КАФЕ ПАУЗА

Tag: апетит

  • Науката открива: Зошто губите апетит кога ви е скршено срцето?

    Науката открива: Зошто губите апетит кога ви е скршено срцето?

    Во филмовите секогаш кога главните ликови ќе раскинат, веднаш се „фрлаат“ на нездрава храна и почнуваат да се „дават“ во сладолед. Во реалноста, првите неколку дена по раскинувањето чувствуваме некаква непријатност во стомакот и храната е последното нешто што ни паѓа на памет. Секако дека секој човек се однесува на различен начин кога е повреден, но науката вели дека постои причина за губењето апетит по кршењето на срцето.rnrnНауката открива: Зошто губите апетит кога ви е скршено срцето?rnrnГертер Хорст, професор по невробиологија во Холандија, ја истражувал оваа појава и открил дека таа е поврзана со хормоните кои полудуваат по болното раскинување. Веднаш по прекинот на врската (особено ако тоа не било ваша одлука), во вашето тело се случуваат најразлични турбуленции. Постојат големи шанси дека ќе доживеете зголемено срцебиење, покачени нивоа на кортизол и адреналин што може да доведе до проблеми со спиењето, стомакот и намалена желба за јадење.rnrnВашето тело буквално се обидува да преживее. Во тие моменти, вие минувате низ многу стресна ситуација поради што се зголемува вашата чувствителност и гладот повеќе не ви е главен приоритет. Вашата потреба за храна се намалува со тоа што се забавува дигестивниот систем.rnrnНе е воопшто чудно тоа што вашите емоции губат контрола во овој период и тоа може да влијае на храната што ја јадете.rn

    „Деловите од мозокот кои управуваат со емоциите и емоционалната болка исто така регулираат што јадеме, нашата потреба за храна и вкусот што го чувствуваме. Мозочните области што се задолжени за овие функции се многу блиску и можат да си влијаат една на друга“, изјавил Хорст.

    rnКога повторно ќе почувствувате глад, постои голема веројатност дека ќе посегнете по мрсна храна за да го надоместите недостатокот на калории и намалените нивоа на окситоцин што се јавуваат по раскинувањето. Ова објаснува зошто пицата, сладоледот и благите работи звучат одлично откако ќе помине првичниот шок.rnrnОсвен тоа, мажите и жените реагираат различно на болката предизвикана од скршеното срце. Кај жените постојат поголеми шанси дека ќе ги почувствуваат овие симптоми поврзани со стомакот за разлика од мажите. Па, доколку и вие барате утеха во кутиите сладолед и пица по болното раскинување, знајте дека не сте сами!rnrnДоколку се согласувате со овие откритија, прочитајте зошто скршеното срце не е само метафора.

  • 15 проблеми со кои се соочуваат само девојките кои имаат дечко со голем апетит

    15 проблеми со кои се соочуваат само девојките кои имаат дечко со голем апетит

    Доколку вашето момче е постојано гладно и има голем апетит, тогаш без сомнение веќе сте се сретнале барем со една од следниве неколку ситуации… Но, ако сте подолго време заедно, големи се шансите дека сите ви се веќе добро познати. Погледнете ги наредниве 15 ситуации кои можат да ги разберат само девојките кои имаат дечко со голем апетит.rnrn15 проблеми со кои се соочуваат само девојките кои имаат дечко со голем апетитrnrn1. Кога ќе порачате заедничка храна со достава (кинеска храна, пица…), тој јаде толку многу и толку брзо што вие едноставно мора да почнете да се борите за вашиот дел од вечерата.rnrn2. Но, кога ќе го изедете последното залче од неговиот десерт, тој тотално полудува.rnrn3. Тој го јаде целиот чипс, не оставајќи ништо за вас во оние момент кога навистина имате потреба за нешто солено.rnrn4. Токму затоа и морате да јадете здрава ужина со цел да ја задоволите својата потреба за нешто солено (што е помалку задоволително) и додека го правите тоа наоѓате трошки од чипсот насекаде врз каучот.rnrn5. Скоро целосно се имате откажано од одење заедно на суши.rnrn6. Кога доцните за вечера и тој е гладен, доживувате огромен стрес.rnrn7. Кога не сака да го дојаде тоа што ви останало на вас, почнувате да се плашите дека постои голем проблем за кој не сте свесни.rnrn8. Кога бара да го проба вашиот милкшејк, пие половина од него.rnrn9. Истото се случува и кога ќе побара едно залче од вашата храна.rnrn10. Кога тој е многу, многу гладен, секогаш ви вели да одите некаде каде што има ужасно нездрава брза храна.rnrn11. Постои инцидент со споделувањето на вашата храна кој за малку ќе доведел до крај на вашата врска. На пример, тој ја изел целата салата откако вие сте рекле дека ќе ја довршите, но на кратко сте станале до тоалет и сте ја оставиле незаштитена од неговиот апетит…rnrn12. За време на свадбите, тој не може да танцува и да се забавува со гостите бидејќи едноставно е претерано фокусиран на храната околу него.rnrn13. Исто така, на свадбите, тој нема да направи никаков контакт со кој било гостин бидејќи постојано ќе биде во исчекување на новата порција со храна.rnrn14. Мора да трошите многу пари за храна бидејќи тој јаде за двајца. Понекогаш и за тројца. Можеби дури и за четворица.rnrn15. Длабоко во себе сте свесни дека ако некогаш имате дете и ако тоа биде машко, сите ваши пари ќе одат за нивното исхранување.

