекување дека ќе видите елен на Бали. Но, зборот мнџанган значи елен на индонезиски. Всушност островот го добил името по многуте диви елени кои пливаат во водата секоја пролет.rnrn4-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnПа така вие ќе имате уште едно неповторливо доживување, да ја почувствувате ретката и недопрена природа на Бали. Кога велам недопрена тоа е во буквална смисла на зборот, затоа што таму нема продавници, ресторани, хотели, местото е ненаселено.rn

    Американскиот брод на слободата

    rnОвој брод бил Американски војнички карго брод кој потонал за време на Втората светска војна. Денес тој претставува вистинска атракција на Бали. Прво ќе можете да го видите него, второ ќе ја видите дивата водна природа и трето, ваквиот вид нуркање е одличен за почетниците затоа што тука брановите не се големи.rnrn5-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Ѓаволска солза

    rnЃаволска солза е одделена карпа на еден од многуте острови на Бали. Го добила своето име поради звуците кои ги создава кога брановите удираат во карпите.rnrnВодата е неверојатно чиста. Карпестите формации се уникатни. Тука ќе ги оживеете сите ваши сетила. Брановите може да бидат и многу големи па се препорачува поголем степен на претпазливост.rnrn6-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Слонова пештера

    rnДали некогаш сте замислиле какво е чувството да влезете во устата на демонот? Тоа ќе може да го дознаете во Слоновата пештера. Создадена е во IX век и тогаш служела како светилиште. На надворешната страна има застрашувачки камени резби кои ве отпоздравуваат, вклучувајќи го и демонот што некогаш претставувал слон (оттука доаѓа и името). Најверојатно порано служела како место во кое се штителе од лошите демони. Во околината има будистички храм, мали водопади и многу природа.rnrn7-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Светилиштето во светата шума на мајмуните

    rnДоколку сакате да имате директен контакт со мајмуни ова е вистинското место за вас. Во прошетката и разгледувањето на храмовите ќе имате можност да бидете опкружени со мајмуни и други животни. Мајмуните знаат да бидат палави, но во принцип се добро социјализирани. Ако имате среќа може ќе успеете да направите селфи со некое мајмунче. Но, никој не ви гарантира дека нема да ви ја украдат храната.rnrn8-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    Прошетка низ селото Мајонг

    rnАко сакате да го истражите Бали како локално населено место тогаш правото место за вас е селото Мајонг. Треба да си најдете некој кој добро го познава местото, за да ви раскаже за сите специфични видови вегетација, дел од културата, религијата и обредите.rnrn9-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrnЛуѓето таму се многу дружељубиви, па сигурно нема да ви дозволат да јадете некоја купечка храна, туку ќе инсистираат на домашните специјалитети зготвени по единствени традиционални рецепти.rn

    Театарот Девдан

    rnЕксплозивен микс од традиционалното и современото. 90-минутно шоу кое ви прави прошетка низ традицијата на Бали. Ора, различни танци, пеење, костими. Но истовремено тие изобилуваат со фасцинантна технологија која се базира на специјални ефекти на дожд, оган, разни пиротехнички средства како и ротациони сцени. Кореографијата е визуелно уживање кое претставува сплет на воздушни акробации, традиционални танци, па дури и современ хип-хоп.rnrn10-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrn

    За секого по нешто

    rnОваа листа е бесконечна затоа што има толку многу да се види на Бали. Навистина има за секого по нешто. Без оглед на она што го барате од одморот, со сигурност ќе може да се пронајдете на овој остров.rnrn11-Odmor-od-sonishtata-Bali-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот

    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот

    Сите овие величествени базени поседуваат нешто кое би сакале да го почувствувате и видите со сопствени очи додека сте на оваа планета. Бидете амбициозни и мечтајте еден ден да си создадете прилика да посетите барем еден од нив. Којзнае, можеби сонот ќе ви се оствари. Во меѓувреме уживајте во овие гламурозни базени кои ќе ви ја наполнат душата.rnrn

    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Mardan Palace, Анталија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Вили Алија, Бали
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт San Alfonso del Mar, Чиле
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Springs Resort & Spa, Костарика
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    The Camrbian hotel, Швајцарија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Hacienda Na Xamena, Шпанија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел The Grand Mauritian Resort & Spa, Остров Маврициус, Африка
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Ubud Hanging Gardens, Индонезија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Caruso, Италија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт Golden Triangle, Тајланд
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт Jade Mountain, Света Луција, Средна Америка
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Забавен парк Crocosaurus Cove, Австралија
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Huvafen Fushi, Малдиви
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Marina Bay Sands Resort, Сингапур
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт The Sarojin, Тајланд
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Вили и апартмани Elounda Gulf, Грција
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Capella Pedregal Resort, Meксико
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Ресорт Glenwood Hot Springs, Колорадо, САД
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Golden Nugget, Лас Вегас
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел The Joule Dallas, Тексас
    rnrn
    Базени во кои ќе посакате да се нурнете барем еднаш во животот
    Хотел Amirandes Grecotel Exclusive Resort, Грција

