Љубовната врска на партнери родени во знакот вага, е базирана на согласност, баланс и романтика. Хармонијата и естетиката се најважното нешто за овој знак, па кога станува збор за комбинација од две ваги, тие заеднички магично балансираат сé околу нив и внесуваат сигурност и убавина во врската.
На вагите им е многу битно да бидат сакани од другите луѓе, па во случај на каков било конфликт со трето лице, тие се спремни да се повлечат само за да го одржат мирот. Ова не значи дека тие се безгрижни и неискрени, туку едноставно несогласувањето со кој било, прави да се чувствуваат непријатно. Дуото вага-вага го разбира ова чувство, па права реткост би било некој од овие емотивни партнери да го тера другиот да попушти прв во недоразбирањето. Поинаку кажано, во оваа врска кавгите се избегнуваат.rnrnВагите се најмногу урамнотежени кога се во врска и обожаваат да имаат некој кого ќе го разгалуваат и ќе му се восхитуваат. Тие се најсреќни кога покрај себе имаат личност со слични интереси како нивните, за заеднички да ги споделуваат индивидуалните интереси и искуства. Доколку партнерите сé уште се во рана фаза од врската, тие нивното заедничко време најверојатно ќе го поминуваат гледајќи романтични филмови и одејќи по кафе-барови.rnrnТие се предводени од планетата Венера (љубов), чие влијание ја прави нивната врска блажена, романтична и нежна, исполнета со убавина, сензуалност и потполно задоволство. Не би било чудно партнери родени во знакот вага да останат засекогаш заедно. Меѓутоа токму поради тоа што и двајцата се вага во хороскоп, меѓусебно премногу се разгалуваат, од што после некое време може да постане проблем.rnrnТие ги вреднуваат нивните ментални капацитети и повеќе од сé уживаат во интелектуализам, уметност, филм и култура од секаков тип. Заеднички функционираат многу добро и на професинално поле, бидејќи се впуштаат целосно во секоја работна задача кон која ќе се насочат. Тие се иницијатори на нови проекти и имаат способност да ги мотивираат останатите околу нив.rnrnУбедливи, љубезни и дипломатски настроени, вагите се фер судии на светот. Нивната дипломатска способност можат да ја искористат секогаш кога ќе настане некој конфликт помеѓу нив, па така истиот ќе го решат и избалансираат на чесен и достоинствен начин.rnrnНајдоброто нешто кое произлегува од љубовната комбинација вага-вага, е смислата за дипломатија, добрина, хуманост и почит помеѓу партнерите. Овие двајца можат да создадат кавлитетна љубовна врска поради нивното длабоко разбирање за потребите и желбите на другиот. Нивната посветеност е камен темелник за успешност на врската.
Category: Вага
-

Вага и вага – љубовна комбинација
-

Вага и девица – љубовна комбинација
Кога вага и девица стапуваат во љубовна врска, тоа доаѓа како спојување на две парчиња од сложувалка. Двете парчиња перфектно се совпаѓаат и комотно си го наоѓаат своето место. Двата знака се препознатливи по тоа што бараат сигурност во една врска и сакаат да споделуваат љубов, убавина и култура.rnrn
rnrnПрактичноста и задоволството се многу важни за двата знака, па така тие се надополнуваат еден со друг на многу начини. Девицата многу ги почитува шармот и дипломатскиот карактер на вагата, додека таа знае како да ги „израмни“ работите кога девицата не го добива тоа што го сака. Вагата ги цени љубовта и мирот кои ги нуди девицата, но и материјалните награди кои доаѓаат со нејзе. Исто така, овие два знака се спремни и секогаш целат да ги согледаат и двете страни на случувањето, па така тие заедно можат да донесат одлука само после согледувањето на сите факти. Доколку вагата е иницијаторот во врската, тогаш девицата е онаа која знае да ги води започнатите работи до крај.rnrnВагата и девицата ценат површни задоволства и често сакаат да собираат кинески и коскени предмети, уметнички дела и фотографии. Исто така уживаат да посетуваат театарски претстави, но и какви било други настани од уметнички карактер.rnrnПланетата Меркур ја предводи девицата, додека вагата е под влијание на Венера. Бидејќи девицата е одличен комуникатор, аналитичар и мислител, овие партнери уживаат во долги и искрени разговори. Заедно, тие носат радости и убавина на светот околу нив. Вагата сака да теоретизира за многу различни работи, додека девицата е повеќе прагматична. Девицата секогаш се запрашува „Како ова ќе ми помогне да си ги постигнам моите животни цели?