КАФЕ ПАУЗА

Tag: Алцхaјмерова болест

  • Научниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењето

    Научниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењето

    Со најновите истражувања, научниците откриле дека губењето на едно сетило може да биде прв знак за Алцхајмерова болест, а не губењето на памтењето. Истражувачите од општата болница во Масачусетс развиле метод кој може да го идентификува ризикот за Алцхајмерова болест кај личноста, на основа на способноста да препознаваат и чувствуваат непријатни мириси.rnrnНаучниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењетоrnrnИако ова не е прв пат мирисот да биде истражуван како симптом на оваа болест, сепак, нуди најмногу докази. Главниот истражувач, доктор Марк Алберс, отишол толку далеку што изјавил дека Алцхајмеровата болест би можела да се открие и една деценија порано, пред личноста да почне да го губи паметењето, со помош на сетилото за мирис.rn

    „Постојат докази дека невродегенерацијата која стои зад Алцхајмеровата болест, почнува да се развива најмалку 10 години пред појавата на симптомите на меморијата, односно губењето на памтењето“, вели Алберс.

    rnСтудијата била спроведена на 183 пациенти за кои се сметало дека имаат зголемен ризик за развој на оваа болест и било докажано дека лицата со првите знаци на Алцхајмерова болест имале помали шанси да идентификуваат и лесно да препознаат мириси. Кај нив прво била тестирана способноста за препознавање мирис, така што им било дадено да помирисаат 10 ароми: Mентол, каранфилче, кожа, јагода, крин, ананас, чад, сапун, грозје и лимон.rnrnПо мирисањето, секој бил прашан дали му е позната некоја од аромите и на што ги потсетува. Како резултат на тоа било докажано дека раните, односно првите знаци на Алцхајмерова болест, може да бидат поврзани со сетилото за мирис, односно со постепеното губење на истиот.

  • Секојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болест

    Секојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болест

    Љубители на шампањот, имаме одлични вести за вас. Во една неодамнешна студија, научниците откриле дека пиењето 3 чаши шампањ дневно можe да ве заштитат од деменција и Алцхајмерова болест. Постои една состојка која се содржи во овој алкохолен пијалак, која може да го заштити мозокот од оваа застрашувачка болест и истовремено да ја подобри вашата меморија.rnrnСекојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болестrnrnПрофесорот Џереми Спенсер, еден од научниците кои работеле на овој експеримент, изјавил дека резултатите биле драматични.rn

    „Ова истражување е возбудливо затоа што за прв пат ни покажува како умереното пиење шампањ има потенцијал да влијае на одредени когнитивни функции, како меморијата“, вели тој.

    rnОвие заклучоци биле донесени преку експеримент со глувци, но поради позитивните и неверојатни резултати, научниците се надеваат дека ќе можат да го продолжат своето истражување со пензионери. Иако е потребно уште многу време додека се најде цврст доказ, сепак научниците се сигурни во своите резултати и со чаша шампањ наздравуваат за своето огромно откритие.rnrnСекојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болест

  • Кои се предностите на секојдневните прошетки?

    Кои се предностите на секојдневните прошетки?

    Прошетките се генерално добар вид физичка активност кој не мораме секојдневно да го исполнуваме со намера. Можеме да се прошетаме и кога одиме до продавница, до автобуската станица, да го прошетаме миленичето или да излеземе со пријателите и сето тоа има добро влијание врз нашиот организам и нашето тело. Меѓутоа, подолгите прошетки имаат неверојатни здравствени предности.rnrnКои се предностите на секојдневните прошетки?rnrnНа пример, кратките прошетки од 30-45 минути може да ја спречат појавата на Алцхајмеровата болест во подоцнежните години, да го подобрат тонусот на мускулите, да го спречат добивањето глауком, да го подобрат здравјето на белите дробови и многу други здравствени работи. Во продолжение прочитајте подетално за овие предности на прошетките и трудете се што повеќе да пешачите.rn

    1. Го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест

    rnПрошетката е добра за умот и менталното здравје воопшто. Според последните истражувања на Универзитетот во Вирџинија, мажите помеѓу 71 и 93 години, кои оделе повеќе од половина километар дневно имале значително помала зачестеност на деменција и Алцхајмерова болест.rn

    2. Ги зацврстуваат мускулите

    rnПознато е дека со вежбањето се оформуваат мускулите, а ова има посебно значење кога е во прашање прошетката. За време на одењето се зајакнуваат мускулите на нозете, задникот и стомакот. Доколку внимавате и на својот став и начинот на кој пешачите, ќе можете да ги зацврстите и стомачните мускули и половината.rn

    3. Го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат крвниот притисок

    rnСекој којшто имал срцеви проблеми најпрвин треба да се посоветува со доктор. Меѓутоа, прошетката може многу да помогне во подобрувањето на здравјето на срцето и има позитивен ефект врз притисокот.rn