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни бамбусови куќички на Бали

    Прекрасни бамбусови куќички на Бали

    Грин Вилиџ е населба со прекрасни еко-куќи направени од бамбус, сместена во долината на реката Ајанг, на индонезискиот остров Бали. Просторот за домување е изграден во соработка со училиштето „Грин“, место кое на учениците им овозможува природна образовна средина на едно од најубавите места на планетава. Од училиштето брзо се стига пешки до куќите, кои се дизајнирани така, за да се претопат со фантастичниот пејзаж.Прекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиСекој дом е конструиран од бамбус и се многу издржливи. Според директорката, која воедно е и главен дизајнер, Елора Харди, ни издржливите градежни материјали не можат да се споредат со бамбусот, кој доколку се одржува добро, може да трае цел век.Прекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрестојување во некој од овие домови, е како да сте на летен одмор, секој ден во годината. Сопствениците на овие фантастични домови, имаат можност да уживаат во уникатната архитектура, интересните балиски културни настани и во домашната испорака на некои од најдобрите органски производи во светот. Целиот проект е да покрене свеста за образование, а 15% од профитот оди за фондот за стипендирање студенти во училиштето Грин, за добивање бесплатно школување.Прекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на БалиПрекрасни бамбусови куќички на Бали
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Капење во бесконечни базени на рајски локации

    Капење во бесконечни базени на рајски локации

    Во овие жешки денови, со температури од над 30 степени Целзиусови, доколку сè уште не сте заминати некаде на летен одмор, идејата да се нурнете во еден фантастичен бесконечен базен, лоциран во некое ексклузивно место, сигурно ви звучи волшебно.rnrn

    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Малдиви
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Филипини
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бора Бора
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Шпанија
    rnrnОвие базени се нарекуваат бесконечни, бидејќи нивните рабови не се видливи, што создава визуелен ефект дека базенот се протега кон хоризонтот, т.е. продолжува до „бесконечност“. Рабовите им се обично неколку сантиметри под нивото на водата, притоа создавајќи го ефектот дека базенот нема крај и бескрајно се протега кон небото, градот, морето, планините, карпите, природата…rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Јужна Калифорнија
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Лос Кабос
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Грција
    rnrnДизајнерскиот концепт за создавање бесконечен базен, потекнува од Франција уште од 1600 година, кога е изграден базен во Версајскиот дворец. Сепак, денес нив можете да ги најдете најчесто во егзотичните места, на луксузни имоти или пак на реклами.rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrnДоколку не можете да си дозволите ваков луксуз, дозволете им бар на вашите очи да се разладат и „исплакнете“ ги за момент. :)rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Мексико
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Тахити
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Турција
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Сингапур
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Бали
    rnrn
    Капење во бесконечни базени на рајски локации
    Локација: Лос Анџелес
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменален комплекс со вили во Бали

    Феноменален комплекс со вили во Бали

    Хотелскиот синџир „Alila“ од Сингапур е надалеку познат по неговите фантастични летувалишта, кои се испреплетени со луксуз и прекрасни природни убавини. Компанијата има три комплекси со вили во Бали, помеѓу кои се наоѓа и феноменалното рајско место „Alila Villas Uluwatu“.rnrnФеноменален комплекс со вили во БалиrnrnИсклучителна убавина на ова место му дава неговата висина и погледот кон океанот. Гостите на ова место добиваат неверојатна услуга, добивајќи личен батлер, а можат да се релаксираат и во бесконечниот базен, пиејќи пијалак од блискиот бар. Во комплексот се наоѓаат 84 вили, а дизајнот на местото е целосна заслуга на сингапурската компанија „WOHA“, која се погрижила секоја спална соба, да има неодолив поглед со спокоен амбиент.rnrnФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во Балиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еколошкото училиште во Бали