“, додека вагата се фокусира на она што нејзе ѝ се случува, без разлика колку е важно тоа.rnrnОваа врска на почетокот може да биде малку полабаво поставена, додека двајцата партнери не научат да се почитуваат повеќе. Понекогаш се случува да настанат и некои недоразбирања. Конфликтите најчесто започнуваат кога девицата станува премногу критична и кога вагата ја започнува својата игра на манипулација. Во таквите ситуации и двата партнери треба да сфатат дека нивните гледишта кон светот се различни и треба малку да ги „оладат“ работите.rnrnВо оваа врска, вагата на некој начин „ги држи конците“. Девицата знае да биде безгрижна и задоволна, па така вагата без да ја премине границата умее да се наметне како доминантна. Понекогаш неодлучноста на вагата може да ја иритира девицата, но вагата многу лукаво знае да ги согледа сите страни на проблемот и лесно да се сложи со нејзините одлуки и гледишта.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е сличниот вкус и заедничките интереси на вагата и девицата, кои создаваат баланс и хармонија во врската. -

Вага и лав – љубовна комбинација
Кога вага и лав стапуваат во љубовна врска, тие формираат прекрасна целина базирана на согласност, разбирање и емотивна поврзаност. Бесконечната енергија на лавот во комбинација со природното чувство за хармонија на вагата, ѝ дава баланс на оваа љубовна врска. Вагата и лавот имаат доста заеднички карактеристики. Знаат да бидат прилично ексцентрични, наспроти нивната воздржаност. Директни се во искажување на своите чувства, но истовремено сакаат мир во односите со другите луѓе.rn

rnВагата со својот шарм и добри манири, умее да го скроти и контролира темпераментниот, категоричен и зајадлив лав. Но за разлика од вагата, лавот е многу поодлучен. Тој не само што брзо смислува планови и решенија, туку и веднаш трга во акција да ги реализира. Таа негова карактеристика внесува спонтаност и функционалност во нивната врска.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, кое симболизира силна машка енергија и решителност, а вагата е управувана од планетата Венера, која внесува женственост и нежност во овој знак. Вагата ужива во убавината на романтичните мигови, а лавот бара свежина во животот, која несебично ја шири на луѓето околу него. Оваа врска е судир на две спротивставени енергии, кои ја создаваат основата на љубовта – топлина и страст. Вагата умее да преговара со жестокиот и импулсивен лав, што овозможува овие два знака да оформат и успешен заеднички бизнис. Обата знака се вредни луѓе посветени на својата работа, па ако се случи да работат на исто место, нема да имаат проблем да ги завршуваат сите обврски на време.rnrnВагата и лавот умеат да се сретнат на половина пат, а кога се согласни, се неизмерно среќни заедно, но тие мораат да бидат обѕирни за чувствата и желбите на другиот. Во таа смисла, ориентираноста на лавот кон акција, може да дојде во судир со пасивната вага, чие однесување е базирано на моменталното расположение. Овие знаци имаат различни интереси, а лавот тежнее да биде меѓу луѓе, за да има да ѝ раскажува одлични приказни на неговата резервирана вага. Издржливиот лав, ѝ „погледнува низ прсти“ на манипулативната вага и нејзините моментални каприци. Овој пар мора да поработи на „измазнување на нерамнините“ во врската, со цел и двајцата да си ги остварат своите индивидуални соништа.rnrnЛавот е лидерот во врската како резултат на неговата голема енергичност и моќ за убедување, додека вагата тивко ќе го преземе кормилото во свои раце од интелектуална перспектива. Лавот сака да издава наредби бидејќи сака да биде авторитетен, додека вагата на посуптилен начин умее да го сврти на нејзина страна. Таа е среќна кога ќе успее да го намали огромното его на лавот. Многу е важно лавот да ја разбере важноста на пожртвуваноста во врската. Вагата умее да ги види двете страни на расправијата и лесно постигнува компромис, додека на темпераментниот лав му е потребно повеќе време пред да попушти.rnrnВо оваа врска двата партнера можат да научат многу еден од друг за балансот помеѓу себичноста и дарежливоста. Секој од нив го надополнува она што другиот го нема, што ги прави вагата и лавот многу компатибилен знак.
