(20 јануари – 18 февруари)rnrn
Водолиите се најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот. Тие се внимателни, нежни, страсни и пријателски настроени. Повеќето припадници на овој знак се многу независни и имаат страшно оригинални идеи и замисли. Може да имаат проблем во љубовните врски, како резултат на некои нивни негативни карактеристики, како непредвидливост и тврдоглавост, но во суштина тие се истрајни во љубовта и може да се очекува да бидат посветени партнери.rnrn
Независни
rnВодолиите размислуваат за она што е најдобро за нив. Тие се секогаш желни и заинтересирани да научат нови работи. Не се двоумат за тоа кој пат треба да го изберат во животот и дали оваа или онаа љубовна врска е вистинскиот избор за нив, туку веруваат дека сите нешта треба да се случуваат по својот природен тек. И покрај тоа што припадниците на овој знак се многу добродушни и срдечни, може да станат многу вознемирени и лути ако некој им ја „загрози“ нивната независност и слобода.rnrn
rnrnНиту женските, ниту машките водолии не сакаат да се чувствуваат ограничено или придушено во љубовните врски. Ним им е потребен простор и доволно слободно време, во кое ќе имаат можност активно да го живеат животот како индивидуи, а притоа истовремено останувајќи лојални кон својот љубовен партнер.rnrn
Сложни и пријатни
rnВодолијата е најчесто безгрижна и релаксирана, па поради тоа успева да оформи цврсти пријателства. Таа ретко кога се чувствува под стрес, па затоа ужива да запознава разни луѓе и да живее здрав и квалитетен социјален живот. Независни и оригинални во нивниот поглед кон животот, водолиите се и навистина драгоцени, ценети и корисни работници. Тие умеат добро да соработуваат со колегите кога работат некоја тимска работа и се срдечни и топли кога треба да се состанат со нови клиенти. Но, водолијата исто така нема да се двоуми дали да го искаже своето мислење ако има сосема обратно гледиште на работите во однос на колегите и без проблем ќе ја понуди нејзината сосема нова перспектива на ситуацијата. Поради оваа карактеристика, таа често влегува во предизвикувачки и несовладливи расправии со другите луѓе, на многу различни теми.rnrn
rn
Страсни личности
rnВодолиите се страсни личности во љубовта и во животот воопшто. Тие силно ги чувствуваат нивните емоции и сметаат дека искажувањето на истите на другите луѓе е сосема во ред. Некои луѓе може да ја доживуваат водолијата како премногу драматична особа, но во суштина таа има тенденција да биде многу логична и ретко би дозволила чувствата да ја надвладеат во доброто резонирање. Нејзините јаки емоции ја прават одличен пријател кој умее да слуша и да сочувствува со оние кои ѝ се драги. Таа исто така умее да дава и многу добри совети. Многу водолии се големи хуманитарци и активно бараат начин да им помагаат на оние луѓе на кои им е потребна поддршка.rnrnСтраста на водолијата може да постане и негативна карактеристика. Таа станува непријателски настроена ако нешто ја испровоцира на кавга и тврдоглаво ќе се придржува до својот став, дури и откако проблемот ќе биде решен. Ако во вашиот живот имате некоја водолија и сакате да ја избегнете оваа стапица, обидете се со неа да водите ведар и чисто информативен разговор и да се фокусирате повеќе на разменување мислења, отколку емоционално да бидете погодени од ваквите ситуации.rnrn
Емотивни
rnЕмоционалните искуства и справувањето со нив е тешка задача за водолиите. Емотивната разединетост на водолијата е причина зошто таа однадвор може да делува студено и отсутно во љубовта. Ова не значи дека водолиите се нечувствителни личности, туку дека ним им е потребно подолго време пред да решат да му дозволат на некој да стане дел од нивниот живот. Кога еднаш ќе го тргнат нивниот штит, водолиите во очите на другите стануваат многу лојални, верни и енергични личности.rnrn
Водолиите во љубовта
rnВодолиите се најкреативните и најиновативните знаци во зодијакот. Тие не сакаат да се чувствуваат како да се затворени во кутија во секојдневниот живот, а истото важи и во полето на љубовта. Тие сакаат постојано да го изненадуваат нивниот партнер. Еден ден водолијата може да ви предложи да одите на прошетка во парк. Наредниот ден ќе ви понуди да одите на патување во Бразил. Нејзините иновативни идеи се составен дел од начинот на кој ги изразува нејзините емоции. Љубовната врска со водолија не може да биде монотона. Во принцип водолиите не се нешто многу романтичен знак, но тие умеат да најдат креативен начин да ги изразат нивните длабоки емоции на начин на кој ним им е најудобно. На некои може водолијата да им изгледа малку ексцентрично, но таа всушност е многу природна.rnrn
