Со помош на овој лесен туторијал низ слика ќе може да изработите прекрасни вазни и да го разубавите вашиот двор. Сè што ќе ви биде потребно е пластично шише, ножички, јак лепак, парче материјал и конец.rnrnПресечете го долниот дел од едно пластично шише. Одберете парче материјал со интересен принт и измерете го да се совпаѓа со пластичната вазна. Со помош на четка нанесете течно лепило за да го залепите материјалот на шишето. Откако добро ќе го залепите материјалот, оставете лепакот да се исуши. Направете две дупки на спротивните краеви од вазната и заврзете дебел конец на кој вазната ќе виси. Исто така, доколку сакате може да залепите и друг материјал како декорација на вазната. Уживајте во изработката на овие пластични вазни и во разубавувањето на вашиот двор или градина.rnrn
Category: Направи сам
-

Интересни висечки вазни кои може да ги изработите сами
-

Направете сами: домашен спреј против комарци
Топлото и убаво време, за жал си има и свои негативности. Кога зборуваме за малиот број негативни страни на летото мислиме на комарците. Во маркетите ќе најдете многу средства за заштита од комарци, но сите тие содржат хемикалии кои негативно влијаат на вашето здравје. Со цел да се заштитите од комарците, но и од хемикалиите во купечките средства за заштита, направете си домашен спреј против комарци.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 20 г свежи листови од босилок
- 10 капки есенцијално масло од босилок
- 120 мл зовриена вода
- 120 мл вотка
rn011
rn011
rn011
rn
rnВо стаклен сад ставете ги листовите босилок, врз нив налејте ја зовриената вода и оставете ги да отстојат 3-4 часа. Отстранете го босилокот стискајќи ги листовите за да се исцеди водата од нив. Налејте ја течноста во шише со пумпа за прскање, додајте ја вотката и протресете. Доколку сакате подобар мирис може да додадете масло од босилок. За да се заштитите од убод на комарци напрскајте се по телото и минете ги летните ноќи на раат.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Направете сами: слатки перници со мотиви на був
Бувовите се слатки птици кои во некои култури претставуваат мудрост. Исто, застапени се во модата, со облека и аксесоари со принтови или во форма на бувови. Еве како сами да изработите кул перничиња со мотиви на був за да го разиграте домот.rnrn
rnПотребно:
rn
- rn011
- 2 парчиња материјал (еден со интересен принт и друг еднобоен, но внимавајте боите да одговараат)
- Неколку меки материјали во различни бои (како на пример кафена, бела, жолта и црна, бидејќи ќе ви служат за очите и клунот на бувот)
- Вата
- Ножички
- Модел на був изработен од парче хартија (во големина на перницата)
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПоставете го моделот на був над главниот материјал и внимателно исечете го материјалот според моделот од хартија. Од другиот материјал исечете ги крилјата на бувот и зашијте ги заедно со главниот дел од бувот. Од мекиот материјал направете ги очите и клунот на бувот. Слободни сте да ја искористите вашата креативност и да направите да изгледа онака како што сакате.rnrn
rnrnОткако ќе го направите предниот дел, зашијте го со задниот дел (парче материјал ист како основата на предниот дел), оставајќи еден раб незашиен за да ја наполните перницата. Наполнете ја перницата со вата и зашијте го и последниот раб. Внимавајте ватата да биде секаде еднакво распоредена. Перничињата може да ги направите во различни големини, а исто се одлични како подарок за роденден.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Креативни начини за повторна употреба на старите предмети
Автор: Софија СионоваrnrnВо домовите често имаме работи кои не ги употребуваме и само напразно така стојат и чекаат да видат малку светлина од денот. Добар начин за нивна повторна употреба, како и за олеснување на работата на мајката природа е рециклажата, при што старите предмети ќе добијат нова намена и ќе станат повторно корисни. Еве 23 одлични идеи.rn
1. Аквариум од стар телевизор
rnСе прашувате што да направите со стариот телевизор кој собира прашина низ куќата? Еве одличен начин за негова повторна употреба. Дури и ако немате телевизор, можете да купите стар за многу малку пари, а да уживате во глетката на вашите рипчиња засекогаш и без реклами.rnrn
rn2. Закачалка од стар клуч
rnАко стариот клуч е веќе неупотреблив или не ви е потребен, зошто да ја мачите планетата Земја со векови да го разградува? Многу лесно и брзо може оваа алатка да биде претворена во уникатна закачалка.rnrn
rn3. Од обичен стол до авангардна полица
rnКако да ја смените перцепцијата за секојдневната столицата? Сѐ што треба да направите е да ги закачите столиците на ѕидот за да ги видите и другите намени кои ги имааат, секако освен седењето.rnrn
rn4. Трансформација на куферот полн со спомени во романтично столче
rnАко стариот куфер ви носи носталгија и тажни сеќавања тогаш претворете ја тагата во нешто убаво, како романтично столче каде можете да читате љубовни приказни или само да уживате во комоцијата која ја нуди.rnrn
rn5. Книга или плик чантичка?