-

Надворешниот изглед на вагата
Детското лице на вагата
rnВагата има нежно ангелско лице, кое најверојатно е резултат на тоа што Купидон во митологијата бил слуга на божицата Венера, а истоимената планета е водилка на овој хороскопски знак. Доколку го анализирате детското лице на вагата можете да забележите неколку специфични карактеристики. Сликите во продолжение ќе ви доловат какво влијание имаат физичките карактеристики на Купидон, во реалниот живот…rnrn
Кожата на вагата
rnОвој хороскопски знак како резултат на влијанието од планетата Венера – симболот на љубовта, најчесто има прекрасна кожа која изгледа како да блеска однатре, отсликувајќи го жарот и страста кои ги поседуваат вагите.rn
rnРајска косаrn
rnВагите најчесто имаат густа, благо навиткана коса. И покрај тоа што некои астролошки фактори индицираат меко и слабо влакно, сепак веројатноста дека вагата ќе има по некоја локна, е голема.rnrn
Сјајни очи
rnВо комбинација со витканата коса одат очи со облик на бадем, но тие не се премногу потенцирани. Средишниот дел од окото е заоблен, кој на краевите се стеснува во бадемов облик, давајќи ѝ шармантен и сексапилен изглед на вагата.rn
rnПривлечни усни
rnНежната вага најчесто има исполнета долна усна и потенка горна усна, која е подвиткана надолу.rn
rnСензуална убавина
rnПовеќето жени родени во знакот вага имаат голем апетит за слатка храна, па затоа не е чудно доколку им се случи да качат некое кило. Сепак, вагите сакаат и да ја одржуваат својата линија, но се додека имаат добро друштво и забава, во текот на спортските активности.rn
rnВитко тело
rnМашките ваги својата самодоверба ја добиваат кога се чувствуваат привлечно и секси, а тоа значи дека се подготвени да одат на џогинг, да спортуваат или да ја посетуваат редовно салата за вежбање, секогаш кога се јавува потребата за намалување на килограмите. Сè што ќе им овозможи да изгледаат добро во секој миг, е добредојдено за нив.rn
rnСимпатични дупчиња на образите
rnБез разлика дали се помалку забележителни или подлабоки и потенцирани, речиси сите ваги имаат слатки дупчиња на образите.rn
rnТаа насмевка…
rnНасмевката на вагата може буквално да ја подигне атмосферата и расположението на сите луѓе кои се околу неа. Без разлика дали станува збор за машка или женска вага, шармот и позитивната енергија која ја носи овој знак е несомнена. Кога еднаш ќе видите насмевка на вага, многу е тешко да не ја возвратите назад.rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Вага и рак – љубовна комбинација
Кога вага и рак се во љубовна врска, тие меѓусебно си ги надополнуваат оние работи кои недостигаат кај секој од нив. И двата знака бараат сигурност и безбедност во врската и уживаат во убавината и задоволствата кои ги пружа животот. Кога имаат иста цел, вагата и ракот умеат хармонично да ги „измешаат“ нивните енергии. Овој пар може побавно да прогресира во однос на други, бидејќи на почетокот ним може да им изгледа дека немаат ништо друго заедничко освен потребата за добро друштво, блискост и убавина. Но, ако си дадат повеќе време за да се запознаат подобро, ќе препознаат многу квалитети кај секој од нив, кои вредат за почит.rnrn
