Ова е најверојатно најголемата фотографија во светот и истата едноставно ќе ве натера да заплачете што не сте таму, токму сега, во истиов момент! Таа нуди луксузен панорамски поглед од највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, овозможувајќи ви да „бидете“ во Дубаи, бар за момент.rnrnrnrnОваа фотографија е дело на Гералд Донован, на кој што му било дозволено да се искачи на највисоката точка на облакодерот Бурџ Халифа, на 828 метри надморска височина. Благодарение на него, можете да погледнете многу убави пејзажи од Дубаи, да го „посетите“ хотелот „Burj Al Arab”, најголемиот трговски центар во светот „Dubai Mall“, стазата за трки „Meydan”…rnrn
rnrnСоставена е од 48 посебни панорамски фотографии, кои ги фотографирал со резолуција од 80 мегапиксели, кои потоа ги составил во една. Резултатот е неверојатен: фотографијата е огромна и со неа можете да си играте, зумирајќи ја и ротирајќи ја, при што ви дава шанса да помислите како би се чувствувале, кога би седнале на врвот од највисоката зграда во светот. Тоа е глетката, која Том Круз ја популаризираше, седејќи на врвот од зградата, за потребите на снимањето на 4-тото продолжение од филмот „Невозможна Мисија“.rnrn
rnrn
„Ова е неверојатна фотографија направена од неверојатна локација. Таа ги рефлектира целите на HIPA, а тоа е проширување на границите на фотографирањето и прославување на фотографиите кои што имаат исклучителна убавина и квалитет и коишто навистина отскокнуваат“, вели Али Бин Талит, генералниот секретар за доделувањето на наградите.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Исто така ќе ви биде потребна и триногалка, затоа што креирањето вакви фотографии подразбира правење серии слики од едно фиксно место, притоа вртејќи се во круг. Уште една важна работа е тоа што ќе ви треба
Доколку ги фаќате фотографиите надвор, најубаво би било да одберете сончево и ведро време, но ако фотографирате во затворен простор, осигурете се дека ќе имате доволно светлина. Откако ќе ги направите фотографиите префрлете ги на вашиот компјутер и пробајте да ги склопите во вашиот софтвер.





rnrn