    4. Го подобруваат здравјето на дебелото црево

    rnСпоред некои експерти, прошетката може да го намали ризикот од добивање на рак на дебелото црево дури до 31% кај жените. Секојдневните прошетки во времетраење од 10-15 минути помагаат во правилното функционирање на целиот дигестивен систем бидејќи вежбите се особено важни за варењето на храната во цревата.rn

    5. Го подобруваат расположението

    rnАко се чувствувате лошо и депресивно, решението за проблемот можете да го најдете во прошетката. Според едно истражување, луѓето кои пешачат помеѓу 30 и 40 минути секојдневно, 5 пати во неделата имаат подобро расположение и намалени депресивни мисли.rn

    6. Го победуваат глаукомот

    rnЗа оние кои имаат ризик од глауком или висок очен притисок, прошетката е препорачана помош за ослободувањето од притисокот во очите. Истражувањата покажуваат дека умереното вежбање, како трчањето и прошетките минимум 3 пати неделно, може да го намали очниот притисок.rnrnПокрај сите овие наведени придобивки на прошетките, секојдневните излегувања исто така можат да ви помогнат во слабеењето, зацврстувањето на коските, намалувањето на ризикот од дијабетес и подобрувањето на здравјето на белите дробови. Затоа се препорачува што почесто да шетате за да си обезбедите здрав и квалитетен живот.

  • Колкава количина кафе ви е потребна за да се заштитите од почетната фаза на деменција?

    Колкава количина кафе ви е потребна за да се заштитите од почетната фаза на деменција?

    Според неодамнешна студија, пиењето една до две шолји кафе на ден можат да го заштитат вашиот мозок од почетните фази на деменција. Од друга страна пак, поголемата количина кафе не води кон повисок невролошки заштитнички ефект. Всушност, студијата открила дека оние кои пиеле повеќе од две шолји кафе на ден имаат и до два пати повисок ризик од развивање благо когнитивно нарушување. Оваа состојба понатаму може да води до различни видови деменција, како Алцхајмеровата болест.rnrnkolkava-kolichina-kafe-vi-e-potrebna-za-da-se-zashtitite-od-pochetnata-faza-na-demencija-www.kafepauza.mkrnrnСимптомите на благото когнитивно нарушување вклучуваат мали проблеми со помнењето и забавено размислување и судење. Италијанската студија која испитувала 1.445 луѓе исто така открила и дека оние кои не пијат воопшто кафе се изложени на повисок ризик од оние кои пијат умерено. Авторите на студијата велат:rn

    „Овие откритија ни сугерираат дека постарите индивидуи со нормално когнитивно функционирање кои никогаш или ретко консумираат кафе и оние кои пијат повеќе од 2 кафиња на ден се изложени на повисок ризик од развивање благо когнитивно нарушување. Од друга страна пак, умереното и редовно консумирање кафе може да води кон невролошки заштитнички ефекти против оваа состојба, потврдувајќи голем број постари студии кои укажуваат на позитивните ефекти од кафето и чајот против когнитивните нарушувања и деменцијата.“

    rnСите учесници во оваа студија биле на возраст од 65 до 84 години.

  • 4 важни и клучни чекори за превенција на Алцхајмерова болест

    4 важни и клучни чекори за превенција на Алцхајмерова болест

    Вежбањето, здравата исхрана и менталните предизвици се одлични за здравјето на целиот организам, вклучувајќи го и здравјето на мозокот. Но, постојат и неколку животни навики кои истражувањата ни покажале дека се многу моќни кога станува збор за превенција на Алцхајмеровата болест.rnrn4 најважни чекори за превенција на Алцхајмерова болестrn

    Вежбајте 3 часа неделно

    rnВежбањето е одлично за вашиот мозок, особено на долготраен план. Експертите препорачуваат да вежбате барем 3 пати неделно, а во едно истражување дури се покажало и дека 3 долги прошетки во текот на неделата се сосема доволно за да ја држите младоста на мозокот и до 4 години подолго.rn

    Медитирајте 10 минути на ден

    rnПреголемото количество на кортизол во телото може да делува многу штетно на мозокот. Доволни ви се само 10 минути едноставна медитација за да направите чуда со вашиот мозок. Седнете исправено, затворете ги очите и дишете бавно. Правете го тоа 2 пати на ден, по 5 минути.rn

    Внесувајте омега 3 секојдневно

    rnЛичностите кои внесуваат адекватна количина на омега 3, имаат поголем волумен на хипокампусот за разлика од оние кои не го прават тоа. Експертите велат дека една здрава возрасна личност треба да внесува околу 1.500 милиграми од овие масни киселини дневно.rn

    Секој ден помнете нешто ново

    rnАко помнењето нови информации станe ваша навика и ако тоа го правите секојдневно, вашиот мозок ќе остане многу подолго млад. Истражувањата покажале дека личностите кои секојдневно нешто помнат, имаат зголемен процент на сива материја во мозокот за разлика од нивните врсници. Соочувајте го вашиот мозок со што е можно повеќе предизвици така што ќе ја зголемите социјалната интеракција, ќе научите нов јазик и постојано ќе развивате нови вештини.

  • Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ и други зеленчуци со зелени лисја

    Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ и други зеленчуци со зелени лисја

    Сите знаеме дека зеленчукот е добар за нас, но дали знаевте дека јадењето само една порција зеленчуци со зелени лисја дневно може да ве заштити од деменција? Истражувачите од Универзитетот Раш во Чикаго ја испитувале поврзаноста помеѓу диетата и менталната способност на 950 постари луѓе, секои 2 години во период од 10 години. Учесниците, чија просечна возраст била 81 година, поминувале низ 19 теста со цел да се идентификува нивната ментална функција, а потоа одбирале од листа со 144 видови храна и пијалаци од што се состои нивната диета.rnrnНеверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќrnrnОние постари возрасни кои јаделе зеленчук со зелени лисја како спанаќ и кељ, еднаш или два пати дневно, покажувале помало намалување на когнитивните способности за разлика од оние кои немале навика да ја јадат оваа храна. Дури и во оние ситуации кога едукацијата, вежбите и историјата во фамилијата за деменција биле вклучени како фактори.rnrnВо просек, учесниците кои јаделе зелени зеленчуци, со нив го одложувале своето когнитивно влошување за околу 11 години. Главниот истражувач Марта Клер Морис вели:rn

    „Губењето на меморијата или намалувањето на когнитивните способности се едни од најголемите стравови на луѓето кои стареат. Бидејќи намалената когнитивна способност е клучна за Алцхајмеровата болест, зголеменото внесување на зеленчук со зелени лисја може да ви понуди едноставна и евтина превентива од оваа застрашувачка состојба.“

    rnСе претпоставува дека овие придобивки настануваат поради високото ниво на витамини и хранливи вредности, како витаминот К, лутеинот и бета каротинот со кои изобилуваат зелените зеленчуци. Друга студија од Шведска покажала и дека спанаќот ја подобрува силата на мускулите. Можеби е време да почнеме да го слушаме Попај за исхраната…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

    ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе

    Оние кои наутро најпрво посегнуваат по шолјата кафе го сметаат кафето за пијалак испратен од Бог. Консумирањето кафе има бројни бенефиции, како спречување на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест или зголемена ефикасност на одредени апчиња против болки, како Аспиринот на пример. Сепак, кафето има и одредени негативности. Може да предизвика покачување на крвниот притисок, нарушувања во спиењето како и дамки на забите. Ова се некои бенефиции, но и негативности од косумирањето кафе. Сепак, сè си има свои добри и лоши страни, па така и кафето.rnrnza-i-protiv-pienjeto-kafe-kafepauza.mkrn

    ЗА:

    rnКафето содржи антиоксиданси, витамини, минерали и диететски протеини. Редовните консументи на кафе имаат бројни здравствени придобивки. Жените кои се страсни обожаватели на кафето имаат помал ризик за заболување од рак на дојка, додека кај мажите е намален ризикот од рак на простата. Истражувањата покажале дека консумирањето кафе го намалува ризикот од некои болести и заболувања, како на пример:rn

      rn011

    • Паркинсонова болест
    • rn011

    • Алцхајмерова болест
    • rn011

    • Дијабетес тип 2
    • rn011

    • Жолчни камења
    • rn011

    • Рак на усната шуплина, на хранопроводот или грлото
    • rn011

    • Напади на астма
    • rn011

    • Срцева аритмија
    • rn011

    • Мозочен удар
    • rn011

    • Цироза
    • rn011

    • Служи како стимуланс на одредени апчиња против болки
    • rn

    rnЗА и ПРОТИВ пиењето кафеrn

    ПРОТИВ:

    rnИако кафето има позитивни ефекти, преголемата консумација може да резултира негативно. Негативните ефекти на кафето вклучуваат:rn

      rn011

    • Нарушување на сонот и шемата на спиење
    • rn011

    • Аудитивни халуцинации
    • rn011

    • Отежнување на апсорпцијата на некои витамини и минерали во организмот, како магнезиум, цинк и железо
    • rn011

    • Покачување на крвниот притисок
    • rn011

    • Дехидрација и губење на витамин Б и Ц, како и калциум, железо и цинк
    • rn011

