КАФЕ ПАУЗА

Category: Направи сам

  • Направете сами: Масичка од гајби за вино

    Направете сами: Масичка од гајби за вино

    Доколку за домот ви е потребна масичка за кафе, нема потреба да фрлате многу пари купувајќи нова од салон за мебел. Со мала инвестиција и труд, можете да си направите одлична масичка за вашиот дом.rnrnНаправете сами: масичка од гајби за виноrn

    Потребни работи:

    rn

      rn011

    • 4 дрвени гајби
    • rn011

    • 2 подолги летви
    • rn011

    • 4 тркалца
    • rn011

    • завртки
    • rn011

    • темно кафена боја
    • rn011

    • бормашина
    • rn

    rn

    Начин на изработка:

    rn1. Гајбите наместете ги како на сликата.rnrnНаправете сами: масичка од гајби за виноrnrn2. Потоа измерете ги должината и ширината на споените гајби. Откако ќе го направите тоа, исечете ги летвите и направете рамка, која ќе ја искористите како основа на масичката.rnrnНаправете сами: масичка од гајби за виноrnrn3. Со помош на бормашина зацврстете ги гајбите со по неколку завртки. На основата прицврстете ги тркалцата и потоа зацврстете ја основата заедно со гајбите. Во централниот дел на масичката ќе ви се создаде празнина во која можете да прицврстите две летвички во средината.rnrnНаправете сами: масичка од гајби за виноrnrn4. Следен чекор е боење на целата дрвена површина.rnrnНаправете сами: масичка од гајби за виноrnrn5. Откако масичката ќе се исуши, наполнете ја средината со камчиња или тапи од вино и таа е спремна и целосно функционална.rnrnНаправете сами: масичка од гајби за вино Направете сами: масичка од гајби за вино

  • Како да го бојадисате вашиот ѕид во омбре стил?

    Како да го бојадисате вашиот ѕид во омбре стил?

    Освежете го вашиот дом, бојадисувајќи некој ѕид во модерен омбре стил, во боја на мента. Вашето живеалиште ќе изгледа модерно и ќе се прелева во релаксирачки океански бои.Како да го бојадисате вашиот ѕид во омбре стил?Потребни материјали:rn

      rn011

    • 3 кантички со светла, медиум и темна нијанса од истата боја
    • rn011

    • Леплива трака
    • rn011

    • Валјак
    • rn011

    • Четки за бојадисување
    • rn011

    • Плиток сад за боја
    • rn

    rnПостапка за бојадисување омбре ѕид:rnrn1. Најпрво обојте го целиот ѕид со најсветлата нијанса. Потоа подгответе ја долната четвртина од ѕидот, обележувајќи ги границите со леплива лента и обојте го тој дел со најтемната нијанса.rnrn2. Помешајте ги најтемната со средната нијанса и обојте ја втората четвртина одоздола.rnrn3. Третиот дел одоздола, обојте го со средната нијанса.rnrn4. Со сува четка, комбинирајте ги нијансите и покријте ги видливите линии каде што се пресекуваат боите. Посветете се и на најмалите корекции, додека не добиете идеален омбре ефект.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативно решение за вашиот ѕид

    Креативно решение за вашиот ѕид

    Автор: Ема ЈакимовскаrnrnВеќе подолго време се чувствувате досадно во домот и сакате некаква промена? Ако е така, прочитајте го овој текст, затоа што ќе ви покажеме како на лесен начин да го смените изгледот на некој од ѕидовите. Вака направениот ѕид изгледа преслатко и на самиот простор му дава неверојатно чувство на топлина, удобност и многу карактер. Целата процедура е лесна и трае само два дена, земајќи го предвид и периодот одвоен за сушењето.Креативно решение за вашиот ѕидrn

    Што ви е потребно?

    rn

      rn011

    • Бои: три нијанси на портокалова боја, две нијанси на зелена боја
    • rn011

    • Алатки: четка за боење со дебелина од околу 3 см, скала, стиропор, картон и лепило
    • rn

    rnКреативно решение за вашиот ѕидrn

    Како да го направите?

