КАФЕ ПАУЗА

Tag: аеробик

  • Здравствените придобивки од вежбањето зумба

    Здравствените придобивки од вежбањето зумба

    Зумбата е финтес-програма, која вклучува аеробни и танцови движења во ритамот на салса, хип-хоп, мамбо, регетон и други музички стилови. Во продолжение, погледнете кои се нејзините најголеми здравствени придобивки, кои уште веднаш ќе ве натераат да одите на часови по зумба.rnrnDance Fitnessrn

    Размрдување на целото тело

    rnЕдна од најголемите придобивки на зумбата е тоа што се раздвижува целото тело. Наместо фокусирање на одреден дел од телото, зумбата ве тера постојано да се движите, да бидете живи и да уживате во ритамот.rn

    Тонирање на мускулите

    rnЗумбата помага и при тонирањето на мускулите на целото тело без да почувствувате голема мака. И штом ова го забележите, желбата за зумба дотолку ќе ви се зголеми.rn

    Намалување на крвниот притисок

    rnСо правилен начин на исхрана и вежбање зумба, крвниот притисок со сигурност се намалува. Ова е многу важна придобивка, особено за оние кои имаат проблеми со високиот крвен притисок.rnrnЗдравствените придобивки од вежбањето зумбаrn

    Согорување на калориите

    rnОд појавувањето на зумбата во 90-те години, многу научни студии ја потврдуваат нејзината ефикасност во согорување на калориите. Се смета дека во просек, со еден час вежбање зумба, се согоруваат околу 400 калории. Примамливо, зар не?rn

    Ослободување од стресот

    rnВежбањето, воопшто, влијае врз ослободување на стресот. Танцувањето, музиката и движењата во зумбата го прават целиот тој процес малку поинтересен.rn

    Кардио тренинг

    rnЗумба вежбите се и добар кардио тренинг. Доколку кардио тренингот обично ви е заморен и ви претставува проблем, најдобро е да одите на зумба и да ги почувствувате таквите придобивки уште веднаш.rnrnЗдравствените придобивки од вежбањето зумбаrn

    Кондиција

    rnМожеби резултатите од зумбата нема веднаш да бидат видливи, но не грижете се. Комбинацијата на фитнес и танц движења, со сигурност ќе ве одржува во добра кондиција. И тоа претставува уште една причина плус зошто да се запишете на зумба и едноставно да уживате.rnrnИ за крај, додека не појдете на професионални часови, ви предлагаме да вежбате зумба во домашни услови. Среќно!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бескрајна забава со најдобрите Kinect игри за Xbox

    Бескрајна забава со најдобрите Kinect игри за Xbox

    Kinect игрите за Xbox целосно го променија начинот на кој претходно се играше. Со помош на најновите сензори, не ви се потребни џоистици – вие контролирате сè. На пример, ако одлучите да играте игри од областа на атлетиката, сè што се бара од вас е да станете од каучот, да направите малку место пред телевизорот и да започнете да трчате.Бескрајна забава со најдобрите Kinect игри за Xboxrn

    Забава за сите возрасти

    rnОд најмлади до најстари, секој може да ја најде својата игра за Kinect. Во зависност од играта, можат и повеќе луѓе да играат одеднаш. Но, не секогаш мора да бидете во иста просторија со вашите пријатели… Можете да играте и онлајн, каде што имате можност за комуницирање со видео во текот на играњето.rnrn

    rn

    rn

    Спортови

    rnИмате голема желба за спортување, но времето не е на ваша страна? Тоа повеќе не е проблем… Со првата сезона од спортови можете да куглате, да играте одбојка, пинг понг, фудбал, атлетика или да боксувате без воопшто да ја напуштите вашата дневна. Доколку ова не ви е доволно, втората сезона е тука со голф, скијање, американски фудбал, бејзбол и пикадо.rn

    rn

    rn

    Авантури и трки со коли

    rnИмате голем натпреварувачки дух? Соберете ги најблиските пријатели и организирајте необични натпревари кои ќе се паметат долго. Играта Авантура ви овозможува неколку различни предизвици за кои ви е потребна голема кондиција за да ги завршите до крај. А за трката со коли – па, веќе сè е кажано со името, но не заборавајте дека и во овој случај седењето е забрането…rnrn

    rn

    rn

    Танцување

    rnИгрите „Dance Central“ и „Dance Evolution“ се едни од најдобрите кога станува збор за танцување. Од вас се бара чекор по чекор да научите цела кореографија и потоа да „настапувате“ за да собирате поени. Овие игри се одлична забава и секако ќе ви помогнат многу при одржување на вашата кондиција.rnrn

    rn

    rn

    Зумба, фитнес и аеробик

    rnСакате да почнете да вежбате, но сè уште не можете да се одлучите каде… Овој вид игри за Kinect ви ги овозможуваат најдобрите вежби во вашиот дом. Сензорот го следи секое ваше движење и ве поправа доколку грешите, па можете слободно да го сметате и за ваш личен инструктор.rnrnЗумбата има незаборавни кореографии кои брзо и лесно се учат, а игрите за фитнес и аеробик ви овозможуваат сами да изберете дали сакате вежби за слабеење, за кондиција или пак само да затегнете одредени делови од телото.rnrn

    rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со аеробик до феноменален стомак