rnrnИ на вагата и на ракот им е многу важно чувството на среќа и изразувањето на мислите и чувствата. Ракот го привлекува шармот, воздржаноста и тактичноста на вагата, а нејзините дипломатски способности може да го смират и во најкритичните ситуации. Од друга страна, вагата која е љубител на естетска убавина и хармонија, го почитува ракот поради неговиот инстинкт за негување на домот и безбедноста која доаѓа во пакет. Ракот има тенденција да избрзува со заклучоците и да донесува непромислени одлуки без да ги знае сите факти. Затоа е тука неговата вага која може да му помогне да ги види и другите перспективи на ситуациите. Ракот е предводен од Месечината која ги симболизира чувствата, а вагата од планетата Венера која е симбол на љубовта. Овој пар дели заедничка љубов кон домот, семејството и романтиката. Овие партнери најчесто би избрале хармоничен однос во врската, а не карање. Повеќе од која било друга љубовна комбинација, овој астролошки пар внесува чувство на топлина, нежност и стабилност на луѓето околу него.rnrnНаспроти нивното согласување и единство, кај овој пар може да се јават несогласувања. Во тој контекст, вагата ги формира своите ставови врз база на разумот, па понекогаш може да се однесува супериорно и снобистички спрема својот љубовник. Од друга страна, ракот го гледа светот низ „емоционални леќи“ па лесно можат да му бидат повредени чувствата. Додека ракот го креира мислењето врз база на инстинктот и говорот на телото и е задоволен кога се земаат предвид неговите чувства, вагата бара нешто што ќе ѝ го стимулира умот, обидувајќи се да ја најде логиката на нештата. Поради ваквите разлики, на овие партнери понекогаш им е тешко да се разберат еден со друг. Конфликт може да настане и доколку ракот е премногу нерасположен и намќорест, а вагата премногу иронична и провокаторски настроена. Наместо да се караат кој повеќе се бори за врската, кој ги носи одлуките или кој ја одржува контролата, двата партнера треба да научат дека тие имаат различни гледишта кон светот. Ако неодлучноста на вагата го иритира ракот, таа може да ги употреби својот шарм и справедливост и да се согласи со неговите одлуки, но за таа цел тој мора да престане да се мурти. И двата хороскопски знаци се иницијатори по природа, што значи дека кога нивните идеи и погледи се разликуваат, настанува вистинска војна.rnrnКоја е најдобрата работа во оваа љубовна комбинација? – Нивната заедничка почит кон стабилноста, хармонијата во домот и љубовта кон удобниот живот. Сличните вкусови и желби ги зближуваат овие партнери, кои целосно се предаваат на врската и заеднички уживаат во нивната одлична смисла за убавина. -

Вага и близнаци – љубовна комбинација
Љубовната комбинација од хороскопските знаци вага и близнаци претставува одлична врска, базирана на заеднички интелектуални интереси, живост и умствена бистрина. Шармантната вага умее да ја балансира двојната природа на близнакот, а тој од своја страна со неговата досетливост, зборливост и остроумност секогаш умее да ја разведри и насмее вагата.