    rnЗемете го картонот и исечете форми на мали квадрати.rnrnНа стиропорот нацртајте несовршени форми на кругови со радиус од околу 2 см и форми на листови, потоа истите залепете ги на парчињата картон за да ги направите печатите.Креативно решение за вашиот ѕидПочнете со најсветлата нијанса на портокалово и намачкајте од бојата на еден од печатите. Притиснете со печатот силно на ѕидот, особено задржете со прстите на краевите, за бојата поубаво да фати. Повторувајте ја постапката сè додека не покриете рамномерно една третина од ѕидот. Внимавајте на овој баланс, бидејќи е потребен простор и за останатите две нијанси.rnrnОткога ќе завршите со најсветлата нијанса, преминете на наредната и повторете го истиот процес. На некои места нијансите можат и да се преклопуваат.rnrnПродолжете така сè до најтемната нијанса на портокалово. Потоа, следат зелените листови. Тука се во прашање две нијанси, почнете со посветлата и завршете со потемната.Креативно решение за вашиот ѕидСовет плус: Внимавајте пред секое нанесување на нова нијанса, да застанете и да погледнете од далеку дали ѕидот е рамномерно покриен. Доколку не сте сигурни, најпрвин направете помалку печати, па потоа доколку видите дека не се доволни, продолжете со работата. Ако случајно згрешите, користете навлажнета тоалетна хартија за корекција и обидете се повторно. За рабовите да бидат почисти, на крајот направете печати во форма на кругови пресечени на половинки и поправете ги. Ова навистина ќе придонесе за подобар и поуреден изглед.rnrnВажно да се напомене е дека ѕидот нема да изгледа супер сè до самиот крај. На почетокот ќе си помислите дека не вреди, но не обесхрабрувајте се, после неколку слоеви боја, ќе изгледа феноменално.rnrnШто мислите? Ако ви се допадна предлогов и имате каде да го испробате, веднаш фаќајте се за работа и направете си форми кои вам најмногу ви одговараат и ви се допаѓаат. Среќно!Креативно решение за вашиот ѕид Креативно решение за вашиот ѕид Креативно решение за вашиот ѕид Креативно решение за вашиот ѕид
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Туторијал низ слика: ново ланче од стари копчиња

    Туторијал низ слика: ново ланче од стари копчиња

    Изработката на нов накит во домашни услови е одличен начин да се биде креативен и да се заштедат пари. Наместо да си го „олесните“ паричникот, вашата колекција за накит збогатете ја така што ќе ги искористите старите копчиња од разни видови облека или накит кој излегол од мода.rnrnОва е туторијал низ слика со чија помош ќе си направите ново ланче без да трошите пари. Сè што ви треба е парче ткаенина, игла, конец, течен лепак, синџирче и неколку копчиња.rnrnЗабавувајте се и бидете креативни!rnrnТуторијал низ слика – Ново ланче од стари копчињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Прекрасна слика со помош на вашето семејство

    Направете сами: Прекрасна слика со помош на вашето семејство

    Денеска ќе ви презентираме еден интересен „направи сам“ фамилијарен проект, кој ќе ви остане како драг спомен и убав украс за домот. Ќе ви бидат потребни едно платно за сликање, неколку пастелни бои и дланките на сите членови на вашето семејство.rnrnНаправете сами: прекрасна слика со помош на вашето семејство rnrnНацртајте стебло и потоа секој од семејството нека направи отпечаток од својата дланка со различна боја. Откако ќе го направите вашето семејно дрво, можете да напишете и некоја убава порака и да ја урамите прекрасната слика.rnrnНаправете сами: прекрасна слика со помош на вашето семејство rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Исполнете ја вашата соба со многу љубов

    Исполнете ја вашата соба со многу љубов

    Овие тридимензионални срциња ќе ви помогнат да си ја исполните вашата соба со многу љубов. Лесно се прават, не ви се потреби некои специјални работи за кои ќе треба да одвоите многу пари, а собата ќе ви изгледа одлично.rnrnИсполнете ја вашата соба со многу љубовrn