    Со аеробик до феноменален стомак

    Дигањето тегови со цел да направите добро тело и мускулест стомак, можеби сепак е само губење време. Новите истражувања покажуваат дека најдобар начин за топење на салото околу стомакот е преку аеробик вежби. Откако истражувачите ги следеле луѓето кои правеле аеробик вежби повеќе од 8 месеци и ги споредиле нивните резултати со оние на луѓето кои дигале тегови, првите стопиле речиси 20 пати повеќе сало околу нивниот стомак.Со аеробик до феноменален стомакГрупата која правела аеробик вежби, стопила во просек околу 16 квадратни сантиметри сало, додека онаа група која дигала тегови и правела аеробик вежби комбинирано, изгубила 9 квадратни сантиметри сало. Истражувачот кој стои зад овој проект, Крис Слентз од универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина, САД вели:rn.rn

    „Тренингот за издржливост е одличен за зголемување на силата и масата на телото. Но аеробик вежбите се подобри за губење на салото, бидејќи со нив се горат повеќе калории.“

    rnИстражувањето исто така открило дека оние кои правеле комбинации од двата стила на вежбање, не добиле никакви подобрувања од оние кои правеле само аеробик вежби. Истражувачите, салото околу стомакот го дефинирале како вицерално сало, кое се наоѓа длабоко во стомакот и ги опколува внатрешните органи. Тука не станува збор за поткожното сало. Вицералното сало е поопасно за здравјето на човекот, бидејќи се наоѓа поблиску до внатрешните органи и е поврзано со дијабетес, срцеви заболувања и некои видови рак.rnrnОва истражување е објавено во американскиот дневник за физиологија, ендокринологија и метаболизам. Во него биле вклучени 196 возрасни лица, кои имале од 18 до 70 години. Сите тие имале вишок килограми и биле поделени во 3 групи.rn.rn

    „Кога станува збор за срцеви заболувања, многу поважно е каде е стационирано салото, отколку колку го имате. Најважно е колку вежбате, колку пешачите и колку калории согорувате.“ – вели Крис

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Долгорочно – до Нова година

    Долгорочно – до Нова година

    Гостински пост: Високо ЦrnrnНедела е ден кога обично моите преморени мозочни вијуги бегаат од реалноста и процесираат беспотребни и небитни информации од типот: слонот не може да скокне, на пример. Сепак, денес не е таков ден.Долгорочно - до Нова ГодинаНоздрите ми ги дразни мирис на чад, а погледот ми завршува врз мајка ми која меша ајвар во дворот. Пикантно лут. Ах тој ајвар. Со лепче и сиренце. Вечен непријател на мојот стомак.rnrnСи мислам, ќе морам малку повеќе да запнам на аеробик утре. Колку калории треба да потрошам всушност?rnrnОк. Не дека сакам да се ставам себеси во категоријата на луѓе кои бројат калории (тоа се оние кои во супермаркетите секогаш ги вртат и превртуваат производите барајќи го делот Nutrition facts), ама си велам, дај барем еднаш да ги послушам бесплатните докторски совети кои велат дека одржувањето, односно намалувањето на килограмите до посакуваната идеална тежина ќе биде успешно само ако покажете долгорочна посветеност во режимот на исхрана и вежбањето.rnrnАко е тоа така, да речеме дека сакам да изгледам „најтоп“ за новогодишната вечер. 3 месеци од денес. „Најтоп“ би значело да намалам 5 килограми. Со  режим на исхрана од 1800 калории на ден, аеробик 3 пати неделно би требало да успеам да влезам во омилениот ми цветен фустан (кој е пак во мода оваа есен). Значи, 3 оброци по 500 калории и две ужини по 150. Продолжено еспресо има само 1 калорија. Кафе со млеко и малку шеќер – 80. Ок. Изводливо.rnrnСамо, нешто се мислам. Што со сите останати кои не можат да најдат време за вежбање поради брзото темпо на 21-от век, децата, сопругот, домот?rnrnИ иако пред некој ден прочитав дека интернетот не прави (извинете!) глупави, морав да побарам решение. Овој пат имав поголема среќа. Очигледно не сум првата која помислила на овој проблем. Значи вака.rnrnЗа еден час активност:rn

      rn011

    • чистење по дома = 210 потрошени калории
    • rn011

    • пеглање или миење садови или пазарување за дома = по 160 потрошени калории
    • rn011

    • подготвување ручек = 140 калории
    • rn011

    • гледање телевизија, читање книга и опуштање = 70 калории
    • rn

    rnВо основа, потрошените калории од еден час аеробик, се исто како и збирот на потрошени калории при активности низ домот. Единствената разлика е можеби во потрошеното време и мускулатурата, но тоа не ми делува битно кога си во прекрасен фустан, со нова фризура и шминка.rnrnЗначи мои драги дами, поставете цел. Во наредните 3 месеци посветете си себеси барем еден час дневно (140 потрошени калории), почнете да вежбате или едноставно придржувајте се до оној режим на исхрана кој вам ви одговара. Едно е сигурно. Ќе се чувствувате позадоволно, поубаво, посреќно и поздраво.rnrnОвој еден час пишувајќи ви, јас потрошив 100 калории. Сега одам да ги вратам назад. Ме чека моето омилено кафе со цимет.rnrnДо следното читање, останете ми во добро расположение.rnrnВисоко Ц