Додека вагата ужива во уметноста и убавината, близнакот ужива во смислувањето неверојатни идеи, а ваквите карактеристики го прават овој пар уште поинтересен. И двајцата тежнеат кон рамноправност и пријателски однос во љубовните врски. Располагаат со огромна енергија, благодарение на која заеднички можат да смислуваат интересни идеи, со тоа што вагата своите планови веднаш настојува да ги претвори во реалност, а близнакот е подобар во теоретскиот, отколку во практичниот дел.rnrnДруга заедничка карактеристика на вагата и близнаците е нивната потреба за интелектуална самостојност, која си ја обезбедуваат еден на друг. Вагата е предводена од планетата Венера која е симбол на љубовта, а близнакот од Меркур што ја прикажува неговата комуникативна способност. Комбинацијата на овие две сили, прави овие два знака добро да се согласуваат. Бидејќи вагата не сака да се расправа и приоритет во врската и е хармоничниот однос со партнерот, близнакот нема да си дозволува многу често да започнува искрени и долги дебати со неа.rnrnБлизнакот ја цени енергичноста на вагата и ù допушта да си ги следи своите цели и соништа. Обата знака имаат широк спектар на интереси, а таа особина е одличен материјал за провокативни дискусии. Поради силната желба на вагата да го задоволи својот партнер, таа е толерантна и внимателна со својот близнак. Но, од друга страна таа сака да ја има позицијата на лидер во врската, кој секогаш има добри предлози. И двата знака често имаат интересни замисли за љубовни состаноци и места, а флексибилниот близнак е желен да се согласи на нив, се додека вагата ја прифати неговата карактеристика да се предомислува во последен момент. И вагата и близнаците имаат тенденција да ги иницираат работите, но не се брзи во нивната реализација.rnrnВо оваа врска, двата знака уживаат во комуникацијата и социјализирањето со своите пријатели. Тие се разбираат толку добро, што понекогаш нема потреба да користат зборови. Нив никогаш нема да им досади еден од друг, бидејќи секогаш умеат да најдат некоја интелектуална и длабока тема на разговор. Вагата со својата страствена и шармантна природа го „топи“ својот близнак со мали романтични гестови. Близнакот од друга страна, внесува хумор и смеа во врската, со што избегнува да запаѓа во мрачно расположение.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е нивното проширување на хоризонтите, погледот кон светот и прилагодувањето кон нивните индивидуални светови.rnrn -

Астролошки профил на родените во знакот Вага
(23 септември – 22 октомври)
rn
Вагата постојано е во потрага по баланс, без разлика дали станува збор за односите во љубовната врска, со пријателите или изборот на боите на облека. Овој знак преферира да „носи“ розови очила, со кои нема да ги гледа негативните работи кои се случуваат околу него, со цел да го задржи оптимизмот. Се смета за еден од најљубезните знаци во зодијакот и експерт во социјализирањето со луѓе.rnrnВлијанието на водечката планета на Вагите, Венера им создава потреба за одобрение од страна на другите луѓе. Уште поважно, Вагата сака другите да имаат потреба од нејзиното друштво. Таа е способна да ги решава и најкомплексните ситуации на нејзин уникатен начин. Вагата е грациозен победник, кој размислува за оние кои ги покорила. Но, ако не внимава може да изусти многу бездушни работи кои дефинитивно нема да ѝ одат во прилог на победата.rnМозокот на Вагата
rnВагата има чувство за фер игра. Таа не може да се помири со фактот дека неправдите се дел од секојдневниот живот. Не е важно дали станува збор за некоја ситница како на пример делење чоколадо на две нееднакви делови или нешто многу значајно како поделба на територија. Според неа, сè мора да биде еднакво бидејќи не може да го поднесе фактот некој да успева на туѓа слава.rn
Чувство за рационалност
rnИ покрај тоа што Вагите оставаат впечаток на весели луѓе со позитивен пристап кон животот, под таа маска се крие ладен и бистар ум. На нив нема да им смета да ви го кажат точно она што го мислат за вас. Многу често Вагата знае да претерува во забелешките кои ги упатува кон другите луѓе.rn