rn
Лојални пријатели
rnКаде и да оди, екстравертната водолија создава пријателства. Таа обожава постојано да запознава различни карактери на луѓе. Истото важи за водолијата и на љубовен план – во врските е пред сè другар па после сè друго. Таа ќе сака да чуе каков ви бил денот и да ги дознае сите ваши проблеми. Ќе се грижи за вас кога сте болни и ќе биде заинтересирана да ви помогне на секој можен начин.rnrn
rnrnВодолиите имаат тенденција да бидат високо интелектуални личности и бараат партнери кои ја делат истата пасија. Тие сакаат само да добиваат комплименти и пофалби од нивниот партнер, но не и да даваат.rnrnВо принцип водолиите се многу лојални љубовни партнери. Тие не би ставиле крај на врска поради некои бесмислени причини. Наместо тоа, тие работат на решавањето на проблемите и се обидуваат да избегнат создавање на поголеми. Тие ќе се борат за нивната врска и во добро и во лошо и ќе настојуваат да ја задржат цврста на долг рок.rnrn
Игра на заведување
rnВодолиите се логични луѓе. Тие поминуваат голем дел од времето анализирајќи ги деталите на ситуациите во нивната глава. Како резултат на тоа, тие честопати гледаат на љубовта како на игра. Водолиите буквално кажано, уживаат во процесот на освојување на потенцијалниот партнер. Тие всушност не се брзаат да влетаат во врска, бидејќи сакаат подолг период да и се восхитуваат на фазата на додворување. Сакаат да одат чекор по чекор, за да можат добро да проценат дали имаат иднина со таа личност или не. Во секој случај не треба да се заборави дека водолиите се во потрага по љубов и партнер со кој ќе го делат животот.rnrn
Негативни карактеристики:
rnrn
Екстремно невообичаени
rnrnВодолиите се оригинални затоа што никогаш не се водат според некои општествени стереотипи. Невообичаениот поглед кон работите, водолијата не го доживува како лоша работа. Поставувањето граници на самоконтрола според неа е бесмислена работа. Таа не сака да следи никакви правила или формалности, а тоа честопати оди на штета на други луѓе. Нејзината ексцентричност ја води кон донесување екстремни одлуки и чудни заклучоци. Понекогаш е тешко да се води разговор со водолија за важни работи бидејќи таа или тој, ќе го доживува вашето гледиште на работите како „премногу безбедно“.rnrn
Тврдоглави
rnВодолиите се водат според нивната логика и брзо донесуваат одлуки. Кога овој хороскопски знак ќе донесе одлука, бидете сигурни дека таа нема да се промени уште долго време. Водолиите ги држи лутина долго време дури и за најситни кавги и недоразбирања. Ако сте неразумни и ја погодите „лошата точка“ на водолијата, таа тоа ќе го памети засекогаш. Таа се бори за нејзиниот став дури и кога не постојат изгледи за да успее во тоа. Страста која ја поседува овој знак може да претставува и негова добра карактеристика, бидејќи тој секогаш е желен да се бори за она во кое верува.rnrn
rnrn
Одвоени, затворени и осамени
rnВодени според нивниот интелект, а не според срцето, водолиите не ги изразуваат нивните емоции на начин на кој што другите очекуваат тоа да го прават. Тие ги чуваат чувствата во себе, бидејќи не сакат да бидат повредени, па поради тоа сакаат да си дадат повеќе време да запознаат некоја личност, пред да решат да ѝ се отворат.rnrnПријателите на припадниците на овој хороскопски знак често се жалат дека не можат да сфатат што се случува во главата на нивниот другар-водолија. И покрај тоа што водолиите лесно и брзо се спријателуваат, не сакаат да ги споделуваат нивните чувства. Исто така, ако водолија реши дека не сака да бидете дел од нејзиниот живот, верувајте дека така и ќе биде.rnrn
rnrnПовеќето водолии сакаат да живеат во нивниот затворен, самотен свет. Екстремните припадници на овој знак, сметаат дека да се биде одвоен од останатиот свет е одлична работа. Тие не се грижат како другите луѓе ги доживуваат или како од нив се очекува да се однесуваат.rnrn
rnrnИдеални професии за водолија: политичари, писатели, научници, астронаути, уметници, астролози, инженери, фотографи и секаков тип на хуманитарна дејностrnrnОмилени бои: сина, зелена, тиркизна, сива, црнаrnrnВодолиите најмногу си одговараат со: овен, близнаци, вага, стрелецrnrnЖивотно мото „Големите умови често наидуваат на големи спротивставувања од страна на просечните умови.“rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