    Еколошкото училиште во Бали

    Џон и Синтија Харди се основачите на ова уникатно еколошки одржливо училиште, кое им нуди на учениците квалитетно образование во една малку поинаква средина и атмосфера. Училишниот кампус се наоѓа во Бали, Индонезија и целосно е направен од бамбус и од традиционалните балиски ѕидови од кал.Еколошкото училиште во БалиВо него има училници, спортска сала, фудбалски терени, деловни простории, библиотека, кафулиња и интернат. Напојувањето на училиштето се врши преку природни извори на енергија, односно преку соларни панели и хидро-генератор.rnЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиВо склоп на наставата учениците се вклучени во многу активности, како на пример: одгледување сопствени полиња со ориз, кои се во склоп на кампусот, правење чоколадо, пошумување на околината со бамбус и слично. Преку садењето бамбус, учениците вложуваат во продолжување на животот на училиштето и негово понатамошно ширење.Еколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во Бали
    rn

    „За една година успеавме да засадиме 15.000 семиња за бамбусни дрва. Според нашите проценки, за рок од околу 7 години, би пораснале 1.500.000 бамбуси што е сосема доволно за 150 нови згради“ – Џон Харди

    rnЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиГлавната зграда на училиштето во која се наоѓаат неколку училници и лаборатории, библиотеката и канцелариите е направена од 2.630 бабусни дрва и чинела 225.000 долари.rnЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во Бали
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Автор: Андријана АндоваrnrnФилм за себепронаоѓањето, за храброста да се направи промена, за потрагата по мир и задоволство, за среќата, прво сам со себе, а потоа со другите…rnrnЈади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Режија: Рајан МарфиrnrnГлавни улоги: Џулија Робертс, Хавиер Бардем, Ричард Џенкис, Џејмс ФранкоrnrnЖанр: драма, романсаrnrnВреметраење: 133 минутиrnrnПремиера: 13 август 2010rnrnЈазик: англиски, италијанскиrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnБазиран на книгата од Елизабет Гилберт „Јади, моли се и уживај“rnrn


    rnrnРетки се оние самозадоволни проклети среќници кои нема да се пронајдат барем малку во овој филм, кои нема да размислат за некоја животна одлука и каде таа ги однела. Оние што нема да запрат ниту за секунда и да се запрашаат дали се задоволни со својот живот, дали е време за промени и дали воопшто имаат храброст да ги направат тие промени… Иако ова се работи кои ќе ги заскокоткаат мозочните бразди на повеќето гледачи и може да се обработат на 1001 начин, искрено, приказната во „Јади, моли се и уживај“ е малку лесна, лимонадеста, лесно сварлива. Особено што овој филм го носи проклетството на речиси секое кинематографско парче базирано врз книга – едноставно книгата секогаш, ама секогаш е подобра.rn


    rn
    rn

    rnrnПриказна: Лиз Гилберт е во навидум среќен брак, со добра работа, убава куќа и на чекор пред одлуката дали да роди дете. Но, под таа розова фасада, Лиз пополека се распаѓа. Низ годините се изгубила самата себе и станала, не она што е, туку она што се очекувало од неа. Таа одлучува да остави сè зад себе и да тргне на патешествието на себепронаоѓањето – во Италија за да го закрепне телото, во Индија душата, во Бали за да најде… љубов. На својот пат Лиз сретнува луѓе кои на различен начин ја инспирираат и ја поттурнуваат поблиску до целта.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кинематографија: Уште кога споменавме дека филмот се одвива во Италија, Индија и во Бали, не може сцените да не се живописни, интересни за гледање. Но, една од забелешките е што од овие три земји ни е сервирано само она што сакаме да го видиме (клишето, стереотипот) – па, така, од Италија имаме фонтани и млади на веспи, од Индија луѓе на рикши и оние што просат, а во Бали само природа и природа. Сепак, овој филм колку и да е лесен „за варење“ нема да ве засити веднаш и да ве натера да заспиете, а една од причините е што токму кога ќе почнете да „паѓате“, приказната се сели на ново место, па ќе си речете: чекај да видам што ќе се случи.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кога и како да го гледате? Ве „измасирале“ на работа, сте имале екстра-напорен и нервозен ден и вечерта сакате да се отпуштите со филмче – ова дефинитивно е вашиот избор. Приказната нè поттикнува да мислиме дека во секој од нас стои силата за промени, но, од друга страна, нема толку да ве преоптовари и да ве остави без сон. Oва е дефинитивно женски филм. Наша препорака е да го гледате или сами или во женско друштво бидејќи доколку сте со вашето момче, можеби во знак на одмазда, следната недела ќе се најдете на најновиот филм на Силвестар Сталоне.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Слични филмови: „Сексот и градот 2“ (Sex and the City 2), „Писма за Џулиет“ (Letters to Juliet), „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You), „Ерин Брокович“ (Erin Brockovich)rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.