  • 5 нешта кои со сигурност ќе ви се случат доколку заборавате да пиете вода

    5 нешта кои со сигурност ќе ви се случат доколку заборавате да пиете вода

    Сите зборуваат дека секојдневно би требало да се пие околу 8 чаши обична негазирана вода, но ретко кој знае што се случува со неговото тело доколку не го прави тоа. Погледнете ги следниве застрашувачки начини на кои дехидрацијата може да влијае врз вас и вашето тело…rnrn5 нешта кои со сигурност ќе ви се случат доколку заборавате да пиете водаrn

    1. Лоша концентрација

    rnЕдна студија од 2011 година која била спроведена од Институтот за психијатрија во Лондон покажала дека намаленото внесување вода во организмот влијае врз сивите клетки во мозокот кои се користат при решавање одредени задачи. Жедните испитаници морале повеќе да се потрудат за да ги решат овие задачи, за разлика од оние кои имале испиено доволна количина вода.rn

    2. Бавно согорување калории

    rnЕдна независна студија од 2010 година, која била спроведена од страна на докторот Хауард Мурад за неговата книга „The Water Secret“, ја покажала поврзаноста помеѓу брзината на метаболизмот и количината на испиена вода. Калориите исто така побрзо се согорувале кога телото било повеќе хидрирано. Докторот открил и дека водата го спречува појавувањето на брчките и го намалува бледилото на кожата на лицето.rn

    3. Поголем апетит

    rnЛуѓето кои пијат 2 чаши вода пред секој оброк, јадат од 75 до 90 калории помалку од оние кои не пијат вода. До овие резултати стигнале истражувачите од Американскиот институт за јавно здравје и истражување на водата кои ја спровеле оваа студија во 2010 година на полнолетни испитаници. Оние кои пиеле вода пред оброците изгубиле околу 3 килограми во текот на 3-месечното испитување.rn

    4. Лошо расположение

    rnГрупа истражувачи во 2009 година замолиле веслачи од двата пола да се препуштат на енергично, но едноставно вежбање аеробик со внесување мало количество вода за време на тренинзите. Онаа група која внесувала малку вода во својот организам чувствувала класични симптоми на дехидрација како умор и лесно губење свест, додека истражувачите кај нив забележале и појава на чувства на лутина, депресија и напнатост.rn

    5. Поголема изложеност на болести

    rnДехидрацијата во телото ја намалува функционалноста на одредени органи, а со тоа влијае и врз целокупниот организам, па токму затоа воопшто не е чудно што намаленото количество вода се поврзува и со разболувањето. Оние кои пијат малку вода, брзо ќе забележат дека почесто развиваат проблеми со уринарниот тракт и бубрезите за разлика од оние кои пијат соодветна количина вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 26 маки во кои ќе се пронајдат оние кои се постојано гладни

    26 маки во кои ќе се пронајдат оние кои се постојано гладни

    Вие едноставно сте секогаш гладни и обожавате да јадете. Овие 26 ситуации веројатно прилично добро ќе го опишат она што го чувствувате во врска со вашиот вечен глад.rn

    1. Прво и основно, чувството никогаш не престанува бидејќи вие имате дупка во стомакот.

    rn1-26-maki-vo-koi-kje-se-pronajdat-onie-koi-se-postojano-gladni-kafepauza.mkrn

    2. Повеќето луѓе чувствуваат емоции како „среќа“ и „тага“, додека вие знаете да се чувствувате само „гладни“ и „мртви гладни“.