rnИмате премногу книги во вашата библиотека кои само така стојат и зафаќаат место, а смачено ви е од старите чанти? Решен проблем. Старата книга само во неколку лесни чекори може да стане нова модерна плик чантичка. Фирмите како ASOS и Kate Spade веќе ги направија нивните преслатки модели.rnrn
rn6. Старите непотребни гранки можат да ви го осветлуваат домот
rnПаднатите гранки во дворот знаат да направат голем хаос и ѓубре, но можат да бидат искористени и за еколошки лустер.rnrn
rn7. Ламба од касети
rnАко сѐ уште не можете да се помирите дека времето на касетите помина и сакате да ги зачувате вашите омилени касети одлична идеја е да ги претворите во ламба. Ламбата може да ја користите секој ден па така долго, долго ќе се сеќавате на времето од 90-тите кога касетите беа најмодерни.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Направете сами: сјај за усни во различни бои
Автор: Ана ПетровиќrnrnДоколку не сакате да трошите богатство на козметички препарати, секогаш постои алтернатива сами да си ги припремите. Еве како лесно и евтино да направите сјај за усни во каква боја и да посакате.rnrn
rnrnСè што ви е потребно е само вазелин и сенка за очи или руменило, во зависност од бојата што сакате да ја постигнете. Ваквиот сјај е потполно безбеден за вашите усни: вазелинот обезбедува хидратација, а пигментите од сенките за очи и онака често се користат во купечките кармини и сјаеви.rnrnНачинот на подготовка е едноставен – иситнете ја сенката во прав, добро промешајте ја со вазелинот и ставете ја смесата во компактно кутиче за полесна употреба (на пример кутиче од леќи).rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да си направите маица во пастелни бои со помош на чај?
Коралната боја, пастелната розова и песочната се нијансите кои ќе ја одбележат пролетната сезона, а бутиците се веќе полни со маици, фустани и блузи во овие нежни нијанси. Ако сакате и вие да ја надополните вашата гардероба со некое такво парче, не мора веднаш да тргнете во шопинг. Обидете се сами да офарбате маичка која веќе ја имате и тоа со помош на овошен чај.rnrn
rnПотребно ви е:
rn
- rn011
- Бела памучна маичка или кошула
- 7 лажици сол
- Овошен чај од шумско овошје, вишна, рибизла, јагода или друго слично црвено овошје
- Тенџере
- Цедилка
- 2 литра вода
- Пластичен сад
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Постапка:
rn
- rn011
- Во садот ставете 1 литар топла вода, додајте ја солта и добро измешајте додека не се растопи.
- Ставете ја маицата во садот и оставете ја да стои околу 1 час.
- Во тенџерето ставете 1 литар вода, загрејте ја и кога ќе зоврие ставете 10 кесички чај (повеќе ако сакате поинтензивни бои).
- Оставете уште малку да повари, тргнете го тенџерето од огин и потоа оставете ја обоената боја да поседи 5 минути откако ќе ги извадите кесичките.
- Маицата извадете ја од солената вода, нежно исцедете ја и ставете ја во чајната вода. Нека стои околу 1 час.
- Доколку сакате да ја прошарате маицата, потопете само дел од неа во црвената вода, а другиот дел од маицата потопете го во раствор од кафе (со 6 лажици).
- По отстојувањето, исперете ја маицата во ладна вода превртена наопаку.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Направете сами: удобен кревет за вашето милениче
Искористувањето на стари материјали или парчиња облека е одличен начин да заштедите парични средства. Со помош на овој краток и едноставен туторијал, ќе го искористите стариот џемпер за да му направите меко и удобно место за спиење на вашето поспано милениче.rnrn
rnrnЗемете го стариот џемпер и наполнете ги ракавите со мек материјал или вид пена. Ставете малку од истиот материјал во средина на џемперот. Двата краеви на џемперот здиплете ги навнатре и зашијте ги. Потоа крајот на едниот ракав ставете го во другиот и зашијте ги заедно за да не излезе материјалот.rnrnСега слободно може да го израдувате вашето домашно милениче со удобен кревет за спиење и попладневни дремки.rnrnПогледнете го и овој туторијал за како да ѝ направите удобна куќичка на вашата мачка.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да си ја нацртате раката во 3Д?