Колебање
rnВагата е позната по нејзината особина да „мери“ кој е подобар избор меѓу две опции и овој процес на одлучување може да потрае подолго време, сè додека не ја донесе вистинската одлука. Во тој контекст, брзото одлучување е тешка задача за нив.rnrn
rnСекогаш во право
rnДруга особина на Вагите е нивното верување дека се секогаш во право. Така размислуваат бидејќи секогаш внимателно ги разгледуваат аспектите на ситуациите и нивното внатрешно чувство на праведност „им кажува“ дека се во право. Дали е тоа навистина така? Најверојатно не е, но не обидувајте се да се карате со Вага. Ако се спротивставите, тоа ќе ве доведе само до една исцрпувачка дискусија, во која на крајот тотално разлутени ќе морате да се предадете.rn
Убавина
rnВагата има постојана потреба да изгледа убаво и чисто. И мажите и жените родени во овој знак, поминуваат долго време пред огледало, за да се уверат дека изгледаат чисто, дотерано и фризурата им е средена. Чувството на убавина им помага на Вагите да се чувствуваат урамнотежено. Нивниот дом сакаат секогаш да им изгледа стилски средено и да мириса на свежо набрани цвеќиња. На крајот од краиштата, светот е полн со неправди, па доколку куќата на Вагата не би била прекрасна, каде би го барала балансот во сета таа безначајност и алчност?!rnrn
rnОдноси со семејството и пријателите
rnВагата обожува да биде помеѓу луѓе и сака да се забавува. Таа е особено „во елемент“ кога има некој близок пријател или љубовен партнер до неа. Вагите повеќе од било кој друг знак го разбираат големото значење на спријателувањето со што повеќе луѓе и таа често има полза од цврстите врски кои ги гради. Пријателите на Вагата секогаш доаѓаат кај неа да побараат љубовен совет, а таа ќе биде желна да им помогне со добар муабет. Има развиена смисла за хумор и често пронаоѓа шега во работи кои останатите присутни луѓе најверојатно би ги игнорирале.rnrn
rnВагата најчесто е миротворецот во семејството. Додека во јавност Вагата жестоко се бори за своите права, во приватниот живот сака мирни односи. Со текот на годините ќе сфати дека има неколку луѓе на кои ќе налетува цел живот, во непланирани ситуации.
rnrn
Романтичната страна на Вагата
rnОвој хороскопски знак е нежен и романтичен во љубовта, кој ужива во безопасни пријателски флертувања. Вагата треба да внимава да не биде погрешно сфатена од оние кои не ја разбираат палавата природа на овој знак. Кога има несогласување со својот љубовен партнер, Вагата и понатаму се однесува со почит и интегритет, измазнувајќи ги „рапавите“ делови на дискусијата. Овој знак не се плаши да си прави самоанализи за да ги открие работите кои ги очекува од животот и љубовта.rn
Професии
rnОвој знак има добро изострена перцепција во сите работи кои ги прави, додавајќи оригиналност и елеганција. Вагата има креативен и уметнички дух и најчесто се пронаоѓа во полето на: музиката, танцувањето, дизајнот и архитектурата. Овој знак исто така има добра комуникација со луѓето и умее да преговара, па тоа ги прави Вагите соодветни во односите со јавноста и маркетингот, правото, политиката…rnrn
rn- rn011
- Среќен ден: петок
- Омилени бои: сина, бледорозова, кремаста, сива и повеќето пастелни бои
- Животно мото на Вагата: да урамнотежува сè околу себе
- На Вагата најчесто ѝ одговара љубовен партнер кој во хороскоп е: водолија, близнаци, стрелец, лав.
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вага и бик – љубовна комбинација
Љубовната врска составена од партнери родени во знаците вага и бик е проследена со одлична карма при што тие се чувствуваат како две половини кои формираат една прекрасна целина. И покрај тоа што на почетокот на врската навидум може да изгледа дека партнерите не делат исти интереси, кога подобро ќе се запознаат ќе откријат дека имаат многу заеднички работи. И бикот и вагата споделуваат интерес за уметност, музика и театар, уживаат во естетиката, физичкото задоволство и се вистински експерти за додворување.