    Потребни материјали и алатки:

    rn

      rn011

    • црвени листови
    • rn011

    • лепило
    • rn011

    • ножици
    • rn011

    • молив
    • rn011

    • селотејп
    • rn

    rnНацртајте убави срциња во разни големини на листовите и исечете ги со помош на ножиците.rnrnИсполнете ја вашата соба со многу љубовrnrnГорниот дел од срцето засечете го на средина и на едната страна нанесете лепило. Потоа спојте ги страните и подржете некоја секунда лепилото да се засуши.rnrnИсполнете ја вашата соба со многу љубов Исполнете ја вашата соба со многу љубов Исполнете ја вашата соба со многу љубовrnrnПостапката повторете ја со сите срциња, а потоа залепете ги со селотејп на ѕидовите во вашата соба или врз некој постер.rnrnИсполнете ја вашата соба со многу љубовrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како сами да си направите течна пудра?

    Како сами да си направите течна пудра?

    Секоја жена трага по идеалната пудра. Секогаш прв услов за совршен изглед на кожата на лицето е нејзиното негување, а потоа следи шминката. Совршената пудра е основен и најважен елемент на шминкањето, па затоа е многу важно да се комбинираат и бараат оние што најмногу одговараат на кожата. Ви ја прикажуваме постапката како од природни состојки и минерална пудра во прав да направите течна пудра.rnrnКако сами да си направите течна пудра?rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Минерална пудра во прав (нијанса и вид кој најмногу ѝ одговара на вашата кожа)
    • rn011

    • Масло за лице (бадемово, кокосово, маслиново…)
    • rn011

    • Некоја капка етерично масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо еден сад ставете ја пудрата во прав и маслото, во сооднос 2:1. Мешајте додека не се растопат сите грутчиња. Додавајте пудра и масло додека не добиете густина која ќе ви одговара. Откако ќе ја добиете потребната густина, капнете некоја капа етерично масло.rnrnСе нанесува како и секоја друга течна пудра, а можете да ја зацврстувате со нанесување на малку минерална пудра во прав, особено кога времето е повлажно или ако имате масна кожа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 креативни намени на вашите омилени фотографии

    10 креативни намени на вашите омилени фотографии

    Фотографирањето е апсолутен тренд, зараза која многумина од нас лесно ја префатија. Најголеми виновници за ова се онлајн-сервисите за споделување фотографии, посебно Инстаграм, кој со неколку ефекти прави сите да се чувствуваме како професионални фотографи.rnrnАко сите срциња на Инстаграм и лајкови на Фејсбук не ви се доволни, еве како да ја пренесете креативноста во вашиот дом, па да почнете да добивате комплименти и во живо од вашите гости. Ви нудиме 10 различни идеи да ги овековечите омилените креативни фотографии на стариот добар начин – во печатена форма.rnrn1. Направете огромна мрежа од фотографии на вашиот ѕид. Залепете ги фотографиите со леплива лента. Изберете фотографии со слични сцени за да ѝ дадете на мрежата единствен изглед. Предност – оваа мрежа лесно се отстранува, па кога ќе ви здосади или тргнете ја сосема или заменете ја со нови креативни фотографии.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn2. Фотографиите во тегла или друг стаклен сад свртен наопаку се навистина убава замена за класичните рамки. Изгледаат како стаклени топки наполнети со лични спомени.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn3. Земете класична рамка за големи слики и на белата површина налепете ги фотографиите од одредено патување, од вашата свадба или од роденденот на вашето синче. Употребувајте селотејп кој лепи од двете страни. Испечатете ги фотографиите во форма на квадрат и внимавајте на подредувањето и растојанието меѓу нив.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn4. Со помош на штипки и декоративни шајчиња или боцки прицврстете ги омилените фотографии на ѕидот или на плоча.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn5. Земете фотографии во различни големини и наредете ги околу рамката на вратата. Можете да додадете леплива хартија на рабовите на сликите за да направите уште поинтересен ефект.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn6. Употребете обични пластични садови во квадратна форма за да чувате куп испечатени фотографии во домот. Ова е секогаш интересна занимација за гостите.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn7. Мрежа од фотографии на ѕидот можете да направите и во колоритна варијанта. Го разигрува просторот во дневната соба, ги интригира гостите и предизвикува пријатни насмевки и воздишки секогаш кога ќе поминете крај неа. За полесно да ги подредите правилно користете леплива хартија (креп трака) и потоа редете по неа.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrnДруга варијанта на мрежа од фотографии е да купите мали магнетчиња и да ги залепите за задниот дел од испечатените фотографии. Потоа можете да го украсите фрижидерот.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn8. Поставете неколку фотографии (9 или 16) на парче платно со рамка, збиени една до друга.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn9. Испечатете ги омилените фотографии и направете си личен албум во убава тетратка или тефтер.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографии 10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn10. Направете дневник за фаќање креативни белешки во моментите на инспирација. Креативноста се развива со креативност. Изберете ги омилените фотографии и облепете ги кориците на тетратката. Потоа носете го вашиот дневник секаде со вас и запишувајте ги внатре сите креативни идеи кои ќе ви дојдат на памет.rnrn10 креативни намени на вашите омилени фотографииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од стари до убави модерни чизмички за помалку од 50 денари