Се сеќавате ли кога бевте мали и кога си ја цртавте раката на лист хартија? Следете ги инструкциите од ова видео и ќе можете да си ги надградите вашите вештини и истиот цртеж да го направите во 3Д.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Уште една одлична првоаприлска шега: Глава во тегла
Токму навреме, пред празникот на шегата, веб-сајтот Instructables нѐ послужи со еден интересен проект кој можете да го искористите за да исплашите и насмеете некого на први април. Главата во тегла, во зависност од прецизноста со која ќе се изработи, може да изгледа толку реално што секакви реакции би биле очекувани, од гласна смеа до сериозен врисок.rnrn
rnrnТреба да започнете со внимателна и вешта дигитална обработка на фотографии од нечија глава, по можност вашата. Ќе ви треба една фотографија во анфас и една во профил за да ги изработите страните. За тоа, можете да работите во Фотошоп или во некој друг софтвер за фотообработка.rnrnДоколку не сте многу вешти во фотоманипулацијата, можете да преземете готов PDF (117 MB) со главата од примерот на Instructables.rnrn
rnrnАко работите сами, ќе треба вешто да ги споите двете фотографии, да ги отстраните непотребните делови и да внимавате на порамнувањето, на пример ушите да бидат на иста позиција од сите страни. Исто така, многу е важно да нема разлика меѓу нијансите на фотографиите, а ако постојат, ќе треба да си поиграте со нивоата на контраст, светлина и боја.rnrnОткако ќе ја добиете финалната фотографија, треба да ја испечатите и да ја однесете во некоја печатница да ви ја пластифицираат за да не се распадне штом ја ставите во теглата со вода.rnrn
rnrnЗавиткајте ја цилиндрично подготвената фотографија и пикнете ја во теглата. Потоа, ставете малку боја за храна во водата, а за дополнителен ефект можете да додадете и некои тревки.rnrn
rnrnПотоа сместете ја теглата во фрижидер и чекајте го врисокот кој ќе биде јасен знак дека некој ја пронашол. Не е лоша идеја и да му ја оставите како неочекуван подарок на некој колега на работа.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Направете сами: пролетно дрво од украсна хартија
Автор: Ана ПетровиќrnrnДоколку сакате да внесете пролетен амбиент во вашиот дом, ова е едноставен предлог како да го направите тоа. Освен за декорација на домот, ова шарено дрвце може да послужи како креативен свадбен или роденденски подарок за вашите најблиски.rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Украсна хартија со различни дезени
- Гранчиња од дрво
- Жица
- Лепило
- Ножици
- Картон
- Вазна каде што ќе ги поставите гранчињата
- Весници
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnИнтересно е тоа што веројатно поголемиот дел од материјалите веќе ви се наоѓаат при рака. Колку едноставен начин да ја внесете пролетта во вашиот дом!rn
Како да го направите тоа?
rn1. За почеток, земете ја вашата колекција од украсни хартии, кои ви останале неупотребени. Доколку немате ваков тип хартија во својот дом, можете да си набавите неколку од вашата најблиска продавница.rnrn
rnrn2. На парчето картон нацртајте форми на листови, кои подоцна ќе ги исечете. Обидете се да ги направите листовите симетрични, за да може полесно да ги споите со украсната хартија.rnrn
rnrn3. Земете дел од жицата и исечете ленти во должина 12-20 см. Направете неколку различни должини за дрвото да изгледа побујно.rnrn
rnrn4. Со помош на веќе исечените листови од картон, направете идентични форми на листови од украсната хартија.rnrn
rnrn5. Распоредете весници по вашата работна маса, за да го избегнете нередот. Земете го листот од картон и на него нанесете малку лепило, врз кое ќе ја поставите жицата. Врз жицата, поставете го листот од украсната хартија и притиснете за да се залепат убаво, а потоа оставете го неколку минути на весниците, за да се исуши.rnrn6. Направете го истото со сите листови.rnrn7. Сега забавниот дел – почнете да ги обвиткувате гранчињата со помош на жицата. Можете да ги поставите да изгледаат природно (како сликата погоре)…rnrn
rnrnили нежно да ги извиткате за да изгледаат позабавно.rnrn
rnrnИ готови сте! Креативна идеја која ќе го разубави вашиот простор и ќе послужи како одлична декорација во некоја од собите.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