И јарецот и водолијата можат да бидат тврдоглави до степен што ниеден од нив да не биде желен да направи компромис. Јарецот тежнее да биде организиран и секогаш размислува за последиците. Водолијата е модерна и смета дека рутините се проблематични и здодевни.rnrnЈарецот ќе и се воодушевува на водолијата, но може да се исфрустира барајќи логика во мистичниот, неорганизиран ум на неговиот партнер. На водолијата нема да и се допадне доминантноста кај партнерот, но ќе се чувствува фино поради поддршката која тој и ја дава и ќе и олесни што конечно има некој во нејзиниот живот кој се грижи за нејзините лични проблеми и чувства.rnrnИ јарецот и водолијата се раководени од планетата Сатурн, додека таа е и од Уран. Сатурн е ладен, со традиционална енергија. Влијае на ориентирање кон постигнување на целите и напредно размислување. Уран пак, се однесува на сè што е различно и необично.rnrnЈарецот ќе и покаже на водолијата живот базиран на организација, рационалност и комфор. Водолијата пак, може да му помогне на својот јарец да научи да „сонува“ и повеќе да се залага за своите верувања.rnrnВодолијата го истражува животот низ случајности, а јарецот секогаш очекува специфичен резултат. Понекогаш, овие два партнера можат да го сфатат размислувањето на другиот. Може да се појават и конфликти доколку јарецот е многу строг или доколку водолијата се занесе по чести патувања и „фенси“ живот.rnrnДвата партнери мора да сфатат дека секој од нив си го живее животот на уникатен начин, но ова е добро бидејќи вака тие секогаш ќе имаат многу различни работи да си споделат меѓу себе. И двајцата знаат да бидат тврдоглави и да поседуваат силен мотив за да го добијат она што го сакаат. Доколку имаат план, ќе се држат до него, сè додека не се оствари замисленото.rnrnЈарецот сака да си дава идеи и да раздава задачи. Водолијата со срце ќе сака да му помогне, доколку тој и даде конкретна улога во работата. И во нивната заедничка работа може да произлезат конфликти од истата причина, тврдоглавоста присутна кај двата знака. Но, ова ќе се избегне доколку тие сфатат дека работат заедно за постигнување на заедничка цел и само на овој начин ќе ги видат посакуваните резултати.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо сочинето од јарец и водолија е нераскинливата врска која ја имаат откако стапиле во љубовно партнерство. Оваа врска ќе биде корисна и задоволувачка за партнерите. Нивната љубов ќе биде од значење не само за нив самите, туку и за сите околу нив.
Повеќето љубовни врски сочинети од партнери кои се стрелец и водолија во хороскоп, најмногу од сè уживаат во неа поради нивното меѓусебно безрезервно обожување и почит. Стрелецот е привлечен од индивидуалноста, визијата и креативниот капацитет на водолијата. Од друга страна, водолијата се восхитува на иницијативноста и извонредните способности кои стрелецот ги поседува. Тој секогаш има нови идеи на ум, но честопати не е доволно вешт за да ги спроведе на дело, како што тоа го може водолијата.rnrnСтрелецот и водолијата наоѓаат задоволство во извесен степен на независност во врската и помеѓу нив ретко настануваат недоразбирања, бидејќи двајцата ја разбираат таа потреба. На моменти, стрелецот може да изгледа премногу себичен во очите на водолијата, а таа пак може да е премногу ексцентрична за негов вкус. Но, сè додека комуницираат за она што ги прави среќни во врската, тие без проблем ќе ги надминат сите помали и поголеми препреки на патот.rnrnСтрелецот е предводен од планетата Јупитер, а водолијата од планетите Сатурн и Уран. Овие три планети формираат еден круг кој е типичен за врската помеѓу стрелецот и водолијата – нивната неверојатна способност за добра комуникација, меѓусебно разбирање и поддршка. Уран е симбол на креативниот ум и способноста за смислување уникатни идеи, кои се типични карактеристики на водолијата. Потоа се приклучува влијанието на Јупитер, кој во стрелецот внесува желба за непрекината едукација, информираност и интелектуален раст. Кругот го комплетира Сатурн, чие што влијание помага целиот процес да се заврши, откако ќе секне инспирацијата на Уран и кога енергијата на Јупитер ќе премине кон некоја нова