    Од стари до убави модерни чизмички за помалку од 50 денари

    Наместо да трошите пари на нов пар чизми за следнава сезона, можеби е подобро да си ги разубавите старите. Со мала инвестиција можете вашите стари чевли да ги оживеете во полн сјај.rnrnОд стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денариrnrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • пар пониски чизми
    • rn011

    • подолга лента материјал со дезен по ваш избор
    • rn011

    • подолга лента еластична тантела
    • rn011

    • безбојно силно лепило
    • rn

    rn

    За дополнително украсување (незадолжително)

    rn

      rn011

    • 2 мали колани
    • rn011

    • кожни врвки
    • rn011

    • пердуви
    • rn011

    • синџирче, метални крукчиња и интересен приврзок
    • rn

    rnОд двата материјали исечете ленти кои можат да ги опколат чизмите. Лентите од материјалот со дезен треба да ви бидат потесни од оние од тантела.rnrnПоставете ја чипката околу чизмата, зацврстете ја со помош на игли и исечете ги непотребните делови и на крај зашијте ја. Истото повторете го одозгора со материјалот со дезен.rnrnОд стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денариrnrnЗа дополнителна цврстина можете да додадете и малку лепило од внатрешната страна на материјалите. Внимателно нанесете многу мала количина, за да не се познава преку материјалите.rnrnОд стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денариrnrnНапомена: Чизмата претходно наполнете ја со стари крпи или весници, за да не претерате при поставувањето на лентите и потоа да ве стегаат.rnrnОд стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денариrnrnВеќе имате добиено интересен нов дизајн на вашите стари чизми. Понатамошното украсување е по избор и не е задолжително. Ова се два примери како можете дополнително да ги украсите вашите чизмички.rnrn1. Замотајте ги чизмичките со малите кожни колани и додадете малку лепило од внатрешната страна за тие да се фиксираат. Оставете ги ден-два убаво да се исушат.rnrnОд стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денариrnrn2. Со помош на синџирчето, приврзокот и пердувите украсете ги чизмите дополнително.rnrnОд стари до модерни убави чизмички за помалку од 50 денари
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што да правите со старите излитени чорапи?

    Што да правите со старите излитени чорапи?

    Есента е совршено време за реорганизирање на облеката и средување на плакарот. Фармерките, блузите и маиците, секогаш можеме да му ги подариме некому или да ги донираме, но што да правиме со старите излитени чорапи?rnrnШто да правите со старите излитени чорапиrnrnНаместо да ги фрлите во кантата за отпадоци, овие фотографии можат да ве инспирираат од нив да направите интересни работи кои можат да ви се најдат во извршувањето на секојдневните работи. Од стар чорап можете да си направите стегач за рака во кој ќе го чувате мобилниот телефон додека трчате, интересна кукла за вашите деца, да создадете разни украси за низ дома и многу други креативни изработки.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.