На тврдоглавиот бик му се допаѓа нежноста на вагата, бидејќи кога тој ќе се налути зашто работите не излегле по негово, дипломатската вага умее да ги „измазни“ работите во името на мирот во врската. Од друга страна, вагата ужива во финансиската стабилност и луксузот кој бикот може да ѝ го овозможи. Двајцата можат многу да научат еден од друг. На тој начин, вагата може да му помогне на бикот да почне да ги гледа двете страни на ситуациите, а тој пак може да ѝ помогне да ја надмине непоправливата неодлучност. Овој пар може да ужива во големата љубов, страст, луксуз и убавина.rnКомбинацијата од нивните шармантни карактери можат да ја претворат во една хармонична романтична врска. Меѓутоа како и кај сите парови, така и кај нив можат да се појават проблеми, бидејќи и двата знака имаат тенденција да се однесуваат снобовски и мрзливо. Бикот во донесувањето одлуки секогаш се потпира на својата практичност, прашувајќи се „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“, а вагата од друга страна секогаш се потпира на своите интелектуални стимуланси, без разлика дали тие се практични или не. Конфликт во оваа љубовна врска може да настане доколку бикот стане премногу опсесивен, а вагата почне премногу да се дружи и да флертува. Понекогаш овие два знака едноставно не можат да застанат на иста бранова должина.rnrnАко сакаат нивната врска долго да трае, ќе мораат да научат да ги прифатат нивните разлики и поинакви гледишта кон животот. Бикот не знае да попушта, па затоа вагата ќе мора да ја прифати неговата тврдоглавост. Од друга страна, неодлучната вага може да го иритира директниот и упорен бик, кој секогаш е насочен кон остварување на замислената цел. Со нежно убедување сè е возможно, а не постои хороскопски знак понадарен со нежност, суптилност и шарм од вагата. Сè додека бикот се труди да избегнува да изјавува дека неговото гледиште кон работите е единствено и правилно, вагата ќе биде желна да ги прифати неговите одлуки. Најубавиот аспект од оваа љубовна врска е нивниот сличен „вкус“ за работите, кој е двигател на нивната меѓусебна почит и посветеност, како и исполнетиот заеднички живот.rnrn
-

Вага и овен – љубовна комбинација
Вага и овен се спротивни знаци во зодијакот, а сите знаеме дека спротивностите се привлекуваат. Љубовта помеѓу нив се раѓа уште од самиот почеток, како резултат на нивното огромно уживање во заеднички поминатите мигови. Вагата сака баланс во сè, додека овенот не знае што значи зборот воздржаност. Вагата ја привлекува храброста, решителноста и иницијативноста на овенот, како и неговата подготвеност да презема ризици. Овните се цврсти личности, кои имаат свое мислење за секоја тема, но понекогаш избрзуваат во своите постапки. Вагите пак, се високо интелигентни и аналитични личности кои сакаат да соработуваат и да ги решаваат работите по мирен пат.
Присуството на вагата во животот на овенот може многу добро да му влијае, доколку тој научи да ја слуша. Шармантната вага внесува хармонија во врската и таа може да го научи овенот да се однесува со стил. Овенот за возврат може да ја научи неодлучната вага да донесува одлуки базирани на интуиција и да ги претвори идеите во реалност.rnrnОвенот е секогаш добро друштво, од кое не може да ви досади. Вагата е софистицирана личност, која секогаш се труди да биде одмерена во односите со своите пријатели, додека овенот има побунтовен дух кој вагата може да го контролира со својот хумор.rnrnВо кревет, вагата и овенот се страсни љубовници, кои обострано уживаат во нивниот сексуален апетит. Нивните очи може да почнат да „шараат“ по други луѓе, но само доколку им стане здодевно. За да не се случи тоа, овенот и вагата треба да се потрудат да го одржуваат нивниот однос жив и непредвидлив. Вагата сака да стапи во брак кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа, но овенот не е сигурен дали сака да биде засекогаш врзан со една личност. Ако вагата сака да го задржи овенот во своите прегратки, ќе мора да го натера да поверува дека идејата за брак била негова.rnrnИ двата знака имаат тенденција да започнуваат работи кои никогаш нема да ги довршат, без разлика дали станува збор за работа или за љубов. Навидум, во нивната врска лидер е овенот поради неговата моќна енергија и способност за убедување, но вагата е интелектуалниот лидер. И двата знака сакаат да ги држат конците во врската, па за да го добие овенот тоа што го сака може да се послужи со закани, а вагата со манипулација. Компромисот е основна алатка која може да го сочува здравиот дух на оваа врска. Среќа што дипломатската вага умее да ги балансира работите, за разлика од овенот кој мисли дека попустливоста значи потчинување. Поради тоа, вагата ќе мора да се труди да ги исполнува желбите на овенот, за да ја задржи хармонијата во врската. Од оваа љубовна комбинација обата знака можат да научат многу, бидејќи секој од нив го надополнува она што другиот го нема.rnrn