работа.rnrnСтрелецот е огнен знак, а водолијата е воден. Воздухот го разгорува огинот, на ист начин како што водолијата може да го инспирира стрелецот да ги реализира своите соништа. Истовремено стрелецот може да ја одржува тенденцијата на водолијата да презема експериментални потфати базирани на футуристички замисли. Овие два знака во комбинација се еден навистина иновативен и инветивен тим. Водолијата и стрелецот ја користат нивната интелигенција и чувство за авантура за да стекнат нови животни искуства, притоа меѓусебно потхранувајќи си ја нивната креативност. Двата знака имаат неограничен дијапазон на интереси. Водолијата е креаторот на оригинални идеи, кои енергичниот стрелец со нетрпение чека да ги спроведе во акција.rnrnСтрелецот е личност која има тенденција да го следи своето внатрешно чувство за авантура и вечно да е во потрага по нешто ново, кое ќе и го покачува адреналинот и ќе ја потсетува дека е жива, но таа исто така е и секогаш спремна да престане да го прави тоа што го прави, за да се прилагоди на потребите на својот партнер. За разлика од него, водолијата е помалку прилагодлива кон туѓите потреби и целосно се предава на работата која што ја работи, сè додека во неа постои страст за реализација на истата. Додека стрелецот е среќен и задоволен „летајќи“ од една на друга работа во зависност од моменталното расположение, водолијата умее да ги стабилизира нештата и да помогне да се решат проблемите. Двата партнери се лојални и посветени на нивната врска и имаат моќ заеднички да успеат на многу животни полиња.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо водолија-стрелец е нивната способност да ги решат и најголемите проблеми кои би можеле да настанат во нивната врска, ако одлучуваат според желбите на нивните срца. Овие партнери можат да се држат до еден конкретен план, од оној момент кога тој ќе биде цврсто „вгнезден“, по пат на добра комуникација. Овој извонреден љубовен пар е базиран на надворешно видлива иницијатива, енергичност и акција, но истовремено и на емоционална длабочина.
Овие партнери навидум изгледаат како да имаат многу малку заеднички работи, но и двајцата имаат многу јака волја кога сакаат да ги остварат своите желби. Во тој контекст, ако и двата партнери се фокусирани кон успех на нивната врска, таа може да им ги оствари сите нивни потреби и желби.rnrnИ двата знака сакаат да биде секогаш по нивно и тврдоглаво се држат до нивните ставови, кои најчесто се 100% спротивставени. Скорпијата е љубопитна, секогаш поставува прашања и сака да знае во кој правец се движат работите и зошто токму тој е правилниот. Водолијата е слободоумна, љубезна и мила и не сака да ги знае деталите на ситуациите. Скорпијата на почетокот може да биде „маѓепсана“ од нејзината отворена, комуникативна и опуштена водолија, но после извесен период може да се разочара од безуспешниот обид да ги пронајде одговорите кои сака да ги добие од нејзиниот ексцентричен и енигматичен партнер.rnrnВодолијата мрази посесивност. Таа повеќе преферира да му припаѓа на цел свет, отколку само на една личност. Но, скорпијата знае да биде многу посесивна и неа и е потребно повеќе внимание отколку што водолијата може да и даде. Ако водолијата малку го забави своето темпо на живеење и обрне внимание на својот романтичен партнер, ќе констатира дека приврзаноста, посветеноста и верноста на скорпијата и даваат голем мотив и поддршка.rnrnМарс и Плутон управуваат со знакот скорпија, а Сатурн и Уран раководат со водолијата. Марс е симбол на револуционерност, агресија, енергичност и мажествена храброст, а Плутон внесува карма и душевен мир во скорпијата. Сатурн симболизира рамнодушност и незаинтересираност, а Уран и создава константна желба на водолијата за нешто ново и невообичаено. Марс ја прави скорпијата емотивна личност, која бурно реагира, пред да ги размисли работите. Сатурн ја прави водолијата вредна и дисциплинирана личност, додека Уран ја прави голем стратег, кој умее да ја испланира својата далечна иднина.rnrnНежната скорпија, која ќе внимава да не ја „врзе“ својата водолија премногу цврсто до себе, може да ја научи за живот базиран на емоционална интуиција, која го успокојува умот, а им дава предност на физичките чувства. Водолијата може да ја научи скорпијата да се смири, да ги издвои емоциите од постапките и да се преиспита себеси за целите кои сака да ги постигне.rnrnОвие