    rn2-26-maki-vo-koi-kje-se-pronajdat-onie-koi-se-postojano-gladni-kafepauza.mkrn

    3. Глад + нервоза = најлошото чувство на светот!

    rn3-26-maki-vo-koi-kje-se-pronajdat-onie-koi-se-postojano-gladni-kafepauza.mkrn

    4. Кога вашите пријатели договараат место за пијанење, вас ве интересира само дали ќе можете добро да се најадате.

    rn4-26-maki-vo-koi-kje-se-pronajdat-onie-koi-se-postojano-gladni-kafepauza.mkrn

    5. Да, вашата замисла за совршена петочна вечер е ресторан со добро мени.

    rn5-26-maki-vo-koi-kje-se-pronajdat-onie-koi-se-postojano-gladni-kafepauza.mkrn

    6. Чекањето на нарачаната храна во ресторан за вас е неподнослива агонија.

    rn6-26-maki-vo-koi-kje-se-pronajdat-onie-koi-se-postojano-gladni-kafepauza.mkrnrn

  • Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит

    Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит

    Ако сте на диета, избегнувајте ги следните парчиња облека… или барем задржете се на овошјето. 😉(1) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (2) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (3) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (4) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (5) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (6) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (7) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (8) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (9) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит (10) Маици и дуксери кои ќе ви отворат апетит
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 знаци дека сте зависни од кофеин

    7 знаци дека сте зависни од кофеин

    Многумина сметаат дека кофеинот е безболен начин да се внесе дополнителна енергија во организмот за да се завршат секојдневните обврски. За жал, доколку тоа излезе од контрола може да дојде до зависност од кофеин. Ако се прашувате дали спаѓате во групата на зависници, следните седум знаци ќе ви го дадат одговорот.7 знаци дека сте зависни од кофеинrn

    1. Чувствувате дека ви фали нешто додека не внесете кофеин

    rnЗависниците од кофеин сметаат дека тој им е неопходен за добро да функционираат и чувствуваат дека им фали сè додека не го внесат во организмот. Брзаат да се напијат кафе или енергетски пијалак пред да ги стигне вознемиреноста или главоболката, иако реално нема причина за тоа да се случи.rn
    rn

    2. Кофеинот ви дава сила

    rnКофеинот можеби ви дава чувство дека со него сте посилни, поконцентрирани и поенергични. Ако верувате дека без кофеин вашите перформанси ќе се намалат, веројатно станува збор за зависност.rn
    rn

    3. Ви помага да го намалите апетитот

    rnЗависниците често го злоупотребуваат кофеинот за да го намалат апетитот, да добијат чувство на ситост, па дури и да прескокнат цели оброци.rn
    rn

    4. Верувате дека ви помага да се расположите

    rnАко сте зависни од кофеинот ќе имате илузија дека тоа ви помага да се расположите, па дури и подобро и поквалитетно да разговарате. Тоа ќе ве натера да се напиете кафе секогаш кога ќе почувствувате дека треба да го унапредите вашиот социјален живот.7 знаци дека сте зависни од кофеинrn

    5. Верувате дека ви ги зголемува физичките способности

    rnСметате дека кофеинот ќе ви помогне да вежбате подобро и подолго и ќе ги подигне вашите атлетски перформанси.rn
    rn

    6. Верувате дека ги намалува физичките способности и ве прави немирни

    rnЗависноста од кофеин нема секогаш позитивни индикации. Понекогаш зависниците сметаат дека една шолја кафе или друг напиток во одредена ситуација ќе им ги намали физичките можности или ќе ги вознемири.rn
    rn

    7. Не ви дава да заспиете

    rnВистина е дека кофеинот може да ви помогне да се расоните и да ве спречи да заспиете, но тоа нема еднаков ефект на сечиј организам. Кога тоа нема ефект на организмот на зависникот, а тој сè уште верува во тоа, многу е веројатно дека се работи за некој кому кофеинот му станал навика.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

    4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

    Автор: Вера МартиноскаrnrnБез разлика дали сте родиле пред 6 месеци или пред 16 години, или сте маж кој се бори со „пивски стомак“, или пак имате 16 години и сакате да сте витки, еве 4 начини да го намалите апетитот, да се ослободите од вишокот телесна маса и да не го вратите до крајот на животот.rnrn4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабетеrn

    1. Спијте повеќе

    rnНе потценувајте ја важноста на сонот кога е во прашање вашата линија. Истражувачите откриле дека недостаток од сон предизвикува зголемен апетит. А важи и обратното: добивањето повеќе сон го контролира апетитот.rnrnОсвен тоа, посклони сме кон стрес и лошо расположение кога сме ненаспани, што може да доведе до неконтролирана желба за храна. Спиењето повеќе ни ја дава потребната енергија достоинствено да се справиме со предизвиците и да не посегнеме по ќесичката со чипс кога денот нема да ни се одвива како што сме планирале.rnrnГречен Рубин од Проектот за среќа (The Happiness Project) пишува:rn
    rn

    „Многу истражувачи тврдат дека немањето доволно сон има разни последици врз здравјето, како што се зголемувањето на ризикот од рак, срцева болест, дијабетес, дури и прекумерна тежина, но освен тоа, има и силен ефект врз среќата и нивото на енергија.“

    rnrn4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабетеrn

    2. Јадете помалку комплексни јаглехидрати, а повеќе протеини

    rnДали знаевте дека јаглехидратите го зголемуваат вашиот апетит? Од  друга страна, протеините предизвикуваат намалување на апетитот што може да резултира со помалку внесена храна при секој оброк. Со намалување на комплексните јаглехидрати и јадењето повеќе протеини, ќе го намалите апетитот.rnrnИзбегнувајте или значајното намалете го консумирањето леб, тестенини, ориз и компири. Зголемете го внесувањето на протеини преку рибата, пилешкото, јајцата, јагнешкото и говедското месо. Зеленчукот и мешунките како гравот и леќата не го поттикнуваат апетитот како комплексните јаглехидрати, а освен тоа, тие се извор на енергија која бавно согорува што ви дава сила преку целиот ден.rnrnЕдноставен начин да започнете: тргнете ги комплексните јаглехидрати од чинијата и на нивно место додадете зеленчук. Потоа, обидете се да додавате по еден здрав рецепт неделно во вашите оброци. По неколку недели успешни здрави рецепти, ќе бидете на пат кон вашето преработено мени. rnrn4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабетеrn

    3. Испланирајте вежби во текот на денот

    rnДобра вест – вежбањето го намалува апетитот. Исто така, ја покачува енергијата и метаболизмот и помага да добиете повеќе квалитетен сон. Интервал од дваесетина минути интензивен тренинг на лента за трчање или на степер ја одржува енергијата на високо ниво, а ја симнува желбата за храна.rnrnОсвен ако не пешачите или користите велосипед за превоз, редовното вежбање нема туку така да се појави без одредена намера од ваша страна. Испланирајте како да го раздвижите вашето тело секојдневно.rnrn4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабетеrn

    4. Намалете го стресот

    rnИстражувачите откриле дека жените јадат повеќе, а особено слатки кога се под стрес.rnrnНаучете како да останете смирени, да го намалите нивото на стрес и да внимавате на апетитот.  Постојат совети што може да ги следите за да останете мирни и среќни дури и за време на најстресните моменти.rnrnМоже да примените едноставна вежба за медитација. Со учењето како да го „гледате“ вашиот ум од далечина и да го проучувате начинот на кој тој функционира, ќе бидете повеќе подготвени да завладеете со ситуацијата кога ќе згусне. Вежбајте да ја испразните главата и да ги гледате мислите како пловат наоколу без да бидат емотивно поврзани со содржината. Кога ќе видите мисла или чувство како надоаѓа, само ставете му етикета: мисла, чувство или телесна сензација. Наскоро ќе бидете „зен“ како јоги.rnrn4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабетеrnrnВметнете во вашиот ден  некои навики за намалување на стресот, како читање пред легнување, опуштање пред телевизорот со вашата омилена серија или секојдневна релаксација во кадата. Само, осигурајте се да си легнете навреме!rnrn

    Одете бавно или брзо, ваш избор

    rnНе мора да почнете да ги практикувате  сите овие совети одеднаш ако тоа ви е премногу. Може да започнете со кој било од советиве што ви е најлесен, нека ви стане навика, па потоа преминете на следниот кога ќе бидете подготвени. Ви препорачуваме да започнете со спиењето, затоа што ако бидете добро одморени, полесно ќе можете да ги примените и останатите совети.rnrnАко пак сакате, направете ремонт на вашиот живот и преземете повеќе од еден метод во исто време. Одберете го темпото кое ви одговара и уживајте во резултатите!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.