    • Дамки на забите
    • rn011

    • Може да ја влоши состојбата доколку сте подложни на киселини во желудникот
    • rn

    rnИсто така, кафето спаѓа меѓу растенијата и плодовите кои најмногу се прскаат со пестициди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Позитивните или негативните влијанија од кафето врз нашето здравје е постојан предмет на истражување на универзитетите ширум светот. Повеќето од добиените резултати велат дека кафето не е штетно по нашето здравје, туку напротив може и да го подобри, борејќи се против заболување од некои болести. Сепак, некои доктори на науки имаат поделено мислење околу оваа тема. Погледнете кој е одговорот на двајца професори на прашањето: дали треба да пиеме помалку кафе?rnrnДали треба да пиеме помалку кафе?rn

    НЕ

    rnСпоред проф. д-р Роб Ван Дам, доцент по здрава исхрана на харвардскиот факултет за јавно здравје, не треба да пиеме помалку кафе, бидејќи од него имаме големи здравствени придобивки. Еве што вели тој на оваа тема:rn

    За повеќето од нас, кафето не е штетно

    rnТочно е дека кафето може да го покачи крвниот притисок, така што ако имате хипертензија, паметно е да се префрлите на кафе без кофеин. Кофеинот исто така може да ви го наруши спиењето. Ако забележите дека од кафето сте вознемирени навечер кога ќе си легнете и не можете да спиете, намалете ја количината кафе која ја пиете на дневна база.rn

    Кафето може да го намали ризикот од заболување од дијабетес

    rnСекоја шолја кафе која ќе ја испиете, го намалува ризикот од заболување од дијабетес. Според истражувањето на архивите од интернационалната интерна медицина, откриено е дека после 3-4 испиени шолји дневно, го намалуваме заболувањето од дијабетес за 25%. Друго истражување покажало дека кафето без кофеин може исто така да го намали ризикот од заболување од дијабетес, што сугерира на тоа дека не е кофеинот тој кој што се бори против оваа болест, туку нешто друго во кафето, најверојатно антиоксидансот таканаречен хлорогенска киселина. Консументите на кафе, исто така поретко заболуваат од цироза и рак на црниот дроб.rn

    Кофеинот има свои предности

    rnКофеинот може да го намали ризикот од заболување од Паркинсонова болест, а најверојатно и од Алцхaјмерова болест. Тоа не е причина да почнете да пиете кафе доколку тоа не го правите сега, но е добра вест за оние кои уживаат во овој пијалак.rn

    ДА

    rnСпоред Џејмс Д. Лејн, професор, д-р на науки и директор на универзитетскиот медицински центар „Дјук“ во лабораторијата за психофизиологија, кафето е штетно и треба помалку да се консумира. Тој смета дека:rn

    Истражувањата поврзани со бенефициите од кафе се слаби

    rnГлавниот проблем во многубројните истражувања, е тоа што во нив се компарираат групи луѓе кои редовно пијат кафе и оние кои не пијат воопшто. Консументите на кафе можеби имаат нешто друго заедничко покрај пиењето кафе, што е вистинската причина зад која стојат овие здравствени придобивки. Само затоа што две нешта се доведени во корелација, не значи дека едното го предизвикува другото.rn

    Кафето може да ја влоши здравствената состојба

    rnКофеинот во кафето има негативни последици, особено кај луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес. Во едно истражување, хипертензичниот крвен притисок бил намален кај пациентите кои не пиеле кафе една седмица. Во друго истражување, откривме дека кај дијабетичарите на кои им се даде кофеин пред да им се направи гликоза толеранс тест (ОГТТ) им бил повеќе покачен шеќерот, отколку кога не им се даваше кофеин. Со други зборови, кај луѓето кои веќе имаат дијабетес, по сè изгледа дека кофеинот само им ја влошува состојбата. Кафето без кофеин пак, е сосема безбедно за овие пациенти.rn

    Кафето може да ви го зголеми стресот

    rnМоите истражувања имаат покажано дека адреналинот ќе влијае повеќе на стресот доколку сте се напиле кафе, отколку ако не сте пиеле. Тоа може да ве направи да се чувствувате напнато, вознемирено и нервозно и да ви направи проблеми со спиењето.rn

    Заклучок:

    rnДоколку немате дијабетес или висок крвен притисок, навиката за коснумирање кафе најверојатно нема да ви наштети, а може дури и да го подобри вашето здравје. Додека некои истражувања сугерираат на тоа дека некои луѓе се почувствителни на кофеин во однос на други, сепак немате причина да ја намалувате количината кафе која ја внесувате на дневна база, освен доколку сметате дека тоа ви создава несоница или чувство на вознемиреност. Ако тоа е случај, можеби треба да се префрлите на кафе без кофеин. Од друга страна, ако не пиете кафе воопшто, немате ни причина допрва да почнувате. Додавањето повеќе овошје, зеленчук и зрнеста храна во вашата секојдневна исхрана, е посигурен начин за намалување на ризикот од заболување од некоја болест.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.