партнери се навистина различни. Водолијата секогаш се потпира на сопствениот интелект, па таа животот го сфаќа како шанса за развој и унапредување на нејзината личност, а скорпијата е аналитична. Скорпијата ја бара поентата на нештата, а водолијата е во потрага по стимулација. Во љубовна комбинација, овие партнери имаат тешкотија да сфатат од каде потекнуваат размислувањата на нивниот партнер. Недоразбирањата настануваат секогаш кога скорпијата станува премногу посесивна или кога водолијата делува премногу плитко, несериозно и рамнодушно. За да ја најдат нивната заедничка точка, скорпијата и водолијата мораат да сфатат дека нивните светови се тотално различни и преку смеа да ги пребродат разликите.rnrnИ скорпијата и водолијата се фиксни знаци, а тоа значи дека и двајцата се издржливи, упорни, тврдоглави и самоуверени. Ако имаат план, тие ќе се држат до него сè додека нивниот труд не се исплати. Ако еднаш се согласат дека тие се одлични љубовни партнери, никогаш нема да се обесхрабрат или разочараат од врската. Но, и покрај нивната јака волја за успешна хармонична врска, скорпијата и водолијата и понатаму ќе имаат многу спротивставени гледишта кон животот, па нивната заедница може да им предизвикува повеќе измачување отколку уживање. Ако партнерите веруваат во вредноста на нивната врска, тие ќе бидат способни да ги надминат разликите.rnrnКој е најдобриот аспект во нивната врска? – Нивниот обостран капацитет кој ветува успеси. Луѓето родени во знаците скорпија и водолија се моќни личности, па ниеден од нив нема отворено да доминира во врската. Доколку успеат да најдат начин да ги почитуваат нивните разлики и се согласни за заземање на одредена индивидуална улога во врската, резултатите ќе бидат многу пријатни.
rnrnГолема е веројатноста овие два знака да се согласуваат добро бидејќи имаат слични потреби и не бараат повеќе еден од друг одошто се спремни да дадат. Двата знака се исто така многу енергични, ентузијасти, така што оваа врска не може да стане млитава. И двата знака се посветуваат на унапредување на светот и на луѓето со кои соработуваат.rnrnВодолијата е најнапредниот мислител во зодијакот, кој секогаш има некоја нова идеја во работата. Вагата е дипломатот во зодијакот и гадејќи се од каков било тип на конфликт, таа е роден балансер од каде произлегува и нејзиниот хороскопски симбол. Нагонот на вагата да избегнува несогласувања со другите луѓе, во комбинација со нејзината потреба за интелектуална слобода, може понекогаш да ја доведе до неодлучност. Кога тоа ќе се случи, поодлучната водолија може да ѝ помогне на вагата да сфати во кој правец треба да се упати. Вагата може да ја возврати услугата, со тоа што ќе ѝ помогне на водолијата да ги „отвори очите“, секогаш кога таа ќе забега во некои идеалистички размислувања, кои се далеку од реалноста.rnrnВагата е предводена од планетата Венера (Љубов), а водолијата од Уран (Бунтовништво) и Сатурн (Карма). Овој сплет од различни планетарни влијанија, ја прават оваа комбинација интересна и многу продуктивна. Вагата и водолијата треба дефинитивно заеднички да работат на проекти, бидејќи можат да направат чуда употребувајќи ги нивните срца, потребата за напредок и свеста за тоа што е добар производ. Овие двајца креираат едно навистина извонредно дуо, кое може да се избори за правда, промени и подобри услови во општеството.rnrnВагата и водолијата се поврзани на едно високо интелектуално ниво. Секој од нив го стимулира другиот во креирањето идеи и истражување нови видови на комуникациски вештини.rnrnВагата е иницијаторот на плановите во врската, но има тешкотија да ги доврши. Токму поради таа нејзина карактеристика, многу е позитивно влијанието на решителната водолија врз неа. Водолијата секогаш настојува да ги спроведе работите до крај, па така таа може да ги реализира и недовршените идеи на вагата. Овој пар функционира одлично, поради фактот дека и двата знака избегнуваат да се расправаат на темата кој направил што во врската и кој си зема заслуги за работите кои ги направил другиот.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата вага – водолија е нивната способност за тимска работа. Заеднички можат да научат многу повеќе работи, одошто би научиле секој засебно. Нивните достигнувања, љубовта кон квалитетен социјален живот и смислувањето нови креативни проекти, ја прават оваа врска многу успешна.rnrn